Добивај вести на Viber Обединетите Арапски Емирати(ОАЕ) ќе ја забрзаат изградбата на нафтовод што го заобиколува Ормутскиот теснец, објави Канцеларијата за односи со јавноста во Абу Даби. „Принцот на ОАЕ, Халед бин Мухамед бин Зајед претседаваше со состанокот на Извршниот комитет на Одборот на директори на Државната нафтена компанија во Абу Даби, каде што беше дискутирано за ажурирањето на новиот проект за нафтовод „Запад-Исток“, кој треба ...

Добивај вести на Viber На листата на најпросперитетните земји во светот, Европа зазеде 30 од 40-те водечки места. Според Индексот на просперитет на Атлантскиот совет за 2026 година, најпросперитетните земји во светот најчесто успеваат да ја комбинираат економската сила со високиот животен стандард. Во исто време, САД се рангирани на 38-мо место во генералниот пласман, далеку зад многу помалку развиени економии, што укажува на јаз помеѓу ...

Добивај вести на Viber Eвропската Унија(ЕУ) бележи најголем пад на инвестициите во последната деценија, но Хрватска и Унгарија се издвојуваат од сите. Европските компании сè повеќе ги намалуваат инвестициите поради геополитичка нестабилност, слаба побарувачка и регулаторна несигурност, додека Хрватска и Унгарија се издвојуваат како земји со највисоки стапки на инвестиции во ЕУ. Европските компании сè повеќе ги задржуваат инвестициите, а ...

Добивај вести на Viber Oд Авалон информираат дека официјално е распродаден целиот капацитет на Арена „Тодор Проески“. Велат дека продадени се 50.000 влезници во помалку од 12 часа. „Повеќе од 250.000 луѓе! , голем дел од нив во ист момент, се приклучија на avalonbooking.mk, што предизвика потешкотии при логирањето и купувањето влезници кај дел од корисниците, земајќи предвид дека побарувачката евидентно го надмина капацитетот и бројот на ...

Добивај вести на Viber Ирачките власти се обратиле до Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во врска со финансиска помош за конфликтот на Блискиот Исток, објави Ројтерс во четврток, повикувајќи се на неименуван извор близок до ММФ. Првите разговори беа одржани минатиот месец за време на пролетниот состанок на ММФ и Светската банка во Вашингтон, а преговорите за износот на финансирање што му е потребен на Ирак и структурата на потенцијалниот ...

Добивај вести на Viber Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска изјави дека полицијата ќе постапи во рамките на своите надлежности доколку се преземат потребните процесни чекори во врска со информациите од ФБИ дека двајца македонски државјани се бараат во САД за измама и кражба на идентитет, а се наоѓаат во Македонија. „Во овој момент не можам да споделам повеќе детали од она што излезе во рамките на медиумите. Во секој случај ...

Добивај вести на Viber Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се скара со новинар. Тој се впушти во кавга со новинар на „Њујорк тајмс“ за време на разговор со медиумите во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“. Трамп се налути откако доби прашање за американската воена кампања против Иран. Инцидентот се случил кога новинарот Дејвид Сангер констатирал дека 38-дневното бомбардирање на Иран, кое го спроведоа САД и Израел, не довело до ...

Добивај вести на Viber Случај на врсничко насилство е регистриран во Прилеп. Ѓ.Р.(36) од Прилеп во четвртокот пријавил во ОВР Прилеп дека пред околу две недели соученици го нападнале неговото дете на час по физичко образование. Еден од врсниците настанот го снимал со телефон. Неодамна во Ѓорче Петров имаше случај каде девојчиња малтретирале и снимале друго девојче. Во иднина, родителите на учениците кои ќе бидат инволвирани во насилство во ...

Добивај вести на Viber Министерството за внатрешни работи Панче Тошковски размислува за порестриктивни мерки за електричните тротинети. Тошковски денеска најави законски измени во иднина, но без конкретни детали. „Не можам сега да навлегувам во детали дали ќе станува збор за ограничување до 18 или до 16 години, дали ќе одиме со забрани или со порегулиран систем, но во секој случај, јасно е дека на ова поле се потребни законски измени со цел ...

Добивај вести на Viber Седумгодишно девојче било нападнато од куче со сопственик на детско игралиште во скопски Карпош, информира Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен вчера вечер во СВР Скопје од страна на мајката на девојчето. Според пријавата, нападот се случил околу 15 часот на детско игралиште на подрачјето на Карпош. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Целото соопштение од ...

Добивај вести на Viber Операторот на македонскиот преносен гасоводен систем НОМАГАС го објавил тендерот за избор на проектант и на изведувач на интерконективниот гасовод кон Србија, објави Нова Македонија. Инвестицијата, со вкупна вредност од околу 29,6 милиони евра само за делот поврзан во Македонија, се обезбедува од сопствени средства. -Со изборот на проектант и изведувач, се навлегува во фазата во која проектот преминува од политичка и ...

Добивај вести на Viber A1 Македонија заедно со Министерството за внатрешни работи денеска и официјално ја претставија националната општествено одговорна кампања „Одговорно со технологијата“, насочена кон подигнување на јавната свест за ризиците од неодговорно користење мобилен телефон и дигитална дистракција во сообраќајот. Кампањата отвора важна и актуелна тема – одговорноста на сите учесници во сообраќајот при користење на технологијата, ...

Добивај вести на Viber АД ЕСМ најостро и во целост ги отфрла наводите изнесени во денешното соопштение на политичката партија Левица. - Станува збор за крајно невистинити, лажни и тенденциозни конструкции кои немаат допирна точка со реалноста, туку служат исклучиво за евтин политички маркетинг и манипулација со јавноста. Најмногу зачудува фактот што Левица, во својата желба за собирање политички поени, си зема за право веќе да го ...

Добивај вести на Viber Родителот ќе биде казнет со 250 евра за секое насилство сторено од детето, но и кога родителите ќе одбијат да соработуваат со училиштето - рече Јаневска. Родителите на учениците кои ќе бидат инволвирани во насилство во училиштата ќе може да бидат казнети со 250 евра, најави министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Ваквата мерка е предвидена со измените на Законот за основно образование, кои се подготвуваат ...

Добивај вести на Viber Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од 10 до 20 мај спроведува контроли во сите синџир-маркети. Ако утврди дека има зголемувања на маржите, ќе бидат преземени соодветни мерки - соопшти денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Како што рече Дурмиши, 30 тима се на терен, а неофицијално, од информациите по првите четири дена од почетокот на надзорите, забележано е одредено поевтинување кај овошјето и ...

Добивај вести на Viber АД Тетекс преку Македонска берза извести дека акционерот Димитри Трповски се стекна со над 5 отсто од вкупниот број акции со право на глас издадени од Друштвото. „Во моментот акционерот поседува 22.064 акции што претставува 5,33% од вкупниот број издадени акции, односно 5,68% од акциите со право на глас“, објави Тетекс. Инаку Трповски е член на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, од минатата година со нов мандат од ...

Добивај вести на Viber Со развивање иновации базирани врз наука и нивна примена, глобалните компании може да еволуираат надвор од застарените структури и да изградат портфолија подготвени за иднината. Овие глобални знаења треба да се искористат на локално ниво за да се откријат иновативни пристапи за поддршка на локалните приоритети во конкретните земји, истакна Тамара Миловановиќ, генерален директор за Југоисточна Европа во Филип Морис ...

Добивај вести на Viber Комисијата за заразни болести одржа седница со цел разгледување на состојбата со појавата на кластер на хантавирус - варијанта андес во светски рамки и оцени дека во нашата држава е низок ризикот од појава и ширење на вирусот. Здравствениот систем е подготвен за справување со евентуална појава на инфекцијата - соопшти Министерството за здравство. Институтот за јавно здравје, како што се посочува, располага со реагенси ...

Добивај вести на Viber Висок е процентот на корупција во државата и приоритетот ни е сега таа работа. Не се остварија драматичните најави дека брзо ќе бидат подобрени процентите на инфлацијата, изјави денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески пред почетокот на конфедерацијата "Бизнис со интегритет". Азески предупреди дека евентуалното зголемување на инфлацијата може да предизвика катастрофални последици поради на ...

Добивај вести на Viber Во период кога довербата, стандардите и транспарентноста се клучни во развојот на современата фармацевтска индустрија, „Реплек“ одбележува уште еден значаен јубилеј. Компанијата заокружува 10 години од почетокот на сопственото производство и развој на производи на база на медицински канабис, со што уште во 2016 година стана пионер на домашниот пазар, но и еден од првите регионални играчи. По цела деценија, „Реплек“ ...

Добивај вести на Viber Нова финансиска помош ќе им биде доделена на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии, за што се обезбедени 11 милиони и 340 илјади денари, или околу 184 илјади евра, објави денеска Министерството за економија и труд. Како што посочи министерот Бесар Дурмиши, веќе е објавен јавен повик, со кој во план е да се кофинансираат 40 отсто од докажаните трошоци за набавка на нови машини и алати, но не повеќе од 200 ...

Добивај вести на Viber Вчера во 16:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Коце Металец“ во Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(20) од Скопје, удрило во велосипед управуван од 13-годишник од Скопје. „ Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а возачот А.П. е лишен од слобода ...

Добивај вести на Viber Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска соопшти дека неколку земји поднеле барање за приклучување кон БРИКС, но оти не се не брза со проширувањето на членството, бидејќи бројот членки последните години двојно се зголемил. „Постојат конкретни барања за полноправно членство. Мислам дека нема смисла тоа јавно да се дискутира“, рече Лавров на прес-конференцијата одржана во рамки на Самитот на БРИКС ...

Добивај вести на Viber Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 15 мај 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 118,89 евра/mwh, додека на MEMO цената е 83,18 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 79,31 евра за мегават час, а на MEMO 18,65 евра. Цена на Storage MAX, индекс ...

Добивај вести на Viber Европските берзански индекси денеска главно се во минус, цената на нафтата Брент порасна над 107 долари за барел, а на берзите повторно завладеа страв поради растот на инфлацијата во Соединетите Американски Држави. Индексот на производствени цени во САД во април порасна за 1,4 проценти на месечно ниво, што е највисок раст од март 2022 година, додека годишната инфлација достигна шест проценти, пренесува CNBC. Претходно ...

Добивај вести на Viber Додека економскиот раст на еврозоната сериозно забавува, одделни европски земји бележат значително подобри резултати. Три економии најбрзо растат во ЕУ, благодарение на силната домашна потрошувачка, инвестициите и европските фондови, но истовремено се соочуваат со инфлација, енергетски притисоци и фискални предизвици. Економскиот раст на еврозоната продолжува да разочарува. Според втората проценка на Евростат, ...

Добивај вести на Viber Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го напушта Пекинг,, откако заврши историската посета на Кина. Имено кинескиот лидер Си Џинпинг го пречека американскиот претседател на „домашен терен“, а Трамп рече дека „многу различни проблеми“ се решени, но сè уште не се објавени суштински договори за клучните прашања што влијаат на нивните соперништва. Во однос на војната со Иран, Трамп посочи дека тој и Си разговарале ...

Добивај вести на Viber Владата донесе одлука за отворање Амбасада на Македонија во Литванија, со седиште во Вилнус, на предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Од Владата информираат дека воспоставувањето постојано резидентно дипломатско присуство во Вилнус треба да придонесе за зајакнување на директниот политички дијалог меѓу двете земји, поефикасно застапување на националните интереси и унапредување на ...

Добивај вести на Viber Во рамките на кампањата за поттикнување на читачките вредности и навики кај децата, „Читањето е супермоќ“, издавачката куќа „Арс Ламина“ распишува конкурс за суперчитатели од основните училишта. Во периодот од 14 до 22 мај 2026 година, на адресата libi@arslamina.com се очекуваат номинациите од училиштата за тројца ученици кои во учебната 2025/2026 година се истакнале како суперчитатели, односно покажуваат најголем ...

Добивај вести на Viber Теона Ана Георгиевска, ученичка во IV година во ПСУ „Јахја Ќемал“ во Скопје, испиша значајна страница во македонската наука. Со освоениот бронзен медал на престижната Менделеева олимпијада по хемија, таа стана првата девојка од Македонија што освоила медал на ова натпреварување, носејќи ѝ на земјата успех кој има и лично, и национално, и симболично значење. Во конкуренција на најдобрите млади хемичари од светот, Теона ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
46%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
46%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
44%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.17
65%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Цинк

0.00

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59