Македонски железници ќе го обновуваат возниот парк. Европската банка за обнова и развој дала зелено светло за одобрување на кредит од 20,9 милиони евра, а предлогот за задолжување веќе е доставен во Собранието. Ќе се набавуваат пет нови електрични локомитиви, а рокот на отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс период од 4 години. Од претпријатието информираа и дека ќе бидат потребни и вагони, затоа што од вкупниот број на товарните ...

ЕУ ја суспендирала исплатата на средства од ИПАРД 3 програмата. Ова го тврдат од опозицискиот СДСМ од каде додаваат дека причината за ваквата одлука е корупција и злоупотреба на европски пари од страна на актуелната власт. Според опозиционерите, Европската комисија ја донела одлуката за суспензија на програмата поради сомнежи за неправилности во работењето на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Од партијата ...

И покрај тоа што јавноста е крајно огорчена од високата корупција и криминал на носителите на јавни функции, и покрај тоа што постојат бројни и континуирани рецидиви, казнената политика за високата корупција упорно не се заострува – напротив, систематски се разлабавува, се вели во соопштението од ПП Левица што МИА го пренесува интегрално. По скандалозните измени на Кривичниот законик од 2023 година, со кои над 80 предмети ззастареа, меѓу кои ...

Избрана е Анита Тополова-Исајловска за вршител на должноста државен јавен обвинител на местото на Љупчо Коцевски. Изборот денеска го направи Советот на јавни обвинители на седница на која Топалова-Исајловска беше единствениот предлог за оваа важна позиција во правосудниот систем на Македонија. Таа ќе биде вршител на должноста се додека не се избере нов државен јавен обвинител, на јавен конкурс, но не подолго од 6 месеци. Анита ...

Американската амбасадорка во земјава Ангела Агелер е меѓу амбасадорите кои ќе бидат отповикани. Освен во Северна Македонија, од Европа отповикани ќе бидат и амбасадорите во Црна Гора, Словачка и Ерменија. Американскиот претседател Доналд Трамп, како што пишува Асошиејтед прес, менува 30 дипломати од амбасадорски и други позиции во амбасадите. Шефовите на мисиите во најмалку 29 држави минатата недела биле известени дека нивните мандати ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе биде домаќин на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во нашата земја во прва официјална посета. Муцунски и Споропали ќе остварат средба на која ќе се разговара за актуелните политички состојби во двете земји, билатералните односи и соработката, како и за можностите за нивно понатамошно унапредување во ...

Влажно, повремено врнежливо и студено време ја очекува Македонија во последните денови од 2025 година. Утрниските температури ќе бидат нешто под 0, а дневните нема да го поминат 10-тиот степен. И во Скопје и околината од утревечер, па во наредните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а ќе дува и ветер од југоисточен правец. При крајот на оваа седмица ќе почне да продира студен бран од Сибир и од Арктикот, а дневните температурите ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има појава на магла, а ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од -4 до 1 степен, додека максималните ќе достигнат од 4 до 12 степени, информираат од Управа за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и тивко, со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе ...

Совет на јавни обвинители денеска треба да одржи седница на која ќе определи вршител на должноста државен јавен обвинител, по оставката на Љупчо Коцевски. Коцевски поднесе неотповиклива оставка на 17 декември, а Собрание на Република Северна Македонија истиот ден го констатираше престанокот на неговата функција. Првично закажаната седница на Советот на 19 декември беше одложена поради отсуство на еден од членовите, со образложение дека ...

Поради намалена видливост предизвикана од магла, вчера на Меѓународен аеродром Скопје биле откажани вкупно 20 летови, два биле пренасочени, додека 13 авиони слетале и исто толку полетале, информираат од ТАВ Македонија. Од ТАВ Македонија апелираат патниците редовно да ги следат информациите за своите летови преку авиокомпаниите, бидејќи временските услови се менуваат, а секоја авиокомпанија има различни критериуми за слетување и полетување при ...

Недела вечер е моментот кога телото и умот конечно се релаксираат по напорната недела. Токму тогаш, стресот се топи, а енергијата за блискост и романса е на својот врв. Ова е идеално време за споделување моменти со партнерот, за да се зајакне врската и да се почувствува интимност која го освежува и духот и телото. На крајот на неделата, кога нема работни обврски, двајцата можете да се посветите еден на друг целосно, без пречки или журба. ...

Соопштение за јавност М-НАВ денеска успешно ги заврши преостанатите градежни активности за целосна демонтажа на останатите делови од стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје. Работите беа реализирани во период со магла и намалена видливост, кој беше оптимално искористен за комплетно и безбедно завршување на активностите, без какво било влијание врз одвивањето на воздушниот сообраќај. Со оваа фаза се заокружува процесот на демонтажа на ...

Густата магла во скопската котлина и вечерва предизвика откажувања и доцнења на летовите од Меѓународен аеродром Скопје, додека намалена видливост е регистрирана и на дел од патните правци низ државата. Според информациите од веб-страницата на ТАВ Македонија, откажани се вечерните летови од и за Истанбул, Цирих и Франкфурт, а дел од останатите летови се со статус на задоцнето полетување и слетување. Претходно од аеродромскиот оператор ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитка по повод Денот на наставата на турски јазик, истакнувајќи дека образованието на мајчин јазик претставува не само педагошка потреба, туку и длабока цивилизациска вредност и уставна определба. Како што наведува, преку јазикот се пренесуваат знаењето, културната меморија и чувството на припадност, а преку училиштето тие вредности стануваат заедничко богатство на државата. Мицкоски посочува дека ...

Двајца државјани на Македонија го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утрово на автопатот Белград – Ниш во Србија. Според информациите од српските медиуми, несреќата се случила кај клучката Умчари, кога автомобилот во кој се превезувале излетал од коловозот. Возилото марка „Сеат“, со германски регистарски ознаки, изгубило контрола, а силината на ударот била кобна за патниците на предните седишта. Од целосно ...

– Криминалната шема на СДСМ и ДУИ во ЕСМ, испрала 2 милиони евра, пари на граѓаните. Во 2023 година, под раководство поставено од тогашната власт на СДСМ и ДУИ, во ЕСМ бил наместен тендер вреден 8 милиони евра, рече на денешната прес-конференцијата пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека наместо транспарентна јавна набавка, биле вклучени две правни лица, едно од Скопје и едно од Куманово, со однапред поделенa улога. Во таа ...

Поради магла има намалена видливост на неколку патни правци низ државава, соопшти ЈП „Македонија пат“ апелирајќи на внимателно возење. -Намалена видливост поради појава на магла до 30 метри на патниот правец Жировница – Луково, намалена видливост 150 метри во околината на Тетово, Штип, Петровец и Демир Капија, стои во соопштението. Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, додека на ...

Густата магла го отежнува авиосообраќајот на Меѓународен аеродром Скопје, каде според официјалните информации има повеќе откажани и одложени летови. Од утрово се откажани летовите за Истанбул, Измир, Венеција и Љубљана, како и поголем дел од планираните полетувања. Од ТАВ Македонија апелираат патниците редовно да ги следат информациите за своите летови преку авиокомпаниите, бидејќи временските услови се менуваат. Сите промени во распоредот на ...

Во овие денови на голема загаденост на воздухот, ви препорачуваме три чаеви што можат да им помогнат на вашите бели дробови. Првиот е по препорака на Алан Мандел, кој се претставува како доктор и често се јавува на You tube со свои препораки. Еве што тој вели за следниот чај: „Ќе ви се прочистат белите дробови. Ќе се прочистат и бронхиите. Ќе внесете повеќе кислород во вашето тело, во клетките, за да останете поздрави. Ќе ви треба една чаша ...

Според најновото истражување на Институтот за политички истражувања (ИПИС) „Перцепција на граѓаните за рејтинг на партии и политичари“, доколку следната недела се одржат парламентарни избори, најмногу граѓани би гласале за владејачката ВМРО-ДПМНЕ – 26 проценти. Опозициската СДСМ би добила 8,9 проценти, а следат Коалиција ДУИ со 8,9 проценти, Коалиција ВЛЕН со 8,2 проценти, Левица со 5,9 проценти, ЗНАМ со 3,9 проценти, додека за друга партија ...

Намалената видливост во скопската котлина денеска предизвика пореметувања во авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје, при што дел од летовите се реализираат со задоцнување, а еден е целосно откажан. Според информациите од аеродромот, временските услови имаат влијание и врз слетувањата и врз полетувањата. Кај пристигнувањата, најголемо доцнење има летот на Pegasus Airlines од Истанбул (Сабиха Гокчен), кој наместо во 09:55 часот, се ...

Демократска унија за интеграција денеска во Скопје ќе го одржи својот петти конгрес, на кој се очекува реорганизација и обновување на партиските структури. Потпретседателот и портпарол на ДУИ, Арбр Адеми, по локалните избори најави дека Конгресот ќе означи нова фаза во внатрешното функционирање на партијата, со акцент на кадровско и организациско освежување. По седницата на Советот на ДУИ одржана минатиот месец, од партијата соопштија дека ...

Загадувањето на воздухот ја потсетува Македонија дека проблемот не е решаван со години. И оваа зима во повеќе градови низ државата има воздух кој не е здрав за дишење. На сето тоа дополнително е и што неретко се појавува маглата која ја влошува состојбата. Па така во црвената опасна зона влегуваат и Скопје и Битола и Велес и Струмица и Кичево и други населени места. Засега итни мерки се активираат само за Кичево и Струмица. Се забрани горење ...

Во Брисел деновиве беше премиерот Христијан Мицкоски. Во Брисел беше и лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Премиерот се бореше околу откочувањето на евроинтеграцискиот пат на Македонија. Филипче на состанок на групата на социјалистичките партии барал поддршка во неговата политичка борба со Мицкоски. Премиерот на лидерите во ЕУ им нагласи дека Македонија заслужи вистинска евроинтеграција многу одамна оти нашиот пат започна пред 25 години, но ...

Со пригодна свеченост денеска во Битола беше отворен конзулатот на Австрија, а функцијата почесен конзул ќе ја врши битолчанецот Игор Божиновски. Конзулатот на Австрија се наоѓа на улицата „Виенска“ во Битола. На свеченоста која се одржа се обрати австрискиот амбасадор Мартин Памер, македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, конзулот Игор Божиновски и градоначалникот на Битола Тони Коњановски. ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска одржа работен состанок со Џејсон Винички, заменик-директор за буџет и финансиска одговорност во Канцеларијата за техничка помош (OTA) при Трезорот на САД, на кој беа разгледани активности за унапредување на буџетските процеси и јакнење на системот на јавни финансии. На состанокот беше истакнато дека со поддршка од Трезорот на САД и Канцеларијата за техничка помош (OTA), Министерството за ...

Обдукцијата на новороденчето кое почина на Клиника за гинекологија и акушерство покажала дека причина за смртта е незрелост на белите дробови, информираа денеска од Клиниката. Оттаму наведуваат дека по добиените резултати, семејството било повикано лично да се запознае со сите детали од обдукцискиот наод, кој, како што посочуваат, покажува дека нема физички повреди на ниту еден орган кај бебето. Од Клиниката информираат дека за понатамошниот ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, д-р Јасмина Георгиевска-Павловска, и генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија, д-р Саит Саити, денеска на Плоштад Македонија присуствуваа на показна вежба изведена од ученици од средното училиште СУГС Владо Тасевски, во рамки на превентивната кампања „Сигурни празници, без ...

Владина делегација предводена од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска престојува во работна посета на Унгарија. За време на посетата, министрите Николоски и Мисајловски остварија средби со главниот советник за национална безбедност Марцел Биро, како и со Мате Лога, државен советник во Министерството за национална економија задолжен за економски развој и национални ...

Минатиот месец во Македонија е забележан двоцифрен раст на депозитите и кредитите на граѓаните и компаниите. Инаку, вкупните депозити забележаа годишен раст од 11%, додека вкупните кредити пораснаа за 12,7%, стои во податоците објавени од Народна банка. Граѓаните и фирмите во банките чуваат вкупно 10,2 милијарди евра, а должат 8,8 милијарди евра. Во ноември, граѓаните најмногу се задолжувале преку станбени кредити кои забележаа раст од 16,5% ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
10.29
56%
1029
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Софија

5ᴼ / 2ᴼ
6.17
57%
1032
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
5.01
75%
1033
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 1ᴼ
0.0
62%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
7.2
61%
1027
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1026
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
2.68
75%
1034
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.24
60%
1030
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
8.23
61%
1031
Currency

61.6238

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Паладиум

51794.85

Злато

166253.76

Сребро

2711.59

Кобалт

66.14

Иридиум

231355.22

Цинк

3.24

Рутениум

47358.05

Бакар

11.73

Калај

50.64

Алуминиум

3.42

Платина

68963.35

Родиум

372948.66