Од сабота кон крајот на денот, а особено в недела, се најавуваат локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. На планините и на некои повисоки подрачја врнежите ќе бидат од снег. Минималните утрински температури ќе се движат во интервал од -5 до 0 Целзиусови степени, а максималните дневни ќе достигнат од 1 до 7 степени. Од сабота кон крајот на денот, а особено в недела, се најавуваат локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат ...

Владата во 2024 година донесе одлука за воведување на кризна состојба на дел од територијата на Македонија и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое е казнено-поправната установа, Казнено-поправен дом Идризово, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата. Владата на Македонија, како што се посочува во образложението на предлог-одлуката, на седницата одржана на 13 јануари го разгледала ...

На јавна дебата за Предлог-законот, Минчев напомена дека со предвиденото решение прв пат се воспоставува единствена и кохерентна рамка за уредување на највисоките државни раководни функции – кој, како и под кои услови ги води клучните институции. „Прв пат се воспоставува единствена, јасна и системска рамка за именувањето, мандатот, одговорноста и разрешувањето на највисоките раководни позиции во администрацијата. Воведуваме појасни и ...

Од трите синдикати истакнуваат дека синдикатите се против било какво коруптивно однесување и не оправдуваат ниту поддржуваат било какво незаконско постапување на било кој вработен во УЈП, доколку истото е утврдено во законска и правична постапка. „Како синдикални организации, изразуваме загриженост за случувањата во кои се инволвирани вработени во УЈП, особено за јавното изнесување на информации, коментари и квалификации кои можат да создадат ...

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата за вработен во секторите, административни и помошни услужни дејности за 16,5 отсто, дејности на здравствена и социјална заштита за 11,1 отсто и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 10,9 отсто. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата за вработен, во однос на претходниот месец, е ...

„Колку никотинот е штетен, и тоа внесен во организмот во било која форма: инхалиран, преку цигара или луле, или џвакан, или пак трансдермално налепен на кожата? За среќа, во јавноста скоро и да нема легитимен лик кој ќе тргне во сулудо бранење на теза која е неодбранлива, па дури и најстраствените пушачи веќе не се ни осмелуваат да се стават во одбрана на некаква си корист од внесувањето никотин, посебно преку пушењето џигари. Бензен пиренот, ...

Синер играше против францускиот тенисер Гастон. Италијанецот ги доби првите два сета со убедливи 6-2 и 6-1, потоа Французинот предаде поради повреда. Јаник во второто коло ќе игра против домашниот тенисер Дакворд кој го победи Хрватот Прижмиќ со 3-2 во сетови. Бугарскиот тенисер, Григор Димитров беше елиминиран од Чехот Томас Махач. Беше 6-3, 6-4 и 6-3 за чешкиот тенисер. Синер играше против францускиот тенисер Гастон. Италијанецот ги доби ...

На овие теми разговараме со Стевчо Ристески, директор за бизнис и ICT продажба во А1 Македонија, за тоа каде се наоѓа Македонија во дигиталната трансформација и што е клучно за побрз, побезбеден и поодржлив развој. Ако над 70% од компаниите во светот во 2024 веќе интегрирале ВИ во барем една бизнис функција, јасно е дека растат и барањата кон дигиталната инфраструктура. Кога А1 инвестира во клауд решенија, дата центри, сајбер безбедност и ВИ ...

Одборот е дел од втората фаза од планот на Трамп за Газа, палестинската енклава целосно уништена во војната меѓу Израел и Хамас. Планот повикува на траен прекин на непријателствата и разоружување на Хамас, кој одбива да го стори тоа. Според Белата куќа, се очекува Трамп денес во Давос да ја потпише повелбата на Одборот за мир. Дипломатите кои ја виделе повелбата на одборот изјавија за агенцијата ДПА дека тоа е отворен предизвик за Обединетите ...

Како што соопшти Министерството, земјава веќе е дел од регионалниот договор за роаминг во Западен Балкан, со кој граѓаните користат мобилни услуги во земјите од регионот под услови како дома, без дополнителни роаминг-трошоци. „Со измените и дополнувањата на ЗЕК се создаваат услови за воспоставување јасни правила за ограничување на цените на роаминг услугите, зголемена заштита на корисниците преку транспарентно информирање и механизми за ...

На јавната дебата за предлог-законот Јанушев потенцира дека целта е обезбедување еднаков пристап до функциите и именувања според заслуги, како и непристрасно и одговорно вршење на работите на органите на државната управа во насока на јакнење на владеењето на правото и унапредување на ефикасноста на сите органи. „Функциите на високите раководители треба и мора да се достапни за сите заинтересирани кандидати под еднакви услови. Именувањето ...

Како што информираат од Министерството за транспорт, екипите на ЈП „Македонијапат“ се целосно екипирани и со цела механизација и работна сила на терен вршат континуирано чистење на државните патишта. Се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци. „Во текот на целиот ден остануваме на терен со ...

Бекот на пелистерци во завршницата од натпреварот доби удар со лакт в лице од Компаничу, за кој Романецот доби црвен картон. Атанасијевиќ беше повлечен од игра и мораше да му биде укажана помош, а од носот му течеше и крв. Според информациите, се стравува и од можна скршеница на носот од ударот. Поради тоа по враќањето во Македонија бекот ќе биде подложен на снимање за да се утврди дали има посериозна повреда. Ова е пех за Еурофарм Пелистер, ...

„Во 8:25 часот утрово е укината забраната за камиони на планинскиот превој Ѓавато на патниот правец Битола – Ресен. Забраната беше воведена од шест часот утрово#, соопшти АМСМ. Од 7:45 часот, пак, поради врнежите од снег што ја зафатија земјава, воведена е забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража. УХМР соопшти дека утрово на Попова Шапка има најмногу снег, 34 сантиметри, а најстудено, ...

„Потсетуваме дека луѓето што живеат на повисоките места навремено да се снабдат со основни производи (храна и лекови) и се препорачува внимателно движење на пешаците бидејќи е можна појава на голомразица“, велат од ЦУК. Во случај на опасност или потреба граѓаните да се јават на бесплатниот телефонски број за итни повици 112. Од ЦУК инфомираат за состојбата со снегот на ниво на целата држава. Што се однесува до Скопскиот Регион поради мраз и ...

ЈП „Македонијапат“ информира дека нивни екипи со цела механизација и работна сила се на терен и вршат континуирано чистење на државните патишта. Се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и приспособена брзина во согласност со условите на патните правци. Од 9:30 часот сообраќајот на наплатната станица Отовица, односно патниот правец Велес-Скопје ...

Во три одиграни натпревари во групната фаза Македонија имаше една победа, едно реми и еден пораз. Нашиот тим има втор најдобар баланс меѓу третопласираните селекции, пред нас е само репрезентацијата на Фарски Острови поради подобра гол разлика. Утре се играат натпреварите од групата Е, но Холандија и Грузија досега не освоија ниеден бод и немаат шанси да ја стигнат Македонија. Сепак, ова е четврто Европско првенство по ред на кое македонската ...

Ристов од синоќа е во куќен притвор со решение на скопскиот Кривичен суд на предлог на обвинителството. Претходно Судскиот совет вчера на итна седница му го одзеде судискиот имунитет на осомничениот колега. Адвокатот Давидовиќ, во изјава за ТВ „24“ рече дека истрагата за противправно стекнување и прикривање имот е „правно проблематична“ и оти таа „не може да се примени врз судија“. Тој додаде и дека ќе вложи жалба на одлуката Ристов да оди во ...

Тошковски вели дека целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки живот. „Целта е да ја зголеми безбедносната култура на граѓаните, а како последица на тоа да имаме колку што е можно помалку сообраќајни прекршоци, помалку повредени и колку што е можно помалку човечки жртви. Ќе се констатираат исклучиво четири прекршоци: брзина над дозволено, поминување на црвено, погрешно запирање и паркирање и нерегистрирано возило“. Тој ...

Според претседателката, дипломатијата не е само збир на протоколарни активности, туку докажан цивилизациски механизам којшто успева истовремено да урива ѕидови и да гради мостови. „Вие, дипломатите, персонифицирате знаење, умеење, умереност, вештина и упорност во потрагата по решенија за сериозни проблеми, преферирајќи преговори, договори и потписи, наместо конфликти, уцени и оружје“, рече Сиљановска-Давкова и додаде дека лично, повеќе верува ...

Презентирајќи компаративни податоци за кривични дела од областа на корупцијата и економскиот криминал за периодот 2023–2025 година, министерот посочи дека во 2023 година биле откриени 126 кривични дела, во 2024 година 206, а во 2025 година 290 кривични дела, што претставува пораст од околу 130 проценти. Овие бројки, како што истакна, целосно кореспондираат со перцепцијата на граѓаните дека МВР води сериозна и неселективна борба против ...

„Или ќе излеземе сите – или ќе не снема еден по еден! Излези, затоа што ВОЗДУХОТ нема да се исчисти сам!“, порачуваат од иницијативата. „Со оваа порака упатуваме јавен повик за мирна граѓанска блокада против загадувањето од индустрискиот капацитет Усје, како израз на револт и долгогодишна загриженост за здравјето на сите жители, а особено на нашите деца. Усје сè уште одбива да се постават мерни станици кои ние граѓаните ќе ги следиме нон-стоп ...

Целта е, како што се посочува, да се регулира употребата и на новите никотински производи, имајќи предвид дека тие создаваат чад или аеросол со штетни материи, а според последните истражувања, овие производи често полесно создаваат зависност. Исто така, предвидена е забрана за производство, увоз и продажба на никотински производи со: овошни, слатки, ментол, билни и други вкусови за кои се смета дека ја олеснуваат првата употреба и ја ...

Интернетот е преплавен со разни диети, рецепти и совети за слабеење. Многумина веќе ги испробале, некои даваат резултати, додека други се покажуваат како целосно неефикасни. Сепак, денес ви претставуваме рецепт кој се издвојува по својата едноставност и ефикасност – вода од ѓумбир, позната и како јапонска вода. Овој пијалак помага во забрзување на метаболизмот и согорување на мастите, без никакви штетни ефекти врз телото. Активната состојка ...

Ретко кој очекуваше дека Данска може да падне на домашен терен и тоа од Португалија со која ние одигравме нерешено. Но, Португалците денеска беа на друго ниво, одиграа максимално фокусирано и дојдоа до голем триумф. Португалија водеше во поголемиот дел од натпреварот, особено во второто полувреме, Данците бркаа и не можеа да стигнат. На крајот се случи голема победа за гостинот. Франциско Кошта беше најефикасен во португалската селекција, ...

Во гостување на Македонската радио-телевизија претпладнево таа рече дека кај нас е „неопходно малку повеќе да се воведе ред“ затоа што нашите ученици и онака поминуваат помалку часови на настава. Пораката на министерката следува откога деновиве во јавноста беше актуелно прашањето дали ќе се продолжи зимскиот распуст поради пораст на бројот на заболени од грип. Како што рече во интервјуто за МРТ1, сите можни истражувања, и во светот и кај нас, ...

„Нема доволно возила за чистење, ама има за 161 тендер за ортаците на Орце и ВМРО. Дали ова е „Safe city“? Затоа СДСМ инсистира на закон кој, како и сè друго, нема да биде злоупотребен од страна на ВМРО. Исто како што се злоупотребува и парите на граѓаните, кои преку тендери завршуваат во приватни џебови на ортаците на Мицкоски. Како што изгледа градот денес, така ќе изгледа и цела Македонија – блокирана од сите, поради политиките што се ...

Под мотото „Најдоброто од Киненова“ љубителите на филмската уметност ќе можат да погледнат филмови што со ангажиран и аналитичен пристап отвораат културни и општествени прашања. Во ова зимско издание на „Киненова“ ќе може да се погледнат и филмовите „Таква каква што сум“ на Даг Јохан Хаугеруд, кој годинава беше гостин на Фестивалот и „Татко“ на Срдан Голубовиќ, кој беше член на жирито на годинешното јубилејно издание на МФФ Киненова. Под ...

Под мотото „Најдоброто од Киненова“ љубителите на филмската уметност ќе можат да погледнат филмови што со ангажиран и аналитичен пристап отвораат културни и општествени прашања. Во ова зимско издание на „Киненова“ ќе може да се погледнат и филмовите „Таква каква што сум“ на Даг Јохан Хаугеруд, кој годинава беше гостин на Фестивалот и „Татко“ на Срдан Голубовиќ, кој бече член на жирито на годинешното јубилејно издание на МФФ Киненова. Под ...

Во кординирана акција, рече Тошковски во тема на денот во вестите на ТВ Сител, можат да се дадат резултати какви што очекуваат македонските граѓани. Тој истакна дека во овој момент не може да соопштува повеќе детали од тие што се соопштени во јавноста. „И Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство споделија информации во јавноста коишто сметаа дека треба да бидат споделени. Сепак станува збор за истражна постапка која како ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
58%
1026
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
49%
1027
weather icon

Загреб

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
43%
1027
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
54%
1028
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
3.94
54%
1029
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.45
61%
1028
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
5.14
54%
1025
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
32%
1025
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
42%
1026
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
4.63
54%
1031
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
3.58
37%
1028
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
7.2
50%
1029
Currency

61.6238

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Сребро

2711.59

Калај

50.64

Злато

166253.76

Рутениум

47358.05

Иридиум

231355.22

Кобалт

66.14

Платина

68963.35

Бакар

11.73

Родиум

372948.66

Паладиум

51794.85

Алуминиум

3.42

Цинк

3.24