Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Добивај вести на Viber Доколку сте сопственик на две или три возила, а живеете во Општина Центар, за паркирање на второ и трето возило ќе треба добро да го испразните паричникот. Имено, според соопштението од општината, се воведува нов систем за паркирање, кој, според надлежните треба да го подобри распределувањето на ограничениот јавен простор и олеснување на пристапот до паркинг за жителите. Па така, за прво возило плаќањето останува ...
Добивај вести на Viber Европските берзи денес се соочуваат со пад на индексите, додека растот на цената на нафтата и движењата на робните пазари создаваат дополнителен притисок врз инвеститорите. Цената на нафтата Brent ја надмина психолошката граница од 110 долари за барел, што претставува раст од 1,9%. Според податоците од светските берзи во 9 часот наутро, цената на суровата нафта се зголемила за 2,32%, достигнувајќи над 107 долари за ...
Добивај вести на Viber Под мотото „Сите на Водно!“, викендов се одржа 14-тото издание на спортската манифестација „Sparkasse LIFE Прв до врв“, која и оваа година го претвори Водно во најголемата спортско-рекреативна сцена во земјата. Со повеќе од 4.500 учесници од Македонија и од странство, настанот уште еднаш ја потврди својата позиција како најмасовно организирано планинско искачување во регионот и еден од најзначајните спортски настани на ...
Добивај вести на Viber Со новитетите што REHAU ги претстави на Frontale 2026, водечкиот светски саем за прозорци, врати и фасади, ARTEVO ја зацврстува својата позиција на пазарот како повеќе од прозорски систем, односно како современ концепт што ги спојува дизајнот, енергетската ефикасност и комфорот во домот. ARTEVO од REHAU влегува во нова фаза на развој како решение за современиот дом. На саемот Frontale 2026, REHAU го претстави развојот ...
Добивај вести на Viber Маја Сивагнанам ќе го наследи Метју Лосон како нова амбасадорка на Велика Британија во Скопје и тоа ќе биде нејзина прва таква функција, соопшти амбасадата на Велика Британија. „Г-ѓа Маја Сивагнанам е назначена за амбасадор на Неговото Височество во Република Северна Македонија, наследувајќи го г-дин Метју Лосон, и ќе ја преземе својата должност во текот на август 2026 година“, објави амбасадата на Велика Британија во ...
Добивај вести на Viber Љубовта кон професијата честопати го одредува нашиот животен пат. А понекогаш само една одлука знае да те однесе на местото каде што не си знаел дека припаѓаш. Озлем Озшајлан е Турчинка, за многумина позната на социјалните мрежи како Ozi the Expat е жена чиј кариерен пат ја донел во Македонија. Таа е инструкторка по танго, наставник по танц и заедно со нејзиниот партнер Бурак имаат отворено своја танцова школа во ...
Добивај вести на Viber Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ ја известува јавноста дека продолжува акцијата за отплата на заостанатите долгови за потрошена вода без пресметка на камата. Акцијата важи за сите корисници кои имаат тужен или редовен долг, а рокот за искористување на можноста за плаќање на рати без камата истекува на 05.06.2026 година. -Оваа можност не важи за органите на државната и локалната власт, како и за ...
Добивај вести на Viber Во рамки на дискусијата за реформа на германскиот пензиски систем, се појави предлог дека правото на полна пензија повеќе не би се одредувало според возраста, туку според 45 години уплатени придонеси. Економистот Јенс Зудекум, советник на германскиот министер за финансии Ларс Клингбајл, објаснува дека ова во пракса би значело дека дел од работниците со академско образование би можеле да одат во полна пензија дури на 75 ...
Добивај вести на Viber Црна Гора мора да воведе визи за граѓаните на пет земји, вклучувајќи ги Русија и Турција, најдоцна до септември, иако тие минатата година генерирале 3,4 милиони ноќевања и придонеле за 320 милиони евра во локалната економија. Економијата бара имплементација на едноставен електронски систем за визи. Министерството ќе распише тендер за развој на информациски систем за следење на бројот на гости и нивната регистрација до ...
Добивај вести на Viber Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за српскиот портал Nova.rs изнесе серија тешки обвинувања на адреса на премиерот Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и структури кои, според него, се поврзани со Виктор Орбан и Александар Вучиќ. Филипче тврди дека СДСМ веќе подолго време укажува на постоење политичко-финансиска мрежа која ги поврзува Орбан, Вучиќ и Мицкоски, а која, според него, се протега низ медиумите, ...
Добивај вести на Viber Европската централна банка ја привршува постапката за редизајн на евробанкнотите, а конечната одлука за тоа како ќе изгледаат парите што ќе се користат во иднина се очекува во текот на оваа година. Процесот започна кон крајот на 2021 година и сега влегува во завршна фаза. Во избор се две теми – „Европска култура“ и „Реки и птици“. Преку нив треба да се дефинира новиот визуелен идентитет на евробанкнотите, кои во оптек ...
Добивај вести на Viber Куба ќе го искористи правото на самоодбрана во случај на воен напад од страна на Соединети Американски Држави, соопшти кубанското Министерство за надворешни работи. Заменик-министерот за надворешни работи, Карлос Фернандес де Косио, преку платформата „Икс“ оцени дека „антикубанската кампања“, која според него има цел да оправда евентуален воен напад врз Куба, се засилува со „се поапсурдни обвинувања“. „САД се ...
Добивај вести на Viber Нафтата, или „црното злато“, е еден од темелите на модерната цивилизација. Таа е енергент што ги обликуваше индустријата, транспортот и меѓународните односи. Нејзиниот пат – од првите ограничени примени во древните времиња до статусот на клучен стратешки ресурс во 21 век – е обележан со технолошки иновации, економски подеми и падови, но и со војни, политички уцени и дипломатски игри. Денешниот момент, со кризите околу ...
Добивај вести на Viber Македонија во 2025 година произвела 6.123 GWh електрична енергија, што е само 6 GWh помалку во споредба со 2024 година, кога домашното производство изнесувало 6.129 GWh. Според податоците во Годишниот извештај на Регулаторна комисија за енергетика, најниско производство во последната деценија било регистрирано во 2020 година со 5.128 GWh, додека рекордно производство имало во 2023 година со 6.553 GWh. Во споредба со ...
Добивај вести на Viber Со либерализацијата на пазарот на гас во Македонија се појавија нови играчи, кои засега немаат големо учество во пазарната структура, но имаат значајно поголеми резултати и поважни улоги во однос на ситуацијата од претходните години. Во извештајот на Регуилаторната комисија за енергетика за 2025 може да се види дека на пазарот на мало до крајните потрошувачи лани стандардно доминирал Макпетрол и неговата фирма=ќерка ...
Добивај вести на Viber Ексклузивниот воз „Golden Eagle Luxury Trains“, кој сообраќа на рутата од Венеција до Истанбул, деновиве помина низ Сараево и Мостар, нудејќи им на патниците приватни апартмани, ресторани и атмосфера што потсетува на златното доба на железничките патувања. Луксузниот воз со приватни кабини, ресторани и барови, кој наликува на легендарниот „Ориент експрес“ и на времето кога патувањето со воз било симбол на елеганција, ...
Добивај вести на Viber Летувањето во Грција и оваа сезона останува најчестиот избор за македонските семејства, особено за оние кои патуваат со автомобил и бараат сместување во Халкидики, Пиерија, Тасос или околината на Солун. Но, прашањето што најмногу ги интересира граѓаните е едно: колку навистина чини седумдневен одмор за четиричлено семејство? Ако се земе како пример семејство од двајца возрасни и две деца, кое патува со сопствен ...
Добивај вести на Viber Претседателот на Нова Република, Ивон Величковски, во објава на Фејсбук оцени дека, доколку СДСМ не ја поддржува иницијативата за уставни амандмани, постојат и други уставни можности за нивно предлагање. Според него, една од опциите е амандманите да ги поднесе претседателката Гордана Силјановска-Давкова, а друга можност е иницијативата да биде покрената со потписи од 150.000 граѓани. -Штом СДСМ не ја поддржува ...
Добивај вести на Viber Првпат во историјата Бугарија победи на Евровизија. Еуфоријата е огромна, социјалните мрежи се преплавени со пораки на гордост, а на улиците во Софија веќе се слушаат сирени од автомобили. Бугарската претставничка Дара ја однесе победата со песната „Bangaranga“ и предизвика вистински „бум“ низ Европа. Нејзината победа значи само едно – следната година, во 2027, Бугарија ќе биде домаќин на Евровизија. Но, додека Дара го ...
Добивај вести на Viber Системот „Сејф сити“ ќе добие нови функционалности и во следниот период ќе опфаќа поголем број сообраќајни прекршоци, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според него, целта на проширувањето е поголема безбедност во сообраќајот и поефикасно откривање на прекршителите. Тошковски посочи дека системот веќе не се користи само за регистрирање на брзо возење, туку и за други прекршоци во сообраќајот. -И ...
Добивај вести на Viber До самиот крај на мај 2026 година не се очекува поголемо затоплување на времето кое би донело летни температури, ниту стабилизација на атмосферата, најавува метеорологот Славчо Попоски преку објава на „Метео Аларм“. Според неговата прогноза, и во следниот период ќе продолжи променливото време, со услови за локални врнежи, грмежи и повремена појава на временски непогоди. Попоски посочува дека засега нема најави за ...
Добивај вести на Viber покрај тоа што вработените во Центарот кои ги вршеле овие незаконски дејанија, по покрената постапка од Јавното обвинителство и по признание на ВИНА за несовесно работење во службата и биле задолжени да платат по 18.000 денари - истите не само што продолжиле со работа, туку и натаму продолжува злоупотребата на системот“. - Ова отвора сомнежи дека станува збор за поширока мрежа на злоупотреби и покажува дека или не ...
Добивај вести на Viber Норвешкиот извоз на стоки во април достигна 176,7 милијарди норвешки круни, односно околу 18,9 милијарди долари, што претставува раст од 20,9 отсто во споредба со истиот месец минатата година, соопшти Статистичкиот завод на Норвешка. Главна причина за ваквиот раст е поскапувањето на нафтата, предизвикано од конфликтот на Блискиот Исток и блокадата на Ормускиот Теснец. - Судирот на Блискиот Исток и блокадата на ...
Добивај вести на Viber Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи, по информацијата дека била спроведена евакуација во трговскиот центар „Ист Гејт“. - Во СВР Скопје нема дојава за поставени експлозивни направи во било кој трговски центар - се наведува во информацијата на МВР. Претходно денеска трговскиот центар „Ист гејт“ беше за кратко евакуиран. Како што објавија дел од ...
Добивај вести на Viber Пазарната вредност на Nvidia достигна 5,7 билиони долари и го надмина проектираниот бруто-домашен производ на Германија, најголемата европска економија. Според проценките на Меѓународниот монетарен фонд, БДП на Германија за 2026 година изнесува 5,45 билиони долари, додека Nvidia во средината на мај достигна пазарна капитализација од 5,7 билиони долари. Со тоа американскиот производител на чипови, чии процесори се ...
Добивај вести на Viber Во пресрет на туристичката сезона на Јадранот владее голема побарувачка за сезонски работници, особено во угостителството и туризмот. Според проценките од Хрватска, оваа година во туризмот и угостителството ќе бидат потребни околу 70.000 сезонски работници, што е приближно 5.000 повеќе од минатата година. Слична е состојбата и во Црна Гора, каде Стопанската комора проценува дека за сезоната ќе бидат потребни околу ...
Добивај вести на Viber Причината за инцидентот и излетувањето на авионот Airbus A220 на „Кроација ерлајнс“ од пистата во Сплит допрва треба да ја утврдат истражителите. Според анализите на снимката од несреќата, која прво се појави на специјализирани профили што ја следат авијацијата, а потоа во целосна резолуција ја објави „Нова ТВ“ во Дневникот, се гледа дека авионот се лизнал налево при нагло сопирање по откажување на полетувањето. Од ...
Добивај вести на Viber Снег среде мај го побеле Копаоник, каде што снег со слаб интензитет почнал да паѓа минатата ноќ, на 16 мај. Денеска, 17 мај 2026 година, во Србија времето е постудено, со посилни врнежи, дожд и пљускови. На планините во јужна Србија пак вее снег, јавуваат медиумите од соседството. На Копаоник температурата е два степени, а маглата ја намалува видливоста на 200 метри, јави Танјуг. Највисоката дневна температура во Србија ...
Добивај вести на Viber Опозиционерите од „Левица“ не стивнуваат со критиките кон владините претставници и кон колацијата по одлуката за поместување на објектите за игри на среќа најмалку на 500 метри одалеченост од основните училишта. Пратеничката од редовите на Левица, Јована Мојсоска денеска потсетува на некогашна изјава на Изет Меџити, градоначалникот на Чаир. - Да се потсетиме на изјавите од Изет Меџити во 2023 година дека "оддалеченост ...
Добивај вести на Viber По објавата дека е уапсен млад дечко од село Бојане, чиј татко пријавил дека тој убил друго момче од истото село, попладнево се огласија и од Основното јавно обвинителство. Од ОЈО посочуваат дека во тек е истрагата, која треба да утврди во какви околности се случило убиството, но, поради ризик од бегство побарано е од судијата на претходна постапка да определи 48 часовен притво. - Во однос на убиството на 18-годишно ...