Функционери од СДС кријат имот од 30 милиони евра, Ковачевски не ги разрешува и го институционализира криминалот, вели ВМРО-ДПМНЕ. Наместо експресно разрешување од функциите на над 120 функционери кои го кријат својот имот, и не го доставиле на увид на јавноста, Ковачевски се фрли во нивна заштита и ја префрла топката со ДКСК. Претседателката на ДКСК од друга страна ја обвинува владата дека не и доставува список на именувани функционери за ...

Денеска започнува исплатата на октомвриските пензии. Пензионерите кои не користат картички можат да си ги подигнат своите пензии во четири групи според распоред составен согласно висината на пензијата и тоа: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 31.10.2022 година (понеделник); За пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 01.11.2022 година (вторник); За пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, ...

Заклучно со вчерашниот ден, 29 октомври 2022 година, во ЕСМ Снабдување со топлинска енергија склучени се 6.906 Договори за снабдување со топлинска енергија со потрошувачите и трендот на префрлување на потрошувачите од претходниот на новиот снабдувач, како заедничка обврска, продолжува и понатаму. Времето на задржување на потрошувачите во пунктовите е значајно намалено откако електронскиот образец на Договорот за снабдување со топлинска ...

Додека проценките се дека кризата во Македонија ќе фрли нови 50 000 лица во сиромаштија, со што бројката на сиромашни ќе се зголеми на фрапантни 500 000 – банките дебело профитираат за време на кризата! Не само што профитите на банките се зголемени во 2021 година за повеќе од 20 отсто, туку и во првото полугодие од 2022 година тие работат со уште поголема профитабилност. Стопанска банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ Банка АД ...

Приватниот превозник на автобуски градски превоз „Макекспрес“ најави дека од денеска во Скопје е можно да не сообраќаат на линиите 19, 20, 22, 52 и 54. Причината поради можниот прекин е неисплатениот долг кон компанијата од страна на ЈСП Скопје и Град Скопје кој, според сопственикот на компанијата, Милорад Димитријевски, во овој момент изнесува над 30 милиони денари. „Поради неподмирените долгови од страна на ЈСП, се доведува во прашање ...

Отворањето на македонскиот центар е добро за ширење на македонската култура. Тоа е шанса да се покаже на граѓаните во Бугарија кои сакаат да слушнат, дека Македонците не се непријатели и немаат ништо против Бугарија. Се надеваме дека ќе има позитивен резултат целата оваа работа, вели членот на претседателството на ОМО Илинден-Пирин, Стојко Стојков за отворањето на клубот „Никола Вапцаров“. Тој порача дека 30 години живеат без поддршка од ...

Илјадници поддржувачи на фашизмот, облечени во црно, скандираа и пееја во чест на поранешниот италијански диктатор Бенито Мусолини денеска додека одеа до неговата крипта во Предапио за да одбележат 100 години од Маршот на Мусолини во Рим и државниот удар што воведе до дведецениското фашистичко владеење. Оваа година се собраа меѓу 2.000 и 4.000 приврзаници на Мусолини, повеќе од претходните години, и пешачеа до гробиштата во Предапи. ...

Руските власти предупредија дека конфликтот во вселената би имал страшни последици. Високиот функционер на руското Министерство за надворешни работи Константин Воронцов денеска изјави дека комерцијалните сателити на САД и нивните сојузници би можеле да станат легитимна цел доколку тие земји одлучат да интервенираат во војната во Украина. „Квазицивилната инфраструктура може да биде легитимна цел како одмаздничка мерка“, рече Воронцов, ...

На денешното отворање на македонскиот културен клуб, претседателот на Левица – Димитар Апасиев беше физички нападнат од бугарски уфрлен шовинист! Провокаторот за време на целиот настан беше уфрлен во групата од Македонија, со дозвола од бугарската полиција, при што носеше звучник од кој се слушаа бугарски фашистички маршеви. Кога присутните му ја исклучија музиката, провокаторот физички го нападна претседателот на Левица, Димитар Апасиев! Од ...

Руското Министерство за одбрана во неделата објави дека ги пронашло и анализирало остатоците од беспилотните летала користени во нападот врз бродовите на руската Црноморска флота на Крим еден ден претходно, истакнувајќи дека дроновите биле опремени со навигација од канадско производство. Министерството соопшти дека Украина ја нападнала Црноморската флота во близина на Севастопол со 16 беспилотни летала рано во саботата и дека специјалните ...

Денеска (30.10.2022) по претходно преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал Охрид и Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стење ги привеле Е. Ш. (22) и М.А. (25) од Република Албанија. При контрола во патничко возило „нисан“, со албански национални ознаки, биле пронајдени 139 парчиња охридска пастрмка со вкупна тежина околу 90 кг, кои биле предмет на недозволена трговија од ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија е подготвена за преговори доколку Западот „целосно ги земе предвид интересите“ на Русија и нејзината безбедност, како и доколку „понуди некои сериозни пристапи кои ќе придонесат за смирување на тензиите“, пренесе руската државна агенција РИА Њуз. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така денеска изјави дека Путин и американскиот претседател Џо Бајден би ...

На денешното отварање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров” во Благоевград во самиот град осамна транспаранет поставен од бугарски шовинисти на кој пишуваше „Македонија е Бугарска”, кој очигледно служеше за провокација и навреда. Нашите активисти кои денес беа присутни во Благоевград веднаш реагираа, го отстранија и фрлија навредливиот транспарент. Остро го осудуваме ваквиот чин кој воопшто не доликува на земја членка на ЕУ која ...

Денеска во Благоевград се отвора македонски културен клуб под името „Никола Вапцаров“. На отворањето ќе пристигне лидерот на опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицоски. Се очекува и присуство на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, пишуваат утрово бугарските медиуми. Претстојниот настан предизвика силна реакција и кај локалните власти и кај претседателите на Бугарија и Северна Македонија. Во Благоевград се очекуваат протести во ...

Извештајот заснован на анкета на 500 жени го отфрла популарниот мит за природата на срцевите удари. Се верува дека срцев удар се јавува ненадејно и е болка која започнува во градите и се шири на рацете и вратот. Сепак, симптомите на срцев удар често се појавуваат постепено, а една студија покажа дека 95 проценти од жените забележале дека нешто не е во ред до еден месец пред срцев удар. Некои жени рекоа дека биле толку уморни што не можеле да ...

Зимското сметање на времето е всушност стандардно, додека привремената транзиција кон летното првпат беше официјално воведено во 1916 година во Германија и нејзините сојузници во Првата светска војна. За различно пресметување на времето во лето и зима се размислувало долго време низ историјата. За основач на оваа идеја во 1784 година се смета Бенџамин Френклин, кој верувал дека со поместување на стрелките на часовниците може подобро да се ...

Од денеска почнува зимското сметање на времето, односно стрелките на часовникот во 3 часот по полноќ ќе се поместат еден час поназад. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. Иако се најавуваше можна промена на досегашната практика и дали доколку остане летното сметање на времето би можело да се заштеди струја ...

„Власта не бега од предизвиците, туку е посветена на нивно решавање, да не страда народот и да не трпат компаниите и со новите мерки што ќе се преземат очекуваме намалување на цените на основните производи и до 10 отсто“, рече во Прилеп премиерот Димитар Ковачевски од трибината на СДСМ „Силно и одлучно кон иднината”. „Последната мерка на Владата, која наскоро започнува со реализација, е мерката за субвенционирање на цената на струјата за ...

Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е-Даноци, дека поради планирани активности и интервенции во делот на ИТ системот на УЈП, денес, 29.10.2022 година, (сабота), во период од 09 до 17 часот, може да има прекини на е-услугите, во функционирањето на МПИН системот, со што ќе се примаат пресметки по меил, но, пресметките нема да може да се обработуваат и да се генерираат ...

Александар Кржаловски од МЦМС прогнозира дека уставни измени ќе се случат брзо. Според него уставните измени можеби и до Нова година. „Од самоувереноста на некои политичари од власта, дури мислам дека некои од пратениците и се кандисани, односно се убедени на еден, на друг или на трет начин, каде што двата не се баш пожелни – или се закани или поткупи, зашто не верувам дека со добра волја се убедени дека е тоа добро и дека затоа би гласале. ...

Десетици илјади граѓани денеска протестираа во Прага барајќи од владата да поднесе оставка и да дозволи одржување на предвремени избори, како и повлекување на Чешка од ЕУ и НАТО и директни преговори со Русија за снабдување со гас пред зимата. Протестот на државниот празник на главниот плоштад во Прага беше трет организиран од екстремно десничарските политички движења, граничните групи и Комунистичката партија. Полицијата проценува дека се ...

Финска и Шведска се обврзаа за истовремен влез во НАТО, пренесуваат агенциите повикувајќи се на изјави на премиерите на двете земји по денешната нивна средба во Хелсинки. Двете скандинавски земји кандидатурите за влез во НАТО ги поднесоа во мај како одговор на руската инвазија на Украина, но се соочија со противење од Турција, која ги обвинува двете земји дека се засолниште за активисти на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК) и ...

Има многу луѓе во деловниот свет кои се етикетирани како паметни. Сепак, тоа може да има помалку врска со интелектуалниот капацитет, а повеќе со социјалната или емоционалната интелигенција. На пример, некој со јасен и остар увид во ситуациите или оној кој прави добри проценки се смета за попаметен од некој што има, а можеби и повеќе знаење, но не се справува добро со реалноста. Овој вид на интелигенција, значи, не доаѓа преку стекнување ...

Претседателот на Гвинеја-Бисао Умаро Мохтар Сисоко Ембало изјави дека рускиот претседател Владимир Путин побарал од него да му пренесе „порака“ на Владимир Зеленски. Пораката се однесува на важноста на „директниот дијалог“ меѓу Москва и Киев. Ембало го откри ова на заедничката прес-конференција со Зеленски во Киев, еден ден по средбата со Путин. – Драг мој брат, вчера бев во Русија со претседателот Путин, кој ме замоли да ви дадам порака, да ...

И покрај неиздавањето на дозволата за отворање на клубот „Никола Вапцаров“, членовите на клубот заседаваат и се собираат во истиот, велат од здружението. Според нив со одбивањето за присуство на отворањето на клубот од страна на градоначалникот на Благоевград, Илко Стојанов се демонстрира нетрпеливост спрема Македонците од Бугарија, додавајќи дека тој е на истата страна како и бугарската држава која има 14 пресуди за кршење на основните ...

Членството на Бугарија, Хрватска и Романија во Шенген ќе ги направи границите на Европската унија уште побезбедни. Ова го изјави потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова по средбата со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. Од Загреб, каде што е во посета, „Јотова ги потсетила властите во Скопје дека Бугарија во која било фаза може да стави вето на преговорите на Република Северна Македонија за членство во Европската унија, доколку не ...

Компаниите кои произведуваат масло, млеко и млечни производи, житарки и леб од сега ќе плаќаат пониски сметки за струја, но ќе мора да ги намалат и цените на финалните производи, најави министерот за економија, Крешник Бектеши. Компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи и се се регистрирани со шифри на дејност 10.41, 10.51, 10.61, 10.71 во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, ...

Катица Николовска од ДКСК во вечерашното гостување на емисијата #ClickPlus на ТВ21 вели дека не може пензионер да подари три станови на функционер. „Во нашето досегашно работење и во она што е јавно познато во Македонија додека сме на функција секој на некој начин го затскрива она што на незаконски или на нелегален начин го стекнал. Се поклонува на пријатели, се добива на дар имот, а никој понатаму не оди да истражува дали тој дародавец имал ...

„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ цело време зборува за предавства, креираат хистерија и ги палат граѓаните, а потоа доаѓаат потврди дека тоа не е така. Очекував барем извинување до граѓаните за лагите кои ги кажуваат“ изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во „24 анализа“ на ТВ24. Тој додаде дека да ги слушаа граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ како партија немаше да прави хистерија и да тргне по правец од кој нема назад. „Креиравте ...

„ВМРО-ДПМНЕ треба да се извинат, затоа што функционери со чиста душа лажно ги прават криминалци“, изјави во „ClickPlus“ на ТВ21, пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ. Јас и СДСМ сме против било каков облик на корупција и криминал и го осудуваме, од друга страна го повикуваме секој човек кој што има информации дека некој функционер направил злоупотреба на својата функција, да го пријави, вели Коциќ. Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ е најкорумпираната ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
57%
1029
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
8.23
55%
1027
weather icon

Загреб

12ᴼ / 7ᴼ
1.03
57%
1025
weather icon

Софија

7ᴼ / 3ᴼ
6.17
53%
1031
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.65
73%
1031
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
1.03
71%
1025
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
5.14
64%
1027
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
76%
1026
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.09
76%
1033
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.68
59%
1027
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
6.17
74%
1031
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Платина

68931.20

Кобалт

66.14

Калај

50.61

Сребро

2696.16

Родиум

374556.20

Злато

164352.04

Рутениум

47358.05

Бакар

11.57

Паладиум

52052.06

Цинк

3.24

Иридиум

231355.22

Алуминиум

3.42