Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Шпанија ѝ даде рок на Италија до недела да ги укине граничните контроли воведени за патниците кои пристигнуваат од Шпанија, оценувајќи дека ваквата одлука е неправедна, дискриминаторска и спротивна на интересите на Европската Унија. Од Владата во Мадрид најавија дека, доколку Рим не ја повлече одлуката, администрацијата на премиерот Педро Санчез ќе преземе „пропорционални мерки“ за заштита на интересите на шпанските граѓани. Засега не е ...
Во текот на оваа недела во Македонија се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, а сите заболени се од Скопје. По два случаи се регистрирани во Кисела Вода и Гази Баба, а по еден во Илинден, Бутел и Аеродром. Новозаболените се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани. На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се лекуваат вкупно 16 пациенти. Кај 15 пациенти ...
Деветнаесетгодишно момче го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила претпладнево на улицата „Радишанска“ во Скопје. Според објавените информации, во несреќата учествувале мотоцикл управуван од 19-годишникот и автомобил „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки. По судирот, младиот возач на мотоциклот починал на местото на несреќата. Засега не се објавени дополнителни детали за околностите под кои дошло до судирот. ...
Државниот завод за статистика потврди дека цените на храната и безалкохолните пијалаци во Македонија се намалуваат втор месец по ред, додека инфлацијата во јули останала на стабилно ниво. Според најновите статистички податоци, инфлацијата во јули 2026 година на месечно ниво изнесувала 0,1 отсто. На годишно ниво, инфлацијата изнесува 2,3 отсто, додека цените на мало се за 1,8 отсто повисоки во споредба со јули минатата година. Истовремено, ...
Здружението на новинарите на Македонија бара Основното јавно обвинителство и Судскиот совет без одлагање да утврдат одговорност за неизвршувањето на одлуката на Уставниот суд во случајот со новинарката Наташа Стојановска. Уставниот суд утврдил дека Основниот граѓански суд Скопје не ја извршил одлуката со која на Стојановска ѝ била утврдена повреда на слободата на јавно изразување во врска со настаните во Собранието од 27 април 2017 година. ...
Подната фонтана на плоштадот Македонија повторно станува симбол на Скопје, објави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. „Едно од најпрепознатливите места во срцето на градот, фонтаната која ги привлекуваше погледите на скопјани, гостите и туристите, а која поради долгогодишна негрижа беше оставена да пропаѓа, наскоро повторно ќе блесне во полн сјај. Денес правиме темелно и трајно решение. Станува збор за комплексен систем со ...
Светските цени на храната се зголемија во јули на највисоко ниво во последните повеќе од три години поради неповолните временски услови и ескалацијата на конфликтите во Црното Море и Персискиот Залив, соопшти денеска Агенцијата за храна на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната (FFPI), што ги следи месечните промени во цените на прехранбените производи што се тргуваат низ целиот свет, изнесуваше 131,1 во јули, што е ...
Според најновата радарска слика, нестабилна облачна маса е присутна во југозападниот дел од Македонија, поточно во Преспанскиот регион. Умерен дожд и ретки грмежи во Преспа Нестабилноста во овој регион е проследена со умерени врнежи од дожд, како и со ретка појава на грмежи. Пороен дожд и грмежи на североистокот Развој на нестабилна облачна маса е забележан и во планинските подрачја во североисточниот дел од Македонија. Таму нестабилноста е ...
Деветнаесетгодишно момче го загуби животот во сообраќајна несреќа која околу пладне се случила во скопски Бутел. Од МВР информираат дека денеска добиле пријава за случена сообраќајка на улицата „Радишанска“. – Денеска во 12:12 часот пријавено е дека на ул. „Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46) и мотоцикл без регистарски ознаки, ...
Објавените податоци на Државниот завод за статистика за нивото на инфлација во јули 2026 година во споредба со јули 2025 година е уште еден показател којшто е потврда за политиките коишто ги креира и спроведува Владата и упатува на стабилизирање на економските текови и задржување на позитивните трендови во економијата, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на Фејсбук. Според најновите податоци на Државниот ...
Лицата кои лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вчера во Ново Село ги нарече „деца“ се осудени насилници и трговци со дрога, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Тој рече дека Филипче со вчерашната прес-конференција во Ново Село се обидел да го сврти вниманието и како жртви да ги претстави лицата со кои бил фотографиран. „„Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се ...
Момче од Македонија паднало од тобоган на летување во Бодрум и се здобило со скршеница на вратен пршлен. Утре ќе биде транспортирано од Турција во Македонија со владиниот авион, потврдија од Службата за општи и заеднички работи. Лицето било хоспитализирано во Турција, а поради сериозноста на повредата не може да биде транспортирано со редовен комерцијален лет ниту со возило. Денеска се вршат последните подготовки за летот, откако родителите ...
– Да се води политика за младите значи да престанеме да зборуваме за нив само како за иднината и да почнеме да ги третираме како активни учесници во сегашноста. Младите не сакаат институциите да ги повикуваат само на конференции или симболични настани. Тие сакаат нивните идеи да бидат слушнати, разгледани и претворени во конкретни решенија, вели министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски во интервју за Курир. ...
Годишната инфлација во Македонија во јули 2026 година изнесува 2,3 проценти, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Во споредба со јули минатата година, индексот на трошоците на животот е повисок за 2,3 проценти, додека индексот на цените на мало е зголемен за 1,8 проценти. Во однос на претходниот месец, инфлацијата изнесува 0,1 процент, што укажува на минимален месечен раст на трошоците на животот. Во споредба ...
Американски суд ѝ наложи на матичната компанија на Фејсбук, „Мета“, да плати 567 милиони долари за санирање на штетите нанесени врз младите од нејзините платформи. Судијата од Ново Мексико, Брајан Бидшајд, пресуди дека платформите на „Мета“ претставуваат „јавна опасност“ и дека компанијата се вклучила во активност што „ги нарушува јавното здравје, безбедноста и добросостојбата“ во Ново Мексико. „Иако Мета не е единствена во овој поглед, ...
Државниот долг заклучно со 30 јуни 2026 година изнесува 9,432 милијарди евра или 51,7 проценти од БДП, што претставува намалување од 41 милион евра во споредба со претходниот месец, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, на денешната прес-конференција. Според Попов, покрај намалувањето на јавниот долг во вториот квартал од годинава, забележано е и намалување на државниот долг за 0,2 процентни поени од БДП на месечно ниво. „Ова ниво ...
Лет од солунскиот аеродром „Македонија“ кон Германија бил откажан синоќа откако во еден од моторите на авионот била пронајдена птица, пренесе локалниот информативен портал Теспост. Авионот, во кој требало да се качат околу 150 патници, бил планиран за почеток на летот вчера рано навечер. Меѓутоа, по подолг престој кај излезот за качување, патниците биле официјално известени дека летот се откажува поради утврдено присуство на птица во моторот ...
Брза и храбра реакција на двајца случајни минувачи денеска придонесе за успешно спасување на жена од Вардар кај Камениот мост во центарот на Скопје, објави порталот Скопје1. Жената, на возраст од околу 50 години, била пренесена во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде ѝ била укажана лекарска помош. На местото пристигнале две екипи на интервентната полиција, една екипа на „алфа“ и екипа на Итната медицинска помош. ...
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, ја потпиша одлуката за распишување на предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година. Како што соопшти Гаши, одлуката е донесена во согласност со Уставот, Изборниот законик и важечките закони, а од Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија во Брвеница и сите надлежни институции очекува изборниот процес да биде ...
Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, ги прифати сите услови на новиот договор, со кој се обврза на договор до 2032 година. Тековниот договор на Винисиус истекува следното лето, поради што медиумите шпекулираа дека би можел да го напушти Реал. Продолжувањето за дополнителни шест години ги отстрани сите дилеми во врска со неговиот престој во Мадрид. Арсенал беше заинтересиран – дури и да отстапи од своите финансиски и други принципи за ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре ќе ја оствари својата прва официјална посета на Белград, соопшти кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ. Деталите за посетата не се објавени, а Вучиќ, најавувајќи го доаѓањето на украинскиот шеф на државата, вчера им рече на новинарите дека имале „неколку теми“, вклучувајќи го и европскиот пат на Украина и на Србија. – Се соочуваме со истите проблеми по патот, па верувам дека ќе ...
Апелациониот суд во Скопје ја уважи жалбата на ОЈО Кавадарци и ја зголеми затворската казна за Илија Панов (44) од 16 на 20 години. Тој беше прогласен за виновен за убиството на неговата вонбрачна партнерка Сузана Серенакова (52), извршено во јануари 2025 година во Кавадарци. Панов и обвинителството се жалеа на првичната пресуда, но Апелација одлучи казната да биде повисока. Според обвинението, Серенакова била убиена во нејзиниот дом, а како ...
Од Министерството за здравство утрово информираа дека се известени од компанијата – носител на одобрението за ставање во промет на лекот „Фостер“, што се наоѓа на Позитивната листа на лекови, дека се направени промени во интерес на пациентите на кои им е потребен. – Почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата ...
Уставниот суд за првпат пријавил судија поради неизвршување на негова одлука, откако било утврдено дека судија од Основниот граѓански суд Скопје не постапил согласно одлука поврзана со предметот на новинарката Наташа Стојановска. Од Уставниот суд информираат дека на 24 јули 2026 година за случајот биле известени Јавното обвинителство и Судскиот совет. Станува збор за одлуката БЗСП.бр.8/2025, која се однесува на заштитата на слободите и ...
До 7:30 часот утрово на територијата на Македонија биле регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор. Од нив, еден пожар е активен, два се ставени под контрола, додека 20 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активен останува пожарот кај Стојанова Населба во селото Грешница, Општина Македонски Брод, каде што огнот зафатил ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола се ставени пожарот на ...
Најмалку две лица беа убиени и 13 беа ранети при експлозија на минибус во предградие на Дамаск, пренесе сириската државна новинска агенција Сана. Претставници на Министерството за здравство изјавија дека внимателно го следат развојот на ситуацијата и оти блиските болници и службите за итна медицинска помош се во зголемена подготвеност. Претставник на службите за безбедност за државната телевизија „Ехбарија“ изјави дека според првичните ...
На 06.08.2026 во 17:35 часот во с.Стрезовце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишија од слобода К.И.(77) од Куманово поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. При претрес во негови простории во с.Стрезовце, извршен со судска ...
Скопјанец управувал возило со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода, соопшти полицијата. На 06.08.2026 во 17:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.А.Л.(34) од Скопје. Претходно, во 15:10 часот на улицата Пролет во Скопје, со патничко возило „матиз“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „хонда“ со скопски ...
Православните христијани денеска, 7-ми август, го празнуваат успението на Света Ана, мајката на Пресвета Богородица Марија. Света Ана била ќерка на свештеникот Метан. Мајка на Пресвета Богородица. Денес се празнува нејзиното успение, но нејзиниот главен празник е на 9 септември, под кој датум се напишани и службата и житието. Ана беше од коленото Левиево, ќерка на Матан свештеникот. По долг и богоугоден живот се упокои во длабока старост.Со ...
Фудбалерите на Шкендија синоќа го загубија првиот натпревар со 2:1 од шкотски Хибернијан на негов терен од третото квалификациско коло од Конференциската лига. Хибернијан поведе со погодокот на Елдинг во 73 минута, но радоста на домаќините траеше кратко. Марко Ѓорѓиевски кој летово го засили тетовскиот тим, само три минути откако влезе во игра постигна гол за 1:1. До 90 минута беше 1:1, кога Хибернијан изведе корнер по кој топката најпрво ...