29 годишната Марија Стојанова од Балдовци Струмица го понесе признаниеот Жена фармер за 2024 на годинашното издание на Агросаем Струмица 2024. Таа со семејството се занимаваат со сточарство цели 10 години и постигнуваат одлични резултати. Годишно произведуваат околу 123 тона млеко. Поседуваат околу 80 крави од кои 33 молзиници. Обработуваат 25 декари сопствено и 460 декари под наем со јачмен и луцерка Освен Стојанова, признанието Жена фармер ...

Жител од Струмичко Костурино го загуби животот во сообрачајката што утрово се случи на патот Струмица-Валандово. Во несреќата учествувале автомобил „фиат” со струмички регистарски ознаки и трактор „ИМТ”, исто така, со струмички регистарски ознаки, кој влечел нерегистрирана полуприколка, управуван од Р.Ш.(40) од село Костурино. ,,На местото на настанот починал сопатникот на тракторот Т.Б.(54) од село Костурино, а смрт констатирал лекар од ...

Тешка сообраќајна несреќа се случи утринава на патот Струмица-Валандово, поради што и патниот правец беше затворен. Според официјалните информации од МВР, едно лице го загубило животот. „На излез од село Костурино, струмичко се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и трактор, во која животот го загубило едно лице“, велат од МВР. Увид на местото врши јавен обвинител и екипа на СВР Струмица. фото Струмица Денес Крадењето авторски ...

Утре на струмичкиот плоштад со поддршка на Општина Струмица и градоначалникот Костадин Костадинов ќе има собир на олдтајмери кој ќе го организира здружението на граѓани Авто клуб – Струмица Ретро Клуб. Според најавите ќе бидат изложени над 50 тина возила од земјава и странство стари над 35 години. ,,Идејата на клубот со овој настан е да ја прикаже авто-мото културата на посетителите но и да покажеме со какви ретро автомобили располага ...

Возрасните од Центарот за активно стареење од Турново ги едуцира младите волонтери од Општинската организација на Црвен крст Струмица како се приготвува храна на традиционален и современ начин. Заедно со младите приготвуваа крофни и палачинки и ги учеа младите како да сукаат, пржат мекици. Настанот беше во рамките на неделата на стари лица при што младите волонтери ги презентираа активностите на Црвениот крст. Крадењето авторски текстови е ...

На 02.10.2024 во 22.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на локален пат од село Богородица кон село Стојаково, патничко возило „фолксваген голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од П.Т.(29) од Гевгелија, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките В.Т.(59) и М.П.(72), двете од Гевгелија, додека со телесни повреди се здобила сопатничката Е.Т.(18) од Гевгелија, ...

Во организација на здружението Проагро фармери од Струмица утре на плоштадот „Гоце Делчев“ ќе се реализира четвртата саемска манифестација ,,Агросаем Струмица 2024“. На манифестацијата се очекува да се престават 100 тина изложувачи пред се фармери, градинари, пчелари, производители на репроматријали и земјоделска опрема како од земјава така и од странство. Целта на саемот е да се зајакнат врските меѓу производителите и потрошувачите но и сите ...

Општина Василево преку Министерството за животна средина и просторно планирање обезбеди контејнери за отпад, кои ЈПКД Турија ќе ги вклучи во системот на организирано собирање на смет. Според информацијата од ЈПКД „Турија“, се работи за вкупно 19 контејнери од 1100 литри и ќе бидат поставени на јавните површини на локации за кои се покажало дека има најголема потреба како и во индустриската зона во Василево. Од ЈПКД „Турија“, Василево ...

Градот Струмица со Хидротермалниот медицински центар Цар Самуил Бања Банско се на прагот за влез во мрежата на EHTTA ( „European route of historical thermal towns ) што ќе придонесе за поголема промоција на Бања Банско и Струмица на европската сцена. Ова го соопшти директорката на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Билјана Стефановска која оставари средба со управата на центарот Цар Самуил Бања Бансо во насока да се инвестира и ...

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов ги потпиша Решенијата за исплата на субвенции на идните млади возачи, за посетување на обука за полагање возачки испит за „Б“ категорија. Вкупно седум лица кои ги исполнуваа условите од Правилникот за субвенционирање на млади лица од општина Василево за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола Б категорија, на своите сметки ќе добијат по половина од ...

Македонскиот шампиот тимот на ОК Струмица пред настапот во ЦЕВ Купот во своиtе редови ги донесе браќата Никола и Ѓорги Ѓоргиеви и Александар Љафтов. Станува збро одбојкари кои својата кариера ја започнаа токму во Струмица и по неколку сезони повторно ќе играат за Струмица. Македонски репрезентативци со огромно интернационално искуство. Одбојкарски „бомби“ во Струмица: Дојдоа браќата Ѓорѓиеви и Љафтов!….Бомба од Струмица: Браќата Ѓорѓиеви и ...

На 01.10.2024 во 05.20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Мокриево, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „фергусон 595“ со струмички регистарски ознаки, управуван од К.И.(48) од село Мокриево, струмичко и патничко возило „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Б.(64) од село Градашорци, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, ...

Пензионерите од денеска добиваат зголемени пензии за 2500 денари. Согласно, Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското иинвалидското осигурување, околу 340.000 пензионери кои се стекнаа со правото на пензиско осигурување заклучно со 31 август, се опфатени со линеарното покачување на пензиите, извести Министерството за труд и социјална политика. „Овие законски измени предвидуваат линеарно зголемување на пензиите во Септември ...

Четириесет и осумгодишен маж е тешко повреден откако паднал од мотор во Гевгелија. „Вчера во 11.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Гевгелија С.Р.(48) од Гевгелија, додека управувал мотоцикл „хонда“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклот, констатирани во Здравствен дом Гевгелија“, информираат од МВР. ...

Јавните набавки во 2023 година достигнаа рекордно висока вредност и рекордно ниска конкуренција во последните 10 години. Склучени се договори за јавни набавки во вкупна вредност од 1,5 милијарда евра, што е 35 % повеќе од претходната година покажуваат анализите на Центарот за граѓански комуникации. Според мониторингот на јавни набавки, во просек на еден тендер се јавувале 2,7 фирми а една третина на тендерите е добиена само по една понуда. ...

Граѓанското здружение ,,Вижуал продакшн“ од Струмица ќе ја организира годинашнава „Самун ем татлија“ во Радовиш на 11, 12 и 13 ти октомври. Манифестацијата ќе биде на сегашната локација на зелениот пазар односно кај паркингот Орел. На ФБ страната на ,,Самун ем татлија“ почнаа да се објавуваат имињата на пејачите кои ќе бидат дел од тридневната манифестација. Како што не информираше градоначалникот Ацо Ристов, струмичкото граѓанско здружение ...

Околу 220 килограми ајвар приготвија на лице место домаќинките од Општина Босилово во рамките на втората ајверијада која има за цел да го потикне и промовира производството на црвена пиперка и сите специјалитети што може да произлезат од неа. Тие ги запалија печките уште рано наутро на кои се испекоа околу половина тон пиперки. Се правеше разновиден ајвар. Некои домакинките приготвуваа лут некои благ по рецептите на своите баби, мајки тетки ...

ЈПКД Комуналец Струмица ги известува граганите на град Струмица и населените места Дабиле, Добрејци, Просениково, Градско Балдовци, Баница и Водоча, дека водата од водоводната мрежа не треба да се користи за пиење туку само како техничка вода. Вака соопштија од ЈП Комуналец објаснувајки дека дошло до одстапување од вредностите и стандардите за квалитет на водата за пиење во однос на физичко хемиските параметри во согласност со правилникот за ...

Околу половина тон пиперки ќе се испечат, излупат и сомелат за да се прави ајвар во Босилово. Во организација на Општина Босилово, на училишното спортско игралиште ќе се одржи втората по ред „Ајверијада“ која има за цел да го промовира производството и специјалитетите што може да се прават од црвените пиперки. Се очекува дваесетина домаќинки од ова општина поделени во десет тимови на исто толку печки да го приготвуваат ајварот и тоа по ...

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со претседателот на општинскиот Совет, Ристо Делијанов го ставија во употреба повеќенаменското игралиште во Висока Маала кое се наоѓа веднаш до училиштето на влезот од населеното место. „Висока Маала беше населено место без ниту еден спортски објект. Но моето ветување е веќе реалност. Висока Маала доби повеќенаменско игралиште. Многу генерации ученици од Висока Маала ќе имаат спомени ...

Согорувањето на биомасата или горењето огревни дрва се најголем загадувач на воздухот во Струмица. Вака покажа едногодишниот мониторинг на квалитетот во воздухот во Струмица што го направи Универзитетот Гоце Делчев во Струмица преку лабараторијата Амбикон во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“. Проектот се имплементира во соработка со УНДП а го финансира Шведската амбасада со кој граѓаните треба да дадат предлози на ...

На 24.09.2024 во 14.20 часот во Полициската станица Радовиш, М.М.(59) од село Раклиш, радовишко, пријавил дека околу 13.15 часот на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш бил физички нападнат од Н.„Н“. од Радовиш. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 24.09.2024 во 14.40 часот во Полициската станица Струмица, О.А.(43) од Струмица пријавил дека на 23.09.2024 околу 22.00 часот во Струмица бил физички ...

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица загуби и на реванш мечот од првото коло во квалификациите во Лигата на шампионите. На гостувањето кај Олимпијакос претрпе пораз од 3:0 во сетови (25-19, 25-17, 25-21) со што се збогуваше од оваа европско натпреварување и се префрлува во Купот на ЦЕВ. За разлика од мечот во Струмица во возвратниот меч во Грција струмичани пружија достоинствен отпор. Одигра два сосема рамноправни сета во првиот и ...

Владата на денешната седница ги укина лиценците за игри на среќа на Интернет. Како што велат од Владата, лиценците се одземаат поради неправилности во работењето, пропусти и основани сомнежи за незаконско работење и постапување. „Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со потребата за престанување на дрвото за приредување на електронски игри на среќа, Нова Државна видео лотарија ‘Ново ВЛТ‘ и друштвата за приредување интернет игри ...

Општина Струмица и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) организира Форум на заедницата во рамките на проектот ,,Справување со загадувањето на воздухот“. Форумот има за цел да ги вклучи граѓаните во решавањето на проблемот за аерозагаденоста која во Струмица е доста изразена пред се во зимските месеци. Ќе бидат одржани две форумски сесии од кој првата ќе биде утревечер во хотелот Вила Парк во Струмица со почеток во 18 часот на кој ...

Женскиот фудбалски клуб Тиверија сега со додавката Брера полни 13 години постоење и функционирање на фудбалската сцена. Почна скромно со неколку ентузијасти и пет девојки сакаа да се докажуваат со фудбалската топка .Многумина не веруваа во проектот наречен женски фудбал но клубот контуинирано им пркосеше на скептичните лица. Со ентузијазам, посветеност и желба за работа, клубот кој стартуваше од нула стаса до КУП титула и стана расадник на ...

Гевгелиски Кожуф заедно со екс прволигашот Македонија ЃП се на врвот на табелата во Втората фудбалска лига откако денеска славеше со 3:2 против Вардар Неготино. По ремито со Саса во првото коло и славјето над Вардарски во Богданци и Осогово од Кочани ова е трета победа за гевгеличани кои со скопјани и штипска Брегалница се без пораз и водечките три позиции. Грозданоски, Најденов и Гугуљанов погодија за тимот од Гевгелија против неготинскиот ...

Општина Василево деновиве склучи договор со фирмата Евроградба – Инженеринг од Владевци за изведба на крак од фекалната канализација во Ангелци во должина од 830 метри. Вредноста на овој проект изнесува 4 милиони и 423 илјади денари или околу 72 илјади евра. Фирмата од Владевци достави најниска цена на јавната аукција на распишаниот тендер на Општина Василево на кој аплицираа и други три фирми. Како што не информираше градоначалникот на ...

Струмичката библиотека „Благој Јанков Мучето“ почна да носи бесплатно книги до сите читатели кои не можат да ја посетат установата и подигнат книга за читање. Станува збор за нова услуга наречена ,,Библиотека на тркала“ во која се вклучени и волонтери. Тие со електрични велосипеди разнесуваат книги до повозрасни лица, болни и изнемоштени и лица со инвалидитет кои се членови на библиотеката но не се во можност да ја посетат и земат книга. ,, ...

Во рок од 7 месеци треба да биде реконструиран противпожарниот дом во Радовиш, откако периодов почнаа градежните работи за реконструкција и адаптација на овој објект каде е сместена противпожарната служба на општина Радовиш. Градежните работи ги изведува фирмата Атриум од Вевчани која го доби тендерот во вредност од 10 милиони и 196 илјади денари или за 165 илјади евра. Ова фирма достави најниска цена на распишаната јавна набавка на која ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
87%
1024
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
84%
1024
weather icon

Загреб

11ᴼ / 8ᴼ
3.09
76%
1021
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
74%
1024
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
0.81
90%
1026
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
85%
1021
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.13
73%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
89%
1024
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
94%
1024
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
72%
1025
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
72%
1024
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 9ᴼ
0.0
90%
1026
Currency

61.503

Currency

55.014

Currency

73.736

Currency

37.909

Currency

39.098

Currency

67.197

Currency

8.2536

Currency

0.67125

Currency

0.34759

Currency

0.52331

Currency

1.097

Currency

0.58565

Рутениум

61086.42

Иридиум

321507.47

Бакар

12.71

Платина

50123.01

Злато

132371.05

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.05

Калај

46.53

Сребро

1691.13

Родиум

297394.41

Цинк

3.76

Паладиум

32600.86