Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Добивај вести на Viber Обвинителството поведе постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, а две од осомничените се малолетнички. Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против една 18-годишна девојка, а за две малолетнички на возраст од 15 и 14 години е поднесено барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца при Основниот суд во Куманово, бидејќи заедно учествувале во дејствија на кривично ...
Добивај вести на Viber Како Виена е поврзана со европските прашања и каков придонес дава за Европската Унија е прикажано во брошурата „Виена во Европа“, која ја подготвија Градскиот секретаријат на Виена за економија, труд и статистика (MA 23) и Градскиот секретаријат за европски прашања (MA 27). Преку интересни споредби, публикацијата ја претставува позицијата на Виена во однос на земјите од Европската Унија и другите европски метрополи. ...
Добивај вести на Viber Голем шумски пожар избувна во атарот на селото Бајково, во Општина Ново Село, на падините на планината Огражден. Поради опасноста пожарот да се прошири и да ја загрози црквата „Св.Петар и Павле“, во гаснењето ќе се вклучат два ер трактора на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС). На терен веќе интервенираат струмичките пожарникари, доброволците од Доброволното противпожарно друштво „Рис“, како и повеќе граѓани кои ...
Добивај вести на Viber Цените за месечни закупи на недвижнини во Нови Сад се движат од 200 евра за гарсониери на периферијата, до повеќе од 1.500 евра за луксузни станови во срцето на градот. Гледајќи ги другите градови во Војводина, Нови Сад продолжува да биде убедлив лидер во однос на цените за изнајмување станбен простор. Во центарот и во Грбавица, за просечен стан со една и пол спална соба, треба да потрошите помеѓу 350 и 700 евра, ...
Добивај вести на Viber Аргентинската валута пезос достигна ново најниско ниво во однос на американскиот долар, откако изгуби неверојатни 99,8 oтсто од својата вредност од 2009 година. Овој драматичен пад на валутата одразува длабока економска криза што ја потресува земјата со децении, чии последици директно ги чувствуваат милиони Аргентинци, пишува Yahoo Finance. Падот на аргентинскиот пезос на најниско ниво во однос на доларот означува еден ...
Добивај вести на Viber Франција ќе ѝ дозволи на Украина да произведе француски ракети. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција ќе ѝ дозволи на Украина да произведува француски крстосувачки ракети, прецизни наведувани бомби и пресретнувачки ракети за воздушна одбрана. „Порано денес, претседателот Зеленски и јас се согласивме за мапа на патот меѓу нашите две земји, спроведувајќи го она што беше договорено во принцип ...
Добивај вести на Viber Македонец се обидел да убие Србин на брод во Медулин. Според полицискиот извештај, мажот е осомничен дека зел нож и замавнал кон главата и стомакот на 48-годишникот на 13 јули околу 2:30 часот наутро додека се возеле на брод. За да спречи повреда на стомакот, нападнатиот маж ја кренал раката и бил полесно повреден. По завршувањето на кривичната истрага, осомничениот утрово беше приведен во притворската единица на ...
Добивај вести на Viber Концертна сезона за различни генерации публика Летната концертна сезона е осмислена како музичка програма што ги поврзува различните генерации публика, од младите кои живеат динамично, дигитално и во чекор со своите интереси, до клиентите кои уживаат во музика блиска до нивниот вкус, навики и очекувања. Дел од концертите се наменети за NLB Next генерацијата, за која музиката, дружењата, патувањата и новите ...
Добивај вести на Viber Лично добив покана за Бугарија да учествува во „Коалицијата на волните“ од претседателот Макрон, но ние не учествуваме во коалиција која инсистира на континуирана финансиска и воена помош за Украина. Ова го изјави премиерот Румен Радев пред бугарските новинари во Париз пред традиционалната воена парада по повод францускиот национален празник. Ние не ја даваме оваа (помош – ур.) затоа што верувам дека решението за овој ...
Добивај вести на Viber Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска, изрекувајќи ѝ единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Судот ја прогласи Димитровска за виновна за оддавање службена тајна, за што ѝ утврди казна затвор од осум ...
Добивај вести на Viber Во Министерството за правда денеска беше извршено примопредавање на министерската функција, при што новоименуваниот министер за правда, Јетон Шасивари, ја презеде должноста од досегашниот министер Игор Филков. Како што информираат од Министерството за правда, Шасивари истакнал дека ќе работи посветено, одговорно и транспарентно, со фокус на унапредување на владеењето на правото, зајакнување на независноста, ...
Добивај вести на Viber Со зголемувањето на возбудата пред спортското лето, компанијата Самсунг ( „Samsung“) денес откри статистика што покажува колку енергија е заштедена од потрошувачите користејќи го екосистемот SmartThings Energy и апаратите со вештачка интелигенција (AI Energy Mode). Поврзаните домаќинства остваруваат мерливи заштеди на енергија во нивните секојдневни рутини. Само во Македонија, корисниците на апарати со вештачка ...
Добивај вести на Viber Две лица од скопско биле приведени по инцидент во Старата скопска чаршија, каде што 60-годишен маж репетирал огнено оружје кон 36-годишник и неговото семејство. Според МВР, настанот се случил на 13 јули околу 12:40 часот. Осомничениот им упатил закани и се обидел да ги нападне. Полициски службеници од СВР Скопје околу 13:30 часот ги лишиле од слобода А.Х. на возраст од 60 години и И.Х. на возраст од 27 години, двајцата ...
Добивај вести на Viber Основниот Кривичен суд Скопје го ослободи од обвинение поранешниот премиер Никола Груевски за случајот "Талир 2", за пречекорување на службени овластувања и противправно финансирање на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Судијката Даниела Алексовска, во објава на пресудата изјави дека за овој случај треба да се имаат предвид измените на КЗ од 2023, а со кои настапи и измена на обвинението. -Иако беа ...
Добивај вести на Viber Шведскиот производител на телекомуникациска опрема Ericsson денес објави дека остварил нето добивка од 4,1 милијарди шведски круни (околу 370 милиони евра) во вториот квартал од 2026 година, што е за 12 проценти помалку во однос на истиот период минатата година. Приходите на компанијата се намалија за шест проценти на годишно ниво, на 52,7 милијарди круни (околу 4,8 милијарди евра), се додава во соопштението. ...
Добивај вести на Viber Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Осомничениот 30 – годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во ...
Добивај вести на Viber Бројот на понуди доставени на обновениот тендер за набавка на автобуси, како и податоците за тоа колку понудувачи се од Македонија, а колку од странство, ќе бидат познати по завршувањето на првичната евалуација. Министерот за транспорт Александар Николоски денеска изјави дека тендерот завршил во понеделникот и оти постапката во моментов ја разгледува посебна комисија. „Обновениот тендер заврши во понеделникот и сега е ...
Добивај вести на Viber Домашната е-трговија продолжува да расте: 156 милиони евра потрошени кај македонските е-продавници во првиот квартал од 2026, се вели во соопштението од АЕТМ. Вредност на реализирани онлајн трансакции Според најновите податоци на НБРСМ за трансакции на места на продажба за е-трговија (без трансакциите со електронски пари), во првиот квартал од 2026 година вкупната вредност на онлајн трансакциите достигнала 16,355.96 ...
Добивај вести на Viber Некои уметници не ја градат својата препознатливост со нагласеност, туку со доследност, мерка и тивка сигурност. Nakadia е токму такво име — присутно, прецизно и доволно суверено за да не мора ништо дополнително да докажува. Нејзиното гостување на 18 јули во Rebel, Охрид затоа звучи како внимателно избран летен момент: настан што не ветува само енергија, туку и вкус, стил и музичка зрелост. Родена во Тајланд, а ...
Добивај вести на Viber Некои животни одлуки не се мерат со квадрати, адреси или удобности, туку со мирот што го чувствуваме кога конечно ќе го пронајдеме своето место под сонцето. Додека многумина сонуваат за живот во градската врева, Ивана и Мики Бојковски го направија токму спротивното – го напуштија станот од 50 квадрати во Куманово и ја претворија старата семејна викендичка во топол дом, сместен во прегратките на природата, во селото ...
Добивај вести на Viber Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички лица, управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик. Како што се наведува во соопштението на Финаниска полиција првопријавениот Д.П. во својство на ...
Добивај вести на Viber Законските измени од денес стапуваат на сила со новите, построги правила за управување со електрични тротинети. Според измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата., електричен тротинет ќе може да управува само лице кое има наполнето 18 години, наместо досегашните 14 години. Максималната дозволена брзина е ограничена на 20 km/h на велосипедски патеки и ленти, додека на тротоари, пешачки и мешани патеки ...
Добивај вести на Viber Европската комесарка за проширување, Марта Кос, изјави дека денеска е „Супер вторник“ за проширувањето на Европската Унија, поради одржувањето пристапни конференции со четири земји кандидати во ист ден. Кос на платформата „Икс“ објави дека за првпат по повеќе од 20 години се одржуваат толку пристапни конференции во еден ден. На денешните конференции учествуваат Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија. „Нашите ...
Добивај вести на Viber Основниот граѓански суд Скопје донесе пресуда во случајот Орце Тодоровски против поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, и Град Скопје, за клевета и навреда. Судот делумно го усвои тужбеното барање на Тодоровски, поранешен висок функционер на ВМРО‑ДПМНЕ и актуелен помошник‑генерален директор во МРТВ, утврдувајќи дека Арсовска на прес-конференција на 6 декември 2022 година изнела невистинити тврдења кои ...
Добивај вести на Viber На расправата за реконструкцијата на Владата, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, говореше и за порастот на смртните случаи на работните места, при што го опомена премиерот Христијан Мицкоски велејќи му: „Не се смејте, за смртни случаи ви зборувам!” По говорот на Амар Мециновиш, пратеникот од Левица Сашко Јанчев побара пауза со цел спикерот Африм Гаши да воведе ред, а бидејќи, како што истакна тој, од владејачкото ...
Добивај вести на Viber Вчера унгарскиот парламент го усвои 17-тиот амандман на Уставот, кој, меѓу другото, ќе овозможи прекинување на мандатот на актуелниот претседател на Унгарија, Тамаш Шуљок, еден ден по стапувањето во сила на амандманите, а унгарскиот премиер Петер Маѓар оцени дека ова е важен чекор во, како што изјави, враќањето на уставниот поредок и реформата на државните институции. 139 пратеници гласаа за измени на Уставот, шест беа ...
Добивај вести на Viber На 13.07.2026 во 23:30 часот на Градскиот плоштад во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од Тетово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ во црквата „Св. Богородица“ во Тетово. Тој, истиот ден околу 21:10 часот, одзел пари и предмети од црквата. Известен е јавен обвинител и во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи, со ...
Добивај вести на Viber ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ се соочува со сериозни финансиски проблеми, застарен и нефункционален возен парк, спорни вработувања и слабости во управувањето со имотот, покажува ревизијата на работењето на претпријатието за 2024 година. Државниот завод за ревизија дал неповолно мислење за финансиските извештаи и за усогласеноста на работењето со законските прописи. Еден од најголемите проблеми е состојбата со ...
Добивај вести на Viber Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ќе поддржи закон со кој ќе се воведат царини до 500% за земјите што увезуваат руска нафта и гас. Целта е да се прекине еден од главните извори на финансирање за долготрајната војна меѓу Русија и Украина, изјавија во петокот група американски сенатори. Законот, предложен минатата година од сенаторот Линдзи Греам, веќе ја доби поддршката од повеќе од 80 сенатори, но е ...
Добивај вести на Viber Премиерот Христијан Мицкоски се извини за инцидентите во Собранието, изразувајќи надеж дека вакви настани повеќе нема да се повторуваат. Изјавата следи по протестот на пратеничките групи на СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците, кои ја напуштија седницата поради навредите упатени од кандидатот за министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ кон пратениците Фатмир Битиќи и Митко Трајчулески. Координаторот на СДСМ, ...