На плоштадот „Скендербег“ во Скопје, започна собирот за поддршка на поранешните команданти на Ослободителната војска на Косово, кои чекаат судење во Меѓународниот кривичен суд во Хаг Присутни се поголем број граѓани, со албански знамиња и обележја на ОВК, а улицата која води кон паркингот во ТЦ Мавровка е затворена за сообраќај Протестот за поддршка на поранешните водачи на ОВК на кои им се суди во Судот во Хаг е организиран од лидерот на ДУИ ...

Пред четири години владата предводена од тогашниот премиер Зоран Заев нудела да прими мигранти во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ објави видео во кое според партијата јасно се гледа дека тогашната власт сакала да гради мигрантски кампови, а лидерот на СДСМ, Филипче, на ова не се противел. Ова е вистината за темата со мигрантите, наместо лажни вести да одговорат колку мигранти сакале да примат во земјава, побараа од ВМРО-ДПМНЕ Социјалдемократите ...

Според податоците на УХМР, утрово најстудено било на Попова Шапка со-4 степени, додека најтопло е во Гевгелија со 7 степени. Низ останатите градови, минималните утрински температури се движат околу нулата: Како што информира УХМР, -2 степена е во Скопје – Петровец, Битола, Струмица, Крива Паланка и Крушево, -1 во Штип, Берово, Прилеп и Маврови Анови, 0 во Демир Капија, Претор и Виница, 1 во Скопје – Зајчев Рид, Охрид, Велес и Кавадарци, 2 во ...

Поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева излезе на слобода откако доби условен отпус. ова за МТВ го потврди директорот на затворот Идризово Зоран Јовановски. Јанева, беше осудена во случајот „Рекет“ за злоупотреба на службената положба и овластување на седумгодишна затворска казна. Деновиве добила условен отпуст и го напуштила затворот, но, таа треба редовно да се јавува во Основниот кривичен суд во Скопје, додека не ѝ истече во целост ...

Завршена е обдукцијата на 53-годишната жена од село Равен, информираат од Јавното обвинителство. Според првичниот наод таа била лишена од живот со огнено оружје. По наредба на јавен обвинител се врши вештачење на траги подигнати од неколку локации. Се вршат и претреси и се преземаат други истражни дејствија. Краткотрајниот притвор за осомничениот е продолжен за уште 48 часа, а јавниот обвинител до судот предложи 48-часовен притвор и за женат, ...

Италија, Бугарија и Малта се придружија на барањата на Белгија за пронаоѓање алтернативни начини за обезбедување 210 милијарди евра за финансиска поддршка на Украина, наместо користењето на замрзнатите руски средства, што го доведува во прашање усвојувањето на планот за т.н. „заем за репарација“ на самитот на ЕУ следната недела. Според Советот, во отсуство на одлука за ваква забрана овие ресурси би можеле да бидат директно искористени од ...

Граничниот премин Евзони - Богородица е отворен за сообраќај, соопштија од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и ...

Американскиот пратеник Витков викендов на средби со Зеленски и европските лидери во Берлин во продолжување на мировните разговори. Во меѓувреме, Трамп одби да даде детали за клучната одредба во мировниот предлог на САД, насочена кон прекин на војната меѓу Русија и Украина, која повикува на создавање слободна економска зона во источен Донбас, украинска територија од која Москва сака Киев целосно да се откаже. Зеленски посочи дека ...

Советот на јавните обвинители ја именува Наташа Крстевска Цалева за вршител на должноста – виш јавен обвинител, до изборот на нов шеф на ова обвинителство. На 9-ти декември Советот донесе одлука за престанок на функцијата јавен обвинител за Мустафа Хајрулахи, поранешен шеф на вишото јавно обвинителство Скопје, по негово сопствено барање. Хајрулахи беше суспендиран откако основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинителен акт за пет ...

Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од-4 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец ноември 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 12 декември 2025 ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело-Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1, но и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на ...

Земјоделците од северна Грција со трактори и автобуси на нов протест и симболична неколкучасовна блокада на пристаништето во Солун. Се очекува граничните премини кон Македонија да останат отворени, барем додека трае протестот на пристаништето. По завршувањето на собирот во Солун, земјоделците ќе одржат состанок на кој ќе се одлучи дали во текот на денешниот ден повторно ќе бидат спуштени рампите на граничните премини. Главната блокада ...

На 11.12.2025 околу 17:30 часот, на место викано „Фармите“ на локален пат Делчево-с.Тработивиште, делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево ги лишија од слобода С.К.(32) и Д.Д.(19), двајцата од Берово. По преземени мерки и активности, полициските службеници запреле и извршиле контрола во патничко возило „пежо“ со беровски регистарски ознаки, управувано од С.К., а сопатник бил Д.Д. притоа, во возилото и кај нив се пронајдени и одземени ...

Директори на јавни здравствени установи сами си ги зголемиле платите за 10 проценти, на лекарите им се исплаќале и прекувремени часови и дежурства, некои имале 32 часа прекувремена работа и земале плата до 4.000 евра, констатирале инспекторите на Фондот за здравство по направените вонредни контроли во 26 болници и клиники. 70 проценти од проверените установи имаат неправилности во исплата на платите. Некои единици на Итната медицинска помош и ...

СДСМ темата мигранти упорно ја туркаат и покрај сите мои укажувања дека нема да се случи во земјава влез на мигранти. Тие гласале за отворање мигрантски кампови, а тогаш ВМРО-ДПМНЕ беше обвинувана за ксенофобична партија. Сега се случува обратното, вели премиерот Христијан Мицкоски. Тој најави дека следната недела советниците на ВМРО-ДПМНЕ до советите на општините ќе достават документ кој треба да биде изгласан за анти-мигрантска политика, ...

Дигитализацијата се повеќе зема замав. Денеска, електронски се поврзаа Централниот регистар и Царинската управа. Ова значи дека на граѓаните на коишто ќе им бидат потребни документи од Царинската управа ќе можат по електронски пат да ги извадат во Централниот регистар. Граѓаните повеќе не мора да одат во Царина по потврда за царински долг, Централниот регистар со еден клик ќе ги гледа електронски и ќе добива информации од управата во реално ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, оствари средба со амбасадорката на Република Грција во Република Северна Македонија, Н.Е. Софија Филипиду, на која се разговараше за можностите за унапредување на билатералната соработка во здравствениот сектор. Во фокусот на разговорите беа теми поврзани со јакнење на човечките ресурси во здравствениот систем, преку размена на знаења и искуства, професионални практики и современи медицински методи на ...

Изобилните дождови предизвикаа големи поплави во северозападниот дел на САД. Најпогодена е американската сојузна држава Вашингтон. Прогласена е вонредна состојба на ниво на целата држава. Наредена е евакуација на десетици илјади жители. Гувернерот Фергусон вчера ги повика луѓето во загрозените подрачја да ги следат упатствата на локалните власти. Повеќе од 30 главни автопати се затворени за сообраќај. Националната гарда е распоредена за да ...

На 11.12.2025 во 23:55 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Т.З.(63) од Тетово, информираат од МВР. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,77 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан ...

На 11.12.2025 во 15:30 часот на место викано паркинг Штавица на патот Витолиште-Прилеп, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина ги лишија од слобода С.А.(46), Х.Ј.Ј.(48), П.Т.(46) и 16-годишник, сите од Шведска, како и Д.М.(76) од Кавадарци и К.М. (66) од Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело по член 228 од Кривичниот законик – „незаконит лов“. При контрола на патничко возило „мерцедес“ со шведски ...

Над 2 милијарди денари или 33 милиони евра се запишаа во граѓански обврзници од третата емисија, за која проспектот беше објавен на 26 ноември, а денеска се спроведе аукцијата. Интересот беше значително поголем од објавениот износ со проспектот во висина од 100 милиони денари, информираат од Министерството за финансии. На аукцијата беа запишани граѓански обврзници од страна на 1.543 граѓани. Една граѓанска обврзница изнесуваше 10.000 денари, ...

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради обид да изврши кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 во врска со член 19 од Кривичниот законик. На 4-ти декември, во хотел во Куманово, осомничениот 84-годишник, од ниски побуди, со умисла се обидел да лиши од живот една жена. Тој утрото искористил момент кога гостин во хотелот ја отворил вратата, па влегол во објектот ...

Мал авион се урна во Мавровско Езеро. Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Инцидентот бил пријавен на број 112, а информацијата веднаш е проследена од страна на ЦУК до СВР-Тетово, Итната медицинска помош и Регионалниот центар за управување со кризи за итна интервенција, соопшти ЦУК. Авионот, како што нагласуваат, е од марката „пајпер“ со регистрација N5005W и е наменет за ...

Со 227 гласа „за“ и ниту еден „против“, бугарскиот парламент формално усвои резолуција со која ја прифаќа оставката на Владата. Земјата со недели се соочува со масовни протести најпрвин поради Предлог-буџетот за 2026, економското управување и корупцијата. Владата на Жељазков преживеа шест гласања за недоверба откако беше назначена во јануари, но овој пат големиот одѕив на демонстранти на улиците беше пресвртница. Балканската земја со 6,4 ...

Истече последниот рок за поднесување на кандидатури за градоначалници од овластени претставници на повторените локални избори закажани на 11 јануари 2026 година. Како што не извести портпаролот на ДИК Адмир Шабани, во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово Ростуше и Центар Жупа каде што на минатите избори не се постигна законскиот минимум на излезност од една третина од вкупниот број избирачи се поднесени вкупно седум кандидатури. Во Гостивар ...

Министерството за внатрешни работи, во одговор на прашање на „360 степени“ околу тоа дали системот „Безбеден град“ се тестира и кога официјално ќе биде во функција, посочи дека регистрирањето сообраќајни прекршоци преку овој систем ќе започне да функционира од 1 февруари, а не од 1 јануари, како што беше првично најавено. „Безбеден град ќе започне да функционира од 1.2.2026 година на територија на Скопје, Тетово и Куманово, како и долж ...

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата информира дека во рамки на тековната работа за утврдување можни повреди на Законот за заштита на конкуренцијата, изврши увид во повеќе авто-школи на подрачјето на Република Северна Македонија, при што постапувањето на Комисијата опфаќа активности поврзани со над 40 автошколи. При увидот се констатирани индиции кои упатуваат на можност за усогласено однесување на ...

Берово со-4 степени целзиусови степени беше најстудениот град утрово во Македонија. Покрај Берово, минусни температури беа измерени и во Скопје Петровец и Битола каде имаше-3 степени. Во Тетово, Штип и Струмица-2 степени, Крива Паланка, Демир Капија и Маврово-1 степен. Нула степени беа измерени во Прилеп, Велес, Кавадарци и Гевгелија. Во Скопје (Зајчев Рид), Охрид, Претор беа измерени 1 степен, два во Виница, Крушево и Попова Шапка, додека во ...

Јавен обвинител од гостиварското обвинителство ноќеска изврши увид во атарот на село Неготино, каде беше пронајдено тело на засега неидентификувано починато лице, закопано во дупка. Поради сомненија дека станува збор за жена која била претходно пријавена за исчезната со индиции дека била противправно лишена од слобода, јавниот обвинител нареди обдукција и идентификација на починатото лице и прибирање траги од самото место. За едно осомничено ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
8.23
75%
1013
weather icon

Белград

-4ᴼ / -5ᴼ
7.72
77%
1019
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -1ᴼ
2.57
64%
1023
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
7.72
69%
1013
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
8.65
76%
1011
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -2ᴼ
0.0
81%
1022
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
68%
1004
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
61%
1008
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
10.8
33%
1011
weather icon

Букурешт

-4ᴼ / -6ᴼ
4.12
83%
1010
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -3ᴼ
9.77
79%
1017
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
7.72
87%
1005
Currency

61.5417

Currency

52.8946

Currency

70.9088

Currency

35.4077

Currency

38.0004

Currency

65.9687

Currency

7.5809

Currency

0.66715

Currency

0.33501

Currency

0.5244

Currency

1.2315

Currency

0.58613

Родиум

310254.70

Алуминиум

3.14

Рутениум

44946.74

Злато

144981.23

Иридиум

169549.30

Кобалт

59.52

Бакар

11.84

Паладиум

57935.65

Платина

72292.89

Цинк

3.10

Калај

44.73

Сребро

2569.43