„Ние се соочуваме со еден тотално нефункционален противпожарен систем, ако може така да го наречам и доколку го има. Без координација, без функционални институции. Со застарена опрема, застарен возен парк", вели Златко Илијев, претседател на Доброволното противпожарно друштво од Кочани, со кого разговаравме по повод една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“, каде загинаа 63 лица. Илијев, со колеги од друштвото на 16 март лани бил ...

Израел соопшти дека ги ликвидирал иранскиот шеф за безбедност Али Лариџани и командантот Голамреза Солејмани. Израелските власти соопштија дека израелската армија убила двајца високи претставници на иранскиот безбедносен апарат. Според изјавите на израелскиот министер за одбрана Израел Кац и на израелските одбранбени сили, во ноќни воздушни напади биле убиени генералниот секретар на иранскиот Врховен национален совет за безбедност, Али ...

Дали е дојдено времето со закон да се предвиди квалификувано мнозинство за именување на републичкиот јавен обвинител и за избор на членовите на Советот на јавни обвинители во Собранието? Ова прашање го отвори Денис Прешова, вонреден професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, кој смета дека ваквото барање треба да биде дел и од условите на опозицијата за поддршка на новиот Закон за јавното обвинителство, што се носи со ...

Одлуката беше донесена на партискиот Конгрес на ЦДУ во 2018 година. „Германската ЦДУ отфрла коалиции и слични форми на соработка како со Левицата, така и со Алтернатива за Германија“, наведоа своевремено од партијата. Оттогаш се води постојана дебата околу тоа кога е достигнат прагот на соработка. Актуелен случај од Европскиот парламент како никогаш претходно поттикна дебата за т.н. заштитен ѕид. ЕПП и ЕСН заедно за построга миграциска ...

Судирот меѓу раководството на СДСМ и поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, ескалираше и резултираше со иницирање постапка за негово исклучување од партијата. Одлуката на Извршниот одбор доаѓа по серијата јавни критики што Шилегов ги упати кон актуелното раководство и најавите за внатрепартиски промени. Одлуката доаѓа по гостувањето на Шилегов во емисијата „Тема на денот“ на ТВ Сител, каде што тој изјави дека СДСМ кадровски се ...

Има многу, десетици аспекти на војната на САД и Израел против Иран. Во еден текст невозможно е да се објаснат сите. Ќе додадеме повеќе светлина на три. Првиот од нив се однесува на објаснувањето на администрацијата на Доналд Трамп зошто беше покрената оваа војна пред две недели, дали таа воопшто има однапред зададена цел, временска рамка и стратегија како да се води. Трамп на своите прес- конференции, објави на социјалните мрежи и на ...

Американско-израелската војна со Иран што избувна на 28 февруари не започна одеднаш. Конфликтот меѓу САД и Иран се развива со генерации. ДВ објаснува како три клучни настани - пучот од 1953 година, заложничката криза од 1979-81 година и тековниот нуклеарен спор - продолжуваат не само да ја обликуваат политиката и јавното мислење, туку и го отворија патот за војна. ЦИА и пучот Во поголемиот дел од 20 век, Иран и САД негуваа блиски односи. По ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, му порача на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, дека „секој треба да се грижи за институцијата што ја води“, реагирајќи на неговите критики дека законодавниот дом ги игнорира одлуките на Уставниот суд. Тензиите меѓу Гаши и Костадиновски се зголемија откако Собраниетоги проби сите рокови за носење на измените на Кривичниот законик, како и по изјавата на Костадиновски дека нема потреба ...

Христијанските цркви во Германија и во 2025 година се соочија со значителен пад на членството. Според новите статистики на Германската бискупска конференција и Евангелистичката црква во Германија (ЕКД), вкупно околу 1,13 милиони луѓе ја напуштиле Католичката и Евангелистичката црква или починале. Католичката црква изгуби околу 550.000 членови Падот продолжува пред сè поради високите бројки на исписи и смртни случаи. Според податоците на ...

Германската влада решително ги одби повиците на американскиот претседател Доналд Трамп НАТО да се вклучи во обезбедување на Ормускиот Теснец во рамки на блискоисточниот конфликт. „Оваа војна нема врска со НАТО. Ова не е војна на НАТО“, изјави владиниот портпарол Стефан Корнелиус во Берлин, нагласувајќи дека Алијансата е одбранбено сојузништво со јасно определено територијално делување и дека недостасува било каков мандат за нејзино активирање ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) соопшти дека од полноќ следува ново зголемување на цените на горивата, како резултат на растот на берзанските цени на нафтата и континуираното зајакнување на доларот во однос на денарот во изминатите пет дена. Според РКЕ, со одлуките се утврдуваат максималните цени на нафтените деривати, а трговците на големо и мало можат да формираат и пониски цени од ...

Лузните од изгорениците постепено се лекуваат, смртта на 63 млади луѓе останува отворена рана за нивните блиски, а заложбите за „ресетирање на системот“ се сведуваат на отворени критики дека и по една година од трагедијата во Кочани не е сменет ниту еден пропис во однос на условите кои правните субјекти треба да ги исполнат за да добијат лиценци за работа. Кај споменикот на смртта, руинираниот објект во кој до пред една година непречено ...

Дебатата во Европскиот парламент минатата недела јасно покажа дека во врска со Иран на Европа ѝ е тешко да ја преточи загриженоста во влијание. Пратениците се расправаа за тоа како ЕУ треба да реагира на воздушните напади од САД и Израел врз Иран и притоа покажаа колку длабоко е поделена Унијата и нејзините институции по ова прашање. Во Стразбур се прикажа една Европа длабоко погодена од кризата, која сепак не е во состојба да влијае врз неа ...

Во саботата, на 14 март, на возраст од 96 години, почина германскиот филозоф Јирген Хабермас (Jürgen Habermas). За филозофите како мене, чие филозофско мислење уште во поранешна Југославија беше суштински повлијаено од основачите на „Франкфуртската школа“, Теодор В. Адорно и Макс Хоркхајмер, но и од нејзината втора генерација филозофи како Хабермас, Германија е незамислива без неговото присуство. Хабермас не е само симболот на моето ...

Луѓето во Иран живеат во воена зона. Нападите од Израел и САД се чини дека се концентрирани на Техеран, но бомби паѓаат и на многу други места низ целата земја. Нешто пред почетокот на војната, безброј луѓе излегоа на улиците за да демонстрираат против теократскиот режим. Државата брутално постапи против сопственото население, па протестите за слобода и демократија чинеа животи на илјадници Иранци. Уште пред задушувањето на овие протести, ...

Светот е фокусиран на танкерите за нафта и течен гас кои веќе не пловат низ Ормускиот Tеснец поради војната во Иран. На крајот на краиштата, низ мореузот вообичаено се транспортираат околу една петтина од глобалниот извоз на сурова нафта и течен гас од Заливот до остатокот од светот. Сепак, многу почувствителна стока е ѓубривото што помага да се прехрани светот и увозот на храна што ги одржува во живот земјите од Арапскиот Залив, ОАЕ, Катар, ...

Косово од понеделник започнува целосна примена на Законот за странци и Законот за возила, мерки за кои во Приштина велат дека се дел од редовна правна постапка, додека меѓу Србите расте страв дека ќе им го отежнат секојдневието и пристапот до работа, образование и документи. Во Белград, пак, доминира молк. Кога пред три години се преселил од Чачак во Северна Митровица, 26‑годишниот Лука Печенковиќ не ни помислувал дека ќе мора да ја пријавува ...

Еден 15-годишник во Висбаден украл автобус за да помине околу 150 километри до Карлсруе – со намера таму да ја однесе својата девојка на училиште. Како што соопшти полицијата, тинејџерот го украл автобусот во раните утрински часови во петокот од служeбниот простор на едно транспортно претпријатие. Возилото го отворил без употреба на сила и го ставил во погон со генерален клуч. „Како дошол до клучот и зошто бил во состојба толку добро да го ...

Додека Унгарија влегува во последниот месец од предизборната кампања, тензиите меѓу неа и Украина како да достигнуваат нови пикови со секој ден. Владејачката партија Фидес во Унгарија анти-украинските пораки ги направи клучен столб на својата кампања, тврдејќи дека Украина би можела да се меша во изборите, па дури и да ја нападне Унгарија. Од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини унгарскиот премиер Виктор Орбан ...

Од избувнувањето на војната во Иран на 28 февруари, по американско-израелските напади врз различни цели во земјата, многу контакти во Иран не беа достапни, ниту преку телефон, ниту преку интернет. Статистиката од лондонската организација за следење на интернет НетБлокс покажува дека интернет конекцијата е на само околу еден процент од нормалното ниво од крајот на минатиот месец. До некои контакти сè уште може да се дојде преку апликации како ...

Кога Соединетите Американски Држави и Израел го нападнаа Иран, реакцијата не се чекаше долго. Режимот на мулите оттогаш речиси слепо и бесно возвраќа и напаѓа воени и цивилни цели во соседните земји. Иран, исто така, повеќе не сака да дозволи бродови да поминуваат покрај неговиот брег. Ормускиот Теснец, тесното грло во Персискиот Залив преку кое секојдневно се транспортира околу 20 проценти од глобално тргуваната нафта, фактички е затворен. ...

Американските вооружени сили ја нападнаа иранската островска база Харг, клучна за нафтената инфраструктура на Иран, уништувајќи ги сите воени цели на локацијата, соопшти претседателот Доналд Трамп. Тој наведува дека одлуката за воздржување од уништување на нафтената инфраструктура била „привремена“ и ја задржува можноста за промена доколку Иран или друга страна ја попречат слободната пловидба низ Ормускиот Теснец. Според Трамп, операцијата ...

Покрај нападите врз енергетската инфраструктура на Украина, Русија неодамна ги засили нападите врз украинската железница. Така, на пример, на 8 март, руски дрон нападна воз со 200 патници помеѓу градовите Киев и Сума. Дронот ја погоди локомотивата - никој не беше повреден, но итно мораше да се обезбеди замена за локомотивата за да може патувањето да продолжи. Според украинската железничка компанија Укрсалисницја, од почетокот на март, ...

Денеска во 12:05 часот (14.03), од пред Работничкиот дом во Скопје ќе започне големиот работнички протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Синдикатите ги повикаа своите членови, работниците и сите граѓани да се приклучат на протестот, со порака дека платите – особено минималната плата – мора да се зголемат. Од ССМ потсетуваат дека, според податоците на УЈП, 160.000 работници живеат со примања под прагот на ...

Малата црна плоча на фасадата на куќата број 99 на авенијата Андраши во Будимпешта потсетува на епизода од ноември 1956 година, кога советските трупи ја нападнале Унгарија и брутално ја потиснале антикомунистичката револуција. Но, некои советски војници одбивале да учествуваат во масакрот на унгарските борци за слобода - и затоа биле застрелани. На соседите во палатата отспротива потсетникот веројатно не им се допаѓа. Егзекуциите се случиле ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц остро ја критикува одлуката на САД привремено да ги олеснат санкциите за трговија со руска нафта. „Сметаме дека е погрешно да се ублажат санкциите сега, од која било причина“, рече Мерц на заедничката прес-конференција со норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе на островот Андоја, во Норвешка. Мерц истакна дека Русија продолжува да не покажува подготвеност да преговара за крај на војната против Украина. „Затоа ние ...

Решението за проблемите на македонските превозници во Шенген-зоната најверојатно ќе биде воведување долгорочни работни визи, кои ќе обезбедат регулиран престој за сите превозници што влегуваат во Шенген-зоната, без разлика дали станува збор за камионски или автобуски превоз. Ова денеска (13.03) го изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на новинарски прашања. Што подразбираат долгите визи и зошто се ...

По последното поскапување на дизелот за 14,5 денари и на бензините за пет денари за литар, премиерот Христијан Мицкоски најави корекција на цените. „Очекувам за 2,5 денари да бидат намалени нафтата и нафтените деривати“, изјави Мицкоски, по најавата од компанијата „Окта“, која соопшти дека од денеска (13.03) до крајот на март ќе одобри попуст на компаниите коишто соработуваат со околу 45 до 50 долари по тон. Како што вели Мицкоски, тоа ќе ...

По смртта на врховниот водач, ајатолахот Али Хаменеи, шефот на Кремљ, Владимир Путин, изрази сочувство; неговиот политички апарат ги осуди нападите на САД и Израел врз Иран. Според Москва, тие би можеле да го дестабилизираат целиот регион и се кршење на меѓународното право. Ова звучи цинично со оглед на тоа што Русија прави во Украина со години. Но, политичка Москва има искуство со цинизмот. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, го призна тоа ...

Не стивнуваат реакциите околу дозволата за цементарницата Усје и влијанието врз загадувањето во главниот град - Скопје. Пред истекот на рокот – 12 март, Титан Усје поднесе барање за нова А‑интегрирана еколошка дозвола, по што Министерството за животна средина и просторно планирање најави јавна расправа за документот кој треба да биде издаден за наредните седум години. Со дозволата се утврдува каква технологија и филтри мора да користи Усје, ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
74%
1019
weather icon

Белград

16ᴼ / 16ᴼ
2.68
78%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.16
79%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.47
79%
1018
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.29
78%
1016
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.0
88%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
62%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.82
66%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.64
62%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
89%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
0.89
76%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
1.39
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15