Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата не е против зголемување на минималната плата и оти нејзината заложба е платите да растат и трудот да биде соодветно вреднуван. Но, како што истакнува, цврсто се убедени дека таквото зголемување мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите, постигната преку социјален дијалог и врз основа на реалните економски можности. -Денешната седница на Економско-социјалниот ...
Британскиот невролог д-р Ричард Рестак предупредува дека постои животен праг по кој консумирањето алкохол, вклучително и пивото, станува сериозен ризик за здравјето на мозокот. Според него, тој праг е 65-годишна возраст. Иако пивото е една од најконсумираните алкохолни пијалаци во светот, проблемот, како што вели Рестак, не е во т.н. „пивски стомак“, туку во нешто далеку посериозно – влијанието на алкохолот врз нервниот систем. Во изјава за ...
IMAX не е формат. IMAX е став кон светот. Тоа е одлука да не се раскаже приказна „од безбедна дистанца“, туку да се внесе гледачот внатре – во просторот, во размерот, во опасноста. IMAX камерите не ја регистрираат реалноста, туку ја прошируваат до граница каде човекот повторно станува мал, а светот повторно станува голем. Токму затоа не е случајно што Кристофер Нолан ја избра „Одисеја“ – приказна за патување, за судир со богови, море и ...
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс изјави дека е постигнат голем напредок во мировните преговори за Украина, но додаде дека сè уште не може со сигурност да каже дека е можно мирно решение – објави денеска британскиот сајт „АнХерд“ (UnHerd). Во интервју за оваа веб-страница, Венс рече дека напредокот се состои во фактот дека сите прашања сега се дискутираат отворено. – Она што го видовме од украинската и руската страна во изминатите ...
На 23 декември 2025, Месечината е во знакот на Водолија. Оваа лунарна позиција носи емоционална потреба за слобода, дистанца од драматизација и поголема ориентација кон идеи, визија и колективно размислување. Денот е погоден за разговори што излегуваат од шаблон, рационално согледување на чувствата и мали, но значајни промени во односот кон луѓето и обврските. Наместо интензивна емоционалност, преовладува потреба за простор, искреност и ...
Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, започна со повлекување на околу 30 кариерни дипломати од амбасадорски и други високи позиции во американските дипломатски претставништва ширум светот, меѓу кои е и амбасадорката во Северна Македонија, Анџела Агелер. Како што пренесува Бета, повикувајќи се на Асошиејтед прес, мерката е дел од пошироките напори за преобликување на американската дипломатија и поставување кадар кој целосно ...
Universal Pictures го објави првиот трејлер за The Odyssey (Одисеја), долгоочекуваната адаптација на античкиот грчки еп на Хомер, во режија на Christopher Nolan. Во главната улога настапува Matt Damon како легендарниот херој Odysseus, прикажувајќи го неговото долго и опасно патување кон домот по Тројанската војна. Новиот трејлер го прикажува Odysseus како доживува бродолом, се соочува со застрашувачки суштества и ја води својата војска низ ...
Руските војници киднапираа околу 50 жители на селото Храбовске во украинската Сумска област, на околу 200 метри од руската граница, напиша украинскиот омбудсман Дмитро Лубинец на Телеграм, пренесува Кијив Индипендент. Според прелиминарните информации, на 18 декември, руските сили нелегално привеле околу 50 цивили – жители на селото Храбовске – држејќи ги без пристап до комуникација или соодветни услови. На 20 декември, тие биле насилно ...
Шведските власти го закотвија санкционираниот руски брод, „Адлер“, откако се качија на бродот и го прегледаа преку ноќ на 21 декември, пренесува Кијив Индипендент. „Не им е дозволено да пловат понатаму без одобрение од обвинителот“, изјави портпаролот на шведската царина, Мартин Хоглунд, за регионалниот радиодифузер СВТ. Товарниот брод „Адлер“ претрпе дефект на моторот и се закотви кај западниот брег на Шведска на 20 декември. Потоа шведската ...
22 декември 2025 година. Музичка кариера и најголеми хитови Крис Реа беше препознатлив по својот карактеристичен рапав глас и виртуозното свирење на слајд-гитара. Во текот на својата кариера продаде над 40 милиони албуми ширум светот. Страст кон автомобилизмот и филмот Здравствени предизвици и заминување Реа се соочуваше со сериозни здравствени проблеми во текот на годините. Во 1994 година му беше дијагностициран рак на панкреасот, по што му ...
Ако не можете да се сетите на телефонски број без да го проверите именикот, ако чувствувате паника кога батеријата паѓа под 20 проценти или ако снимате концерт наместо навистина да го гледате – добредојдовте во клубот. Не, немате дијагноза во здравствен картон, но многу е можно да го имате она што веќе со години се нарекува дигитална деменција, пренесува N1, пишува CityMagazin. Терминот звучи драматично, но приказната зад него е многу ...
Мажот (24) за кој се претпоставува дека е еден од двајцата напаѓачи одговорни за терористичкиот напад на плажата Бондај, е префрлен од болница во затвор, соопшти денеска локалната полиција. Полицијата наведе дека мажот е префрлен во казнена установа во источниот дел на Сиднеј. Комплексот ја вклучува и болницата Лонг Беј, оддел со висока безбедност за медицински и психијатриски случаи, пренесе ДПА. На 14 декември, двајца напаѓачи отворија оган ...
Владата денеска потпиша договори за реализација на инвестиции во енергетскиот сектор во вкупна вредност од околу 97 милиони евра, информираше премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека станува збор за проекти од висок стратешки интерес за државата. Договорите се однесуваат на изградба на фотонапонската електрана „Битола 3“ и на ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3. Според Владата, со овие проекти вкупните инвестиции во енергетиката ...
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените во просек за 1,18 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 70 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се ...
Украинските делегати се состанаа со американските претставници за уште една рунда мировни преговори на 21 декември, објави Рустем Умеров, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана, пренесува Кијив Индипенден. Средбата е дел од тековните дипломатски преговори во најновиот обид на Вашингтон да обезбеди мировен договор. Таа следува по украинско-американските разговори на 19 декември и руско-американските разговори на 20 декември во ...
Петтиот конгрес на Демократската унија за интеграција (ДУИ) се одржа во исклучително чувствителен политички момент за партијата – по повеќе од две децении континуирано учество во извршната власт, овојпат како опозициски субјект, со сериозен предизвик да го редефинира сопствениот политички идентитет, улога и легитимитет. Во своето обраќање, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, ја нагласи еволуцијата на партијата – од движење создадено од ...
Анита Тополова-Исајловска е избрана за вршител на должноста државен јавен обвинител на Република Северна Македонија. Одлуката беше донесена едногласно на денешната седница на Советот на јавни обвинители. Тополова-Исајловска доаѓа на местото на Љупчо Коцевски, кој на 17 декември поднесе неотповиклива оставка, по што Собранието истиот ден го констатираше престанокот на неговата функција. Изборот на в.д. државен јавен обвинител првично беше ...
Намалена видливост поради појава на магла до 30 метри има на патниот правец Дебар – Струга, од 25 до 30 метри на патниот правец село Гајре – Попова Шапка и од 100 до 150 метри на патниот правец Тетово – Гостивар. Како што информираат од АМСМ, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од ...
Во периодот меѓу 18 и 22 часот по грчко време, како и во изминатите денови така и денеска, граничниот премин Евзони за влез и излез од Грција кон нашата земја, повторно ќе биде затворен за сообраќај, поради блокадите на грчките земјоделци. На грчката страна од границата, веќе 19 дена се паркирани над 300 трактори на земјоделците од областа Пеонија и од градот Јаница, а блокадите се секојдневни, но во последните денови само во попладневните ...
Европската комисија ја суспендирала исплатата на средства од европската ИПАРД 3 програма поради сомнежи за злоупотреба на европски пари и корупција поврзана со актуелната власт, обвини денеска Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Од СДСМ посочуваат дека одлуката за суспензија била донесена пред десет дена, но, како што велат, јавноста сè уште не добила официјално објаснување од Владата. „Европската комисија ја суспендирала исплатата за ...
Во саботата, 20 декември се одржа новогодишниот вокалната уметница и интерпретаторка на традиционална музика Зарина Првасевда, со наслов „Кадифено”. Во преполната сала на Филхармонија, беше отсвирен репертоар кој вклучи македонски традиционални песни, но и песни од албанската, турската, влашката традиција, односно песни кои се дел од културата на нашите простори. Гости на концертот беа перкусионистот Ахмет Алан, како и гитаристот Џенк ...
Голем прекин на електричната енергија во Сан Франциско денеска доведе до неочекуван, но симптоматичен колапс на целосно автоматизираниот транспорт. Автономните такси-возила на компанијата Waymo беа принудени целосно да го прекинат сервисот, откако дел од градот остана без струја, а семафорите престанаа да функционираат. Според локалните власти и енергетската компанија PG&E, прекинот бил предизвикан од пожар во електро-подстаница, поради ...
Главната цел на безбедносните гаранции за Украина е да се осигура дека таа земја никогаш повеќе нема да стане жртва на напад, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. – Мораме да обезбедиме Украина никогаш да не биде повторно нападната по постигнувањето примирје или мировен договор. Путин мора да сфати дека уште еден напад би бил погубен за него, нагласи Руте за германски „Билд“. Тој додаде дека постојат три нивоа на безбедносни ...
Настап на хуманоидни роботи на концерт во кинескиот град Ченгду стана вирален на социјалните мрежи и привлече внимание ширум светот, меѓу кои и од американскиот технолошки милијардер Илон Маск. Шест хуманоидни роботи се појавија на сцената за време на концертот на кинеско-американскиот пејач и композитор Ванг Лихом, во југозападната кинеска провинција Сечуан. Роботите, облечени во сребрени костими, настапија заедно со пејачот додека ја ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера го именуваше гувернерот на сојузната држава Луизијана, Џеф Ландри, за специјален американски пратеник за Гренланд, големата данска полуавтономна територија за која претходно изјави дека САД треба да ја преземат. – Џеф разбира колку Гренланд е неопходен за нашата национална безбедност и силно ќе ги унапреди интересите на нашата земја за (осигурување) безбедност, сигурност и преживување на нашите ...
Најмалку 16 луѓе загинаа при превртување на патнички автобус на индонезискиот остров Јава, соопштија денеска локалните власти. Возачот на автобусот во кој имало 34 патници изгубил контрола и удрил во бетонска ограда пред да се преврти на страна, изјави шефот на Агенцијата за потрага и спасување. Автобусот се движел од главниот град Џакарта до древниот кралски град Јогјакарта, а се превртел кај градот Семаранг во централна Јава. Полицијата и ...
Руски генерал Фанил Сарваров, е убиен во експлозија во Москва, соопштија официјални лица, пренесува Би-би-си. Рускиот истражен комитет соопшти дека генерал-потполковник Сарваров починал во понеделник наутро откако експлозивна направа поставена под автомобил детонирала. Сарваров бил началник на одделот за оперативна обука на вооружените сили, додаде комитетот. Се вели дека една од теориите што се истражува е вмешаноста на украинските ...
Белата куќа соопшти дека американското Министерство за финансии собрало 235 милијарди долари од царини од почетокот на годината. Белата куќа го изнесе ова тврдење во божиќен пренос во живо на својот официјален Јутјуб канал, во кој наизменично се прикажуваше листа на „победи на МАГА (MAGA) во 2025“ со музика во позадина. Други текстуални блокови кои се движат на левата страна од поделениот екран ги истакнуваат останатите наводни успеси на ...
АНА ЧУПЕСКА Теориски координати и легитимни етички дилеми на постконфликтната транзиција Дозволете на самиот почеток на оваа рецензија да укажам дека со лично чувство на особено задоволство го прифатив повикот на Валентин Нешовски, да го читам овој аналитички материјал што го нуди во ракописот „КОНФЛИКТ, МИР И МЕДИУМИ”. Имено, овде тој вешто ги синтизира клучните дилеми кои се изучуваат во сферата на меѓународните односи и студиите за мир и ...
Советничката група на СДСМ во Град Скопје денеска на прес-конференција побара итно прогласување еколошка и здравствена кризна состојба, поради, како што истакнаа, алармантното загадување на воздухот во главниот град. Советничката Катарина Цаневска Арсовска нагласи дека скопјани со денови дишат екстремно загаден воздух и дека, според официјалните податоци, Скопје е меѓу најзагадените градови во Европа. „Скопјани се гушат во загаден воздух со ...