Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Пожар пеплоса две куќи залепени една до една во Гевгелија при што едно петчлено семејство остана без кров над глава и основни животни намирници. Пожарот бил регистран вчера во раните утрински часови при што членовите на петчлено семејство биле навремено евакуирани и нема повредени. Благодарение на навремената интервенција на гевгелиските пожарникари пожарот не се проширил на останатите домови бидејки се случил во густо населена средина. ,,На ...
„Започна изградбата на тротоари на патот кој води кон центарот на Добрашинци. Со ова се решава децениско барање на граѓаните од овој дел на општината, а воедно се олеснува функционирањето и движењето на граѓаните, кои секојдневно транзитираат на овој потег“, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов по извршениот увид во изградбата на тротоарите. Тротоарите се градат покрај двете страни од асфалтната лента, ...
Здружението за медиумска писменост „Медија Флеш“ заедно и во соработка со млади членови на ЦИА „НОВУС“ и други младински организации ја креираше програмата за спроведување на проектот „Читај меѓу редови: Спротивстави се на дезинформации и биди медиумски писмен во ера на дигитални вести!“ На работилницата, која се одржа во просториите на ЦИА „НОВУС“ и на која присуствуваа петнаесетина млади, координаторот на проектот, Ристо Тасев и асистентот, ...
Во петок во строгиот центар на Струмица ФК Брера, отвора Фан шоп кој ќе се ноаѓа на градскиот плоштад веднаш до Стоковната. Во продавницата која ќе биде отворена во 18 часот на први март, може да се набават брендирани дресови, јакни, маици, шалови, приврзоци, шолји, пенкала како и многу други предмети со логото на Брера. ,,На настанот ќе биде присутен и претседателот на клубот Горан Пандев кој ќе се дружи со сите навивачи, симпатизери и ...
Триесет и осум годишна мајка од струмичко село вчера во Полициската станица во Струмица пријавила дека малолетник од струмичко село извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка со која бил во љубовна врска, сооштија денеска од СВР Струмица. Како што се наведува во соопштението, малолетникот ја извршил обљубата во периодот од август до ноември лани. Од полицијата додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен ...
Граѓани, ученици, вработени во ЈП „Огражден“, во Општина Босилово, волонтери учествуваа во акцијата во која беа засадени околу 1000 дрвца липи, јавор, јасен, зимзелени дрвја, медоносен багрем, медоносна еводија,медоносна каталпа. Дрвцата беа засадени на повеќе локации на територијата на општина Босилово а садницте беа обезбедени од Флора Гарден, Темелков Гарден, Општина Конче, градоначалникот, вработените во Општина Конче, Горан Витанов и ...
Струмица ја одбележа 20 годишнината од смртта на загинатиот претседател Борис Трајковски. Членови на неговото семејство, пријатели, претставници на локалната и централната власт, политички партии и здруженија на граѓани, положија свежо цвеќе пред споменикот „Македонија“ подигнат во негова чест ,, Годините минуваат, но споменот за претседателот Трајковски ќе остане да живее и понатаму, уште многу пати по 20 години. Вечен ќе биде тој спомен, не ...
Планинари од земјава но и од соседна Бугарија викендов го искачија на врвот Бо-Тра висок 1880 метри на планината Беласица посветен на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски. Станува збор за меморијален планинарски марш кој го организира Планинарскиот клуб ,,Ентузијаст” од Струмица во чест на Трајковски Целиот планинарски марш до врвот Ботра и назад изнесува околу триесетина километри со кој планинарите од Ентузијаст од Струмица но ...
Девет апарати за игри на среќа, како и 405 делови за одржување, се запленети откако увозник се обидел да ги прошверцува помеѓу пријавена стока за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија. Како што соопшти Царинската управа, апаратите заедно со деловите за одржување се откриени при детална контрола којашто е извршена од страна на Мобилен тим на Секторот за контрола и истраги. Против фирмата увозник на опрема за казина и автомат ...
Струмичкиот затвор доби нов директор. Веста ја објави досегашниот Борче Цветков кој на ФБ напиша дека се повлекува од директорската функција бидејки во наредниов период ќе се посвети на политичкиот ангажман и неговата кандидатура за пратеник од редовите на СДСМ во четвртата изборна единица. „Единствената причина поради којашто го направив тоа е зголемениот политички ангажман во овој предизборен период како претседател на Општинската ...
Двајца малолетници се повредени откако во средата со четирицикл излетале од пат во Струмица. Инцидентот се случил на крстосницата од улицие Ѓорги Упчев и Мара Минанова при што едното малоленто момче се здобило со потешки повреди. „На 21.02.2024 во 19.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Ѓорги Упчев“ и ул.„Мара Минанова“, четирицикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Струмица, излетал надвор од ...
На 19.02.2024 во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 85 пречекорувања на брзината, од кои 32 на подрачје на Струмица, 27 на подрачје на Радовиш, 17 на подрачје на Валандово и 9 на подрачје на Гевгелија. Од нив, 65 пречекорувања на брзината биле констатирани ...
Струмичкиот карневал годинава ќе се одржи на 16 март на кој ќе учествуваат околу илјада маскирани лица од земјава и странство. Според објавената програма од страна на организаторите, карневалските денови треба да започнат на 13 ти март со предавањето на клучот на градот од градоначалникот на карневалистите до 20 ти март празникот на армасаните Тримери. На 14 март ќе се одржат два концерти под маски на Музичкото училиште „Боро Џони“, а меѓу ...
На 14.02.2024 во 15.00 часот во Полициската станица Радовиш, У.С.(29) од село Бучим, радовишко, пријавил дека околу 14.00 часот во село Бучим бил физички нападнат од Г.Ј. од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 14.02.2024 во 23.30 часот во Полициската станица Радовиш, Д.М.(56) од село Тополница, радовишко, пријавил дека околу 22.30 часот во село Тополница бил физички нападнат од О.С. од истото село. По расчистување ...
МЗШВ ги информира лозаропроизводителите дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за остварено производство на грозје. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат пријавено обработлива земјоделска површина со лозови насади, а оствареното производство на грозје го предале во регистриран откупувач, вклучително и произведеното ...
Гевгелискиот комичар Дејан Малзарков со нивната продукција „Диверзија“ реализираа хумана акција и собираа парични средства за да помогнат некому. Изминативе два дена беа во центарот на Гевгелија каде се дружеа со граѓаните и продаваа календари со нивни ликови. Станува збор за календари за работни маси со соодветни фотографии за сите 12 месеци и тоа по симболична цена од 250 денари. На календарите се фотографии кои будат смеа и позитивни мисли ...
Наместо до вечерва на полноќ, возачките дозволи со „Република Македонија“ ќе може да се заменат до 31 декември 2024, откако Собранието попладнево ги усвои законските измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Според измената во Членот 5 на Законот, „Возачките дозволи и возачките книшки, кои го содржат натписот ‘Република Македонија’ издадени до денот на започнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот ...
Возачките дозволи во кои не е новото уставо име Северна Македонија нема да важат после 12 февруари ни во земјава, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). Според соопштението, од 13 февруари ќе важат само возачките дозволи со името Република Северна Македонија. ,,Околу возачките дозволи, ги известуваме граѓаните дека од 00 часот на 13 февруари 2024 година ќе важат само возачките дозволи со името Република Северна Македонија. ...
На 10.02.2024 во 20.10 часот во Полициската станица Радовиш Х.Е.(36) од село Прналија, радовишко, лекар во Итна медицинска помош во Радовиш, пријавил дека околу 19.00 часот во просториите на Здравствен дом Радовиш, додека бил на работното место, бил физички нападнат од Т.Д.(53) од Радовиш, соопшти полицијата. ,,На 11.02.2024 во просториите на Полициската станица Радовиш бил извршен службен разговор со Т.Д., за настанот е запознаен јавен ...
Вчера (10.02.2024) во 17.30 часот во близина на хотел во Гевгелија полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГН и ГП Богородица го лишија од слобода М.С. (28) од Гевгелија. При контрола на возило “фиат” што тој го управувал, пронајдени се осум лица- илегални мигранти од Сирија. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...
Синоќа во СВР Струмица е пријавено дека на раскрсницата од улиците „Климент Охридски“ и „Братство- eдинство“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.М.(20) од село Сачево, струмичко и мотоцикал управуван од М.Д.(18) од село Седларци, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица. За ...
Дејан Етимов, досегашен главен советник во Одделението за прекршоци, е нов технички началник на СВР Струмица. Досегашниот началник Кирил Арапов е дополнителен началник на овој Сектор при што за секоја одлука ќе мора да стават потпис двата началника согласно техничката влада. Решението за именувањето на Ефтимов го донел техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, согласно неговите ингеренци со кои може да изврши смени на 15 ...
Претседателот на Здружението за медиумска писменост „Медија Флеш“, Ристо Тасев и директорот на Државно средно училиште-Регионален центар за стручно образование и обука „Никола Карев” Струмица, Зоран Петков, потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот се однесува на резлизирање на проектот „Читај меѓу редови: Спротивстави се на дезинформации и биди медиумски писмен во ера на дигитални вести!“, финансиски поддржан од Центар за интеркултурен ...
Со законските измени, обложувалниците и казината имаат рок од една година да ги преселат деловните простории на најмалку 500 метри од училиштата. Против носењето на овој закон во дискусијата беа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои бараа тој да биде повлечен, но потоа не гласаа „против“. Предлагач е Владата, која вели дека законот се носи за заштита на младата популација од лоши и несоодветни навики за нивната возраст. Од Асоцијацијата на спортски ...
Во наредните шест месеци ќе се врши уредување и збогатување на содржините на Смоларскиот водопад и на излетничко рекреативното место Пирго кај Мокриево со цел привлекување на повеќе посетители и потикнување на туризмот во Општина Ново Село. Станува збор за проект кој го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со пари обезбедени од Бирото за регионален развој и Општина Ново Село. Работите треба да ги изведува фирмата ...
Граѓаните од Југоистокот реагираат на условите и процедурата од Јавниот оглас за доделување ваучери за купување инвертер клими на Министерството за економија кој вчера беше затворен заради голем број апликации. Според нив со дадените услови за аплицирање, се фаворизираат граѓаните од скопско кои физички можеа да ги достават барањата додека граѓаните од внатрешноста мораа по пошта да ги испраќаат а условот е „прв дојден прв услужен“. ...
Вчера во атарот на населеното место Покрајчево радовишко избувнал пожар при што е опожарен овошен насад во сопственост на 55 годишен жител од ова населено мест. Информацијата ја објави полицијата без да наведе како настанал пожарот или кои се причините но и за колкав овошен насад станува збор ,,На 06.02.2024 во Полициската станицџа Радовиш било пријавено дека настанал пожар на место викано „Миленковица“, атар на село Покрајчево, радовишко, во ...
Младинците на ОК Струмица се во посета на ОК Јастржебски Вегиел во Полска со кој од минатата година воспоставија клупска соработка на сите полиња. Тие беа дел и од турнирот на кој освен екипа од Академијата на таленти на Јстржебски и подмладокот на македонскиот шампион учествуваа и екипите на Острава од Чешка и полскиот Хутников Краков. На турнирнот младиот Јован Милев кој е и јуниорски репрезентативец беше прогласен за најкорисен играч во ...
Синоќа на 04.02.2024 година околу 10 часот во струмичката полиција било пријавено дека околу 21.40 часот на локалниот пат Струмица – село Просениково се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(32) од село Доброшинци, струмичко и патничко возило „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, управувано од С.Т.(39) од село Градско Балдовци, струмичко. ,,Во несреќата со тешки ...
Гевгелиската Фирма „Пелагонија Тириц“ го доби тендерот за ,,Рехабилитација и реконструкција на постоечката пешачка и велосипедска патека во општина Дојран“ што го распиша Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Ова фирма, достави најниска цена за предвидените работи наведени во техничката спецификација и во конкуренција на вкупно 8 фирми, тие јавната набавка ја добија за 9 милиони 317 илјади денари или за околу 151 илјада евра. ...