Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен северен ветер. Попладне претежно во јужните делови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ...

Селтик ја освои својата петта последователна титула во лигата и 56 во историјата. Во драмаричен финиш, Селтик во последното коло го победи лидерот Хартс со 3:1. Сепак, во Шкотска сè уште се расправа за пеналот досуден за „Зелено-белите“ во 90+7 на натпреварот од претпоследното коло во Мадервел. Фудбалската асоцијација на Шкотска се огласи со својата одлука, која во овој случај ништо не им значи на фудбалерите на Хартс. Одлуката гласи дека во ...

Честата употреба на бокалот со текот на времето доведува до формирање на бигор, што може да влијае на изгледот и функционалноста на апаратот. Иако овие наслаги генерално не се штетни за здравјето, можат да го променат вкусот на пијалаците и да остават непријатна бела трага во бокалот. Покрај естетскиот проблем, бигорот може да го скрати животниот век на апаратот и да ја намали неговата ефикасност, па затоа се препорачува периодично чистење. ...

Оревите се неопходна состојка во бројни колачи, торти и традиционални деликатеси како што е баклавата, но понекогаш може да се случи да имаат горчлив вкус, иако на прв поглед изгледаат сосема исправни. Ваквите ореви не мора да завршат во ѓубре, бидејќи постојат едноставни домашни трикови што можат да ја намалат или отстранат горчината. Еден од најчесто користените методи е потопување на оревите во ладна вода. Оревите се ставаат во длабок сад ...

Повеќе од 200 лица починаа во епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, од вкупно 867 пријавени случаи на сомнителна зараза, соопшти синоќа Министерството за здравство на земјата. Според официјалните податоци, 204 смртни случаи во три провинции на оваа голема централноафриканска држава најверојатно се предизвикани од вирусот. Во претходниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО), објавен во петокот, беа наведени 177 ...

Њујорк Никс ги победија Кливленд Кавалирс со 121:108 и поведоа со убедливи 3-0 во финалето на Источната конференција. По натпреварот во кој го контролираа темпото од самиот почеток, на Њујорк му треба само уште една победа за да се пласира во големото финале, прво по 27 години. Победничкиот тим го предводеше брилијантниот Џејлен Брансон со 30 поени, додека Мајкл Бриџис постигна 22, а ОуЏи Ануноби додаде 21 поен. Тимот на Мајк Браун ја ...

САД и Иран се блиску до потпишување договор со кој би се продолжил 60-дневниот прекин на огнот, во кој Ормускиот Проток би бил повторно отворен, на Иран би му било дозволено слободно да продава нафта и би се воделе преговори за ограничување на нуклеарната програма на Иран, објави Axios. Според нацрт-договорот, кој сè уште не е финализиран и сè уште може да се распадне, двете страни би потпишале меморандум за разбирање кој би бил важечки 60 ...

Репрезентацијата на Иран, со одобрение на ФИФА, ќе го премести својот камп за Светскотото првенство од Соединетите Американски Држави во Мексико, изјави во саботата претседателот на Иранската фудбалска асоцијација. ФИФА сè уште не го потврди преместувањето на кампот на репрезентацијата, што го најави Мехди Таџ. „Сите бази на националните тимови што учествуваат на Светското првенство мора да бидат одобрени од ФИФА“, рече Таџ во соопштението за ...

Светите Кирил и Методиј во Православната црква се прославуваат како „Свети рамноапостолни Кирил и Методиј, учители словенски“. Кои се Светите Кирил и Методиј? Тие се еден владика и еден калуѓер: Кирил бил монах, а Методиј епископ и архиепископ. И двајцата биле многу учени луѓе. Вброени се меѓу најучените во цела Византиска Империја. Нивното потекло било од Македонија. Тие го познавале својот народ и мајчиниот јазик. Затоа, на тој јазик го ...

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, трета година по ред ја освои пол-позицијата за Големата награда на Канада. Британецот, кој претходно победи во спринт траката, во последнните секунди го извозе најбрзиот круг. Расел, кој победи на стартот од сезоната, во Австралија, до пол-позицијата дојде со време 1:12.578. Ова време за 68 илјадити делови од секундата беше побрзо од времето на неговиот тимски колега, Андреа Кими Антонели. Интересно, и во ...

Популарниот италијански клуб од Бергамо одлучи да го промени децениското лого, кое ги краси неговите дресови од 1993 година. Аталанта, клуб именуван по хероина која била сојузник на божицата Артемида од хеленската митологија, отсекогаш ја имал нејзината силуета на своето лого. Сепак, од 1993 година до денес, логото содржи и други мотиви, како што се зборот Аталанта и годината на основање на клубот (1907), како и црно-сина позадина, кои се ...

Популарниот италијански клуб од Бергамо одлучи да го промени децениското лого, кое ги краси неговите дресови од 1993 година. Аталанта, клуб именуван по хероина која била сојузник на божицата Артемида од хеленската митологија, отсекогаш ја имал нејзината силуета на своето лого. Сепак, од 1993 година до денес, логото содржи и други мотиви, како што се зборот Аталанта и годината на основање на клубот (1907), како и црно-сина позадина, кои се ...

Пролетните алергии можат да бидат исцрпувачки за многумина, но соодветната превенција и соодветната терапија можат да помогнат да се држат симптомите под контрола и да се направи пролетта многу попријатна. Со пролетта, природата се буди, но за многу луѓе започнува и сезоната на кивање, солзење на очите и затнат нос. Алергиите на полен се едни од најчестите сезонски заболувања, а симптомите можат значително да влијаат на квалитетот на животот, ...

Оклахома Сити Тандер ги победија Сан Антонио Спарс со 123:108 ноќеска во Тексас, враќајќи се од голема негатива за да стигнат до водство од 2-1 во финалето на Западната конференција. Шеј Гилџс-Александер ги предводеше гостите со 26 поени и 12 асистенции, Џаред МекКејн уфрли 24 поени, а Џејлин Вилијамс имаше 18. Оклахома играше без Џејлен Вилијамс, кој го пропушти натпреварот поради истегнување на левиот тетивен мускул, но клупата ги надмина ...

Само неколку недели од почетокот на Светското првенство, кое се игра за прв пат во историјата на три земји (Канада, САД и Мексико), многу Аргентинци, поради инфлацијата и високите цени, одат во соседен Чиле за да го купат официјалниот албум со сликички на Panini. Имено, како што објави Reuters, разликата во цените е огромна, а како кај нас, и во Аргентина има недостаток на сликички. Така, вчера во Сантјаго се формираа долги редици пред ...

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата за спринт трката, која се вози во рамките на Големата награда на Канада. Во првиот ред, до Британецот, пласман избори лидерот во генералниот пласман, Андреа Кими Антонели. Џорџ Расел на најдобар начин ја потврди доминацијата на тренингот и во квалификациите. Единствен успеа да извози еден круг под 1 минута и 13 секунди (1:12.965). Неговиот тимски колега, Антонели имаше послаб резултат ...

Тотенхем в недела си ја решава премиерлигашката судбина, а повредениот капитен наместо да ги бодри соиграчите си заминал во Аргентина да гледа Ривер Плејт - Белграно. Тотенхем е на работ на обезбедување опстанок во Премиер лигата. Влегувајќи во последното коло, Спарс имаат предност од два бода во однос на Вест Хем, па нерешениот резултат против Евертон на домашен терен им гарантира место меѓу елитата следната сезона. Иако тимот на Роберто Де ...

По секој циклус, вратата на машината за перење треба да се остави малку отворена за да се овозможи циркулација на воздухот низ барабанот и да се намали задржувањето на влагата. Мувлата во машината за перење се јавува затоа што внатрешноста на апаратот останува влажна долго време, а таквите услови се погодни за раст на мувла. Ако проблемот се игнорира, наслагите можат да го затнат одводот и на крајот да доведат до неправилно функционирање на ...

Министерството за транспорт информира дека Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донела решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи. Од министерството известуваат дека согласно своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе ја објават согласно законските прописи во најбрз можен рок. Министерството за транспорт информира дека Државната комисија по жалби за јавни ...

Никола Јокиќ ќе игра за Србија во јули и август, во квалификациите за пласман на Светското првенство, потврди за Mozzart Sport селекторот Душан Алимпијевиќ. Србија прво ќе има дуели со Швајцарија (2 јули) и Босна и Херцеговина (5 јули), во квалификациите за Светското првенство, а како што стојат работите, Алимпијевиќ ќе може да смета на Никола Јокиќ. „Ништо не беше спорно од првиот момент, тој е човек со кого сум во контакт од првиот момент ...

ФФМ денеска на состанок со претставници на осумте клубови учесници во баражот ги одреди стадионите на кои ќе се играат натпреварите за пополнување на втората лига за наредната сезона. За градови домаќини без одбрани Кратово, Кочани, Штип и Скопје. 30 мај (сабота) во 16:30 часот: Стадион „Силекс“ во Кратово Саса (2.МФЛ) – Еуромилк (3.МФЛ Север) Стадион „Никола Мантов“ во Кочани Кожуф (2.МФЛ) – Борец (3.МФЛ Југ) Стадион „Градски“ во Штип Победа ...

Познатиот каталонски тренер Жузеп Гуардиола официјално го потврди своето заминување од Манчестер Сити, напуштајќи го „Итихад“ по 10 фантастични години. И клубот и тренерот го потврдија своето заминување на крајот од тековнава сезона откако Гуардиола освои 20 трофеи со Манчестер Сити и ги предводеше до титулите на европски и светски прваци. Неговиот последен натпревар како менаџер на Манчестер Сити ќе биде против Астон Вила овој викенд. ...

По 17 сезони кариера во европскиот фудбал, ветеранот Николас Отаменди реши да се врати во родната Аргентина и да го облече дресот на великанот Ривер Плејт. Ексклузивната вест ја носи добро информираниот аргентински новинар Гастон Едул и уверува дека работата е завршена. Отаменди ја напушта Бенфика без отштета и ќе потпише 18-месечен договор со Ривер Плејт. Додава дека искусниот стопер сака повторно да игра во својата татковина од лични ...

Пире од компири е заситувачки прилог кој лесно се подготвува. Сепак, често можете да направите грешки при подготовката, па затоа е добро да знаете неколку трикови. Сувото или лепливо пире од компири не е невообичаено, но причината за ова обично не е методот на гмечење, туку состојките што се додаваат. Многу луѓе додаваат млеко, павлака за готвење или комбинација од млечни производи, но забораваат на путерот. Токму ова, иако сите овие адитиви ...

Meta лансираше нова апликација наречена Forum, без официјално соопштение. Мет Навара од Geekout Newsletter ја забележал апликацијата Forum во App Store, каде што е опишана како „наменски простор за разговорите што ви се најважни“ и е дизајнирана специјално за Facebook групи. Се чини дека Meta ја промовира идејата дека апликацијата може да им помогне на корисниците да ги добијат „вистинските одговори“ од „вистинските луѓе“, што звучи како да ...

Норвешкиот селектор Стале Солбакен го објави списокот од 26 играчи за претстојното Светско првенство, а највата беше проследена во видео од кралот Харалд V, кој имаше свое обраќање. „Викинзите“ ќе го предводи еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Ерлинг Браут Халанд, кој, да бидеме искрени, имаше донекаде скромна клупска сезона, со оглед на тоа што остана без титула во Англија, но и без Лигата на шампионите. Норвењшката фудбалска ...

Сезоната на цреши е во полн ек, но поради нивната деликатна структура, тие многу брзо ја губат свежината ако не се складираат правилно. Затоа складирањето игра клучна улога во зачувувањето на нивниот вкус, сочност и квалитет. Црешите се лесно расипливо овошје кое на собна температура брзо ја губи свежината, често по само еден до два дена. Затоа правилното складирање е од суштинско значење за да се зачува нивната сочност, вкус и хранлива ...

Кристијано Роналдо (41) не можеше да ги задржи солзите радосници откако конечно ја освои својата прва титула во Саудиската про лига со Ал Наср. Во драматичниот крај на сезоната, Ал Наср ја обезбеди својата 11-та титула во лигата со победа од 4:1 над Дамак, завршувајќи со два бода пред непоразениот Ал Хилал. Португалецот беше апсолутен херој на решавачкиот натпревар, постигнувајќи два клучни гола што го одлучија натпреварот и го потврдија ...

Њујорк Никс ги победија Кливленд Кавалирс со 109:93 во „Медисон Сквер Гарден“, и со тоа стигнаа на половина пат од големото финалето на НБА. Тимовите беа многу изедначени во првото полувреме, при што ниту еден не успеа да изгради водство поголемо од 6 поени разлика. Домашниот тим го направи одлучувачкиот потег на почетокот на третата четвртина, кога при резултат 53:53 направи серија од 18:0 за пет минути, влегувајќи во последната четвртина со ...

Темелно се реконструира патот кон Средно Водно, објави на социјалните мрежи скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. „Водно е душата на Скопје. Место каде генерации скопјани пораснале, место каде се бара мирот по напорниот ден, каде семејствата го поминуваат слободното време. Токму затоа, со сериозен пристап и силна динамика, започнавме темелна реконструкција на патот кој води кон Средно Водно. Овој пат е дел од секојдневието на илјадници ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.79
41%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
4.02
56%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.88
41%
1016
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.85
53%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
6.43
52%
1016
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
46%
1017
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.02
50%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.46
55%
1017
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
47%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
43%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
3.13
52%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.63
99%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Злато

135639.33

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00