Претседателот на Стопанската Комора на Македонија смета дека државниот буџет треба да има милијарди во него за да може да створи олигарси како во Русија, коишто ќе влијаат на раководството да се носат прописи коишто ќе ја подобруваат нивната позиција и екстра заработувачка. Тој тоа во Македонија не го гледа. ,,Јас гледам една друга ситуација во којашто меѓу бизнисот не владее единство како што треба да се очекува, затоа што ако владее ќе ...

Црна Гора и Исланд би можеле да влезат во Европската Унија како пакет. Црна Гора веќе има затворено поглавјата и цели членство во 2028 година. Исланд, доколку на референдумот одлучи да ги продолжи преговорите, брзо може да ја стигне. Албанија напредува. Молдавија напредува. Украина напредува. Македонија стои во место, велат од опозициската СДСМ. „Мицкоски вети дека до 1 јуни ќе ја исполни Реформската агенда. Рокот истече. Реформите повеќе не ...

За само две години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека со одговорно, и чесно управување може да се постигнат конкретни економски резултати. Наследивме економски пустош, осиромашени граѓани, ослабени и нефункционални институции и огромни обврски. Денес, со внимателно управување со јавните финансии, не само што се намалува јавниот долг, туку се намалува и државниот долг, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. „Државниот долг сега ...

Се навршуваат речиси шест месеци откако на црната кутија на ДУИ, Артан Груби, му беше определен куќен притвор во случајот „Лотарија”, а од обвинение сè уште нема ни трага ни глас, предупредува ВЛЕН. На 22 август истекува максималниот рок за оваа мерка, а Обвинителството и натаму оди со полжавски чекори, додава партијата. „Дали Артан Груби ја отворил устата, пропеал и токму затоа целиот случај се развлекува? Во меѓувреме, прав фаќа и ...

Фабрицио Романо синоќа кратко пред полноќ објави трансфер бомба што никој не ја очекуваше – Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона, Роналд Араухо. Како што Романо ексклузивно објави со неговото карактеристично „here we go!“, Араухо ќе му се придружи на Ливерпул како позајмен играч од Барселона. Високиот дефанзивец е член на Барса седум години, за кого одигра повеќе од 200 натпревари во сите натпреварувања и официјално е капитен на ...

Американски претставник соопшти дека е постигнат напредок во преговорите со Иран, што наскоро би можело да овозможи повторно отворање на Ормутскиот Теснец и обновување на вообичаениот поморски транспорт на нафта, пренесува Ројтерс. Американскиот претставник, кој побарал да остане анонимен, изјавил дека Вашингтон наскоро очекува договор меѓу Иран и Оман за контролата на стратешкиот поморски пат. Таквиот договор се смета за клучен и за ...

Шпанија од полноќ ќе воведе привремени гранични контроли за патниците кои по воздушен и поморски пат пристигнуваат од Италија, со што дополнително ескалира спорот меѓу двете членки на Европската Унија поради мигрантската криза во Сеута. Контролите ќе траат до 7 септември, освен ако околностите во меѓувреме не се променат. Шпанските власти ќе ги проверуваат пасошите, државјанството и, кога е потребно, визите на патниците кои пристигнуваат од ...

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, по суви коловози, но интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемената фреквенција на возила, на граничниот премин Табановце се чека околу 30 минути за влез во државата. На граничниот премин Богородица, пак, времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека на ...

Портокалово ниво на опасност од високи температури е активно денеска. Минималната температура ќе биде од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во попладневните часови ќе има појава на локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и ретки грмежи. Високите температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој ...

Родена е во Рим од родители христијани. Од детството научена на верата во Христа. Најусрдно ревнуваше да ги извршува сите Божји заповеди. Со сведоштвото на нејзиниот вистински благочестив живот и вера ги упатуваше на патот на спасението и другите. Кога и умреа родителите, го раздаде имотот на сиромасите, а самата се замонаши. Како монахиња со уште поголем жар и ревност ја проповедаше верата во Христа не криејќи ја од никого, иако во тоа ...

Законот е во сила речиси еден месец, полицијата веќе изрекува казни, но малолетници и понатаму можат да се забележат како управуваат со електрични тротинети, иако тоа е забрането со новите измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Како што објави ТВ Алфа, и покрај новите правила со кои се забрани управување со електрични тротинети за лица помлади од 18 години, низ населбите и маалските улици сè уште може да се видат деца ...

Македонија ќе добие современ Национален дата-центар кој треба да ја обедини расцепканата државна ИТ инфраструктура, да ги намали трошоците за одржување и да обезбеди повисоко ниво на заштита на податоците, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Тој во гостување во емисијата „Тема на денот“ на Сител ТВ посочи дека во моментов државните информациски системи и опрема се распоредени на повеќе од 20 различни дата-центри ...

На спомен плочата кај месноста Карпалак денеска делегација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата ќе положи цвеќе во спомен на десетмината прилепски бранители од резервниот состав на македонската Армија, кои во 2001 година ги загубија животите. Цвеќе ќе биде положено и пред спомен-обележјето на македонските херои во центарот на Прилеп. За време на воениот конфликт на 8 август 2001 година, 10 резервисти беа убиени, а тројца ...

Македонската кинематографија ова лето бележи интензивен продукциски период, во моментов се снимаат три македонски долгометражни играни филмови, а кон крајот на август е закажана првата клапа и на четвртиот. Станува збор за „Мравки“ во режија на Марјан Гавриловски, „Голиот рид“ во режија на Игор Алексов и „Ајал“ во режија на Арбен Тачи, додека на 25 август започнува со снимање и „Трета смена“ на Ана Опачиќ. Сите четири филмски проекти се ...

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека е пуштена за сообраќај уште една делница од автопатот Елбасан- Граничен премин Ќафасан, на албанско – македонската граница, кај Струга и дека работите продолжуваат со брзо темпо. Станува збор за делницата помеѓу селата Лабинот-Фуш до крајот на селото Мирак, и е втора делница која може да се користи, по онаа којашто беше пуштена за сообраќај во јуни пред две години. – Отворањето на овој сегмент го ...

Цела Македонија утре ќе биде во портокалова фаза поради многу високите температури, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарието повремено ќе засилува. Во попладневните часови локално се очекува развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Утринските температури ќе се движат околу 15 ...

Поради зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ ...

Државната изборна комисија ги започна подготовките за предвремените избори за градоначалник на Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври. На денешната седница ДИК го усвои Роковникот за изборниот процес и ги избра претседателот, заменик-претседателот, членовите и нивните заменици во Општинската изборна комисија. Изборите претходно денеска ги распиша претседателот на Собранието Африм Гаши, откако неодамна ненадејно почина градоначалникот на ...

Бројот на пациенти со стомачни тегоби во Гостивар значително се намалува, а во последните 24 часа медицинска помош на инфективното одделение побарале 11 пациенти, додека на педијатрија биле прегледани 14. Во болница се задржани двајца пациенти со благи симптоми. Директорот на гостиварската болница Емри Бајрами вели дека бројките се во рамките на вообичаеното за овој период од годината и дека дел од случаите може да бидат поврзани и со ...

Состојбата со водата во Гостивар постепено се стабилизира, бројот на бактерии е значително намален, но забраната за пиење и готвење и натаму останува во сила, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и шеф на Кризниот штаб, Стојанче Ангелов. Според него, водата во моментов може да се користи како техничка, а конечната одлука кога повторно ќе биде дозволена за пиење ќе ја донесе Агенцијата за храна и ветеринарство. Ангелов ...

Големите европски аеродроми повремено го деактивираат Системот за влез и излез – ЕЕС кога поради големиот број патници редиците стануваат предолги и доцнењата сериозно го нарушуваат сообраќајот. Во такви ситуации привремено се суспендира земањето биометриски податоци, можност што Европската комисија ја дозволи до 6 септември во случај на вонредни околности. Италија, Франција, Германија, Белгија, Холандија, Грција, Малта, Португалија и ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18 часот на територија на државата се регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, два се под контрола, а 12 се изгаснати. Активни се пожарите во селото Гнеотино, м.в. Ергела во Општина Новаци, каде гори ниска вегетација, во селата Ропотово и Бело Поле во Општина Долнени, каде гори стрниште, на излезот од селото Сачево кон селото Муртино во Општина ...

Што сѐ не слушаме од пропагандната кујна на ДУИ! Соопштенија не само полни со измислици, туку и со голема доза хумор. Сега измислиле и нова математика – „4 спрема 1“. Бројки собрани којзнае во кое партиско кафуле, се наведува во денешното соопштение од ВРЕДИ што го пренесуваме интегрално. „Опозицијата очигледно тешко се согласува со реалноста, па од очај почнаа да одат од градилиште на градилиште, броејќи багери за да видат каде се работи ...

По асфалтирањето на улица „Козара“ градежната оператива денеска асфалтираше уште две улици кај Здравствениот дом во Битола. Станува збор за улиците „11-ти Март“ и „Панде Николов“ во вкупна должина од 220 метри. Претходно се изврши реконструкција на водоводната и канализационата мрежа со средства од Министерството за транспорт. Асфалтирањето и уличното осветлување е со средства од Општинскиот буџет во висина од 4.487.000 денари за ...

Европската комисија сè уште нема понудено решение за проблемот со правилото 90/180, поради кое професионалните возачи од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора се соочуваат со ограничувања при престојот во земјите од Шенген-зоната. Претседателот на Здружението за меѓународен транспорт на Србија, Неѓо Мандиќ, изјави дека возачите кои ќе бидат затекнати во Шенген и натаму се депортираат, а камионите се задржуваат на граница. ...

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски тврди дека најновите економски показатели ја демантираат, како што вели, кампањата на СДСМ и нивните „економски експерти“. Во објава на социјалните мрежи тој наведе дека инфлацијата се намалува, а извозот, индустриското производство, вработеноста, БДП и буџетските приходи бележат раст. „Стратегијата на тој талог е едноставна – креирање лажна кампања со тотално лажни и неточни тези, а потоа создавање ...

Инфлацијата во Македонија во јули 2026 година изнесувала 2,3 отсто на годишно ниво, додека во однос на јуни трошоците на животот се зголемиле за само 0,1 отсто. Во јуни годишната инфлација изнесувала 3,4 отсто, а во мај 4,8 отсто, што покажува продолжување на трендот на забавување. Во јули, во споредба со претходниот месец, најголем раст на трошоците е забележан кај транспортот, каде што цените се зголемиле за 4,4 отсто. Рекреацијата, ...

Денес околу 01:30 часот во близина на граничната линија со Грција, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица биле пронајдени три лица мигранти од Авганистан, кои биле спроведени во Прифатно– транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Бидејќи едно од лицата имало повреда на раката, било пренесено во Итна медицинска помош, каде му била укажана помош и лекар констатирал дека повредата ...

Млад македонски државјанин, кој во Турција се здобил со тешка повреда – скршеница на вратен пршлен, ќе биде транспортиран во Македонија со владиниот авион. Според неофицијални информации, во тек се последните подготовки за летот, откако родителите побарале помош од македонските институции за негово безбедно враќање во земјава. Момчето е хоспитализирано во Турција, а поради сериозноста на повредата не може да биде транспортирано со редовен ...

Министерството за спорт е главен покровител на 54. издание на традиционалниот Меѓународен ракометен турнир „Струга 2026“ што ќе се оддржи од12 до 15 август, на отвореното игралиште „Горан Попоски – Бабец“. Струшкиот турнир кој е една од од најпрепознатливите спортски традиции во Македонија, се одржува во организација на РК Струга, со поддршка од Ракометната федерација на Македонија. На денешната прес-конференција во најава на турнирот, ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
62%
1030
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
62%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
65%
1027
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
60%
1029
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.11
65%
1031
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.5
71%
1027
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
6.26
54%
1029
weather icon

Тирана

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
62%
1026
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
58%
1027
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
49%
1031
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
59%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
70%
1031
Currency

61.623

Currency

54.966

Currency

73.832

Currency

38.09

Currency

39.238

Currency

67.262

Currency

8.2485

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Родиум

295786.87