Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Добивај вести на Viber Вчера унгарскиот парламент го усвои 17-тиот амандман на Уставот, кој, меѓу другото, ќе овозможи прекинување на мандатот на актуелниот претседател на Унгарија, Тамаш Шуљок, еден ден по стапувањето во сила на амандманите, а унгарскиот премиер Петер Маѓар оцени дека ова е важен чекор во, како што изјави, враќањето на уставниот поредок и реформата на државните институции. 139 пратеници гласаа за измени на Уставот, шест беа ...
Добивај вести на Viber На 13.07.2026 во 23:30 часот на Градскиот плоштад во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од Тетово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ во црквата „Св. Богородица“ во Тетово. Тој, истиот ден околу 21:10 часот, одзел пари и предмети од црквата. Известен е јавен обвинител и во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи, со ...
Добивај вести на Viber ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ се соочува со сериозни финансиски проблеми, застарен и нефункционален возен парк, спорни вработувања и слабости во управувањето со имотот, покажува ревизијата на работењето на претпријатието за 2024 година. Државниот завод за ревизија дал неповолно мислење за финансиските извештаи и за усогласеноста на работењето со законските прописи. Еден од најголемите проблеми е состојбата со ...
Добивај вести на Viber Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ќе поддржи закон со кој ќе се воведат царини до 500% за земјите што увезуваат руска нафта и гас. Целта е да се прекине еден од главните извори на финансирање за долготрајната војна меѓу Русија и Украина, изјавија во петокот група американски сенатори. Законот, предложен минатата година од сенаторот Линдзи Греам, веќе ја доби поддршката од повеќе од 80 сенатори, но е ...
Добивај вести на Viber Премиерот Христијан Мицкоски се извини за инцидентите во Собранието, изразувајќи надеж дека вакви настани повеќе нема да се повторуваат. Изјавата следи по протестот на пратеничките групи на СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците, кои ја напуштија седницата поради навредите упатени од кандидатот за министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ кон пратениците Фатмир Битиќи и Митко Трајчулески. Координаторот на СДСМ, ...
Добивај вести на Viber Американските акции паднаа откако претседателот Доналд Трамп објави дека повторно воведува, како што рече, блокада на иранскиот превоз низ Ормутскиот теснец, додека цената на суровата нафта „Брент“ скокна за 84 долари за барел, а фјучерсите на американската сурова нафта „Западен Тексас интермедијар“ се искачија на 79 долари. S&P 500 изгуби 0,7%, додека Nasdaq Composite падна за 1,5%. Индексот Dow Jones се намали ...
Добивај вести на Viber Молдавија и Македонија се приклучија на „Коалицијата на волјата“ за време на состанокот што се одржа во Франција, каде учествуваа 40 земји. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најави дека следниот состанок на Коалицијата ќе се одржи во Украина. Реакција пристигна од професорката Билјана Ванковска. Таа вели дека некој во наше име и во име на нашите млади дал збор дека ќе се бори со Русија и по цена на жртви. ...
Добивај вести на Viber Економистите предупредуваат дека временскиот феномен познат како „супер“ Ел Нињо би можел да предизвика сериозен пораст на глобалните цени на храната оваа година, чии последици би можеле да се почувствуваат до 2028 година. Бидејќи конфликтот на Блискиот Исток дополнително ги зголемува цените на храната низ целиот свет, аналитичарите предупредуваат дека синџирите на снабдување се соочуваат со двоен удар од ...
Добивај вести на Viber Фирмата Џови Компани, во сопственост на Ацо Божинов, таткото на градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов, добива договори за јавни набавки во соседните општини Струмица и Босилово. На 4 јуни е објавен договор со Џови Компани од страна на Општина Босилово во вредност од околу 750.000 евра за „Изградба на фекална канализација во Моноспитово (втора фаза)“. Тоа е најголемиот тендер што досега овој изведувач го има ...
Добивај вести на Viber Приватните готвачи заработуваат до 300.000 долари годишно, додека батлерите можат да заработат и до 180.000 долари, бидејќи богатите вработуваат повеќе домашни работници за да управуваат со нивните сè посложени животи, покажува нова студија. Побарувачката за готвачи, лични асистенти, батлери, дадилки, домаќинки, возачи и управители на имот достигна рекордни нивоа, бидејќи богатите купуваат повеќе домови на различни ...
Добивај вести на Viber Над 700.000 луѓе во земјава лани не барале работа од различни причини, некои поради мајчинство, некои поради нарушено здравје, семејни причини, грижа за друго лице, влегување во пензија или сметаат дека нема слободни работни места. Меѓу нив доминираат жените. Во Македонија според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС) лани работа не барале 721.010 луѓе. Мажи се 283.344, а жени се 437.666 луѓе. Од нив 436.163 ...
Добивај вести на Viber Новите правила за правата на патниците во воздушниот сообраќај во Европската Унија, коои што вчера беа официјално одобрени од министрите на земјите-членки на ЕУ, ќе донесат дополнителни права за семејствата што патуваат, патниците со попреченост и лицата со намалена подвижност. Според нив, децата помлади од 14 години ќе имаат право да седат до своите родители во авионот без да мора да плаќаат дополнителна такса за ...
Добивај вести на Viber По децении кога возачите знаеја само за црвено, жолто и зелено светло, европските градови наскоро би можеле да добијат сосема ново светло. Станува збор за бело светло на семафор, кое треба да овозможи поефикасно управување со сообраќајот во ерата на автономни возила и паметна инфраструктура. Првите тестови на оваа технологија би можеле да се спроведат во Рим, кој се споменува како еден од првите европски градови каде ...
Добивај вести на Viber „Пријателите од Тирана“ овој пат донесоа вистински инвестиции во Грција , пишува Прототема. Неодамнешното соопштение на Конкорд Груп, голема албанска бизнис група со различни активности во сопственост на семејството Дулакос, за купување на хотелски комплекс со четири ѕвездички во грчка сопственост во северен Крф означува значајна пресвртница во односите меѓу двете земји. Тоа е првата официјална, во форма на аквизиција ...
Добивај вести на Viber Собранието синоќа ги избра новите министри во рамки на реконструкцијата на Владата, предложена од премиерот Христијан Мицкоски, која беше на дневен ред на 112. собраниска седница. Сите министри беа избрани со 69 гласа „за“, без ниту еден воздржан и против. Ѓоко Велковски нов министер за социјална политика, демографија и млади Досегашниот заменик-министер за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко ...
Добивај вести на Viber Во периодот од 13 јули до 20 јули во Македонија без најава за изразен топлотен бран кој би ни донесол екстремно високи температури на воздухот. Многу топлото, до екстремно топлоте време се задржува во западна и во југозападна Европа со многу високи до екстремно високи температури на воздухот, објави метеорологот Славчо Попоски. „До среда (15 јули) без најава за некоја нестабилност и за врнежи во Македонија, што значи ...
Добивај вести на Viber Собранието вечерва со 69 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, ја изгласа реконструкцијата на владиниот кабинет. Ова е распределбата на новите министри по ресори кои ја добија поддршката од 69 пратеници: Јетон Шасивари – нов министер за правда; Агон Ферати – нов министер за односи меѓу заедниците; Борче Серафимовски – нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство; Сашо Клековски – нов ...
Добивај вести на Viber ПРЕМИЕРОТ ВЕЛИ ДЕКА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ВЛАДАТА НОСИ НОВА ЕНЕРГИЈА Премиерот Христијан Мицкоски очекува по реконструкцијата на Владата, новите министри да донесат нова енергија, ново темпо и уште поголема одговорност во извршната власт. „За нови министри предлагам луѓе кои доаѓаат со различни професионални искуства, но со иста обврска – да работат чесно, одговорно и со чувство дека секој ден што ќе го поминат на ...
Добивај вести на Viber Пратениците од СДСМ, Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Алијанса за Албанците ја напуштија денешната собраниска седница за реконструкција на Владата, откако немаше јавно извинување за навредливото однесување на предложениот министер Иван Стоиљковиќ кон опозициските пратеници. Одлуката следеше по втората пауза и координацијата на пратеничките групи, на која опозицијата побарала претседателот на Собранието, Африм ...
Добивај вести на Viber Уште еден противник на рускиот претседател Владимир Путин е уапсен во Москва. Борис Надеждин – кој објави дека, како претседател на Русија, веднаш ќе ја запре војната во Украина и ќе ги нормализира односите со западните земји – е уапсен откако неодамна беше прогласен за „странски агент“. Тој се подготвуваше за парламентарните избори во септември. Патем, Надеждин беше означен како „странски агент“ минатата недела; таа ...
Добивај вести на Viber Голем пожар изби кај познатото албанското одморалиште Химара. Огнот се шири во областа Љаман, во атарот на познатото одморалиште Химара, на југот на Албанија. Во гаснењето на огнот вклучени се противпожарни возила од неколку соседни градови, припадници на полицијата и армијата. Засега нема пријава за повредени лица или загрозени домови. Според Националната агенција за цивилна заштита само во последните дваесет дена ...
Добивај вести на Viber Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Собранието го нарече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи дека е фрустриран и мизогин лик, откако тој на седницата за реконструкцијата на Владата ја критикуваше работата на премиерот. Битиќи рече дека нема никакви економски резултатите, процесот на евроинтеграции е закочен и Владата не прави ништо по тоа прашање, како и дека во земјава владее авторитарен режим. „Човек кој што е полн ...
Добивај вести на Viber Водоводна цевка ja поплави противпожарната единица во Прилеп. Дефект на водоводниот цевковод на улицата „Леце Котески“ утрово предизвика поплавување на дворот и дел од објектите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) во Прилеп. Екипи на ЈКП „Водовод и канализација“ и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од раните утрински часови се на терен и интензивно работат на лоцирање и санирање на проблемот. ...
Добивај вести на Viber Австралиската рударска компанија „Мидл Ајленд Рисорсис“ (ASX: MDI) ги објави конечните резултати од втората фаза од истражувачко дупчење на проектот Бобија во близина на Љубовија, кои потврдуваат постоење на плиток систем богат со злато, сребро и обоени метали, кој моментално покрива површина од дури 80.000 квадратни метри. Компанијата наведува дека втората фаза од дупчењето, која вклучувала 17 бунари со вкупна должина ...
Добивај вести на Viber Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Франција и Европа се подготвени да ја бранат „слободата и правдата“ дури и по цена на крвопролевање, доколку е потребно, пренесе агенцијата Франс-прес. „Европа станува сила. Пораката што ја испраќаме до светот е оваа: да, мирот е наша цел, но ние ја цениме слободата и правдата. И секогаш сме подготвени да се бориме за да ги одбраниме; доколку е потребно, ...
Добивај вести на Viber Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека САД ја преземаат контролата врз Ормуска Теснина и ќе наплаќаат за заштита на мореузот. „Ќе станеме чувари на теснецот. Можеби тоа ќе го наречеме ангел чувар на Ормуска Теснина. И треба да ни биде платено за тоа“, истакна Трамп. Според него, САД ќе добие многу пари. „Ќе ни биде надоместено бидејќи другите земји се многу богати. Тие се на наша ...
Добивај вести на Viber Сè почестите и интензивни топлотни бранови сериозно влијаат врз производството на пармезан, едно од најпознатите италијански сирења, загрозувајќи ја индустријата вредна околу 4,5 милијарди евра годишно. Високите температури го намалуваат производството на млеко, ги зголемуваат трошоците за електрична енергија и го отежнуваат производството на сирење, кое се произведува во италијанскиот регион Емилија-Ромања повеќе од ...
Добивај вести на Viber Сместувањето на Јадранското Море поскапе во последниве години, а почетокот на Ултра фестивалот донесе дополнителен скок на цените на сместувањето во Сплит. Долгорочното изнајмување станови стана речиси недостапно за локалните жители, особено по цени кои не се премногу високи. Прашањето повеќе не е дали може да се најде сместување, туку колку гостите ќе треба да платат за него. 700 евра за стан без клима и без интернет. ...
Добивај вести на Viber Основното јавно обвинителство и СВР Куманово преземаат мерки за расчистување на случајот со врсничко насилство, откако денеска на социјалните мрежи беше објавена видеоснимка на која се гледа физички напад врз девојче. Шефицата на Основното јавно обвинителство Куманово, Теута Бедиу – Рамадани, за МИА изјави дека веднаш по објавувањето на снимката е отворен предмет и се постапува по итна постапка. „Случајот ќе се работи ...
Добивај вести на Viber Бранот украински напади врз руската енергетска инфраструктура го турна обемот на рафинирање на сурова нафта во Русија на најниско ниво за повеќе од 21 година, продлабочувајќи го недостигот на гориво на домашниот пазар и дополнително интензивирајќи го притисокот врз глобалниот пазар на нафтени деривати. Според EA Analytics, руските рафинерии овој месец преработувале просечно 3,91 милиони барели сурова нафта дневно, што ...