Современ дом АД Прилеп во првите три месеци од годинава остварил нето добивката од 7.379 илјади денари и истата е зголемена за 2% споредбено со претходната година кога изнесувала 7.247 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Остварените вкупни приходи изнесуваат 29.472 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2025 година бележат намалување од 4%. Оперативните приходи се намалени за 3%. -Друштвото во ...

Македонијатурист АД Скопје во првите три месеци од годинава остварила загуба од 21,458 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Лани во истиот период Друштвото имаше добивка по оданочување од 37,197 милиони денари. -Оваа разлика се должи на отсуството на повисоките останати оперативни приходи кои беа присутни во истиот период во 2025 година, а кои беа резултат на остварени капитални добивки и беа од еднократен карактер. ...

ЗК Пелагонија АД Битола во првите три месеци од годинава остварила добивка пред оданочување од 43.230 илјади денари и иста е зголемена за 15% во однос на истиот период лани, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Како што информираат од таму, истата е зголемена поради зголемените оперативни приходи во апсолутен износ од 7.184 илјади денари и капитализираното сопствено производство зголемено во апсолутен износ за 3.915 илјади денари. ...

Аутомакедонија АД Скопје во првите три месеци од годинава остварил поединечна нето добивка од 5,1 милиони денари, која е поголема за 4% од остварената истиот период лани, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Оперативни приходи изнесуваат 113,7 милиони денари, и истите бележат раст од 2%, споредено со лани. -Растот е резултат на зголемен обем на продажба на возила на домашниот пазар, велат од таму. Оперативните расходи изнесуваат 107,3 ...

Европа АД Скопје во првите три месеци од годинава остварила нето добивка од 25.773.449 денари и истата е поголема во однос на претходната година за 72,7%, соопшти Фабриката преку Македонската берза. -Зголемувањето на добивката е како резултат на намалување на вкупните расходи, велат од таму. Друштвото за овој период има вкупни бруто приходи од 247.012.250 денари и истите се намалени за 8,6% споредено со истиот период лани. -Ова намалување е ...

Димко Митрев АД Велес во првите три месеци од годинава остварил нето добивка од 89 илјади денари и истата споредено со истиот период лани е поголема за 10%, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Вкупните приходи изнесуваат 59.304 илјади денари и се поголем за 6%, споредно со истиот период лани. -По структурата на застапеност во вкупните приходи најголемо учество имаат приходите од странскиот пазар и тие учествуваат со 92%, приходите од ...