Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
ДУИ бара одговори за имотниот лист на Недим Рама, директор на НОМАГАС, особено за инвестициите во Mercedes-Benz Group AG кои според партијата се сомнителни и треба да се проверат од антикорупциските органи за потеклото на капиталот. Имотниот лист на Недим Рама, директор на НОМАГАС и близок соработник на Изет Меџити, отвора многу посериозни прашања од оние што тој се обиде да ги затвори со поднесувањето на анкетниот лист во Антикорупциската ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на утринското соопштение на СДСМ и Венко Филипче во врска со одморот на премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи ја опозициската партија за политички напади и создавање поделби. -Соопштението на СДС и Филипче утрово за семејниот одмор на премиерот Мицкоски е пример за тоа како делува талогот во СДС на ниски страсти и сеење на омраза. Гостивар вода за пиење ќе има, наспроти стотиците сокриени случаи на ...
Велосипедската рута на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на Крит завршила со пад и со посета на болница. Тој поминал со полесни повреди и по лекарскиот преглед продолжил со планираните активности. Мицотакис ги минувал слободните денови на родниот остров Крит. За време на возење велосипед на планински терен загубил контрола и паднал. Премиерот потоа бил пренесен во Општата болница во Ханја. Лекарите го прегледале и констатирале полесни ...
Министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски во интервју за „Телма“ вели дека Македонија самостојно преку билатерални договори го решава проблемот со транспортерите. – Македонија самостојно преку билатерални договори го решава проблемот со транспортерите. Веќе имаме такви договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, а работиме со Австрија, со Германија и Унгарија. Во овие земји македонските извозници најчесто одат бидејќи ...
СДСМ го критикува одснесувањето на власта која кога има проблем исчезнува „од радар“, а премиерот оди на промоција на секакви некакви објекти, или како што велат: „Кога има лента за сечење – доаѓаат. Кога има криза што ги погаѓа обичните граѓани – исчезнуваат и напаѓаат“. -Веќе пет недели граѓаните на Гостивар се трујат. Водата не е безбедна за пиење. Луѓето стојат во редици за пластични шишиња. Деца, стари, болни – сите се соочуваат со ...
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, ја брани идејата за затворање на подрачни училишта и покрај противењата на родителите во дел од засегнатите места. Таа вели дека има случаи на едно дете во еден клас и во едно училиште, што го смета за несоодветно. Целта е поквалитетно образование, додава таа, а растојание од, на пример два километри, не е далечина што родителите не можат да ја совладаат. Тоа е пракса во големите градови, ...
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, 41-годишниот Кристијано Роналдо се ожени со својата долгогодишна партнерка, моделот Георгина Родригез (32) на граѓанска церемонија во Португалија. Португалскиот напаѓач објави слика на својот Инстаграм профил на која се гледаат две раце со венчални прстени. Нарекувајќи ја „свадба на годината“, португалските медиуми објавија дека двојката се венчала на 11 август во крајбрежниот град Каскаис во ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се ...
Бројот на загинатите во силниот земјотрес што ја потресе Колумбија достигна најмалку 254 лица, додека спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по преживеани под урнатините. Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени во понеделникот рано изутрината ја потресе западниот дел на Колумбија, а најпогоден е главниот регион за производство на кафе во земјата. Станува збор за најразорниот земјотрес во Колумбија од почетокот на векот. Станбени згради, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина им ги предала на американските преговарачи своите предлози за план за завршување на војната со Русија. Изјавата на Зеленски доаѓа во услови на најави од Москва и Киев дека американските преговарачи наскоро би можеле да ги посетат двете земји во рамки на напорите за продолжување на мировниот процес. – Ги предадовме нашите предлози на американската страна. Но, Соединетите ...
Августовскиот рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои во јуни не ја положија или не во целост ќе биде спроведен денеска и во петок (14 август), со почеток во 9 часот. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), во август за државна матура се пријавени 1328 ученици, за стручна матура 126 и шест ученици за уметничка матура. Пријавените кандидати денеска ќе го полагаат тестот по изборниот екстерен испит – математика или ...
Со изведување на градежното вештачење на објектот „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На минатото рочиште, судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој во време на изработка на градежното вештачење бил декан на Градежниот факултет, изјави дека ...
На територијата на државата до 18 часот денеска се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е ставен под контрола, а 12 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информацијата на ЦУК, активни се пожарите во Општина Македонски Брод, кај месноста Видуш во близина на селото Драгов Дол, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, како и во Општина Ново Село, на ...
Експлозивна направа била пронајдена во водите на Охридското Езеро, во близина на хотел во Пештани. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 18:10 часот во Регионалниот центар за гранични работи Запад – Охрид, А.С. од Охрид пријавил дека во водите на Охридското Езеро, во близина на хотел во Пештани, била пронајдена бомба. Известена била Дирекцијата за заштита и спасување за подигнување на експлозивната направа. Експлозивна ...
Активисти итно бараат помош за срна која е повредена на патот меѓу Кичево и Демир Хисар, во близина на селото Цер, кое се наоѓа на границата меѓу двете општини. Според објава во група за заштита на животните, срната е неподвижна и тешко повредена, откако била удрена од возило чиј возач продолжил да се движи, оставајќи го животното во тешка состојба. На социјалните мрежи се објавени и фотографии од повредената срна, која лежи на коловозот. ...
Постигнат е договор за откупната цена на пиперката „куртовска капија“. Пиперката што ќе се носи во преработувачките капацитети ќе се откупува по цена од 30 денари за килограм, соопшти министерот за земјоделство Борче Серафимовски. Според него, цената од 25 денари е ставена во категоријата прва-втора класа, во која припаѓаат околу 80 проценти од родот. Од утре, среда, ќе започне примената на новите откупни цени, кои ќе важат до завршувањето ...
Проблемот со здравственото осигурување на вработените во Министерството за внатрешни работи е надминат, информираат МВР и Фондот за здравствено осигурување. Вработените во МВР повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги и да ги остваруваат правата од здравственото осигурување. Во текот на денот, двете институции биле во континуирана координација, во соработка со Управата за јавни приходи. Преземени се потребните активности ...
Учениците новата учебна година ќе ја започнат со обезбедени учебници, а дистрибуцијата на најголемиот дел од нив веќе е завршена. Ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска, посочувајќи дека во тек е финализирањето на целиот процес. Нов модел за издавање и дистрибуција Јаневска во интервју за телевизија Сител посочи дека Министерството за образование и наука презело повеќе мерки за подобрување на системот за издавање и ...
Министерството за транспорт ја презеде обврската да го реши проблемот со свлечиштето на патот за Тефериџ во Кисела Вода бидејќи проблемот е комплициран и бара поголема експертиза. Тендерот за изведувач се уште трае, по изборот на изведувач ќе започнеме да работиме и очекувам за година дена да го санираме лизгањето на земјиштето, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето на ТВ Телма. ...
Водостојот на реката Рајна во германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија достигна историски минимум во Келн, покажуваат податоците од Канцеларијата за водни патишта и пловидба на Рајна. Водостојот се намали на 56 сантиметри, а според прогнозите се очекува дополнително да опадне на 54 сантиметри во текот на денот. Се очекува дополнително намалување Метеоролозите предупредуваат дека состојбата би можела дополнително да се влоши. До ...
Парламентот на Унгарија го избра Андраш Бака, поранешен претседател на Врховниот суд, за претседател на земјата. Бака ја доби функцијата, која во најголем дел има церемонијален карактер, со поддршка од владејачката десноцентричната партија Тиса. Пратениците од опозицискиот Фидес претходно најавија дека нема да учествуваат во гласањето. Претседателот на Унгарија се избира во Парламентот со двотретинско мнозинство на тајно гласање. Доколку ...
СДС и актуелното раководство продолжуваат со лагите и хистеријата во јавноста. Денеска ова на прес-конференција го правеше нивниот Андреј Жерновски кој на јавноста и е познат по менување партии, неуспешна политичка кариера, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Жерновски. -Во суштина тоа се тие ликови на актуелното раководство на СДС кои реално се талогот на Македонија. Тоа се тие на кои им пречи се, им пречи Македонија, им ...
Помош од внатре при кражбата која ја опустоши електровлечната потстаница Драчево, во сопственост на Македонски железници – Инфраструктура. Извори од компанијата велат дека е речиси невозможно кражбата да била извршена без помош од нивни колеги, затоа што крадците имале многу информации што ги знаеле само ограничен број вработени и технички знаења потребни за таков зафат, пренесува „Телма“ Направиле штета од 5 милиони евра за да ќарат околу ...
Во пресрет на 12 Август, Меѓународниот ден на младите, во вилата „Билјана“ во Охрид се дебатираше на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам: младите, училиштата и дигиталниот простор“, во организација на Советот за млади во рамките на Кабинетот на Претседателката. Дискусијата се фокусираше на превенцијата и заштитата од меѓуврсничко насилство, влијанието на дигиталниот простор, менталното здравје, улогата на училиштата и стручните служби, ...
Во јавноста во изминатиот период се појавија информации и шпекулации поврзани со површинска депонија, која се доведува во врска со изворот „Рашче“, што предизвика загриженост кај граѓаните за безбедноста на водата за пиење. Од Град Скопје информираат дека водата е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна за пиење, што го потврдуваат резултатите од редовните анализи. Депонијата е оддалечена околу 30 километри од изворите „Рашче“ Според ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска изјави дека депонијата за која се зборува во јавноста, не се наоѓа на територијата на Град Скопје. „Изминатиов период во јавноста и на социјалните мрежи се пласираат информации за површинска депонија која се поврзува со изворот „Рашче“, а со тоа се создава непотребен страв и паника кај граѓаните во однос на безбедноста на водата за пиење. Затоа, сакам најпрво да ги кажеме фактите. Депонијата ...
На 11.08.2026 во 01:51 часот во СВР Струмица е пријавено дека на ул.„Младинска“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат 500“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.М.В. од с.Просениково, струмичко и мотоцикл управуван од 17-годишен малолетник од Струмица. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишникот, додека со телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мотоциклот, констатирани ...
Пиперката ајварка од утре ќе се откупува по повисоки цени, откако на денешната средба во Струмица е постигнат договор меѓу производителите, откупувачите и преработувачите. Според договореното, првата класа ќе се откупува за 40 денари за килограм, прва/втора класа и пиперката наменета за индустриски капацитети ќе се плаќа 30 денари, додека за шкартот е договорена цена од 15 денари за килограм. Информацијата ја соопшти министерот за ...
Македонија самостојно преку билатерални договори го решава проблемот со транспортерите. Веќе имаме такви договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, а работиме со Австрија, со Германија и Унгарија. Тоа е систем на ЕУ и тие треба да најдат решение, ние во рамки на можностите на Владата го наоѓаме решението преку овие билатерални договори за долгорочни работни визи, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар ...
Пред дваесет и пет години, Охридскиот договор ја промени политичката и правната архитектура на државата. Но историјата нè учи дека договорите, колку и да се праведни на хартија, можат да бидат изопачени во пракса. Можат да бидат релативизирани и обезвреднети кога недостигаат политичка култура и морал, истакна на денешната прес конференција Дритон Сулејмани од политичката партија ВРЕДИ. -Токму тука лежи најголемиот тест низ кој помина ...