Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
И ноќеска продолжува борбата со пожарот во селото Лозани, во општина Могила. Со паѓањето на мракот гасењето е отежнато бидејќи веќе не може да се дејствува од воздух. Во текот на денот огнот се доближи до куќите во селото, но опасноста да ги зафати беше надмината. Сепак, според фотографиите и видеата од теренот, состојбата и понатаму е загрижувачка. Пожарот продолжува да се шири, а борбата со огнената стихија продолжува и во текот на ноќта. ...
Охридскиот договор не беше договор на победници и поразени, беше договор со кој државата доби можност да продолжи напред, да се развива и да го трасира патот за идните генерации. Соживотот не значи само да живееме едни покрај други туку и едни со други и едни за други. Денес не се навраќаме на минатото за да ги оживееме старите поделби. Му се навраќаме за подобро да разбереме што нè одржа заедно, беше истакнато на настанот што се одржа ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции. Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва сама ќе ги избере целите на кои би одговорила на, како што ги нарече, „разбојништвото“ и „пиратството“ на западните земји. Тој порача дека руската реакција не мора да се случи во истите води каде што западните земји би презеле дејствија. „Рускиот претседател Владимир Путин многу јасно и одмерено рече дека ние ќе одговориме на ова разбојништво и на ова пиратство ...
Денеска го посетив „Спомен-домот на браќата Миладиновци“ во Струга, убава стара куќа во која со слика и реч е раскажана семејната приказна на Миладиновци, објави на својата Фејсбук страница претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова. Во неа е сместена НУ „Струшки вечери на поезијата“. Таа 65 годишна институција одамна ги пречекори државните и национални граници и стана светски познат културен синоним за врвна поезија ...
Македонски државјани кои се наоѓаат на подрачјата зафатени со пожарите на Халкидики телефонски се обратиле во македонското дипломатско-конзуларно претставништво во Солун за информации и насоки. Засега нема официјален податок колку македонски државјани биле евакуирани, бидејќи грчките институции сè уште немаат доставено таква информација до македонските власти. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за МИА информираат ...
Централната банка на Турција ја зголеми прогнозата за инфлацијата на крајот на 2026 година за два процентни поена, односно на 28 проценти, објави турската новинска агенција Анадолија, повикувајќи се на гувернерот на банката Фатих Карахан. Гувернерот Карахан ги соопшти новите проекции за време на информативната средба за претставување на третиот годишен извештај за инфлацијата, која се одржа во кампусот на банката во Истанбулскиот финансиски ...
Адина Михај (31) и нејзиниот партнер Мадалин Думитру (30) дрогирале и ограбувале мажи во Британија, откако Михај се претставувала како сексуална работничка и договарала средби во домовите на жртвите. Во виното им ставале гама-бутиролактон, силен седатив познат и како „дрога за силување“, за да ги онеспособат и потоа да ги ограбат. Двајца од четворицата мажи кои биле дрогирани починале. Двојката, која потекнува од Романија, во јуни ја ...
Градоначалникот Сотир Лукровски денеска изврши обиколка на спортско-рекреативниот центар на Кејот на Вардар, каде оствари средби со лицата кои управуваат со спортските содржини. Посетени беа адреналинскиот парк, алпинистичката карпа, скејт-паркот и фудбалскиот терен, при што се разговараше за нивната состојба, потребите и можностите за понатамошно уредување. Фокусот е ставен на реновирање, унапредување и модернизација на спортските терени ...
Во Македонија е регистриран првиот смртен случај од западнонилска треска годинава. Станува збор за 83-годишен маж од Скопје, кој бил лекуван на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Според Институтот за јавно здравје, кај пациентот симптомите започнале на 2 август со покачена температура, треска, главоболка, општа слабост, болки во зглобовите и мускулите, вкочанетост на вратот и нарушена свест. Кај него била дијагностицирана и ...
Сè потешко се обезбедува работна сила за садење, обработка и берба на земјоделските површини во Македонија. Производителите ги зголемуваат дневниците за да привлечат сезонски работници, но ниту повисоката заработка не успева да го зголеми интересот кај младите. Последиците може да бидат најголеми во периодот на бербата, кога недостигот од луѓе може да значи дека дел од производството нема навреме да биде собрано. На земјоделците им останува ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во врска со ширењето на лажните информации на социјалните мрежи за наводно загадување на водата за пиење во Скопје, до сега повика 13 лица на информативен разговор. Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на ...
Во Македонија од почетокот на годината до 11 август се регистрирани 26 потврдени и веројатни случаи на Западно-нилска треска, од кои дури 13 се пријавени во последната недела. Центарот за јавно здравје Скопје прогласил епидемија во Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром и Бутел, а регистриран е и еден смртен случај. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, 25 од заболените се од скопскиот регион, а еден случај е регистриран во ...
Денес се навршуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор —историски документ кој остави силна трага во развојот на државата. Четврт век е доволно долг период за да се извлечат одредени поуки, да се даде пообјективен осврт на она што се случувало во тие денови. Македонија беше зафатена од една од најтешките кризи во поновата историја. Конфликтот чукаше на врата, но се избра патот на договорот, патот на компромисот и на ...
Голем пожар беснее кај селото Лозани, битолско, а огнот стигнал и до непосредна близина на куќите. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, објави видео од местото и порача дека опасноста сè уште трае. Според него, благодарение на пожарникарите од Битола и локалното население била спречена голема катастрофа. Ангелов посочи дека куќите се наоѓале веднаш зад местото каде што пожарот бил активен. Линијата на пожарот е ...
Македонија вечерва се соочува со сериозен бран пожари на отворено, со повеќе од 30 активни жаришта низ државата. Една од најкритичните точки е Општина Чашка, каде пожарот во атарот на селото Богомила зафатил големи површини со мешана шума и се заканувал да се прошири кон куќите. Теренот на кој гори е тешко пристапен, што дополнително го отежнува гаснењето. На места пламените јазици се доближиле до домовите, поради што на терен се ангажирани ...
Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Лирим Хајредини, директорот на националната телевизија Алсат, велат во партиското соопштение од ВРЕДИ. Во овие болни моменти, упатуваме најискрено сочувство до семејството Хајредини, неговите блиски, пријатели и колеги, како и до целиот колектив на Алсат. Лирим беше значајна фигура во медиумскиот простор во земјата и остави свој белег во развојот на новинарството и медиумите. Неговата ...
ДУИ две години молчеше, а денес, откако Обвинителството поднесе обвинение за злоупотреби во Државната лотарија, бара меѓународен надзор, се наведува во реакцијата на ВРЕДИ. „Зошто молчеа досега? Симптоматично е што на ДУИ ѝ е срам да го спомене по име Артан Груби, иако нивната реакција директно се однесува на случајот за кој тој е обвинет. Ова го покажува лицемерието на ДУИ и кон „своите луѓе“, ги користат како топовско месо за своите ...
Стотици возила синоќа истовремено тргнаа од подрачјето на Козјак кон Скопје по набљудувањето на затемнувањето на Сонцето и метеорскиот дожд Персеиди, создавајќи долги колони на патот од Брезница кон главниот град. Голем број граѓани претходно се упатија кон повисоките и потемни делови околу Козјак, каде што условите за набљудување на небесните појави беа подобри поради отворениот хоризонт и помалото светлосно загадување. View this post on ...
Повеќе од 347 лица досега се безбедно транспортирани од Халкидики до марината Сани, додека уште околу 92 лица се качиле на бродот „Speedrunner Jet“, објавија грчките медиуми. Туристите и жителите се евакуираат поради големиот пожар што ја зафати областа. Во операцијата учествуваат два брода на крајбрежната стража, приватни пловни објекти, два брода на противпожарната служба, три рибарски бродови и еден туристички брод. Покрај по воден пат, ...
Во пробиштипско село се случил инцидент во кој 48-годишен маж, под дејство на алкохол, тргнал кон својот син со остар предмет. Според информациите, инцидентот се случил по семејна расправија. Соседот реагирал навреме и успеал да спречи да дојде до посериозни последици. Полицијата го лишила од слобода 48-годишниот маж и го привела во полициска станица. За случајот е известен јавен обвинител, а по целосното расчистување на случајот ќе следува ...
Судењето за случајот „Лотарија“, во кој меѓу обвинетите е и поранешниот вицепремиер Артан Груби, ќе започне на 24 август во 10 часот, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје. Предметот преку системот за автоматска распределба му е доделен на постапување на судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски. Основното јавно обвинителство Скопје претходно поднесе обвинителен предлог против Груби и други лица, со кој се товараат за злоупотреба на ...
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска денеска извршиле увид во градежните работи на мостот на Маркова Река кој ЈПДП го санира со цел подобрување на безбедноста и функционалноста на неговата конструкција. Мостот се наоѓа на регионалниот пат Р1106 во Кисела Вода, на влезот во Драчево. ЈПДП соопшти дека градежните активности течат ...
СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал. Тврдат дека рекол дека разговорите се водат „под радарот“. Има само еден мал проблем: таква изјава нема, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ. Затоа, наместо уште едно долго соопштение, имаме едноставен предизвик за СДС: Објавете ја снимката. Не медиумски наслов. Не партиска интерпретација. Не туѓо прераскажување. Снимката. Ако не можете ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја посети Струга, каде што разговараше со градоначалникот Менди Ќура и со претседателот на Советот на Општината, Мите Стефоски. Посетата се случи на 25-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, а Сиљановска посочи дека независната кандидатура и поддршката што Ќура ја добил од стружани со различна партиска, етничка и верска припадност му даваат можност да води политика што обединува. ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати порака по повод одбележувањето на денот на Струмичката петорка – Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Ѓорги Костуранов, Борис Белев и Стево Топчев, истакнувајќи дека нивните имиња треба да останат дел од колективното паметење. Мицкоски посочи дека петтемина струмички студенти останале запишани во македонската историја како симбол на генерација која сонувала за слобода, достоинство и иднина за својот народ. ...
Настанот се случил ноќеска, околу 00:45 часот, во домот на сопружници во Велес, каде започнала кратката расправија која преминала во физички напад со употреба на дрвен и закани со остар предмет како и за палење на семејниот дом. Имало и интервенција на полициски службеници, соопшти Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес. „На 13.08.2026 во 00:45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода Г.Е.(52) и неговата ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска бил во посета на општина Неготино и заедно со градоначалничката Марија Нацева оствариле работна средба со лозари. Како што соопшти Нацева на нејзината Фејсбук-страница, состанокот се одржал во пресрет на стартот на претстојните берба и откуп на винското грозје, а со единствена цел, да поминат во најдобар ред. – На состанокот се разговараше за динамиката на ...
Во јуни годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е за 39.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 363 610 илјади денари, што е за 31.0 % повеќе во однос на истиот месец лани. Најмногу одобренија – 70, се издадени во Полошкиот регион. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 200 ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека 71-годишната Шефије Јакупи од кичевското село Зајас, која 17,5 години поминала во затвор за убиство на сопругот, заслужува остатокот од животот да го помине на слобода. Одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на НУ „Струшки вечери на поезијата“, претседателката го образложи своето решение за помилување на Јакупи во траење од една и пол година. Сиљановска-Давкова посочи дека ...