Кон средината на месецов Папата Лав Четиринаесетти (70) остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп (79), без да го спомене по име, или по функција. „Изјавите за Европа, меѓу кои и во неодамнешните интервјуа, според мене се обид да се уништи она што го сметам за многу важен сојуз денес и во иднина“, рече папата. Сите разбраа на кого мислеше тој. Американски папа и американски претседател во невообичаена политичко-верска ...

Кога деновите стануваат пократки, а надвор е ладно или дождливо, се чувствуваме удобно дома. Соодветното осветлување создава пријатна атмосфера, можеби готвиме нешто вкусно и гледаме серија, филм или играме компјутерски игри. Веројатно се тушираме и потопло и подолго отколку во лето или се капеме. Но, сето ова чини електрична енергија, а со тоа и пари – и колку повеќе електрична енергија користиме, толку повеќе испуштаме јаглерод диоксид ...

Декември 1914 година. Првата светска војна беснее веќе пет месеци. На Западниот фронт се води исцрпувачка рововска војна - од едната страна агресорот, германската армија, а од другата страна армиите на Франција, Белгија и Велика Британија. Фронтот се протега од Ламанш, преку Белгија и Франција, па сè до границата со Швајцарија. Милиони војници се во ровови, од двете страни - понекогаш на само триесет метри оддалеченост. Стаорци, вошки, студ и ...

Линеарното зголемување на пензиите останува. Уставниот суд не донесе одлука за негово укинување поради изедначен резултат во гласањето. Ова прашање беше на дневен ред на денешната седница на судот, но одлука не е донесена. Предметот ќе се разгледува повторно по комплетирање на судискиот состав. „Судот поведе постапка и изрази сомнеж во уставноста на одредби од Законот за пензиско и инвалидско осигурување. На денешната седница гласовите се ...

Македонија засега не планира да ја прифати понудената помош од Бугарија за снабдување со мазут, иако беше воведена седумдневна кризна состојба во енергетиката. Од Владата за „Дојче Веле“ велат дека државата во моментов не се наоѓа во ситуација во која има потреба од ваков тип на помош. Владата уверува: Нема потреба од надворешна помош „Државата не е во фаза на чекање помош од надвор, туку со сите свои расположливи капацитети е во можност да ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за првпат јавно ги презентираше 20-те точки од мировниот план инициран од САД за ставање крај на војната. Според нацртот, предвидени се безбедносни гаранции за Украина по примерот на Член 5 на НАТО - клаузулата за взаемна помош - како и армија од 800.000 војници, како што изјави Зеленски пред новинарите во Киев. Претседателот зборуваше за нацрт-рамковниот документ и ги повтори изјавите од претходниот ...

Владата ќе обезбеди средства за набавка на 100 нови амбулантни возила за јавните здравствени установи во државата. Во план е и решавање на проблемот со паркингот во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Министерот за здравство Азир Алиу информираше преку социјалните мрежи за овие одлуки, а се огласи и коалицијата ВЛЕН, чиј кадар е ресорниот министер. Тие оценија дека со овие одлуки „се нанесува директен удар врз хаосот и ...

Поскапувањето на струјата и прогласувањето на кризна состојба поради недостиг на мазут ја разгореа јавноста и политичката сцена. Левица бара итно замрзнување на цената за домаќинствата, додека СДСМ обвинува за пропусти во набавката на мазут. Во меѓувреме, РКЕ најави нови тарифи од 1 јануари, а ВМРО-ДПМНЕ возврати со остри критики и ветувања за инвестиции. Реакциите следат откако Владата донесе одлука за воведување седумдневна кризна состојба ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во годишното обраќање пред пратениците, повика на национален консензус и побара гаранции за евроинтеграциите. Таа упати повик за обединување околу стратешките цели на државата, нагласувајќи дека евроинтеграциите не се само административен процес, туку политички предизвик кој бара уставни измени и јасни гаранции од Европската Унија и Бугарија. Претседателката на почетокот на својот говор се осврна на ...

Карибите генерално се сметаат за еден од помирните региони во светот. Но, од септември, ескалираат тензиите меѓу САД и левичарската националистичка влада на Венецуела. Американскиот претседател Доналд Трамп нареди бомбардирање на бродови за кои се сомнева дека шверцуваат дрога од Венецуела и запленување на венецуелски нафтени танкери. Во вторникот вечерта, Советот за безбедност на ОН на итен состанок, а на барање на Венецуела, расправаше за ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одржа 55-минутен говор во парламентот, што спаѓа во категоријата подолг говор. Нејзиниот настап е како што рече по четврти пат пред пратениците, но должината покажа дека имала што да каже. Првиот впечаток е дека Претседателката повторно не одолеа да одржи историски час по меѓународно право, веројатно наменет за амбасадорите кои седеа во собраниската галерија, на професорски начин опиша што значи ...

Со Лав Четиринаесетти, Божик во Ватикан ќе го слави нов папа, но божиќните традиции што се омилени кај посетителите и верниците, остануваат непроменети во центарот на Римокатоличката црква. Кога започнуваат прославите? За католиците, периодот од четири недели пред Божик, а со него и очекувањето на Христовото раѓање, оваа година започна на 30 ноември, првата недела од предбожиќните четири седмици, т.н. Адвент. Но, прославите во Ватикан секогаш ...

Постапките на американската армада во Карибите веројатно ќе предизвикаат растечки немири во Венецуела: воените бродови не само што ги таргетираат бродовите за наводен шверц на дрога, туку, од декември 2025 година, и нафтените танкери. Иако експертите имаат различни мислења за улогата на Венецуела во трговијата со дрога, постои согласност за тоа колку е клучен извозот на нафта за јужноамериканската земја: економски уништената Венецуела се ...

Во последната декада тендерите во здравството во Македонија достигнале рекордни вредности, но конкуренцијата меѓу понудувачите останува ограничена. Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, од 2015 до 2024 година вредноста на договорите се зголемила од 135 на 293 милиони евра, додека бројот на фирми пораснал минимално – од 765 на 853 компании. Овој тренд покажува дека зголемената потрошувачка не довела до поширока ...

Изборот на Анита Тополова-Исајловска за вршител на должноста државен јавен обвинител предизвика силни реакции од двете најголеми политички партии во земјата. Опозицискиот СДСМ ја обвини власта дека се обидува да стави целосна контрола врз обвинителството и судството, додека ВМРО-ДПМНЕ најави дека следува период на реформи и воспоставување на неселективна правда. Одлуката на Советот на јавни обвинители доаѓа по неотповикливата оставка на ...

Античките филозофи, особено Сократ и Аристотел, веруваа дека филозофијата започнува со зачуденоста пред светот, пред постоењето, пред битието. Никогаш не би се „запрашале” за смислата на постоењето, доколку претходно не сме се „зачудиле“ поради самиот факт на постоењето. Децата се вистински мајстори во зачуденоста, запрашаноста и восхитеноста од сите нешта во светот, иако не знаат дека со тоа тие веќе го познаваат изворот на таа наука која ...

Советот за безбедност на ОН денеска (23.12) ќе одржи итен состанок за да се разговара за тензиите меѓу Венецуела и САД. Владата во Каракас побара состанок со поддршка на Русија и Кина. Во меѓувреме, реториката на американската влада кон Венецуела станува сè поостра. На прес-конференцијата во понеделникот (22.12), американскиот претседател Доналд Трамп предложи венецуелскиот претседател Николас Мадуро да поднесе оставка: „Целосно зависи од ...

Иако најпознатите работници во празничната сезона се џуџињата од Северниот Пол и курирот што јава ирваси, сепак има уште многу други кои се грижат работата да врви и во последната недела од годината. Некои луѓе што живеат во Европа благословот го добиваат во форма на платени празнични денови. Други пак може да бидат наградени со дополнителни слободни денови во текот на годината во замена за помал број слободни денови за време на празничниот ...

По назначувањето на американскиот специјален пратеник за Гренланд, данскиот министер за надворешни работи Ларс Леке Расмусен најави на ТВ2 дека ќе го свика на разговор американскиот амбасадор Кен Хауери. Претходно, во изјава за новинската агенција АФП, Расмусен ја повика американската влада да го почитува суверенитетот на Данска. Неговата влада инсистира дека „сите - вклучително и САД - мора да покажат почитување на територијалниот интегритет ...

Економско-социјалниот совет денеска не донесе одлука за зголемување на минималната плата. Владата тврди дека не е против зголемување, но инсистира тоа да биде економски оправдано. Според актуелните параметри, нема потреба од интервентно зголемување пред редовното усогласување во март. Министерот за економија Бесар Дурмиши изјави дека инфлацијата во ноември изнесува 0,5%, а на годишно ниво 4%, што укажува на стабилизација на цените. Проекциите ...

Дали САД можеби се стремат да го соборат претседателот на Венецуела, Николас Мадуро? Според неодамнешно интервју објавено во „Венити фер“, одговорот е „да“. Изјавата на Белата куќа што ги засили шпекулациите Интервјуто неделава предизвика внимание, откако шефицата на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Сузи Вајлс, рече дека нејзиниот шеф „сака да продолжи да дига во воздух бродови додека Мадуро тој не почне да моли за ...

Различни оценки го следат петтиот конгрес на Демократската унија за интеграција (ДУИ), за кој партијата оцени дека бил успешен и ја потврдил нејзината висока политичка зрелост и капацитет за длабоко, одржливо и сеопфатно реформско преструктуирање. Реизборот на Али Ахмети и пораката за континуитет „Повторниот избор и реафирмацијата на претседателот, Али Ахмети, претставуваат континуитет, стабилност и сигурно лидерство во реформскиот процес. ...

Советот на јавни обвинители денес едногласно ја избра Анита Тополова-Исајловска за вршител на должноста државен јавен обвинител, по оставката на Љупчо Коцевски. Таа беше единствен кандидат и досега ја извршуваше функцијата заменик државен јавен обвинител. Тополова-Исајловска ќе ја врши функцијата до избор на нов државен јавен обвинител, но не подолго од шест месеци. Зошто дојде до промена? Минатата недела Советот го одложи изборот на в.д. ...

Под притисок од американската јавност и Конгресот, Министерството за правда на САД започна со објавување на истражните досиеја поврзани со случајот на починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епстин. Илјадници документи и фотографии се достапни на веб-страницата на одделот. Меѓу првите прикачени датотеки се делумно редактирани документи од ФБИ. Веб-страницата доживеа голема навала, што го натера Министерството за правда на САД да го ...

Администрацијата на Доналд Трамп започна голема дипломатска промена– речиси 30 кариерни амбасадори се отповикани од своите позиции ширум светот, а на листата е и амбасадорката во Македонија, Анџела Агелер. Потегот има за цел да ја зајакне агендата „Америка на прво место“ и да постави кадар кој целосно ги поддржува приоритетите на претседателот. Кои земји се засегнати од отповикувањето? Како што пренесуваат светските медиуми, повикувајќи се на ...

Зошто млади Германци доброволно заминуваат на фронтот во Украина? Некои сакаат да ја заштитат Европа од руската агресија, други бараат авантура и адреналин. Во оваа статија ги откриваме нивните мотиви, ризиците, процесот на регрутација и реалноста на животот на фронтот. Од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, Украина стана симбол на отпор против авторитаризмот. За дел од младите Германци, оваа борба не е само далечен ...

Најновиот разузнавачки извештај е од септември, изјави едно од шесте лица запознаени со проценките. Според изворот, наодите на САД се совпаѓаат со ставовите на европските влади. „Разузнавачките агенции отсекогаш претпоставувале дека Путин сака повеќе“, оцени демократскиот претставник Мајк Квигли од Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом. Овој став е во спротивност со мировните напори на американската администрација под ...

Побарувачката за клима-уреди расте ширум светот, а сè почесто се користат и за греење. Во Јапонија, Кина, САД и Скандинавија тоа одамна е стандард, бидејќи клима-уредите не само што ладат, туку можат и да загреваат простории. Летно време клима-уредитеја извлекуваат топлината од воздухот во просторијата и ја исфрлаат надвор. Зимно време процесот е обратен: топлината од надворешниот воздух се внесува во домот и се распоредува со вентилатор. ...

Американските сили извршија одмазднички напад против терористичката група Исламска држава во Сирија, според нивните сопствени изјави. Ова е директен одговор на смртоносниот напад врз американските војници на 13 декември, објави американскиот министер за одбрана Пит Хегсет на платформата X. Целта на операцијата „Јастребски напад" била уништување на борците на ИД , инфраструктурата и складиштата за оружје. Во нападот во градот Палмира беа ...

Одлуката на Европската унија да одобри заем од 90 милијарди евра за Украина предизвика бурни реакции низ Европа. Иако целта е да се обезбеди финансиска стабилност на Украина во критичен момент, многумина сметаат дека начинот на кој е постигнат компромисот го нарушува кредибилитетот на ЕУ. Зошто заемот предизвикува контроверзи? Според договорот постигнат во Брисел, средствата ќе бидат обезбедени од буџетот на ЕУ, а не од замрзнатите руски ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1028
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
55%
1027
weather icon

Загреб

11ᴼ / 7ᴼ
0.51
66%
1027
weather icon

Софија

11ᴼ / 6ᴼ
3.6
60%
1029
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.88
56%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.89
81%
1027
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
4.02
63%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
47%
1026
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
54%
1026
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
59%
1031
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 9ᴼ
1.34
55%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
3.6
48%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Алуминиум

3.29

Калај

50.04

Бакар

11.75

Родиум

368126.05

Сребро

2648.90

Кобалт

66.14

Платина

67998.83

Паладиум

51794.85

Рутениум

45750.51

Цинк

3.27

Иридиум

229769.28

Злато

163613.54