Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Добивај вести на Viber Подметнат е пожар на депонијата во близина на градот Радовиш, а во неа бил уништен булдожер, објави заменик директорот на Македонски шуми, Кире Михаилов. Пожарот иако вчера еднаш бил изгаснат, повторно се активирал, или повторно бил поттикнат, поради што се уште е активен, и според Михаилов не се знае кога точно ќе биде целосно ставен под контрола бидејќи горат отпадни материјали. Во текот на вчерашниот ден, беше ...
Добивај вести на Viber На аеродромот во Сплит денеска попладне се случил инцидент кога авион на компанијата „Кроација ерлајнс“ излетал од пистата за време на полетување. Станува збор за авион Ербас А220-300, со регистрациски број 9A-CAN, кој требало да го реализира редовниот меѓународен лет OU412 на релација Сплит – Франкфурт. Според информациите што ги потврдија од Аеродромот Сплит, инцидентот се случил околу 13:30 часот. Авионот, од засега ...
Добивај вести на Viber Светската здравствена организација потврди нова епидемија на ебола во североисточната провинција Итури во Демократска Република Конго, каде лабораториски се потврдени 13 случаи на болеста. Потврдата доаѓа по анализи спроведени во Националниот институт за биомедицински истражувања во Киншаса. Според СЗО, првиот сигнал за сомнителни случаи бил добиен на 5 мај, по што тимови биле испратени во Итури за поддршка на ...
Добивај вести на Viber Состојбата во стопанството засега е стабилна, нема физички недостиг на нафтени деривати, но, ако високите цени се задржат подолг период, ризикот е тие да се прелеат во поголеми трошоци за стопанството, инфлациски притисоци, послаба ликвидност и поголема неизвесност во инвестициите. Ова го посочи претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески во телевизиско госутување на емисијата „Бизнис 21“. Според ...
Добивај вести на Viber Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски соопшти дека обвинителите Ислам Абази и Катерина Коларевиќ намерно ги изоставиле извештаите на Државниот завод за ревизија (ДЗР) во случајот поврзан со набавка на мазут за ТЕЦ „Неготино“. На денешната прес-конференција тој рече дека дека во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) постапува селективно и не ги зема предвид релевантните ...
Добивај вести на Viber Иако агроклиматските услови најавуваат добра земјоделска сезона во Србија, повисоките приноси на жито, овошје и зеленчук сами по себе не се доволен услов за пад на цените на храната на рафтовите. На патот од нива до трпеза во цената на храната се вградуваат сè поскапи енергенси, минерални ѓубрива, но и нефер трговски практики, односно неповолен откуп на примарните земјоделски производи, пишува „Блиц“. За да се избегнат ...
Добивај вести на Viber Продолжува доизградбата на булеварот „Борис Трајковски“, еден од значајните инфраструктурни проекти за подобрување на сообраќајната поврзаност и квалитетот на живот на граѓаните кои гравитираат кон населбата Драчево и околните населени места, во Општина Кисела Вода. Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски најавува дека работите на булеварот, согласно динамиката на работа, би требало да завршат порано од ...
Добивај вести на Viber Додека во Унгарија започнува истрага за огромниот договор на Орбановата влада со компанијата 4iG (1,3 трилиони форинти), во Македонија Мицкоски и неговата криминална група продолжуваат да молчат, стои во соопштението на СДСМ испратено до медиумите. - Се сеќавате ли дека Мицкоски одеше туристички во Давос каде имаше само еден состанок? Се сретна токму со претставниците на 4iG? Имаше уште еден состонок, за мигранти, ...
Добивај вести на Viber Како амбасадорка на Women Political Leaders, министерката Сања Божиновска ја поставува темата за жените во енергетиката како прашање на лидерство, одлучување и праведна транзиција. Енергетиката долго време се доживуваше како сектор на тешка индустрија, инфраструктура и технички професии во кои жените ретко беа видливи во првите редови. Но, зелената транзиција ја менува таа слика, а со тоа сè погласно се отвора и ...
Добивај вести на Viber Поради најавените врнежи и од безбедносни причини, дел од дневната програма на Виноскоп се преместува за утре. Денешната програма продолжува попладне во Градски парк. Од 17:00 часот настапува DJ Bela, во 19:30 часот публиката ќе има можност да ужива во настапот на Мијата, од 21:30 часот следува Оркестар Дива, а вечерта ќе ја заокружат Ивана Карајан, Филип Карајановски и Пасио бенд, со настап од 23:30 часот. Утре, ...
Добивај вести на Viber Просечните плати значително се разликуваат низ Европа, исто како и трошоците за живот. Најновите споредби покажуваат дека највисоки плати имаат земјите од западна и северна Европа, додека најниски примања се бележат во делови од источна и јужна Европа. Според податоците на Евростат за 2023 година, просечната месечна приспособена бруто-плата за вработен со полно работно време во Европската Унија се движела од 1.125 евра ...
Добивај вести на Viber Незаштитени косини, непредвидени клучки и натпатници при изградбата на патот Кичево-Охрид, незавршена експропријација, дисклокација на објекти и водови на делниците Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани ... се само дел од проблемите со кои се соочила Владата по преземањето на надлежностите. Оттогаш, велат надлежните, напорно и интензивно се работи на решавање на проблемите со косините и свлечиштата за што ќе се градат ...
Добивај вести на Viber Длабоко под Алпите, огромни машини за копање тунели си пробиваат пат низ планинскиот масив. На преминот Бренер се гради најдолгиот железнички тунел во светот – инженерско ремек-дело создадено во Европа. Штајнах ам Бренер е алпско село во Тирол и едно од најголемите градилишта во Европа. Токму таму се гради Бренерскиот базен тунел, кој ќе ја поврзе Австрија со Италија и ќе биде клучна алка во трансевропскиот железнички ...
Добивај вести на Viber Во Општина Ѓорче Петров се одржа промотивен настан на проектот „Риконект Скопје“ (REConnect Skopje), посветен на развојот на локални енергетски заедници и поттикнување на граѓанското учество во енергетската транзиција. Настанот го отвори градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, г. Александар Стојковски, кој го истакна значењето на локалната поддршка во процесите на енергетска транзиција. „Ова не се само проекти за ...
Добивај вести на Viber Шефот на Јавното обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази со полна пареа си одработува за челното место на кое го ставија СДС и ДУИ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ испратено до медиумите. - кадар на Али Ахмети, Зоран Заев, Венко Филипче, Абази ги спасува од одговорност криминалците во редовите на СДС и ДУИ, па така донесе одлука за стопирање на постапката за случајот „Мазут“ за ...
Добивај вести на Viber Акциите на Волстрит паднаа во петокот, предводени од загубите кај технолошките компании и растот на приносите на американските државни обврзници, по завршувањето на самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг. Инвеститорите останаа загрижени поради недостигот од поголем политички напредок. Индексот S&P 500 падна за 1,24 отсто, на 7.408,50 поени, додека Nasdaq Composite се ...
Добивај вести на Viber Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговата претстојна одлука за понатамошната продажба на оружје на Тајван е ефикасно средство за притисок врз Пекинг, јавува ДПА. Трамп рече дека засега го остава договорот за продажба на оружје, вреден 14 милијарди долари, да лебди во воздух, иако тој е веќе одобрен од американскиот Конгрес, пренесе германската агенција. „Зависи од Кина“, изјави Трамп за ...
Добивај вести на Viber Извршниот директор на „Нвидија“, Џенсен Хуанг, чие богатство се проценува на околу 200 милијарди долари, неодамна беше прашан за предлогот во Калифорнија за воведување данок на богатство, кој вознемири дел од американските милијардери. Неговиот одговор беше смирен: дека тоа е во ред и дека никогаш сериозно не размислувал за проблемот. Во САД растат тензиите околу обидите на демократски водени сојузни држави и градови ...
Добивај вести на Viber Американскиот „Боинг“ ќе ја оствари својата прва голема продажба на Кина по речиси 10 години, со нарачка од 200 авиони, објави американскиот претседател Доналд Трамп пред новинарите во претседателскиот авион „Ер форс ван“, на враќање од самитот со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг. Тој укажа оти Кина изразила подготвеност да купи до 750 авиони „Боинг“ како дел од договорот постигнат на самитот, пренесува АП. ...
Добивај вести на Viber Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји изјави дека Пекинг смета оти САД „ѝ придаваат значење на загриженоста на Кина“ во врска со Тајван, по неодамнешните разговори меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг. За време на средбата почувствувавме дека американската страна го разбира ставот на Кина и ѝ придава значење на кинеската загриженост и, како и меѓународната ...
Добивај вести на Viber Во текот на денешниот ден територијата на Македонија ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност. Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд, појава на грмежи и со засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време (над 30 литри на метар квадратен) силен ветер (над ...
Добивај вести на Viber - Еве што учат децата во учебникот за петто одделение по Македонски јазик за учениците од другите заедници. Каде се ушите и носот? После Албанците се криви што „не знаат доволно македонски“, а во учебникот носот завршува меѓу нозете - напиша Бленди Ходаи на својот Фејбук профил. Еве ја неговата објава. Инаку Бленди Ходаи е граѓански активист., и тој е еден од основачите на Форумот за образовни промени (ФОП), ...
Добивај вести на Viber ЕСМ ИЗНЕСЕ СПРОТИВЕН СТАВ ОД ТОЈ НА КОЛАРЕВИЌ АД ЕСМ најостро и во целост ги отфрла наводите изнесени во денешното соопштение на политичката партија Левица. - Станува збор за крајно невистинити, лажни и тенденциозни конструкции кои немаат допирна точка со реалноста, туку служат исклучиво за евтин политички маркетинг и манипулација со јавноста. Најмногу зачудува фактот што Левица, во својата желба за собирање политички ...
Добивај вести на Viber Унгарија ги затвора вратите за работници од земји што не се во Европската Унија(ЕУ). „Нема да дозволиме странски работници да им ги земаат работните места на Унгарците и да ги намалуваат платите“, стои во програмата на Тиса. Центристичката партија Тиса на премиерот Петер Маѓар, која победи на изборите во април најави дека мерката има цел да ги заштити работните места и платите на унгарските граѓани. Добивај вести на ...
Добивај вести на Viber Лани такси-превозот во државата го користеле вкупно 18.449.000 патници, според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Статистичкиот преглед потврдува дека огромното мнозинство од граѓаните ги користеле овие услуги за секојдневни урбани потреби, при што дури 16.964.000 патници се превезени во градскиот сообраќај, додека во меѓуградскиот такси-превоз се регистрирани 1.485.000 патници. За реализација ...
Добивај вести на Viber Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека во моментов би им советувал на своите деца да не живеат или учат во Соединетите Aмерикански Држави(САД) поради ненадејните промени во општеството и ограничените можности, дури и за високообразованите. Мерц додаде дека луѓето се премногу склони да размислуваат за состојбата во светот во „режим на катастрофа“, повикувајќи ги Германците да бидат попозитивни во врска со ...
Добивај вести на Viber Тековната војна ја турка глобалната економија кон полоша ситуација. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупреди дека континуираните нарушувања поврзани со војната на Блискиот Исток ризикуваат да резултираат со помал раст и повисока инфлација низ целиот свет. Најновите проекции на организацијата, објавени во април, предвидуваат глобален раст ограничен на 3,1 процент оваа година поради конфликтот и блокадата на ...
Добивај вести на Viber Извозот на нафта од Норвешка достигна рекордно ниво во април поради блокадата на Ормутскиот теснец. Извозот на стока од Норвешка нагло се зголеми во април, поттикнат од рекордниот извоз на сурова нафта во услови на повисоки глобални цени на нафтата поврзани со тензиите на Блискиот Исток и блокадата на Ормутскиот теснец, покажаа официјалните податоци објавени во петок, објави Анадолу. Норвешката статистика објави дека ...
Добивај вести на Viber Златото е под притисок. Зајакнувањето на доларот ја намалува цената на благородниот метал. Цената на златото продолжи да паѓа четврти ден по ред, а аналитичарите предупредуваат дека пазарот останува под силен притисок поради зајакнувањето на американскиот долар и очекувањата за поагресивна монетарна политика од Федералните резерви на САД. Според анализата на „FXStreet“, златото (XAU/USD) моментално се движи околу ...
Добивај вести на Viber Војната „удри“ и на кафето, а тензиите околу Ормутскиот теснец влијаат на италијанските компании. Од една страна, тензиите во Црвеното Море и Ормутскиот теснец го продолжија времето на транспорт и ги зголемија трошоците за логистика до Европа, додека секторот сега се соочува и со недостиг на суровини од Бразил и Виетнам, земји кои сочинуваат повеќе од половина од светското производство и се погодени од „екстремни ...