Од Универзална Инвестициона Банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека претседателот на Управниот одбор (УО) на Банката, Милка Тодорова на 27.02.2026 година до Надзорниот одбор на Банката, поднела барање за престанок на функцијата. Тодорова ќе продолжи да ја извршува функцијата претседател на УО во наредните три месеци, до 31.05.2026 година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Реизбрани членови на НО на Уни Банка Дејан Кнезовиќ именуван за член на ...

Откако министерот за правда Игор Филков ги повика Советот на јавни обвинители и Судскиот совет да проверат дали има пропуст за куќниот притвор за бегалецот Артан Груби, поранешен прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, се огласија од Советот на јавни обвинители. Од таму информираа дека во оваа фаза од постапката немале надлежност за надзор врз постапувањето на обвинителите. Предметен јавен обвинител за ...

Бегалецот Артан Груби, поранешен прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците бил во опасносот од ликвидација од познат криминалец, а македонските власти за тоа дознале од странска служба објави телевизијата 24. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ МВР и АНБ процениле дека Груби не бил безбеден во Шутка, се правдаат од Обвинителството за куќниот притвор Како што објави телевизијата станува збор за три службени белешки кои по автоматизам ...

Дритон Сулејмани, портпарол на владејачката коалиција Вреди ќе биде нов заменик-министер за образование и наука, а поранешниот портпарол на Државната изборна комисија, Адмир Шабани, нов заменик-министер за одбрана. Предлогот е испратен до македонското Собрание, а според најавите за нив пратениците треба да се гласаат следната недела. Дритон Сулејмани, портпарол на владејачката коалиција Вреди ќе биде нов заменик-министер за образование и ...

Индексот на страв и алчност на крипто-пазарот е индикатор што го мери расположението на инвеститорите на пазарот на криптовалути на скала од 0 до 100. Тој е адаптација на индексот за страв и алчност кој првично бил развиен за берзанските пазари, а денес служи како брз показател дали пазарот е воден повеќе од страв или од алчност. Вредност од 0 до 24 означува екстремен страв, што најчесто е поврзано со панична продажба и можност средствата да ...

Aтлантик Група во 2025 година оствари приходи од продажбата во износ од 1,19 милијарди евра, што во однос на претходната година претставува раст од 10,2 проценти. Благодарение на одличните продажни резултати, компанијата успеа да оствари повисока профитабилност, и покрај сè уште рекордно високите цени на суровото кафе и какао, како и континуираните вложувања во вработените и клучните проекти. Добивката пред камати, даноци и амортизација ...

Струмичко поле АД Василево лани остварило загуба од 1.993.943 денари, што е намалување за 86% во однос на загубата во 2024 година, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Во овој период Друштвото има приходи од 85.653.364 денари, кои се помали за 14%, споредено со претходната година и расходи од 109.147.703, кои се помали за 20%. Струмичко поле АД Василево лани остварило загуба од 1.993.943 денари, што е намалување за 86% во однос на ...

Сигурносно стакло АД Прилеп лани остварило загуба од 6.047.000 денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Претходната година загубата била 3.779.000 денари. Во овој период Друштвото има оперативни приходи од 7.518.000 денари, кои се намалени споредено со претходната година кога биле 13.017.000 денари. Расходите изнесуваат 11.953.000 денари и истите се намалени споредено со 2024 година кога биле 15.600.000 денари. Фото: Унсплеш ...

Бизнис-планот на Алкалоид АД Скопје за 2026 година, донесен со одлука на Управниот одбор на седницата одржана на 29.12.2025 година, предвидува инвестирање на околу 8% од консолидираните приходи од продажби во материјални и во нематеријални средства, раст од 7% на консолидираните продажби во однос на реализираните во 2025 година, како и раст од 7% на консолидираниот профит во однос на 2025 година, информираа од таму. -Бизнис-планот за 2026 ...

Од Европската комисија (ЕК) информираа дека ќе побараат одобрение од Европскиот совет за отворање преговори со земји од Западен Балкан за укинување на роамингот, а оваа се однесува и на Македонија. Откако ќе добие овластување, ЕК за укинувањето на роамингот ќе преговара посебно со секоја од шестте земји од Западен Балкан. Укинувањето на роамингот ќе значи дека за повици и текстуални пораки низ целата Европска унија (ЕУ) ќе плаќаме како да сме ...

Рокот за завршување на автопатот Кичево-Охрид е пролонгиран до 31. мај, 2027 година, наместо до декември 20206 година, како што беше најавено. Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и изведувачот кинески „Синохидро“ ќе потпишат нов анекс на Договорот, а кинеската компанија ќе добие дополнителни 186 милиони евра. Дополнителните пари се за активностите што беа најавени за стабилизација на свлечишта со изградба на 14 галерии, поставување ...

Со свечена церемонија на поставување камен-темелник, Lidl официјално ја започна изградбата на уште еден маркет во земјава. Овој продажен објект ќе биде лоциран во Гевгелија и е прв маркет на Lidl во оваа општина, како дел од долгорочниот инвестициски план на компанијата во Македонија. Маркетот во Гевгелија ќе се протега на површина од 2.356 квадратни метри, со продажен простор од 1.507 квадратни метри. Дополнителна придобивка за купувачите ќе ...

Македонски Телеком ja заврши 2025 година со раст во сите сегменти, финансиски раст и големи инвестиции во развојот на инфраструктурата, информираат од таму. -Ова е резултат на конзистентниот раст во текот на целата година и следење на стратегијата за најдобра мрежа и врвно корисничко искуство, велат од таму. Вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот на годината изнесуваат 2.860 милиони денари наспроти 2.296 милиони денари на крајот од ...

Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кичево поднесе нова кривична пријава против Фатмир Дехари (52) од кичевското село Србица, кој е поранешен градоначалник на Општина Кичево, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР). Истата ја заработи поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Со кривичната се опфатени и Б.К. (46) од кичевското село Аранѓел поради постоење ...

Полицаец од службата за обезбедување во македонското Собрание заработи кривична пријава оти возел без положен возачки испит, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР). Тој бил фатен како го управува негово лично возило „бмв“ во центарот на Скопје. Станува збор за лицето А.Б, а како што информираат од МВР, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднел кривична за него до Основното јавно ...

Од Основниот кривичен суд Скопје информираа дека е одобрен обвинителниот акт за 13. полициски службеници за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани. Истиот на крајот на јануари беше поднесен од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а тие се товарат за кривичното дело “тешки дела против општата сигурност“. Останува уште предметот да биде распределен преку Автоматизираниот систем за управување ...

Од Основниот кривичен суд Скопје денеска информираа дека е одобрен обвинителниот акт за злоупотребите со програмата ИПАРД. Со истиот се опфатени пет физички лица, кои се товарат за повеќе кривични дела – давање поткуп, давање награда за противзаконито влијание, примање награда за противзаконито влијание и примање поткуп. Дел од обвинителниот акт е и обвинителен предлог против четири физички и едно правно лице. Предметот преку Автоматизираниот ...

Мода АД Свети Николе лани остварила добивка од 3.932.808 денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Во овој период Друштвото остварило приходи од 290.497.285 денари. Расходите пак изнесуваат 284.181.506 денари. Приходите се зголемени за 4%, а расходите од работење за 0,9%, велат од таму. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ „Мода“ од Свети Николе со намалена загуба во првите девет месеци Мода АД Свети Николе лани остварила добивка од 3.932.808 денари, ...

Министерот за транспорт Александар Николоски информираше дека за две години се отворени 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа. „Аеродромите во државата со се поголем број на патници стануваат лидери во регионот,“ вели Николоски. Лидер во регионот за сега е аеродромот во Тирана, Албанија. Фото: Unsplash Министерот за транспорт Александар Николоски информираше дека за две години се отворени 22 нови рути кои ја поврзуваат ...

Од фирмата за производство на медицински канабис „Грин лајф“, лоцирана во валандовското село Јосифово е одземен еден тон марихуана. Информацијата за државната агенција МИА ја потврдија од Министерството за внатрешни работи. „Грин лајф“ е една од шесте фирми од овој бизнис на кои Владата деновиве им ја одзеде лиценцата за работа. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Шест компании останаа без лиценца за производство на канабис за медицински цели Ексклузивно: Кои се ...

Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – декември 2025 година продажбите на Алкалоид АД Скопје достигнуваат 13.837.976.447 денари, што е за 3% повеќе во споредба со истиот период од минатата година, информираат од таму. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 20.899.116.085 денари, што е за 10% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени ...

Алкалоид АД Скопје лани инвестирал во основни средства 1.112.882 илјади денари или 18 милиони евра, информира компанијата. -Во согласност со долгорочната развојна стратегија, односно со 20-годишниот инвестициски развоен план, во последните неколку години се изградени нов погон за производство на полуцврсти фармацевтски форми, нов погон за пакување лекови, нов магацински простор за складирање суровини, како и нов погон за производство на ...

Со новата мобилна апликација, ПроКредит Банка воведува едно од најнапредните стандард за брзина, функционалност и целосна контрола на своите финансии, дигитални банкарски решенија на македонскиот пазар. Брзо и лесно управување со сите сметки Користењето на сметките во банка сега е полесно од кога било. Нема потреба од посета на филијала или чекање на шалтер. Новата апликација овозможува единствена можност за управување преку еден профил, ...

ЕВН Македонија, на настан во организација на Стопанската комора „Револуцијата во образованието – моќта на дуалното образование во Македонија“, беше признаена како прва компанија вклучена во дуалното образование во земјата, информираат од таму. Признанието му беше врачено на раководителот на Одделот за човечки ресурси и организација, Фисник Осеку, од страна на претседателот на Комората, Бранко Азески. На настанот присуствуваше и министерката ...

Нема да има линеарно зголемување на пензиите за 1.000 денари од март годинава за македонските пензионери кои престојуваат надвор од земјава. Уставниот суд денеска не поведе постапка за измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување кои се однесуваат на нерезидентните пензионери. За уставноста на овие законски измени поради наводна дискриминација и повреда на стекнатите права, беа поднесени пет инцијативи до Судот. Се работи за околу ...

Акциите на Алкалоид АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на Берзата. Цената на акцијата во периодот јануари – декември 2025 година се движеше од 24.000 до 31.099 денари или просечно 27.468,23 денари за една акција, што претставува раст од 22,76 % во споредба со просечната цена на акцијата во истиот период од 2024 година. ...

Ветекс АД Велес лани остварил добивка по оданочување од 18.072.000 денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Во овој период Друштвото има вкупни приходи од 369.000.283 денари и истите бележат намалување од 15% споредено со претходната година. Расходите пак изнесуваат 348.976.610 денари, и се на исто ниво споредено со претходната година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Велешки Ветекс со добивка во првите девет месеци Ветекс АД Велес лани остварил ...

Денеска во судницата во затворот Идризово треба да продолжи судењето за трагедијата во Кочани, каде во пожар во т.н. дискотека „Пулс“ загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Судењето треба да продолжи со сослушување на нови сведоци на Основното јавно обвинителство. За трагедијата се обвинети сопственикот на т.н. дискотека, управителите, членовите на обезбедувањето, поранешни градоначалници на Општина Кочани, градежни и пазарни инспектори, ...

Одлуката поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, кој беше во бегство 14 месеци, наместо во затворски да оди во куќен притвор е топ тема во јавноста. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ МВР и АНБ процениле дека Груби не бил безбеден во Шутка, се правдаат од Обвинителството за куќниот притвор Затворскиот притвор му беше одреден додека беше во бегство. Предлогот дојде од Основното јавно обвинителство, а ...

На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ сведочеше Ана Костадиновска, придружен вокал на групата ДНК, која кобната ноќ имаше концерт таму. Таа е редовен професор во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје и не била постојан член на групата. Меѓу друго рече дека никогаш не видела кој ги поставувал и кој ги активирал прскалките, поради кои настана пожарот. Рече и дека со ДНК настапувала последните четири-пет години и дека и на ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.71
30%
1012
weather icon

Белград

33ᴼ / 30ᴼ
3.56
47%
1009
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
0.45
42%
1009
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.25
38%
1012
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.97
34%
1010
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
1.79
50%
1008
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
4.02
53%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
48%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.3
43%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
3.58
38%
1010
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
79%
1011
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
1.08
55%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Калај

53.60

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97