Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини. Според информациите од ЕВН Македонија, прекини на струјата ќе има: – од 08:00 до 10:00 часот, во дел од улица 2 во село Булачани (општина Гази Баба); – од 08:30 до 15:30 часот, во дел од улица „Тодор Чангов“, односно подулиците 35, 37 и 39 (општина Аеродром); – од 09:00 до 15:00 часот, во дел од улица „Франц ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе се движи од -1 до 4 степени, додека максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, претпладне ќе преовладува облачно време, а попладне се очекуваат услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
Цените на нафтата забележаа благ пад вчера попладне, откако неколку танкери успешно поминаа низ Ормускиот теснец. Ова ги зголеми очекувањата кај трговците дека и други бродови ќе можат да го користат овој клучен транспортен правец во нестабилниот Блиски Исток. Според податоците од светските берзи, цената на суровата нафта се намали за 5,56 проценти и изнесуваше 93,22 долари за барел околу 15 часот. Во исто време, нафтата од типот Брент ...
Каналот за директни контакти меѓу специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, и иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, повторно е активиран во последните денови, јави информативниот портал „Аксиос“. Според изворите на „Аксиос“, сè уште не е јасно колку биле содржајни пораките што си ги размениле Арагчи и Виткоф. Ова е прва позната директна комуникација меѓу двете страни од почетокот на американско-израелската војна против Иран, ...
Млада жена од Србија пријавила дека доживеала вистински хорор додека престојувала во изнајмен стан во Скопје, каде што сопственикот на станот физички ја нападнал и недолично ја допирал по телото. Според пријавата, инцидентот се случил во стан кој жената го изнајмила за престој во главниот град. Таа тврди дека сопственикот почнал да се однесува агресивно, физички ја нападнал и ја допирал по телото без нејзина согласност. Случајот бил пријавен ...
Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, поднесе оставка на функцијата, што предизвика нов политички потрес во Бања Лука. Миниќ ја објави одлуката на прес-конференција, истакнувајќи дека се повлекува за да се отвори можност за формирање нова влада и да се обезбеди легитимитет на институциите. По неговата оставка, Народното собрание на Република Српска треба да ја разгледа и формално да ја прифати, по што ќе следи постапка за избор на нова ...
Цената на златото продолжува да паѓа на светските пазари, бидејќи инвеститорите се соочуваат со зголемена неизвесност и притисок врз финансиските пазари. Пазарите се под силен притисок поради глобалните економски и геополитички случувања, што предизвикува значителни осцилации кај благородните метали. Падот на цената на златото доаѓа во период кога инвеститорите внимателно ги следат движењата на каматните стапки, инфлацијата и економските ...
Кошаркарските екипи на МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер забележаа победи во денешните натпревари од 19. коло во МТел Супер лигата. Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром го совлада Тиквеш со 88:85, но до победата дојде потешко од очекуваното. Првиот и последниот период завршија нерешено, додека домашниот тим беше подобар во вториот дел со два поена разлика и во третиот со еден поен. Најефикасен кај победничкиот тим беше Мек Смит-Меквен со 18 ...
Министерството за надворешни работи на Турција остро ја осуди израелската копнена операција во Либан, оценувајќи ја како сериозно кршење на меѓународното право и на суверенитетот на таа земја. Од Анкара предупредија дека ваквите воени дејствија носат ризик од продлабочување на кризата на Блискиот Исток и можат да доведат до сериозна хуманитарна катастрофа, со дополнително нарушување на регионалната стабилност. Турското Министерство за ...
Извршниот одбор на СДСМ донел одлука да иницира постапка за исклучување на Петре Шилегов од членството во партијата. Од партијата соопштија дека одлуката е донесена поради, како што наведуваат, дејствување спротивно на интересите на СДСМ. Во соопштението се тврди дека Шилегов е уценет и дека работи во интерес на ВМРО-ДПМНЕ. „Ја разоткривме целата бизнис-шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до ‘Руднап’. Сега на сите им е ...
Македонскиот народен театар ќе одржи комеморација во спомен на истакнатиот актер Кирил Поп Христов – Кили на 18 март (среда) во 11 часот, на големата сцена во Македонскиот народен театар. На комеморацијата семејството, колегите, пријателите и почитувачите на неговото дело ќе имаат можност да се простат и да му оддадат почит на уметникот, кој со својата силна сценска појава, искреност, духовитост и препознатлив актерски дух остави длабока ...
Балетската претстава „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски, под диригентство на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, а со кореографија и либрето на Саша Евтимова, премиерно ќе биде изведена на 28 март во 20 часот на сцената на Националната опера и балет во Скопје. „Оревокршачка“ e балетска фантазија за соништата, спомените и вистините што ги разбираме дури кога ќе пораснеме. Ќе учествуваат истакнати македонски уметници, во придружба на оркестарот ...
Сообраќајна несреќа се случила на регионалниот пат од Скопје кон езеротот Козјак, во која учествувале две патнички возила. Според информациите на МВР, несреќата се случила на вчера попладне едно , управувано од 42-годишен возач, удрило во друго. и двете возила се со скопски регистарски ознаки и двајцата возачи се од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката на удреното возило, кои веднаш биле пренесени во ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, викендов на социјалните мрежи објави дека е во тек акција за темелно чистење на коритото на реката Вардар и оти акцијата има цел да се подобри хигиената на просторот околу реката, како и да се спречат можни проблеми со отпадот и наслагите во коритото. Според неговите информациите, во акцијата се вклучени повеќе екипи и механизација, кои работат на отстранување на отпадот и расчистување на ...
Сообраќајна несреќа се случила попладнево на регионалниот пат Кочани – Виница, поради што сообраќајот на овој патен правец е во прекин. Несреќата се случила во близина на „Рото М“, а на местото на настанот веднаш пристигнале полициски службеници, екипи на противпожарната служба и возило на Итната медицинска помош. Според неофицијални информации од теренот, едно лице го загубило животот, додека две лица се здобиле со тешки повреди. Повредените ...
Граѓаните и посетителите на паркот „Јане Сандански“ во Аеродром од денеска можат да се поврзат на бесплатен јавен Wi-Fi сервис и да користат сигурна интернет врска, извести општина Аеродром. „Аеродром е една од 500 општини во регионот што добиваат Wi-Fi мрежа поставена во рамките на иницијативата WIFI4WB, финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од страна на GIZ како дел од проектот EU4Digital. ...
Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски утрово информираше дека реализирале уште едно ветување кон граѓаните – целосно ја реконструирале улицата „48“. „Поради одрони и пропаѓање на улицата, неопходно беше да се изврши санација на оштетениот дел на улица 48 која беше небезбедна за движење на граѓаните“, истакна Костовски во објава на Фејсбук. Тој посочи дека предходно со изградба и на потпорениот ѕид се обезбедила дополнителна сигурност на ...
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски утрово информираше дека Општината објавила Јавен повик за субвенции за сончеви термални колектори. „Ги повикува жителите да аплицираат за надоместување на дел од трошоците за набавка и вградување на сончеви термални колектори, истакна Стефковски, додавајќи дека се надоместуваат 50% од трошоците, но најмногу до 15.000 денари по домаќинство. Право на учество имаат жители на општината кои ќе ...
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски денеска информираше дека донирале 40 компјутери за основното училиште „Невена Ѓоргиева Дуња“ во Кисела Вода. „Даваме поддршката за подобрување на образовниот процес и условите за учење на учениците. Агенцијата за катастар на недвижности денес реализираше донација на 40 компјутери за основното училиште „Невена Ѓорѓиева Дуња“ во Општина Кисела Вода“, истакна Живковски во ...
Во скопската населба Чаир дошло до групна тепачка по сообраќајна несреќа, при што бил нарушен јавниот ред и мир. Според информациите, инцидентот настанал по претходна сообраќајна незгода, по што ситуацијата ескалирала во физичка пресметка меѓу повеќе лица. Во тепачката учествувале неколку лица од различни скопски населени места, а по пријавата интервенирала полицијата. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. По документирање ...
Започна реконструкцијата на улицата во селото Ротино, односно на патот што води до црквата, со што се подобрува пристапот до овој дел од населеното место. Увид во текот на градежните работи денеска изврши градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, заедно со одговорните лица вклучени во реализацијата на проектот. Според проектната документација, должината на патот изнесува 706 метри, со ширина од 3 метри и банкини од двете страни. По ...
Во парк‑просторот „Револуција“ во Кочани денеска беа поставени 63 празни столчиња во спомен на секој од загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Со овој чин граѓаните, роднините на жртвите и други посетители на местото оддадоа почит на 63‑те животи загубени во трагедијата што се случи на 16 март минатата година. Празните столчиња беа поставени едно до друго, по бројот на загинатите, како симболичен и тажен потсетник на секој ...
Помина една година од големата трагедијата во Кочани. Силината на болката е подеднакво силна како и првиот ден по несреќата. Силината на потребата од правда за загубата на невините млади животи расте секој ден. Судските процеси се уште се на самиот почеток. За многумина тоа е тешко разбирливо. Семејствата на жртвите, но и целата македонска јавност, очекуваа дека правдата ќе почне да се движи многу побрзо и поодлучно. Овој пат не смее да се ...
Бензините се покачуваат за 7 денари по литар, а ЕУРОДИЗЕЛ за 6,5 денари по литар. Вака денеска одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Со новото зголемување ЕУРОСУПЕР БС-95 од вечерна на полноќ ќе чини 86,50 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 – 88,50 денари. ЕУРОДИЗЕЛ ќе се точи за цена од 92 денари за литар. Според одлуката, се зголемува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство за 7 денари по литар и новата цена е 89,50 денари. Повисока ...
Немирните возачи никако да се смират. Совеста не им проработува, па мора полицијата да работи подзасилено. Само во текот на изминатиот викенд низ Македонија биле напишани 1.198 казни. Дури 465 прекршоци се однесуваат на возачи кои возеле над дозволеното. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 42 лица, од кои осум за возење под дејство на алкохол, 20 за возење без возачка дозвола. Во истиот период одземени се 13 возила. ...
Тајванското министерство за одбрана објави дека забележале нагло зголемување на бројот на кинески воени авиони во близина на островот. Само вчера открило 26 авиони, од кои 16 влегле во северната, централната и југозападната зона за идентификација на противвоздушна одбрана на Тајван. Забележани се и седум пловила на кинеската воена морнарица. Зголемениот број летови на кинеските борбени авиони околу Тајван доаѓа во време кога се разгорува ...
Со прикриени агенти, обучени за напредни методи на надзор и инфилтрација на терен, Албанското специјално обвинителство против корупција и организиран криминал – СПАК, подготвува нова форма преку која ќе ги спроведува истражните операции. На овој начин, СПАК има за цел да ги зајакне своите оперативни капацитети и да ја намали зависноста од државната полиција. Од формирањето на Специјалното обвинителство главен проблем им е истекувањето на ...
Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ, синоќа изјави дека Србија нема намера да нападне никого, но оти гради капацитети за одвраќање на каков било напад и нагласи дека е исклучително горда на набавката на нови хиперсонични ракети за српската армија. Таа смета дека наративот од Хрватска поврзан со набавката на ракети, оти тоа им претставува „црвен аларм” е неприфатлив. Брнабиќ додаде дека Србија е во црвен аларм од 1999 година, ...
Вчера попладне, во парк‑просторот „Револуција“ во Кочани се одржа молитва за упокоените жртви на трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. На собирот присуствуваа голем број граѓани, роднини на настраданите и претставници на локалната заедница. Во знак на почит кон загинатите, присутните одржаа минута молк и оставија 63 столбчиња во паркот — по едно за секоја жртва од пожарот што се случи на 16 март минатата година. Атмосферата беше тивка и ...
Израел со денови го бомбардира Иран, но воедно ја прошири копнената воена акција во јужен Либан. Операцијата според соопштенијата на израелската армија, е насочена кон позиции на Хезболах, а целта е да се отстранат заканите од граничниот појас. Пред влезот на копнените сили, биле изведени масовни воздушни напади и артилериско гранатирање за да ги расчисти заканите во зоната на операцијата. Според либанското Министерство за здравство, цитирано ...