Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Американскиот претседател поднесе тужба од пет милијарди долари против БИ-БИ-СИ, со обвинение дека Британскиот јавен сервис го изманипулирал неговиот говор од 6 јануари 2021 година во документарната емисија „Панорама“. Трамп го обвинува радиодифузерот за клевета и за кршење на законите за трговска пракса и дека „намерно, злонамерно и измамнички“ го монтирале неговиот говор, создавајќи впечаток дека тој директно повикал на насилство. БИ-БИ-СИ ...
СДСМ денеска на седница на Централниот одбор треба да го потврди новото партиско раководство, откако на почетокот на декември оставка поднесе целиот врв на партијата, освен претседателот Венко Филипче. Филипче во интервју за „360 Степени“ најави дека списокот со новите членови на раководството е веќе подготвен и дека ќе биде комбинација од искусни и помлади кадри. Позицијата генерален секретар ќе ја задржи Александар Саша Димитријевиќ, додека ...
Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Одлуката самиот тој ја соопшти на прес-конференција во Обвинителството, а во писмена форма одлуката веќе ја испратил до надлежните институции. Коцевски поднел оставка на функцијата, непосредно пред почетокот на собраниската расправа на која требаше да се разгледува предлогот за негово разрешување. Во писменото известување доставено до Собранието, Коцевски ...
Били (Винс Вон) и Ник (Овен Вилсон) се продавачи чии кариери едноставно се уништени од доаѓањето на дигиталното доба. Обидувајќи се да докажат дека времето не ги престигнало, и покрај неверојатно малите шанси, тие успеваат да влезат во Google. Но, тоа е само половина од битката. Сега тие мора да се натпреваруваат со група од најодбрани млади студенти и технолошки генијалци за да докажат дека неопходноста навистина е мајка на сите пронајдоци. ...
На 30 декември во Галерија МЦ (Gallery MC) во Македонскиот културен центар во Њујорк ќе биде отворена мултимедијалната изложба – просторна инсталација со наслов „Реминисценции“ на познатиот македонски визуелен и мултимедијален уметник Страхил Петровски. Љубителите на уметноста и целата американска јавност ќе имаат можност да ја разгледаат изложбата на Петровски до 9 јануари. Претстојната изложба на уметникот Страхил Петровски во Њујорк е ...
Кошаркарот на Далас маверикс, Купер Флаг стана првиот 18-годишен играч кој постигнал повеќе од 40 поени во натпревар од НБА. Во натпреварот против Јута постигна 42 поени, седум скока и шест асистенции. Флаг е првиот избор на НБА драфтот во 2025 година. Оваа сезона, тој има просек од 18,4 поени, 6,3 скока и 3,5 асистенции по натпревар. Маверикс, со 10 победи во 27 натпревари, се наоѓаат на 12. место на табелата во Западната конференција. ...
Со ладното време доаѓаат и омилените есенски плодови – костените. Овој плод има многу богата нутритивна и енергетска вредност поради која им се препорачува на децата, спортистите, трудниците и старите лица. Костенот е богат со минерали, витамини Б-комплекс, како и витамините А и Ц. Тие се сочувани за време на готвењето бидејќи дебелата кора ги заштитува. Костенот содржи и калиум, фосфор, магнезиум, сулфур, хлор, бакар, железо и манган. Исто ...
Најниска температура од – 6 утрово е измерена во Скопје, кај Петровец, Битола и Берово, -5 во Струмица и Демир Капија, -4 во Штип, Велес, Куманово и Тетово, -3 во Скопје–Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија и Прилеп, -2 во Крива Паланка, -1 во Охрид, Mаврови Анови и Претор, 0 Виница, а три степени во Попова Шапка и Kрушево, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Во ...
Колумбискиот претседател со критика за воената стратегија на САД во Карибите, обвинувајќи го Вашингтон за произволно дејствување и убивање цивили. Густаво Петро го обвини американскиот претседател за ароганција и рече дека треба да побара совет од Колумбија ако сака да се справи со трговијата со дрога. Американската Јужна команда нападна уште три пловила во меѓународни води, при што беа ликвидирала осум лица. САД спроведуваат кампања на ...
Масовното пукање во кое беа убиени 15 лица за време на прославата на Ханука на плажата Бонди во Сиднеј е терористички напад инспириран од Исламска држава, објави австралиската федерална полиција. Осомничените се татко и син, на возраст од 50 и 24 години, соопштија властите. Постариот маж беше застрелан додека помладиот е хоспитализиран. Двајцата патувале на Филипините изминатиот месец, се истражуваат целите на патувањето. Поради нападот, ...
Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред е Предлог на одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија. Во образложението објавено на собраниската веб-страна се ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за ...
Претседателот на САД е оптимист дека војната меѓу Русија и Украина се ближи кон крајот. По разговорот со украинскиот претседател Зеленски и со лидерите на неколку европски земји, вклучувајќи ги Германија, Италија, Франција и Обединетото кралство, како и со НАТО, Трамп рече дека сите сакаат да видат крај на војната. „Мислам дека сме поблиску до крајот на војната од кога било досега. Имавме добар разговор со европските лидери за војната меѓу ...
Премиерот Христијан Мицкоски од денеска престојува во работна посета на Брисел, во чии рамки утре ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан. Според најавите, предвидено е премиерот Мицкоски и членовите на владината делегација вечерва да присуствуваат на настанот насловен „Здравица за добрите соседи: Еве колку се добри Западните Балканци …“, што под покровителство на еврокомесарката за проширување Марта Кос го организираат амбасадорите на ...
Предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, на пленарна седница. Сè уште нема потврда дали Коцевски ќе се обрати пред пратениците. Од „Илинденска“ велат дека Коцевски направил крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство, неовластено изнесувал информации и податоци за судски предмети, со што ја повредил постапката за заштита на тајноста, нарушувајќи го угледот на Обвинителството. ...
Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од – 6 до-2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно ...
Празничната магија пристигна во Скопје, а овде, во срцето на македонската престолнина, на плоштадот „Македонија“, светна и новогодишната елка, со што официјално беше означен почетокот на новогодишната програма „Скопје – зимска новогодишна бајка“. Граѓаните задоволни од новогодишната декорација на главниот град. До Нова година, на плоштадот „Македонија“, секој ден ќе има богата културно-уметничка програма, а отворен е и божиќниот базар. ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, присуствуваше на настанот „Зајакнување на институционалните капацитети: одбележување на соработката помеѓу САД и Северна Македонија“, кој беше во организација на Министерството за финансии. На настанот се обратија министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, заменик-претседателот на Владата на РСМ за политички систем Љупчо Димовски и Н.Е. амбасадорката на САД, Ангела Агелер, кои ја ...
Прометот од продажбата на услугите е зголемен за 2,7 % во третото тримесечје од 2025 година во однос на истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Во третото тримесечје од 2025 година, во однос на истото тримесечје од 2024 година, најголемо зголемување на прометот во услугите од 7,1 % има во секторот Стручни, научни и технички дејности и од 5,8 % во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна. ...
Зимска новогодишна бајка во главниот град. По теркот на светските метрополи, новогодишниот дух се разбуди и во Скопје, со елка, божикен пазар и многу украси. Од денеска до 31 декември се очекува секојдневна музичка богата програма, многу настани за сите генерации. Граѓаните очекуваат Скопје да пулсира и да живее во полн празничен ритам. Празничниот дух повторно се враќа во срцето на градот велат градските власти кои најавуваат и спектакуларна ...
Трезорот нема да се затвори и ќе се реализираат сите исплати, уверува министерката Димитриеска – Кочоска која ги отфрли информациите дека трезорот ќе се затвори на 15 декември. Таа појасни дека налозите во Трезорот стојат по 15 дена заради дополнителни проверки, а и нема логика да се затвора Трезорот ако даноците се собираат до 25-ти во месецот. По обвинувањата од опозицијата, министерката уверува дека Буџетот е во одлична кондиција и дека ...
Власта и опозицијата со две резолуции на иста тема, потврда дека мигранти нема да влезат во државава. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ со ЗНАМ и ВРЕДИ веќе ја поднесоа во Собранието. Со неа велат, еднаш засекогаш треба да се стави точка на измислената тема со мигранти од страна на СДСМ. Социјалдемократите, пак, чекаат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ја потпишат резолуцијата што тие ја понудија. Тие тврдат дека има договор со Британија што предвидува пари ...
Бојкот на вработените во Управата за матична евиденција ќе предизвика застој во издавањето на документи за граѓаните. Синдикатот се одлучил службениците да бидат на своите работни места, но да не ги извршуваат работните обврски оти надлежните не го потпишуваат Колективниот договор со којшто ќе добијат зголемување на платата. Директорот на Управата за матична евиденција вели дека е во контакт со Синдикатот и доставиле Нацрт-колективен договор ...
Бисера Стојаноска од прилепското електромашинско училиште била сведок на врсничко насилство. Не сакала да молчи. Вербално, физичко, сајбер насилство. Не може да се замиже пред врсничкото насилство. Врсничкото насилство е во подем, сметаат психолозите. Но, сега почесто се говори, жртвите, а и насилниците доаѓаат на психолог. За причините се посочуваат родителите и домашното воспитување. Младите сакаат да застанат на патот на насилството. ...
Зголемено ниво на реките во однос на просекот за декември се бележи денеска на Пчиња кај Катлановска бања, на Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Црн Дрим кај Ложани, како и на Сатеска кај Ботун, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Сепак, не сите водотеци бележат раст. Нивото на Брегалница кај Берово и Штип, Пчиња кај Пелинце и Црна Река кај Новаци се под просечните декемвриски ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09 отсто. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98, како и дизелот, поевтинуваат за два денари по литар, додека екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за еден денар. Од полноќ, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 73 денари, БС-98 по 75 денари, дизелот по 66,5 денари за литар, а цената на мазутот М-1 НС изнесува ...
Скопска Апелација за една година му ја зголеми казната на Васил Јованов кој во јануари годинава на пешачки премин ја усмрти Фросина Кулакова. Во соопштението од судот се вели дека се уважува жалбата на Обвинителството, а на обвинетиот му се изрекува казна од 13 години затвор. Претходно, со пресудата на Кривичниот суд од мај годинава, Јованов е осуден на 12 години затвор затоа што управувал автомобил пијан, без возачка дозвола и со брзина ...
Во МКЦ вечер од 20 часот ќе се одржи најновото издание на Инкубатор платформата за млади уметници, на која ќе настапат млади од Скопје танцовиот театар 2, чиј уметнички директор е Рисима Рисимкин. Ќе настапат млади танчари од Катедрата за современ танц при Универзитет „Гоце Делчев“ и дел од учениците од Балетскиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“. „Инкубатор – платформа за млади уметници“ се одржува по осми пат во организација на ...
Во иста кошничка со храна, Швајцарците плаќаат 60 проценти повеќе од европскиот просек. Цените во Македонија се најевтини, за 27 пониски, земјава е со најевтини прехранбени производи, покажаваат најновите податоци на Евростат. Храната е најголем товар за домашниот буџет и во Исланд и Норвешка. Но и жителите на Луксенбург мораат длабоко да брцнат во своите џебови. Кошничката во европски рамки е со просек од 11,9% од вкупната потрошувачка во ...
Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, денеска официјално го пуштија во употреба реконструираниот спортски центар „Блок 70“, кој претставува современо уреден простор наменет за спорт, рекреација и унапредување на здравите животни навики. Со оваа инвестиција, локалното население, а особено младата популација, добива комплетно уреден спортски комплекс кој опфаќа детско игралиште, ...