Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на денешното попладне се очекува значително зголемување на опасноста од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари. Причина за тоа се многу високите вредности на индексот FWI (Fire Weather Index), кој ги покажува временските услови што влијаат врз ризикот од избувнување и ширење на пожари. Од ЦУК апелираат до граѓаните да покажат максимална внимателност и да ...
Возач на „сеат алтеа“ му го пресекол патот на 19-годишниот Никола Макрачевски кој загина во скопско Радишани, се открива во соопштението на Основното јавно обвинителство за случајот. Информацијата доаѓа откако МВР вчера се огласи за случајот со првични информации. Според написот на ОЈО, 46-годишниот возач кон пладне на 7 август свртел од улицата Радишанска во лево на раскрсницата на улица 18 каде што нема сообраќајни знаци. Возачот му го ...
Денес во 20:30 часот на стадионот во Охрид е првиот од серијата концерти од блокот „Силно светнал ден“, по повод 35 години независност. Завршницата ќе биде на 8 септември со настап на Дејвид Гета на градскиот стадион. По повод почетокот на манифестацијата, на социјалните мрежи се огласи и премиерот Христијан Мицкоски. „Силно светнал ден! 35 години независност!“, објави Мицкоски. Денес во 20:30 часот на стадионот во Охрид е првиот од ...
Со досега најголем музичко-сценски спектакл виден во Македонија вечер во Охрид продолжува одбележувањето на 35-годишнината на независноста. Музичко-сценскиот спектакл ќе се одржи на стадионот „Билјанини извори“ со почеток во 19:30 часот, а караванот ќе посети и 11 други градови. Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги ...
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ деновиве се наоѓа во Црна Гора каде го поминува времето со семејството, а за време на одморот не ја пропушти можноста убаво да се забавува. Имено, тој за време на престојот во Херцег Нови присуствуваше на концертот на Владо Георгиев, а неговото појавување на сцената се претвори во еден од поинтересните моменти на вечерта. За време на концертот, Ѓоковиќ им се придружи на Владо Георгиев и Нигор на ...
Иранската агенција „Мехр“ објави видео од врховниот лидер Моџтаба Хамнеи, во време кога се зголемуваат шпекулациите за неговото здравје. Сепак, не е познато кога или каде е направена снимката. Иранската новинска агенција објави кратко видео на кое се гледа врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, во време кога јавноста повторно шпекулира за неговото здравје. Во видеото, кое „Мехр“ го објави на „Телеграм“ и наофицијалната ...
Окружното обвинителство во Пловдив побара притвор за пет тинејџери, три момчиња и две девојчиња на возраст од 14 до 17 години, кои под маската на „ловци на педофили“ претепаа 37-годишен маж, кој подоцна почина во болница. Злосторството било претходно планирано преку социјалните мрежи, а нападот бил снимен со мобилен телефон. Истрагата покажа дека на нападот му претходела планирана комуникација на социјалните мрежи. Една од девојките во ...
На локалниот пат Илинден – Марино, ноќеска на една минута по полноќ полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Д.В.(41) од Скопје, кој управувал возило под дејство на алкохол. Тестот покажал дека тој има 2,13 промили алкохол во крвта, а возел и без дозвола. – При извршената контрола било констатирано дека тој управувал патничко моторно возило ...
Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промoвира како иднина на Македонија ако дојде на власт, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Талогот од СДС си го покажа вистинското лице. Христијан Ефтимов, Илија Стојанов, Зоран Трифуновски, Филип Андов Сокол и други лица од СДС, ќе бидат иднината на Македонија ако Венко Менгеле дојде на власт. Каков претседател такви кадри. Заев аболициран ...
Поранешниот фудбалер Њукасл, и репрезенаттивец на Бразил, Бруно Гимараеш, го комплетираше својот трансфер во екипата на Арсенал откако беше промовиран официјално како нов играч на англискиот фудбалски шампион. Целиот трансфер е околу 87.5 милиони евра, а Гимараеш се обврза на верност до 2030 година. Гимареш ќе игра со број 39 во чест на својот татко, кој бил таксист во Рио де Жанеиро, а бројот 039 бил неговиот официјален број на возилото кое ...
Соединетите Американски Држави се на три месеци од меѓуизбори на 3 ноември, гласање кое би можело длабоко да ги преобликува последните две години од вториот мандат на претседателот Доналд Трамп и да одреди кој ќе го води Конгресот додека земјата се подготвува за претседателските избори во 2028 година. “Мидтерм” избори се нарекуваат така бидејќи се одржуваат во средината на мандатот на претседателот. Сите 435 членови на Претставничкиот дом, ...
Бројот на странски туристи во првите 5 месеци зголемен за 23,6%, забрзува растот на туризмот и Македонија се позиционира како атрактивна туристичка дестинација, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а резултатите од спроведените политики веќе се видливи. Со конкретни мерки се подобрува туристичката инфраструктура, се унапредува авионската, патната и железничката поврзаност, се ...
Во изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е под контрола, а 22 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во Горно Лисиче, Општина Аеродром, каде гори ниска вегетација, дрва и пченка, како и пожарот на излезот од Крива Паланка, каде е зафатена депонија. Пожарот над село Зелениково, во Општина Зелениково, е ...
Македонската православна црква – Охридска архиепископија и верниците денеска го празнуваат споменот на Св. Климент Охридски кој е упокоен на овој ден 916 година. Исто така, на овој ден се празнува и споменот на светите Седмочисленици, како и на големиот исцелител Свети Пантелејмон. Големиот македонски и сесловенски просветител свети Климент Охридски Чудотворец починал на денешен ден 916 година. Но бидејќи тој и за време на својот живот ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека е „апсолутно задоволен“ од резултатите од 40-дневната операција насочена кон ослабување на руската воена логистика и зголемување на притисокот врз Москва за прекин на војната. На крајот на јуни, Зеленски ја задолжи безбедносната служба на Украина (SBU) да ја спроведе операцијата, која заврши со напади врз десетици руски танкери што го снабдуваа окупираниот Крим и уништување на бројни ...
Автобус со полски средношколци заглави на рампата за качување на траект на линијата Оребиќ–Корчула, поради што сообраќајот бил целосно прекинат повеќе од еден час, објави хрватски „Индекс“. Траектот „Илок“ требало да исплови во 14 часот, но автобусот не можел ниту да се качи, ниту да се симне од траектот. Сообраќајот повторно бил воспоставен околу 15:15 часот. Според сведоштвото, капетанот на траектот се обидел со маневрирање да го ослободи ...
Бугарското Министерство за надворешни работи го повика украинскиот амбасадор по денешниот инцидент со воен дрон што се урна на бугарска територија, во близина на границата со Романија. Според прелиминарните информации од бугарските институции, леталото најверојатно било од типот „Маја“, дрон што, според локалните медиуми, широко го користи украинската војска. Од бугарското Министерство за одбрана соопштиле дека првичниот преглед на ...
Во Албанија стапија во сила измени на Законот за сообраќај со кои значително се заоструваат казните за опасно однесување на патиштата. Најстрогата мерка предвидува трајно одземање на возачката дозвола за возачи кои повторно ќе бидат фатени како управуваат возило со повеќе од 0,5 промили алкохол во крвта, откако претходно веќе биле предупредени или казнети за истиот прекршок. Построги правила се воведуваат и за возење без дозвола. Возрасните ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека вонредни избори во Србија ќе се одржат најдоцна во рок од три месеци, оценувајќи дека на нив ќе се одлучува иднината на државата. Изјавата ја даде на политички митинг во Белегиш, во општина Стара Пазова. Вучиќ истовремено зборуваше и за економските резултати, тврдејќи дека Србија во првата половина од годината имала највисока стапка на економски раст во Европа според податоците на Евростат. ...
Осумгодишно девојче од Гостивар се здобило со тешки телесни повреди откако синоќа било удрено од автомобил „јагуар“ на улицата „Марко Симоновски“, соопшти полицијата. Возилото било со гостиварски регистарски ознаки, а го управувал 31-годишниот А.О. од Гостивар. „На 7.8.2026 година во 21:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на улицата Марко Симоновски во Гостивар, патничко моторно возило „јагуар“ со гостиварски регистарски ознаки, ...
Софија се најде меѓу десетте туристички дестинации со најголем ризик од џепарење и други улични измами, според анализа на платформата Compare the Market. Бугарската престолнина е рангирана на осмото место, со резултат од 29,19 на индексот за ризик од кражба на паричник, а покрај џепарењето, туристите се предупредуваат и на прескапи такси и измами во менувачниците. Како места каде што е потребна особена внимателност се наведуваат Централната ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Полициската станица Центар, осомничен дека без основ употребил физичка сила врз лице кое веќе било лишено од слобода и со врзани раце. Станува збор за А.Т., вработен како помлад полицаец во ПС Центар при СВР Скопје. Според МВР, на 24 мај околу 2:53 часот, кај фонтаната во Градски парк на булеварот ...
НЛБ Банка ги предупреди граѓаните на нов обид за фишинг-измама во кој преку лажни СМС-пораки се злоупотребуваат името и брендот на банката. Во пораките од примателите се бара итно да ја „ажурираат сметката“ преку приложен линк, со закана дека во спротивно сметката ќе им биде блокирана. Од банката нагласуваат дека не стојат зад овие пораки и апелираат граѓаните да не го отвораат линкот и да не внесуваат лични податоци, броеви од платежни ...
Масовна тепачка меѓу навивачи на Динамо Загреб и Хајдук Сплит избила на паркингот на аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб, во моментите кога приврзаниците на Хајдук се враќале од Литванија. Навивачите на сплитскиот клуб се враќале по натпреварот во кој Хајдук победил со 5:2 во квалификациите за Лигата на Европа. Според информациите од настанот, се претпоставува дека дел од навивачите на Динамо однапред знаеле кога пристигнуваат навивачите на ...
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Иран го известил Вашингтон оти не планира да воведува такса за минување низ Ормуската теснина и дека ќе овозможи протокот на нафта и гас од Персискиот Залив да се врати на нивото од пред конфликтот. „Нашето очекување е дека ќе видиме иста количина нафта и гас што излегува од Заливот како пред почетокот на конфликтот. Тоа е она што Иранците ни кажаа дека ќе го направат“, рече Венс во ...
Засилените сообраќајни контроли за почитување на ограничувањата на брзината продолжуваат и во текот на овој викенд, во рамки на координираната европска акција на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. Оттаму наведуваат дека во периодот од 03 до 09 август 2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведува интензивни контроли ...
Вкупно 11 пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 18 часот од кои три се активни, а осум се изгаснати. Активни пожари има во село Бело Поле, Општина Долнени каде гори ниска вегетација; село Браилово во истата општина каде гори ниска вегетација; и село Горно Лисиче, Општина Аеродром каде исто така гори ниска вегетација, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изгаснат е и пожарот кај село Чифлик во Општина Сопиште каде ...
Стариот земјен пат на Пелистер, изграден во периодот на Првата светска војна, ќе биде обновен и повторно ставен во функција како пешачка и велосипедска патека што ќе ги поврзе Големото Езеро и Брајчино во Преспа. Проектот е дел од пошироката програма на Националниот парк „Пелистер“ за подобрување на пристапот до планината, заштита од пожари и развој на еко и активниот туризам. Со возобновувањето на стариот француски пат, од инфо-центарот на ...
Прво им благодариме на колегите од СДС што ја потврдија веродостојноста на документите кои ги изнесовме, а потврдуваат дека Венко Филипче пратил осудени насилници да предизвикаат инцидент. Во однос на документите, ја погрешија адресата. Тие до ВМРО-ДПМНЕ не се доставени од МВР туку од чесни структури на СДС кои и самите сакаат да се спротистават на талогот криминалци и трговци на дрога во СДС кои ја имаат киднапирано оваа партија. ...