Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Добивај вести на Viber Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, денеска изјави дека земјата води преговори за зголемување на снабдувањето со природен гас со земјите од Европската Унија (ЕУ). Тој на отворањето на 4-тиот Глобален медиумски форум во Шуша „Мисија на медиумите во промовирањето на мирот: Враќање на вистината и враќање на довербата“ изјави дека Азербејџан го зголемил извозот на гас во Австрија и Германија оваа година, што е дел од ...
Добивај вести на Viber Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Соединетите Американски Држави(САД) „ја преземаат“ контролата врз Ормутскиот теснец, откако Иран објави дека преминот низ тој стратешки важен воден пат е затворен поради, како што изјави Техеран, непријателските активности на САД. „Го преземаме теснецот. Тие немаат ништо“, рече Трамп во телефонски разговор во емисијата „Fox & Friends“ на Фокс њуз. ...
Добивај вести на Viber Хрватите се жалат дека платите им се ниски и од нив не успеваат да заштедат. Иако просечната нето плата во земјата продолжува да се зголемува, голем дел од граѓаните велат дека сè потешко ги покриваат секојдневните трошоци. Според податоците, медијалната нето плата во земјата изнесува 1.319 евра, што значи дека половина од вработените примаат помалку од оваа сума. Во Загреб, каде што просечната плата достигнала 1.782 ...
Добивај вести на Viber Над 130.000 туристи дошле во мај во земјава, а најбројни биле Турците. Во мај годинава, во Македонија се регистрирани вкупно 131.723 туристи, од кои 106.756 странски, а 24.967 домашни туристи, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика(ДЗС). Најголем број од странските туристи што ја посетиле Македонија во мај биле од Турција, вкупно 34.681, по што следуваат туристите од Германија (9.578), Србија ...
Добивај вести на Viber Случај на врсничко насилство е регистриран во Куманово. Се појави и снимка од тепањето. На снимката се гледа како три девојки тепаат едно девојче, влечејќи го за коса, удирајќи го со шлаканици и клоци, а во еден момент го фрлаат во ѕид. Според достапните информации, инцидентот се случил пред околу еден месец, а видеото првично е објавено на „Снепчет“ со опис „кога ќе ме пцуеш, ќе јадеш и ќотек“. Жртвата вчера го ...
Добивај вести на Viber Пратеничката група на опозициската Демократската партија поднесе кривична пријава до Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), против премиерот Еди Рама и министерот за економија, култура и иновации, Бленди Гонџе, во врска со издвоените средства во знос од 4,2 милиони евра, за концертот на Канје Вест во Тирана. Веста на Фејсбук ја објави координаторот на пратеничката група, Газмент ...
Добивај вести на Viber Патничко возило „пасат“ било опожарено рано утрово во скопски Карпош, а огнот оштетил уште три возила и деловен објект. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен околу 2:50 часот. Од пожарот на „пасатот“ со скопски регистарски ознаки биле оштетени и „фолксваген туран“, „сангјонг“ и деловен објект. Огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Полицијата извршила увид и презема мерки ...
Добивај вести на Viber Со целосно ново летно мени и Salvatore Summer Selection - летна селекција од италијански специјалитети и внимателно избрани вина - ресторанот Salvatore ова лето го носи италијанскиот начин на уживање во срцето на Скопје. Летото е создадено за долги разговори, лесни вкусови и чаша вино што го менува ритамот на денот. Инспириран од токму тие моменти, Salvatore Italian Restaurant оваа сезона претставува целосно ново летно ...
Добивај вести на Viber Кочанчанецот беше приведен откако во возило во кое се наоѓал била пронајдена бела прашкаста материја, а наводно успеал да избега од полициската станица во Кочани додека бил задржан за распит. Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека А.Л,. по еден ден од неговото задржување, избегал од полициските простории. Добивај вести на Viber Кочанчанецот беше приведен откако во возило во кое се наоѓал била ...
Добивај вести на Viber Патријархот Московски и на цела Русија Кирил и Вагит Алекперов, основач на руската нафтена компанија Лукоил, се изоставени од нацртот на 21-от пакет санкции против Русија од страна на Европската Унија, откако Бугарија и Италија се спротивставија на нивното вклучување на листата со санкции. „Европска правда“, повикувајќи се на дипломатски извори од неколку земји од ЕУ, објави дека имињата на патријархот Кирил и ...
Добивај вести на Viber Македонија2025 објавува повик за апликации за македонски микро, мали и средни компании заинтересирани да добијат бесплатна експертска поддршка преку Битов програмата за претприемачи. Битов програмата за претприемачи се спроведува во партнерство со Catalyste+ (поранешна CESO – Canadian Executive Service Organization), канадска организација со повеќе од 50 години искуство во поддршка на економскиот развој и јакнење на ...
Добивај вести на Viber Собранието денеска на 112. седница, на предлог на премиерот Христијан Мицкоски во рамки на реконструкцијата на Владата ги разреши министрите за правда Игор Филков, за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, за односи меѓу заедниците Игор Стоиљковиќ, за здравство Азир Алиу, за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, за локална самоуправа Златко Перински, како и Шабан Салиу од ...
Добивај вести на Viber Заврши годишното оданочување на граѓаните за 2025 година, пријавени се над 612 милијарди денари, а вкупно пресметаниот данок на личен доход изнесува 39,8 милијарди денари. Управата за јавни приходи денеска соопшти дека во споредба со 2024 година вкупниот пријавен доход во годишните даночни пријави е зголемен за 74,1 милијарда денари, а пресметаниот данок на личен доход за 4,86 милијарди денари. Генерирани се 863.100 ...
Добивај вести на Viber Од полноќ следува ново поскапување на горивата, а најголем скок има кај дизелот, кој се зголемува за дури 5,5 денари за литар. Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, ЕУРОДИЗЕЛ БС од утре ќе се продава по највисока цена од 88 денари за литар, наспроти досегашните 82,50 денари. Поскапуваат и бензините. ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 денари и ќе чини 87 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ...
Добивај вести на Viber Халкбанк, банката што посветено и постојано ја поддржува културната и музичка сцена на нашите простори, ова лето ја продолжува својата поддршка и партнерство со многубројни културни настани и иницијативи. Официјално, оваа музичка и културна програма Халкбанк ја започнува со поддршката на филмскиот фестивал Ohrid Beach Film Fest, кој ќе започне на 22 јули, а во текот на летото ќе следуваат и голем број партнерства со ...
Добивај вести на Viber Фото: Нова Македонија Ноќен пожар на подрачјето на скопската општина Карпош уништи патнички автомобил, а пламенот предизвикал штета и на уште три возила, како и на деловен објект. Полицијата врши увид за да ги утврди причините за избувнувањето на огнот, а се верува дека запаленото возило било користено од судијата Ѓоко Ристов. Името на Ристов во изминатиот период е во фокусот на јавноста поради истрага што ја води ...
Добивај вести на Viber Првиот мандат на Никола Груевски и првиот мандат на Христијан Мицкоски имаат неколку историски паралели од кои може да се извлечат интересни политички лекции. Сега, како и тогаш Владата е составена од коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ. Тогаш Груевски направи владина коалиција со партија составена од поранешни членови на СДСМ во субјектот НСДП предводен од Тито Петковски, како и албанска партија која е ...
Добивај вести на Viber Германија финансира набавка на 50 илјади офанзивни беспилотни летала за Украина, што претставува една од најголемите познати набавки на дронови за Киев спроведени досега од некоја западна држава. Нарачката се однесува на дроновите од типот „Shrike FPV“, произведени од украинската компанија „SkyFall“, со софтвер на американската одбранбено-технолошка компанија „Auterion“. Софтверот овозможува автономно следење и ...
Добивај вести на Viber Министерството за внатрешна и надворешна трговија на соседна Србија објави преку својата служба NEPRO, дека познатата спортска продавница Decathlon повлекува производ поради безбедносни ризици. Според известувањето, предметниот производ е кацигата за возење NEW HELMET 100 FOUGANZA. Поточно, моделот кацига за возење „NEW HELMET 100 FOUGANZA“, ставка 8844101 во црна боја, ставка 8644620 во зелена боја, ставка 8644618 во ...
Добивај вести на Viber Главна вест од Украина викендов беше менувањето на владата најавено од страна на претседателот Владимир Зеленски. Тој ја најави оставката на премиерката ЈУлија Свириденко. Со заминување на премиерот заминува и целата влада. Од денес ќе почнат и конкретните потези за избор на нова влада за што е надлежен парламентот. Освен промените на премиерот и министри, Зеленски најави и промени во институциите за заштита на ...
Добивај вести на Viber По објавата на социјалните мрежи од девојката од Куманово која јавно побара помош да биде хоспитализиран нејзиниот татко алкохоличар во психијатриска установа, помош понуди пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска. Во објава на социјалните мрежи, Петровска посочи дека заедно со нејзинот тим ќе најдат безбедно сместување за Меланија и нејзиното семејство. - Со огромна загриженост го следам случајот на Меланија од ...
Добивај вести на Viber Синоќа е уапсен скопјанец кој со нож го убил својот татко. Претходно таткото, кој бил под дејство на алкохол, ја нападнал мајката на уапсениот. - На 12.07.2026 околу 23:00 часот во Скопје, на територија на ПС Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Џ.(31) од Скопје, затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко Е.Л. (52) од Скопје. Според пријавеното, на ...
Добивај вести на Viber Најмалку 27 лица загинаа, а 63 се повредени во голем пожар што избувна во бар во Бангкок. Дваесет и две лица се во критична состојба. Огнот избувнал во близина на бината во објект во популарната област Чатучак и за кратко време се проширил низ барот, кој бил исполнет со густ чад. Пожарникарските екипи пристигнале на местото на настанот набргу по полноќ и успеале да го стават пожарот под контрола за околу половина час. ...
Добивај вести на Viber Министерството за внатрешни работи се најде на удар на критики откако вчера на својата официјална фејсбук-страница објави фотографија генерирана со вештачка интелигенција, без притоа да ја означи како таква. Министерството за внатрешни работи (МВР) на официјалната страница на „Фејсбук“ објави информација за спасен романски планинар на Матка, која ја илустрираше со фотографија направена со вешташка интелигенција (ВИ). ...
Добивај вести на Viber СДСМ објави дека денес нема да оди на опозицискиот координативен состанок со Левица за Изборниот законик. Според СДСМ, координативната средба била нарачана од премиерот Христијан Мицкоски. Дали тој е класен наставник кој ќе ја повикува опозицијата кога сака? Дали ние треба да ја играме неговата игра и да му правиме театар за јавноста?“, соопштија од СДСМ. Според СДСМ, нивните предлози веќе се дадени, а ...
Добивај вести на Viber Цените на нафтата скокнаа, додека азиските акции главно паднаа по новите воздушни напади на САД врз Иран и одговорот на Иран, објави денес Асошиејтед Прес (АП). Цената на суровата нафта Брент од Северното Море порасна за 4,7 проценти на 79,59 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI порасна за 4,8 проценти на 74,85 долари за барел. Цените на нафтата претходно се вратија на нивоа блиски до оние пред ...
Добивај вести на Viber Новите правила за правата на патниците во воздушниот сообраќај во Европската Унија денеска се очекува официјално да бидат одобрени од министрите на земјите-членки, со што ќе биде завршена последната процедура пред нивното стапување во сила. Реформите што претходно добија поддршка од Европскиот парламент, треба да почнат да се применуваат во средината на 2027 година и ќе донесат дополнителни права за семејствата што ...
Добивај вести на Viber Raiffeisen Bank International (RBI) соопшти дека го намалила минималниот праг на прифаќање во својата понуда за преземање на Addiko Bank, додека се бори да ја преземе контролата врз заемодавачот фокусиран на Југоисточна Европа со словенечката Нова Љубљанска банка (NLB). По одлуката на австриската Комисија за преземање да не ја забрани, минималниот праг на прифаќање беше намален на повеќе од 55% од акциите на Addiko кои ...
Добивај вести на Viber Пазарот на козметика и парфеми во Македонија носи милионски приходи и добивки за најголемите компании во секторот, а податоците за 2025 година покажуваат дека неколку големи играчи се издвојуваат според заработката. Најголема добивка меѓу издвоените специјализирани продавачи на козметика и парфеми остварил ДМ Дрогерие Маркт. Компанијата ја завршила 2025 година со добивка од околу 2,7 милиони евра. Второто место според ...
Добивај вести на Viber Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија ја предлага Ана Виткова од Скопје за член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Виткова е дипломиран правник со положен правосуден испит и доктор на правни науки, со повеќегодишно професионално искуство во државната администрација, правните работи, инвестициите и ...