Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Во време кога сè почесто се поставува прашањето дали младите ја негуваат македонската музичка традиција, хорот на ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ од Скопје даде силен и гласен одговор – македонската песна живее, и тоа на големите светски сцени. На престижниот меѓународен хорски фестивал во Јесоло, Италија, учениците под диригентската палка на маестро Вера Ангеловска постигнаа извонреден успех, освојувајќи: Прво место за хорот, 4 први места за ...
Воена техника на САД засега до крајот на мај Бугарскиот премиер Румен Радев изјави дека очекува американската страна да побара продолжување на престојот на воени авиони и цистерни на Военовоздухопловните сили на САД на аеродромот „Васил Левски“ во Софија. Тој на почетокот на денешната владина седница нагласи дека оваа воена опрема е стационирана врз основа на одлука на Министерскиот совет на кабинетот на Росен Жељазков, со важност до крајот ...
Одржавме состанок посветен на реформската агенда, на кој се дискутираше за клучните приоритети, тековните активности и следните чекори за унапредување на реформските процеси, соопшти премиерот Христијан Мицкоски. -Во фокусот беа подобрувањето на институционалната ефикасност, спроведувањето на стратешките мерки и зајакнувањето на соработката меѓу сите вклучени страни. Ја потврдивме заложбата за продолжување на реформите во насока на одржлив ...
ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците од коалицијата, до претседателот Африм Гаши и до Сања Лукаревска испратиле две писма, потпишани од 12 пратеници, значајно поголема бројка од потребната една третина за одржување седница на Комисијата за финансирање и буџет. – Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи СДСМ и Венко Филипче да го држат Собранието во заложништво, а со тоа да ги стават во прашање инвестициите и развојот. Ако продолжат со ...
Привремено усогласување за намалување и укинување на давачки Претставниците на земјите-членки на Европската унија и Европскиот парламент постигнаа привремен договор за спроведување на контроверзниот царински договор со САД. Кипарското претседателство соопшти дека преговарачите „штотуку постигнаа привремен договор за две регулативи со кои се спроведуваат намалувањата на царините на ЕУ утврдени во заедничката изјава на ЕУ и САД“. Според ...
Официјална посета и регионален контекст Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од 24 до 28 мај 2026 година ќе престојува во официјална посета на Кина, соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот на Републиката. Посетата се реализира на покана од кинескиот претседател Си Џинпинг. Во Пекинг во моментов се одржува дводневен самит меѓу Кина и Русија, на кој се очекува потпишување на околу 40 договори. Медиумски извештаи ...
Капачи снимиле ајкула долга околу 2,5 метри На плажата Лутра Орајас Еленис во Коринт капачи и жители забележале ајкула во близина на брегот, на мало растојание од водата. Според информациите од korinthostv.gr, морскиот вид се појавил во плитките води, што предизвикало интерес и вознемиреност кај присутните. Сведоци велат дека глетката била невообичаена за областа, а дел од нив го снимиле моментот со мобилни телефони. Според истите податоци, ...
Амбасадорот на Албанија во земјава, Денјон Мејдани, би можел предвреме да ја заврши својата дипломатска мисија во Скопје и да биде отповикан, објави албанската телевизија „А2“, повикувајќи се на извори од Скопје и од албанското Министерство за надворешни работи. Причините за евентуалното повлекување се поврзуваат со незадоволство во владејачката коалиција, односно во ВМРО-ДПМНЕ и во Вреди поради ставовите на Мејдани во дебатите околу ...
Пратеникот и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Ноќно студио“ изјави дека очекува во земјава да има предвремени парламентарни избори и порача дека СДСМ мора сериозно да се подготви за секој можен изборен циклус. „Факт е дека ќе има предвремени парламентарни избори. Тоа го најавував и претходно повеќепати“, рече Спасовски. Тој нагласи дека секоја политичка партија мора постојано да биде подготвена за избори, ...
Фудбалерите на Арсенал се нови шампиони на Англија. На едно коло пред крајот за сезоната 2025/26 „Топчиите“ ја обезбедија шампионската титула. Второпласираниот Манчестер сити синоќа ремизираше 1:1 на гости против Борнмут, со што им се стави крај на математичките шанси да го стигне лидерот. Напаѓачот на домаќините, Ели Жуниор Крупи, постигна гол во 39. минута, Сити израмни преку Ерлинг Халанд во 90+5. минута. Во пресрет на последното 38. ...
Матурант ги воодушеви соучениците од скопската гимназија „Орце Николов“. Момчето дојава на коњ во центарот на Скопје и покажа дека за да се биде јунак на матурската вечер, сепак е потребно нешто повеќе од скап аутфит и превоз со луксузна лимузина. Потребна е само смела идеја и во случајов, една мала „ситница“ – коњ спремен за матурска журка. View this post on Instagram A post shared by Roberto Navali (@roberto_navali) Матурант ги ...
Лидерите на ЕУ отвораат прашање за претставник во можни разговори Владите на Европската Унија разгледуваат опции дали поранешниот претседател на Европската централна банка, Марио Драги, или поранешната германска канцеларка Ангела Меркел би можеле да го претставуваат блокот во евентуални преговори со рускиот претседател Владимир Путин. Според информациите објавени од „Фајненшл тајмс“, министрите за надворешни работи на ЕУ ќе ја отворат оваа ...
Вашингтон зборува за прераспределба, не за намалување Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека Вашингтон ја охрабрува Европа да преземе поголема одговорност во заедничката одбрана, нагласувајќи дека не станува збор за повлекување на американските сили. Тој на брифинг во Белата куќа појасни дека се работи за прераспределба на ресурси, а не за напуштање на европскиот континент. Полска и ротацијата на војниците Венс потврди дека ...
Министерството за спорт секогаш ќе стои на страната на принципите и на вистинските спортски вредности коишто еден спортист, спортски работник, селектор, спортски директор или секој еден човек кој е директно или индиректно поврзан со спортот, треба да ги промовира. Ако сакаме да имаме поздраво општество треба сите да работиме на тоа, истакна министерот за спорт Борко Ристовски во емисијата „Директно“ на ТВ Телма во која повод беше непримерната ...
Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Пекинг на средба со својот кинески колега Си Џинпинг, само неколку дена по посетата на американскиот претседател Доналд Трамп. Ова е прва странска посета на Путин оваа година, што го одразува клучното значење на Кина за сè поизолираната Русија. Пекинг е најголемиот купувач на руска нафта и клучен сојузник на Москва и покрај западните санкции, а Путин ќе ја искористи посетата за понатамошно ...
Бројот на американски бригади се враќа на нивото од 2021 година Министерството за одбрана на САД соопшти дека бројот на американски воени бригади распоредени во Европа се намалува од четири на три. Од Пентагон наведуваат дека со оваа одлука военото присуство се враќа на нивото од 2021 година, во период кога Вашингтон бара европските сојузници да инвестираат повеќе во сопствената безбедност и одбрана. Според информациите, една американска ...
Родригес најави ослободување во текот на неделата Претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригес, соопшти дека во текот на оваа седмица ќе бидат ослободени 300 затвореници. Според најавите, меѓу лицата кои треба да бидат пуштени на слобода се и тројца полициски службеници кои се во притвор од 2003 година. Во групата се очекува да има и затвореници со здравствени проблеми, како и лица постари од 70 години. Родригес не ...
Резолуцијата помина со поддршка и од републиканци Сенатот на САД синоќа усвои резолуција за воените овластувања на претседателот, со која се предвидува претседателот Доналд Трамп да не може да продолжи со воени дејства против Иран без одобрение од Конгресот. Резолуцијата беше изгласана со 50 гласа „за“ и 47 „против“. Покрај демократите, мерката ја поддржаа и четворица републикански сенатори. Со ова, законодавците испратија порака дека ...
Потпретседателот ја бранеше стратегијата на администрацијата Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, продолжи да ја брани стратегијата на американската администрација кон Иран, оценувајќи дека конфликтот траел онолку колку што првично предвидел претседателот Доналд Трамп. Според Венс, активниот конфликт траел околу четири до шест недели, а двете земји во моментов се наоѓаат во прекин на огнот. – Ќе имаме добра спогодба што всушност ќе им го ...
Неофицијално, полицијата на Граничниот премин Дојран спречиле обид за шверц на околу 10 килограми марихуана, внимателно сокриена во пластични пакувања со различни прехранбени намази. Според првичните неофицијални информации, државјани на Македонија со рент-а-кар возило се обиделе дрогата да ја пренесат од Македонија кон Грција, распределена во околу 50 пластични кутии. Станува збор за уште една потврда дека контролите на македонските граници ...
Доктор Андон Чибишев секогаш со добронамерни и потребни совети до македонските граѓани. Сега апелира на особена внимателност при собирањето и консумацијата на диви печурки. Докторот оценува дека една несакана грешка може да доведе до страшна трагедија. -Социјалните мрежи повторно се преплавени со слики од наши сограѓани кои постираат кошници полни со диви печурки кои се веројатно собрани во природа. Апелирам и замолувам за крајна ...
Премиерот утре ќе присуствува на настанот во Волково-Орман Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на поставување камен-темелник за доградба на ООУ „Јоаким Крчовски“ во Волково-Орман, во Општина Ѓорче Петров. Информацијата ја соопшти владината прес-служба. Според најавата, настанот ќе се одржи утре, 20 мај 2026 година, со почеток во 12 часот. Од Владата информираат дека по настанот е предвидена и изјава за медиумите од страна на ...
Претседателката одржа предавање на Универзитетот во Љубљана Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, за време на посетата на Словенија, одржа предавање на Правниот факултет при Универзитетот во Љубљана, каде што и докторирала. Темата на предавањето беше „Уставните трансформации на патот кон ЕУ: реформи или уставен инженеринг?“, а на настанот присуствуваа професори, студенти и претставници на дипломатскиот кор. Во своето обраќање, ...
Министерката тврди дека бројот на стипендии останува Министерката за образование и наука Весна Јаневска порача дека нема да има намалување на студентските стипендии и оцени дека во јавноста се пласираат неточни информации. Таа ја обвини СДСМ за манипулација, посочувајќи дека бројот на стипендии не се определува со закон, туку секоја година се утврдува врз основа на буџетот и реалните потреби на државата. Фокус на успехот и потребите на ...
Американскиот претседател верува во дипломатско решение Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека постои можност за постигнување дипломатски договор со Куба. Одговарајќи на новинарско прашање во Белата куќа за евентуален договор со Хавана, Трамп рече дека верува оти такво решение е можно. – Мислам дека да. Куба нè повикува. Ним им е потребна помош. Сепак, Куба е пропадната држава. На Куба ѝ треба помош и ние ќе ѝ помогнеме – ...
Преговорите со Техеран под притисок, Вашингтон не ја исклучува опцијата за напад Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска порача дека не ја исклучува можноста за ново воено дејствување против Иран, доколку не се постигне договор. Тој пред новинарите во Белата куќа тврдеше дека Техеран „моли“ за договор. Изјавата доаѓа во период на зголемени тензии, откако Иран предупреди на „отворање нови фронтови“ ако САД ги продолжат нападите по ...
Декарбонизацијата не е апстрактна цел, туку конкретен патоказ Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска на состанокот на Советот за праведна транзиција порача дека декарбонизацијата е директна обврска на државата кон Европската Унија. – „Кога зборуваме за декарбонизација, не зборуваме за апстрактна цел, туку за конкретен патоказ кој е дел од нашите обврски кон Европската Унија. За тој процес да биде ...
Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во дебатната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија се осврна на економските политики кои ги презема власта и направи паралела на економските политики кои беа преземани од опозициската СДС. Тој додаде дека во поглед на задолжувањата, во рамки на Буџет, државата била дупло задолжена за време на опозициската СДС. „Во 2017 година кога вашиот поранешен лидер ја презема власта, ...
Здравствените власти во состојба на висока тревога Вкупно 837 лица побарале медицинска помош поради сериозни проблеми со дишењето во изминатите два дена, како последица на силната песочна и прашинска бура што го погоди Ирак, соопшти денеска ирачкото Министерство за здравство. Како што јави агенцијата ДПА, со природната непогода се погодени неколку покраини во земјата. Здравствените власти во главниот град Багдад и во другите региони се ...
Образованието не може брзо да премине во извонредност без јасни цели Весна Јаневска истакна дека не постои формула за брза транзиција на еден образовен систем од фаза на ран развој кон извонредност. Таа порача дека е потребно време и голема посветеност кон остварување на претходно поставени реални цели и јасно дефинирани политики што ќе се базираат на факти. „Во денешно време располагаме со голем број податоци и важно е тие да се анализираат ...