Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти војната со Иран наскоро ќе заврши и призна дека американската војска има ограничени залихи од некои видови оружје. „Мислам дека наскоро ќе заврши. Не мислам дека можат да издржат уште долго“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба, осврнувајќи се на Иран. Неговата изјава доаѓа по пет месеци војна во текот на кои американската војска потроши голем дел од своите ...

Пукање во елитно училиште во Тајланд, најмалку 7 мртви, 15 повредени, напаѓачот 14-годишен ученик е пронајден мртов. Најмалку седум лица се убиени во пукотница во училиште на периферијата на тајландскиот главен град Бангкок, објави Би-Би-Си. Полицијата им соопшти на локалните медиуми дека меѓу жртвите е и вооружениот напаѓач. – Најмалку 15 лица се повредени, од кои две се во критична состојба – соопшти полицијата. Се сомнева дека во нападот ...

Западнонилската треска може значително да се спречи доколку граѓаните доследно ги применуваат мерките за заштита од комарци, предупредува епидемиологот д-р Драган Даниловски. Тој апелира да не се остава застоена вода околу домовите, бидејќи токму таму најлесно се размножува тигрестиот комарец. Во интервју за ТВ Телма, Даниловски посочи дека најголем ризик од тешка форма на болеста имаат постарите лица, хронично болните и луѓето со ослабен ...

Западнонилската треска се пренесува преку убод од заразен комарец, но вирусот не се шири директно од човек на човек. Најчесто заразата поминува без симптоми или со лесни тегоби, но кај дел од пациентите може да предизвика сериозни невролошки компликации. Особено внимателни треба да бидат лицата постари од 50 години. Комарецот се инфицира кога се храни со крв од заразена птица, а потоа вирусот може да го пренесе на човек со убод. ...

Австралија ќе издвои речиси 736 милиони австралиски долари, односно околу 475 милиони американски долари, за набавка на ракети воздух-воздух од новата генерација АИМ-260 (AIM-260 JATM). Со оваа набавка, земјата ќе стане првата држава надвор од САД што ќе располага со ова оружје. Набавката ја објави австралискиот министер за одбрана Ричард Марлес за време на меѓународната воздухопловна воена вежба „Пич блек“ во Дарвин. „Ова е уште еден важен ...

Полицијата денеска го уапси 19-годишниот Н.Н. од Скопје, кој се бараше откако вчера вечер со „фиат пунто“ удрил 48-годишна жена на крстосницата меѓу улиците „Борис Сарафов“ и „Крсто Раковски“, а потоа го напуштил местото на несреќата. Жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. По насоки на јавен обвинител, осомничениот е задржан во полициска станица, а возилото е одземено. По целосното ...

Андреј Жерновски шири невистини и создава хистерија околу францускиот предлог и евроинтегративниот процес, иако неговите тврдења за наводни тајни преговори веќе се демантирани од надлежните институции, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Нема да го прифатиме францускиот предлог и нема да отстапиме од утврдените државни позиции. Македонија треба да стане членка на Европската Унија како рамноправен партнер, со целосно зачувани национални интереси, ...

Турција очекува преговорите меѓу САД и Иран да завршат со позитивен исход уште денеска и да овозможат брзо обновување на прекинот на огнот. Анкара истовремено се надева и на повторно отворање на Ормускиот теснец, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан. На заедничката прес-конференција со сирискиот министер за надворешни работи Асад ал Шибани, Фидан порача дека Турција ќе продолжи да ги поддржува разговорите меѓу Вашингтон ...

Граѓаните во Албанија отсега можат да ги коригираат или ажурираат своите адресни податоци електронски, без да посетуваат административни шалтери. Новата услуга е достапна преку државниот портал е-Албанија. Националниот адресен систем претставува единствен и стандардизиран регистар преку кој се овозможува прецизна идентификација на улиците, објектите и административните единици на територијата на целата земја. Менаџерката за информатичка ...

Цената на златото денеска достигна највисоко ниво во последните седум недели, поттикната од послабите од очекуваните податоци за вработеноста во приватниот сектор во САД, слабеењето на американскиот долар и очекувањата дека наскоро би можел да биде постигнат договор за повторно отворање на Ормуската Теснина. Спот-цената на златото во текот на денот достигна околу 4.300 долари за унца, пред да се стабилизира на околу 4.260 долари, ...

СДСМ обвини дека продолжува кампањата со навреди и говор на омраза насочена кон претседателот на партијата Венко Филипче и кон опозицијата. Повод за реакцијата е објава на министерот Иван Стоилковиќ на социјалните мрежи, преку која, според СДСМ, бил промовиран текст со навредливи квалификации за Филипче и за партијата. Од СДСМ тврдат дека ваквиот речник дополнително ги поттикнува омразата и нетрпеливоста во јавниот простор. Владејачката ...

Несовесно паркирање на возило со тетовски регистарски таблички предизвика нервоза меѓу туристи во Улцињ, Црна Гора. На социјалните мрежи беше објавено видео во кое се гледа автомобил „БМВ“ со тетовски ознаки, паркиран така што го блокирал излезот од паркинг за осум други возила. Жената која го снимила видеото апелирала доколку некој го познава возачот или случајно го види, да му пренесе да го помести автомобилот, за да се избегне повикување ...

Најмалку 25 патници се повредени во тежок судар на два трамваја во Германија, а тројца се во критична состојба. Истражителите утврдуваат дали причина за несреќата е технички дефект, човечка грешка или проблем со сигнализацијата. Најмалку 25 лица се повредени, од кои тројца се борат за живот, во тежок судар на два трамваја во Германија. Несреќата предизвика голема интервенција на полицијата, пожарникарите и итната медицинска помош, кои веднаш ...

Најмалку 10 лица загинаа во новата размена на руски и украински напади со беспилотни летала. Во нападите биле погодени цивилни возила, автобус и железничка станица, а десетици лица се повредени. Според официјалните информации, две жртви се регистрирани во Русија, а осум во Украина. Руските власти соопштија дека во Брјанската област двајца цивили го загубиле животот, додека уште шест лица биле повредени во украински напади со дронови. Во ...

Во Србија годинава се регистрирани првите два случаи на западнонилска треска. Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ соопшти дека станува збор за жители на Белград на возраст од 75 и 82 години, кои поради невроинвазивна форма на болеста се хоспитализирани на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград. Од „Батут“ препорачуваат граѓаните при престој на отворено да користат репеленти и да носат светла облека со долги ...

Единствениот кој треба да одговара е Венко Филипче, кој свесно хушка и стимулира млади деца и води политика на креирање тензии и инциденти. Венко Филипче јавно призна дека организирал група, како што тој ги нарекува, деца, свесно и безобѕирно да создадат и искреираат инцидент, жртвувајќи ги и пуштајќи ги низ вода, изјави Петар Марков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. За среќа, народот на Ново Село беше на настанот со премиерот, каде што во огромен ...

Општина Гази Баба утре ќе одржи комеморативен настан посветен на одбележувањето на 10-годишнината од катастрофалните поплави од 2016 година во Стајковци и други населени места и Сингелиќ, во кои загинаа 22 лица. На настанот ќе им биде оддадена почит на загинатите и ќе биде испратена порака дека споменот, солидарноста и одговорноста се трајна обврска. – Поминаа 10 години од катастрофалната поплава која на 6 август 2016 година ја погоди ...

Владеењето на правото се мери преку конкретни постапки. Секој доследно спроведен закон ја зајакнува довербата на граѓаните во институциите, објави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил. „Владеењето на правото се мери преку конкретни постапки. Секој доследно спроведен закон ја зајакнува довербата на граѓаните во институциите. Проектот „Безбеден град“ е доказ дека кога има политичка волја, професионална работа и ...

Пожарникарите-спасители од Србија, кои неодамна учествуваа во гаснењето на шумските пожари во Шпанија, веднаш по враќањето се упатиле кон Делиблатската Пешчара. Таму продолжиле со интервенциите на големиот пожар што избувна во ова подрачје. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека гаснењето на пожарот претставува исклучително сложена операција. Тој најави дека за првпат во акцијата ќе бидат ангажирани и хеликоптери на Војската ...

Унгарскиот парламент во вторник, 11 август, ќе гласа за нов претседател на Републиката, иако засега нема официјално номинирани кандидати. Изборот следува по промената на шефот на државата, која беше едно од ветувањата на премиерот Петер Маѓар по победата на неговата партија Тиса на априлските избори, по 16 години владеење на Виктор Орбан, пишува бриселскиот „Еуроњуз“. Унгарската влада во јули го искористи уставниот амандман за да го отстрани ...

Вкупно 222 возачи на мотоцикли биле санкционирани во текот на вчерашната акциска контрола што полицијата ја спровела низ целата држава. Контролата била насочена кон прекршоците што ги прават мотоциклистите, а биле одземени и 14 мотоцикли. Акцијата се одвивала на 5 август, во периодот од 17 до 23 часот. Според МВР, од санкционираните возачи, 186 управувале мотоцикл без да користат заштитна кацига. Дополнително, 14 возачи биле лишени од ...

Вкупно 18 пожари на отворен простор биле евидентирани денеска до 18 часот, од кои два сè уште се активни, четири се ставени под контрола, а 12 се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активен останува пожарот кај селото Грешница во Општина Македонски Брод, на местото Стојанова Населба, каде што се зафатени ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Огнот е активен и во Општина Струмица, меѓу селата Ново и Старо ...

Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник објави статус на својот фејсбук профил интакнувајќи ја огромната важност за Македонија, а особено за источниот дел на Македонија. Во продолжение интегрален дел од статусот: „Македонија се сака со дела – кога вистински се гради и развива! По три децении чекање, празните ветувања конечно стануваат реалност. Изградбата на железничкото поврзување со Бугарија наместо проект заглавен на ...

Еден од четирите товарни авиони што вчера се наоѓале на аеродромот во Лајпциг, во чија близина бил пронајден дрон со експлозивна направа, наводно бил натоварен со муниција наменета за Украина. Германските медиуми, повикувајќи се на доверливи полициски документи, објавија дека токму тој авион можел да биде цел на неуспешен напад. Аеродромот во Лајпциг, кој се наоѓа во источниот дел на Германија, претставува еден од клучните логистички центри ...

Судот во Сплит изрече парични казни за брачен пар поради нарушување на јавниот ред и мир за време на нивниот престој во вила. Мажот е казнет со вкупно 400 евра, додека неговата сопруга треба да плати 700 евра. Случајот пред судот се водел поради пријави за бучава, поставување базен на балкон без дозвола и наводно капење и движење во топлес. Станува збор за 58-годишен дигитален номад и неговата 44-годишна сопруга, кои според хрватските ...

Министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати денеска оствари средба со германската амбасадорка во Македонија, Петра Дрекслер. На разговорот биле разгледани заедничките приоритети за унапредување на процесите насочени кон инклузивност, еднакви можности, меѓусебна доверба и создавање поинклузивно и поодржливо општество. Ферати и Дрекслер ја нагласиле важноста од продолжување на реформите и одржување на политичката посветеност, оценувајќи ...

Волонтерите на Црвениот крст на Република Македонија, Општинската организација Крива Паланка, денеска спроведоа теренски активности за заштита на населението од топлотниот бран. Во центарот на Крива Паланка беа поделени повеќе од 200 шишиња флаширана вода, а граѓаните добиваа и едукативни флаери со препораки за заштита од високите температури. Во рамки на активностите, волонтерите бесплатно им го проверуваа крвниот притисок и шеќерот во ...

Бројот на мигранти кои по морски пат пристигнале во Грција во првата половина од 2026 година е намален за 34 отсто во споредба со истиот период минатата година. Податоците ги објави грчкиот министер за поморство Василис Кикиљас на платформата Икс. Од почетокот на годинава се евидентирани 15.389 пристигнувања, додека во првите шест месеци од 2025 година биле регистрирани 23.243. Статистиката покажува различен интензитет на миграциските текови ...

Шкендија вечерва од 21 часот му гостува на Хибернијан во Единбург, во првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на конференции. Македонскиот вицешампион ќе се обиде да остане непоразен и да обезбеди поволен резултат пред реваншот во Скопје. Избраниците на Артим Положани претходно ги елиминираа Европа од Гибралтар и словенечки Браво. Хибернијан важи за фаворит на домашен терен, но во таборот на Шкендија владее оптимизам. Арбин ...

Барселона сериозно се вклучи во трката за потписот на Родри и веќе ги остварила првите контакти со неговите претставници. За играчот за врска на Манчестер Сити веќе подолго време е заинтересиран и Реал Мадрид, но преговорите сè уште не довеле до конечен договор. Според шпанските медиуми, тренерот Ханси Флик лично разговарал со Родри и му порачал дека го посакува во својот тим. Интересот на каталонскиот клуб дополнително се засилил по тешката ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
62%
1030
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
62%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
65%
1027
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
60%
1029
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.11
65%
1031
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.5
71%
1027
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
6.26
54%
1029
weather icon

Тирана

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
62%
1026
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
58%
1027
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
49%
1031
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
59%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
70%
1031
Currency

61.623

Currency

54.966

Currency

73.832

Currency

38.09

Currency

39.238

Currency

67.262

Currency

8.2485

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53