Владата обезбедува финансиска конструкција за реализација на третата делница од железничкиот Коридор 8, од Крива Паланка до границата со Бугарија. Поддршката е обезбедена преку Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Денеска беа потпишани амандмани на договорите за финансирање, како и амандман на договорот за грант и проектниот договор. Документите ги потпишаа министерката за финансии Гордана ...

Скопското обвинителство поднесе жалба против ослободителната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во случајот „Талир 2“. Од Обвинителството информираа дека надлежниот јавен обвинител ја примил првостепената пресуда и вложил жалба. Груевски беше обвинет за незаконската изградба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Ослободителната пресуда беше изречена пред неполн месец во Основниот кривичен суд во Скопје. Судијката Даниела ...

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изнесе обвинувања до претходната власт на СДСМ и нивниот претседател Венко Филипче за запоставување на проблемот со водата за пиење во Гостивар и во други населени места. Според Манасиевски, документацијата со која располагаат индицира дека и во минатото беа евидентирани случаи на небезбедна вода, но одговорност не била побарана од тогашните функционери. „Талогот ...

Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавни набавки ќе ја унапредуваат соработката во спречувањето и сузбивањето на корупцијата и криминалот поврзани со јавните набавки. За таа цел, денеска во МВР беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Бирото за јавна безбедност и Бирото за јавни набавки. Документот го потпишаа директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, и директорката на Бирото за јавни набавки, д-р Маре Богева ...

Полицијата трага по 11-годишно момче од селото Десово, Општина Долнени, кое било пријавено за исчезнато откако се оддалечило од семејниот дом. Случајот бил пријавен на 5 август во 20:30 часот во Одделението за внатрешни работи во Прилеп. Според информацијата од Министерството за внатрешни работи, 34-годишниот А.У. пријавил дека неговиот 11-годишен внук се оддалечил од домот и дека семејството не може да го пронајде. По пријавата, полициски ...

Големо незадоволство изразија земјоделците од Струмичкиот регион поради ниската откупна цена на црвената пиперка – ајварка. Производителите на пипер денеска се собраа на протест во струмичкото село Муртино и го повикаа министерот за земјоделство Борче Серафимовски да дојде во Струмица да ги чуе маките на земјоделците, да посредува со откупувачите да се понудат реални цени за родот. На денешниот протест се приклучија и градинарите од ...

Министерството за здравство ја информира јавноста дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонредни инспекциски надзори во здравствените установи во кои пациентката С.М. била прегледувана, породена и понатаму лекувана. -Надзорите беа спроведени во Општа болница Струмица, Клиничка болница Штип и Универзитетска клиника за неврологија. Инспекторите извршија увид во здравствената евиденција и медицинската документација, а беа ...

Медицински експерт од соседна држава ќе биде вклучен во комисијата што ќе го испитува случајот со 19-годишната Станка Михајлова од Струмица. Министерството за здравство соопшти дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил вонредни надзори во болниците во Струмица и Штип, како и на Клиниката за неврологија. Била прегледана медицинската документација и биле земени изјави од здравствените работници вклучени во нејзиниот третман. ...

За 17 дена истекува шестмесечниот законски рок за истрагата против поранешниот вицепремиер Артан Груби. Доколку до 22 август обвинителот не поднесе обвинение, повеќе нема да постои основа Груби да остане во куќен притвор. Судот потоа може да му определи поблага мерка за обезбедување присуство, меѓу кои и одземање на патната исправа. Груби на 23 февруари се предаде на граничниот премин Блаце, откако претходно 14 месеци престојуваше во Косово. ...

Во рамки на одбележувањето на 35 години независност на Македонија, на 15 август во Градскиот парк во Струмица ќе се одржи голем музички концерт на кој ќе настапат култните македонски музички состави „Меморија“, „Мизар“ и „Синтезис“. Настанот е во организација на „Авалон“ и е најавен како музичка вечер посветена на најдоброто од македонската музичка сцена. Концертот е отворен за јавноста, а посетителите ќе имаат можност бесплатно да уживаат ...

Градот Скопје продолжува со активностите за санација на последиците од силното невреме што неодамна го зафати главниот град, при што покрај расчистувањето на штетите, се реализираат и проекти кои создаваат нова вредност за граѓаните. Наместо здравите делови од дрвјата што беа соборени од невремето да завршат како отпад, тие добиваат нова намена. Од Градот соопштуваат дека од нив на Водно се изработува нов моторички парк – простор со природни ...

Вчера во 14:30 часот во струшкото село Радоджа, од слобода е лишен 56-годишниот А.С. од Германија поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“ согласно член 350 од Кривичниот законик. Тој бил затекнат како со дрон ја снимал караулата во селото Радожда, сопственост на АРСМ, место што е во забранета зона за снимање. Се преземаат мерки за ...

Времето утре сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Следните денови продолжува периодот на сончево и многу топло ...

Авганистанецот Фархад Н. (25) денеска е осуден на доживотна казна затвор затоа што со автомобил упаднал меѓу мирни синдикални демонстрации во Минхен во февруари 2025 година, при што загинаа мајка и нејзиното двегодишно дете, јави ДПА. Високиот регионален суд во Минхен, кој ја објави пресудата, донесе пресуда за особено тешка вина, што значи дека веројатно нема да може да биде ослободен од затвор со условна казна по 15 години, што е ...

Општина Аеродром продолжува со инвестиции за подобрување на условите за работа на Јавното претпријатие, со набавка на нова механизација и работна опрема, чија вкупна вредност изнесува околу 2,5 милиони денари. Тоа ќе придонесе за поефикасно и поквалитетно одржување на јавните зелени и јавни површини. Во рамките на набавката е обезбедена современа механизација за косење, кастрење и одржување на зеленилото, и тоа тримери, моторни косилки, ...

25 годишен жител на тетовското село Мала Речица е задржан во полициска станица откакo по расправија во угостителски објект во Тетово со остар предмет повредил 53-годишен маж. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 10:15 часот во СВР Тетово бил извршен службен разговор со Л.М. (25) од село Мала Речица. Според пријавеното, околу 09:30 часот во угостителски објект на улицата „ЈНА“ во Тетово, каде што работел Л.М., дошло ...

Министерството за образование и наука ги објави конечните резултати од јунската матурска сесија, откако беа разгледани поднесените приговори. Просечната оценка од сите три типа матура изнесува 3,66. Кај државната матура просекот е 3,62, кај државната стручна матура 3,91, а кај уметничката матура 3,59. Министерката Весна Јаневска изјави дека е задоволна од постигнатиот успех, кој е речиси на исто ниво со минатогодишниот просек од 3,69. За ...

Во учебната 2026/2027 година ќе има помалку ученици. Бројот не е конечен затоа што претстои трет упис во средно, каде што намалувањето не е драстично како во основните училишта. Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека значително помалку основци ќе следат настава од септември затоа што за разлика од лани, годинава се запишале околу 4900 помалку првачиња. -Бројот не е дефинитивен затоа што уште ќе се запишуваат, дел од ...

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, одржа работна средба со претставници на Здружението „ХЕМА-ОНКО“ – здружение посветено на пациентите со рак и нивните негуватели, како и со претставнички на групата „Пеперутки“, на која се разговараше за актуелните потреби на пациентите и за унапредување на здравствената заштита. Средбата доаѓа на денот на собирот на онколошките пациенти пред ресорното миистерство поради доцнењето на ...

Предлогот за подигнување двометарска бронзена скулптура на жена во традиционална македонска носија со две деца, во Нови Сад, предизвика дипломатски бранови во три балкански земји – Србија, Грција и Бугарија. Иницијативата дојде од Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија, по повод 80-годишнината од доселувањето на Македонци во Војводина. Кој стои зад иницијативата? Предлогот го поднесе Националниот совет на ...

Регионалната музичка ѕвезда Лепа Брена доживеа незгода на настап во Будва, каде што падна на сцената за време на познатото замавнување со ногата, а сè беше снимено од нејзиниот обожавател во првите редови. Брена настапи во клубот „Топ Хил“, а со неколку измени во фенси фустаните и костимите, настапот не се разликуваше многу од концертите. Пред да почне да ја пее „Коловоѓа“, пејачката ја замавна ногата нагоре, што е еден од нејзините ...

На социјалните мрежи се сподели видео од Улцињ, Црна Гора во кое се сведочи како возило „бмв“ со тетовски регистарски таблички непрописно се паркирало и го затворило излезот за осум други возила. Во видеото, на кое се слуша дека го снима жена која повика доколку некој го познава возачот или доколку случајно сам го види видеото, да дојде и да реагира побрзо, бидејќи ќе бидат приморани да повикаат полиција, иако напомена дека тоа не ѝ било ...

Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија. Ние правиме план како да најдеме формула да ја намалиме или барем евтината тарифа да ја зголемиме, за разлика од најголемиот дел од земјите во Европа коишто планираат да ја зголемат цената на електричната енергија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница ...

Двата аеродроми се најбрзорастечки во регионот по бројот на патници. Тоа е лоша вест за опозицијата, но добра за граганите. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски. На одговор од новинарско прашање Мицкоски истакна дека податоците од операторот на двата меѓународни аеродроми и од Министерството за транспорт покажуваат значителен раст. „Она коешто охрабрува се податоците коишто операторот на двата меѓународни аеродроми ги пренесе, истото ...

Според најновите официјални податоци, јавниот долг во вториот квартал од 2026 година бележи намалување и се спушти на 58,8 проценти од БДП, изјави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов. Според изнесените податоци, тоа претставува намалување од 0,1 процентен поен во споредба со претходниот квартал од оваа година. „Најновите официјални податоци уште еднаш потврдуваат дека одговорните и домаќински политики на Владата предводена од ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за „Брисел Плејбук“ на „Политико“, еден од највлијателните дневни утрински билтени за европската политика, порача дека државата заслужува праведен, предвидлив и кредибилен пат кон полноправно членство во Европската Унија. Во текстот на „Политико“ се посочува дека земјата е кандидат за членство од 2005 година и е целосно усогласена со надворешната политика на ...

Современите рударски проекти мора да обезбедат високо ниво на заштита на животната средина, а државата треба внимателно да го следи нивното работење, смета претседателката на Македонското геолошко друштво, професорката Соња Лепиткова. Според неа, Македонија треба да ги препознае сопствените минерални потенцијали и да ги стави во функција на економскиот развој, но исклучиво преку одржливо користење на природните ресурси. Говорејќи за Иловица, ...

Најновите официјални податоци уште еднаш потврдуваат дека одговорните и домаќински политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, даваат конкретни резултати. Јавниот долг во вториот квартал од 2026 година изнесува 58,8% од БДП и бележи намалување од 0,1 процентен поен во однос на претходниот квартал годинава. Во апсолутен износ намалувањето е за 21 милион евра, додека долгот изнесува 10.726 милиони евра, посочува Сергеј Попов, пратеник на ...

Уапсен е М. Ш. (39) од селото Челопек, тетовско, кој управувал патничко моторно возило во спротивна насока на автопатот Скопје – Велес. Случајот доби големо внимание откако на социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа автомобил со тетовски регистарски таблички како се движи во спротивна насока по коловозот од автопатот Скопје – Велес. Сообраќајната ситуација предизвика остри реакции и револт кај граѓаните поради сериозното ...

На 06.08.2026 полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Т.С. (60) од с.Боговиње, тетовско, поради основи на сомнение дека на 05.08.2026 околу 23:00 часот пукал на семејна веселба, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа на Б.Л.(66) од с.Синичане, тетовско. По добиена судска наредба, извршен е претрес во дом на Т.С., при што во дворот биле пронајдени три чаури калибар 9 мм и две чаури од гасен пиштол. Во врска со случајот, ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
62%
1030
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
62%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
65%
1027
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
60%
1029
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.11
65%
1031
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.5
71%
1027
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
6.26
54%
1029
weather icon

Тирана

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
62%
1026
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
58%
1027
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
49%
1031
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
59%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
70%
1031
Currency

61.623

Currency

54.966

Currency

73.832

Currency

38.09

Currency

39.238

Currency

67.262

Currency

8.2485

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Калај

46.54

Кобалт

33.53