Превирањата на бугарската политичка сцена нема да влијаат на изградбата на меѓуграничниот тунел кој треба да ги поврзе македонската и бугарската железничка мрежа како дел од Коридорот 8, тврди министерот за транспорт, Николоски. Градежните активности ќе започнат следното лето, откако внимателно ќе биде изработена комплетната документација. Деновиве се сретнале и директорите на железниците. Целиот процес ќе биде под мониторинг на Европската ...

Една од четири жени се чувствува небезбедно на јавен простор, покажа истражувањето на ОБСЕ, направено врз 600 испитанички. Две третини од нив биле или жртва или сведок на родово базирано насилство во различни форми. Најзагрижувачки е што 89 проценти не пријавиле поради страв, срам или стигма. „Кога настанува насилство, молчењето не е опција. Сите имаме одговорност да реагираме и пријавиме. Пријавите за насилство мора да бидат приоритет, а ...

Фирма со тројца вработени, формирана пред две години, во период од два месеци, добила тендери од Генералниот секретаријат на владата и од СОЗР, во износ од 1, 2 милиони евра, тврдат од СДСМ. Од таму велат дека постоел сомнеж за нетранспарентни постапки, фаворизирање и коруптивни тендерски шеми. Изнесените наводи се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реагираа од владата. Велат дека во сите постапки, не постои ниту ...

Стабилен раст и подобар стандард за граѓаните, поповолна бизнис-клима во 2026 година, очекува претседателката Силјановска-Давкова. Улогата на државата е клучна во создавањето соодветни претпоставки за брзо престројување, развој и системска поддршка на бизнисот, рече пред бизнис фелата. Силјановска-Давкова, заедно со првиот човек на Сојузот на стопански комори им врачија признанија на успешни домашни компании „Македонски квалитет“ за 2025 ...

Американскиот претседател Трамп нареди целосна блокада на санкционираните танкери за нафта што влегуваат и излегуваат од Венецуела. Ја обвини владата на Мадуро за тероризам и шверц со дрога, прогласувајќи го режимот за странска терористичка организација. Мадуро возврати дека американската стратегија на Карибите е „пиратство“. „Сите нафтени работници во земјата мора да ја организираат силата на работничката класа во сите пристаништа во светот ...

На 17.12.2025 во 00:41 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул. „Браќа Ламески“ во Прилеп го лишија од слобода Р.Г. (49) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „џип“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Г., при што било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,91 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот, против ...

Со констатирање на оставката на државниот обвинител Љупчо Коцевски што ја даде пред вчерашната собраниска седница, на која треба да биде неговото разрешување, започнува процедурата за избор на неговиот наследник. Според Законот за јавни обвинители, изборот се врши најдоцна два месеца пред истекот на мандатот на актуелниот, односно веднаш по празнењето на местото, како во овој случај. По предлог на Владата, Собранието треба да распише оглас за ...

35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја испочитувале законската обврска за пријавување на имотната состојба, информира Антикорупциската комисија. Првите тоа треба да го сторат за да се види дали и колку се збогатиле од функцијата, за новоизбраните да се знае со колкав имот стапнале на функција. Меѓу оние кои не ја испочитувале обврската се актуелниот и поранешниот градоначалник на Скопје, новите градоначалници на Кичево, Крушево, ...

Изработката на новиот просторен план на Македонија треба да ги даде насоките за просторниот развој на државата со што ќе се овозможат бенефити за целокупното општество. Планот кој го изработува Агенцијата за просторно планирање, а во соработка со надлежни институции треба да понуди нов инфраструктурен концепт за развојот на Македонија, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на настанот по повод 20 години постоење ...

На пленарна седница во Собранието Предлог-резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција. Претходно, треба да го помине филтерот на Комисијата за политички систем. Од опозицијата најавија дека нема да учествуваат во расправата. Според социјалдемократите, планот е прво избори, а потоа мигранти во Македонија, за пари. Од „Бихаќка“ најавија дека заедно со граѓаните, ...

Екс-министерката за труд и социјала Јована Тренчевска и кандидатот за градоначалник на Аеродром, ортопедот Александар Трајановски се новите потпретседатели на СДСМ. Александар Саша Димитриевиќ останува генерален секретар, а Љупчо Фармаковски организациски секретар на партијата. Промени и во извршниот комитет на опозициската партија, каде Дејан Николовски, Јон Фрчковски, Петар Огненовиќ се нови, а остануваат досегашните членови Симона ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе се обрати на претставувањето на прелиминарните резултати од научниот проект „Иновативни научни решенија за намалување на социјалната нееднаквост и сивата економија во Македонија преку даночната регулатива“ што ќе се одржи на Правниот факултет во Скопје. Како што соопштија од МОН, проектот е реализиран од тимот од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ со финансиска поддршка ...

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска на церемонија со почеток во 13:00 часот ќе го врачи признанието „Македонски квалитет“ за 2025 година, што го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под нејзино покровителство. Како што соопштуваат од Кабинетот на македонската претседателка, признанието се доделува на домашни компании коишто придонесуваат за развојот на македонската економија и го афирмираат македонскиот квалитет ...

Австралија во жалост додека се одржуваат првите погреби на жртвите од масовното пукање при прославата на Ханука на плажата Бонди во Сиднеј. Властите ветуваат дека ќе направат се што е потребно за да го искоренат антисемитизмот во земјата. „Нашата нација ќе одговори. Ќе ги повикаме луѓето на одговорност за она што се случи. Треба да извлечеме лекција и да преземеме посилни акции, законска промена за да го искорениме антисемитизмот од нашето ...

Појава на магла и намалена видливост до 60 м. во околината на Демир Капија. информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е ...

Во Брисел Самит Европска унија-Западен Балкан, кој традиционално се одржува во пресрет на последниот Европски совет во годината. Македонската делегација ја предводи премиерот Мицкоски. И покрај исполнетите обврски и формалниот кандидатски статус, земјава и натаму останува заглавена меѓу европските ветувања и билатералните блокади. Шефот на владата пред Самитот порача дека Македонија ќе продолжи да инсистира на принципиелни европски ...

Мировниот план за Украина наскоро ќе му биде презентиран на Кремљ-Зеленски изјави дека предлозите договорени со САД би можеле да бидат финализирани во следните неколку дена, по што се очекува средба на украинските и американските преговарачи во Мајами. Тој призна дека остануваат разлики околу териториите, но нагласи дека правно обврзувачките безбедносни гаранции се клучен услов за мир. „Русија е агресор и не можеме точно да знаеме кои ...

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во утринските часови на некои места ќе има појава на магла. Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во северозападните делови од земјата повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд. Утринската температура ќе биде од минус четири Целзиусови степени до 1 степен над нулата, а дневната ќе се движи во интервал од осум до 13 степени. Во ...

Прогнозата за „Приказната за Силјан“ сепак не се остварија, филмот не влезе во топ 15 филмови за оскаровска трка. „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска беше квалификуван во две категории: најдобар странски филм и најдобар документарец. Филмот го откупи National Geographic, и до сега доби голем број значајни и релевантни награди и номинации на фестивалот во Венеција, NYDOC, IDA, Spirit, PGA Award, Eye Cinema Audience Award и ред други. ...

Министерството за внатрешни работи извести дека од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, ќе може ...

Со мнозинство гласови пратениците ја изгласаа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет. Законот се проследува на второ читање. Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање рече дека со овој закон во Министерството е започната нова ера на работа и функционирање, во којашто секој битен и суштински закон за граѓаните на Република Македонија ќе се изготвува низ отворен, јавен и транспарентен процес. „ Клучни новини кои се ...

Тутунот забрзано се откупува. За неполн месец е купена половината од годинашнава реколта. Десетте откупувачи се заинтересирани побрзо да купуваат. Преземени се 11.370 тони по речиси 420 денари и се купува во прва класа. Тутунарите сè уште бараат повисоки цени поради зголемените трошоци на производство. Освен тоа, и да се купува по класи. Откупувачите засега не покажуваат интерес за повисоки цени. Сојузот бара законски измени и без нивна ...

Државна лотарија попладнево со реакција во врска со објавените медиумски написи во кои се тврди дека Државниот завод за ревизија утврдил значителни неправилности во финансиското работење на акционерското друштво за приредување игри на среќа за 2024 година. Во демантот се наведува дека објавените информации се „неосновани, тенденциозни и нецелосни“, бидејќи не е направена јасна и суштинска дистинкција помеѓу периодот на управување од страна на ...

Нема изводи, нема запишување бракови. Оние кои денеска има потреба од услуга во Управата за водење на матични книги не беа услужени од вработените. Бојкот предизвика застој во издавањето на документи за граѓаните. Службениците беа на своите работни места, но не ги извршува работните обврски оти надлежните не го потпишуваат колективниот договор со којшто ќе добијат зголемување на платата. Директорот на Управата за матична евиденција вели дека ...

Наместо собраниска расправа за негово разрешување, оставка. Државниот обвинител Љупчо Коцевски ги претрка пратениците и во пресрет на седницата за негова смена пресече – неотповикливо си заминува од функцијата. Тврди, иницијативата за разрешување била политички мотивирана и не сторил крупна професионална грешка како што тврди Владата. Во кусото експозе за сработеното, Коцевски истакна дека во неговиот мандат ефикасноста на обвинителството е ...

Од честитка на ДУИ со „среќна нова 49“, до повлекување на пратениците на СДСМ од пленарната седница на која е ставена резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ со која се гарантира дека нема да влезат мигранти во земјава, но и дека се осудуваат манипулациите со темата од страна на опозицијата. Талат Џафери побара тргнување на резолуцијата од дневен ред, меѓу другото што со неа се мешаат ингеренциите на извршната и законодавната власт. Оливер Спасовски пак е ...

Денеска околу 13:00 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Х.М.(44) од Гостивар, постапувајќи по пријава дека во 12:35 часот на крстосница од ул. „Илинденска" со ул. „Седек Костовски" во Гостивар, товарно возило „мерцедес“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од Х.М., удрило во велосипед управуван од И.М.(76) од Гостивар. И.М. бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, каде лекар ...

Федералните власти уапсија четворица членови на екстремистичка група осомничена за планирање координирани бомбашки напади во Јужна Калифорнија. Апсењата биле спроведени изминатата недела источно од Лос Анџелес. Според истрагата, осомничените членови на огранок на пропалестински група планирале на пет локации да постават експлозивни направи и да ги активираат на новогодишната ноќ. „Уапсените субјекти планирале да постават ранци со ...

Министерството за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски и стручен надзор во врска со случајот со починато новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство. Надзорот го иницирал министерот за здравство Азир Алиу, најпрво преку Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по што ќе следи и стручен надзор. Од Министерството изразија сочувство до семејството и информираа дека целта на надзорите е целосно утврдување на околностите и ...

Изложбата „Простори на конјункција – Картографија на фрагментот: Наративи, граници, меморија“, во организација на Националната галерија на Северна Македонија, вечерва во 19 часот ќе биде отворена во Културно-информативниот центар на Македонија во Загреб. Со оваа изложба се заокружува меѓународната презентација на проектот, кој претходно беше прикажан во Софија, Белград и Истанбул. На отворањето ќе се обратат директорката на КИЦ во Загреб, ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
8.23
75%
1013
weather icon

Белград

-4ᴼ / -5ᴼ
7.72
77%
1019
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -1ᴼ
2.57
64%
1023
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
7.72
69%
1013
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
8.65
76%
1011
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -2ᴼ
0.0
81%
1022
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
68%
1004
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
61%
1008
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
10.8
33%
1011
weather icon

Букурешт

-4ᴼ / -6ᴼ
4.12
83%
1010
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -3ᴼ
9.77
79%
1017
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
7.72
87%
1005
Currency

61.5417

Currency

52.8946

Currency

70.9088

Currency

35.4077

Currency

38.0004

Currency

65.9687

Currency

7.5809

Currency

0.66715

Currency

0.33501

Currency

0.5244

Currency

1.2315

Currency

0.58613

Родиум

310254.70

Кобалт

59.52

Платина

72292.89

Паладиум

57935.65

Иридиум

169549.30

Бакар

11.84

Рутениум

44946.74

Алуминиум

3.14

Сребро

2569.43

Злато

144981.23

Цинк

3.10

Калај

44.73