Сподели Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа работен состанок со регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан, Шаошинг Ју, на која беа потенцирани приоритетите на Министерството за унапредување на јавното здравство. „Министерството за здравство е институционално мобилизирано и посветено на темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита, вклучувајќи и интеграција на моделот на долготрајна нега. Овие ...

Сподели Започнувањето на проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“ претставува значаен чекор во унапредувањето на националната политика за безбедност и здравје при работа, истакна денес министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши во своето обраќање на официјална промоција на Проектот. „Заштитата на здравјето и животот на работниците е темелна вредност и законска обврска, но пред сè морална должност на сите. ...

Сподели Примарна хипероксалурија тип 1, Primary hyperoxaluria type 1, МКБ: E 72. 53 Инциденца/зачестеност: 1 / 120 000 годишно Примарна хипероксалурија тип 1 (ПХ1) е најчеста форма на примарна хипероксалурија. Тоа е ретка наследна болест која главно ги зафаќа бубрезите. ПХ1 се јавува кај едно на 120 000 раѓања и се пренесува автосомно рецесивно. Неодамнешните генетски истражуцања во Америка укажуваат дека болеста е многу почеста. Последица ...

Сподели Од 13 до 17 ноември Кинотеката на Македонија ги отворa својот простор и платно за уште еден исклучителен циклус јапонски филмови, нудејќи уникатно патување низ повеќе декади на јапонската кинематографија. Циклусот јапонски филмови е еден од најзначајните филмски настани во годината, кој носи ретка можност за македонската публика да се запознае со длабочината, комплексноста и уникатната естетика на јапонската кинематографија. ...

Сподели Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со Здружението за ретки болести „Живот со предизвици“ одржаа прес-конференција по повод симпозиумот во рамки на кампањата „Ти си редок херој” со заедничка цел да го унапредиме знаењето и практиката во раното препознавање и дијагностицирање на ретките болести. -Ретките болести не се ретки за тие што живеат со нив! Оваа тема е од особена важност, бидејќи матичните лекари, како прва точка на ...

Сподели На 10.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.М.(30), М.С.(32), Д.К.(28) и П.Т.(19), сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. На 10.11.2025 во 14:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат од с.Кондово кон с.Долно Свиларе, скопско, се случила сообраќајна несреќа ...

Сподели Хелсиншкиот комитет за човекови права и организациите кои членуваат во Блупринт групата за реформи во правосудството ќе ја следат судската постапка поврзана со трагичниот пожар во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени. Основниот кривичен суд го закажа почетокот на главната расправа за 19 ноември, во судницата на Казнено-поправната установа „Идризово“. ...

Сподели Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена со престојувалиште во Ржаничино, која е осомничена за – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик. На 9 ноември во вечерните часови, таа грубо ја запоставила својата мајчинска должност за грижа и воспитување, го запуштила и малтретирала својот 6-месечен син. Изнервирана затоа што бебето ...

Сподели На 18 ноември со почеток во 20:00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведен балетот „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема што е актуелна и денес. Диригент на изведбата е Едуард Амбарцумјан од Ерменија, а кореографијата ја потпишува ...

Сподели Шефицата на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Марија Петрушевска, и членовите: Бисера Костадиновска-Стојчевска, Сања Лукаревска и Беким Ќоку, денеска остварија средба со Теодорос Русопулос, претседателот на ПССЕ. Петрушевска изрази чест и задоволство од посетата на Русопулос, особено во време кога ја прославуваме 30-годишнината од нашето членство во ...

Сподели “Кога се лаже се држат рачињата во формација извежбана од медот. Ајде градоначалник да ги објавиш сите фирми со долг по институција, со фактури и датуми од кога им се должи за да знае народ дека лажеш. Исто и со име и презиме сите 400 вработени и кој од кога не одел на работа, и таму да се види дека лажеш. 3 години за корка леб сите кои одеа на работа ти ги избрка да направиш место за своите партиски војници. Нека не ти пишува Луке ...

Сподели Во предвечерието на празникот 11 Ноември, градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, ја отвори традиционалната годишна изложба на уметнички дела “Кумановски ликовни уметници 2025”, во салонот на Уметничката галерија на НУ Музеј – Куманово, во присуство на претставници од општинската администрација. На 69 издание на културно уметничката манифестација, учествуваат 23 академски ликовни автори од Куманово, кои се ...

Сподели Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, укажува на сериозноста на состојбата со ИПАРД програмата, по официјалната потврда дека е донесена одлука за суспендирање на сите исплати од ИПАРД 3 програмата, истакнувајќи дека Владата со денови ја држела јавноста во незнаење. „Се потврдува она што го говорам неколку дена – дека е донесена одлука за суспендирање на ИПАРД, а Владата и Министерството за ...

Сподели Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка поради основано сомнение за вклученост на уште едно лице во дејствијата на – Тешка кражба од член 236 став 4 во врска со став 1 точка 1 од Кривичниот законик, извршена во кругот на фабриката „Железара“ во Скопје. Во текот на досегашната постапка се обезбедија докази кои даваат основано сомнение дека сега осомничениот, инаку вработен во МВР како ...

Сподели Вчера, за време на јавен настап, министерката за образование, Весна Јаневска, во два или три наврати изрази незадоволство од комуникацијата на албански јазик на градоначалникот на Тетово, Билал Касами, со новинарите од медиумите на албански јазик. Наместо да се чувствува лошо што г-дин Касами зборува македонски како и албански, додека таа – и покрај тоа што живее во повеќејазична средина – не знае ниту еден збор на албански јазик, ...

Сподели Во петокот, 7 ноември 2025 година, во Македонскиот културно-информативен центар (КИЦ) во Софија, Бугарија, свечено беше отворена ликовната изложба „Слики од под планината“. На изложбата се претставени 20 дела од македонскиот уметник Сергеј Андреевски, изработени во техника масло на платно. Оваа изложба е дел од континуираните напори за зацврстување на културните врски и дијалог меѓу Македонија и Бугарија. Преку презентација на ...

Сподели Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека до неколку граѓани, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на директорот на Бирото за јавна безбедност, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага. Во пораките се даваат насоки за 24 часа да се оди до полициска станица или да се испрати повратен е-маил бидејќи наводно примачот на пораката е предмет на кривични истраги за низа кривични ...

Сподели Науката во Македонија се актуелизира не само како тема за дискусија, туку и како поле на делување. Ова го потврдува и последниот извештај на Европската комисија за напредокот на државата во областа на науката, а претставува резултат на ефективни национални политики и на значително зголемениот буџет за поддршка на научно – истражувачката дејност. Од 380 милиони денари во 2024 година на 680 милиони денари во 2025 година, а за ...

Сподели Со слоганот „Вкуси ја хармонијата на билките“, од 14 до 16 ноември, на приземјето во Скопје Сити Мол ќе се одржи годишниот „Фестивал на чај“, кој нуди ретко искуство за сите љубители на природата, чаевите и здравиот начин на живот. Настанот е во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „Експедиција ПРИРОДА“/МРК Дијалог и Скопје Сити Мол. Во текот на трите фестивалски денови, над 30 учесници ќе ...

Сподели На 11.11.2025 година, во 19 часот, во Чифте амам при Националната Галерија на Македонија ќе се отвори самостојната изложба на ликовниот уметник и редовен Професор на Тетовскиот Државен универзитет, Сафет Спахиу, со наслов „Пурпурна имагинација“. Ќе бидат изложени педесет дела од овој негов последен циклус на слики изработени во комбинирана техника. Кустос на изложбата е Маја Крстевска. Истата ќе биде отворена до 24.11.2025 година. ...

Сподели Сè што ни е заедничко (ИНСТИТУЦИЈА КОЈА ДИШЕ), во Музеј на современата уметност – Скопје, на 27.11.2025, 20 часот Уметници: Форензичка Архитектура, Денис Фереира да Силва и Арџуна Неуман, Дурмиш Ќазим, Џумана Мана, Зорица Зафировска, Палестински музеј Кураторки: Мира Гаќина и Јованка Попова Изложбата „Сè што ни е заедничко (ИНСТИТУЦИЈА КОЈА ДИШЕ)“ ги воведува теоретските и политичките основи на „борбеното дишење“ како критичен ...

Сподели „Супорт Кочани“ ја објави втората распределба на хуманитарните средства собрани по трагедијата во дискотеката „Пулс“. Од вкупно 10.944.793 денари на заедничката сметка, еден милион денари се издвоени за обврските кон државата, додека преостанатата сума рамномерно е поделена на 137 лица, по 71.900 денари. „Транспарентно ја информираме јавноста за распределбата на донациите што стигнаа од компании, здруженија, групни акции и ...

Сподели Грчки државјанин сопственик на куче “пит бул”, косовски државјанин сопственик на куче од расата “американски стафорд”, како и двајца македонски државјани како соизвршители ќе одговараат на кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство Битола ги прибра сите потребни докази и поднесе обвинение, бидејќи на 1 ноември во селото Црнеец во близина на ...

Сподели Утре, на 10 ноември, во Бифе МКЦ од 20 часот ќе се одржи промоција на романот „Фобос“ од Соња Станковска. Романот е објавен како книга бр. 240 во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа Или-Или. Настанот ќе го води уредникот Ненад Стевовиќ, а книгата пред присутните ќе ја претстави писателката Фросина Пармаковска. Во романот „Фобос“ Соња Станковска нè води низ архитектурата на стравот, не само како чувство, туку како систем, глас, ...

Сподели Вчера (06.11.2025) во попладневните часови полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК и истражителите од Истражниот центар на ОЈО ГОКК лишија од слобода пет лица поради постоење на основано сомнение дека првоосомничениот Џ.Н.(77) сторил продолжено кривично дело „давање поткуп“ и кривично дело „давање награда за противзаконито влијание“, ...

Сподели „Ние се доведовме до ситуација во 21 век да зборуваме за елементарни работи и навистина сето тоа делува помалку и комично, но кога некои работи треба да се направат, мора да се направат и како што кажа градоначалникот за време на изборната кампања тој вчера во исклучително рекордно време успеа да ги мобилизира сите капацитети. Но, исто така им благодарам и на општествено одговорни компании кои се вклучија во акцијата и мислам дека ...

Сподели Денеска на Конститутивната седница на Советот на Град Скопје, новиот градоначалник Орце Ѓоргиевски се обрати до советницие на Град Скопје. ” Денес стоиме пред почетокот на едно ново, убаво поглавје за нашиот град. Оваа прва конститутивна седница на Советот на Град Скопје е чин каде што испраќаме силна порака дека демократијата живее преку одговорноста, соработката и визијата за подобро Скопје. Овој Совет, избран со доверба од ...

Сподели Стевчо Јакимовски наместо да покаже политичка култура и да честита на изборниот победник, се обидува да го минимизира поразот и да бара изговори преку создавање на алиби за изборни нерегуларности. Јакимовски наместо да се теши по неуспехот во Карпош, да се помири со фактот дека граѓаните го испратија во политичка пензија, народот избра визија, напредок и работа. Од што се плаши Јакимовски? Дали поради тоа што знае дека следи ...

Сподели Со месеци Скопје се давеше во ѓубре, скопјани секојдневно живееја во нечистотија од која изникнаа глодари а власта на ВМРО-ДПМНЕ не преземаше ништо. Наместо да организира чистење на градот, ДПМНЕ намерно го блокираше собирањето смет и не направи ништо, ниту преку ЗЕЛС, ниту преку Управниот одбор на Комунална хигиена, бувално ги остави скопјани да се дават во сметот. Синоќа скопјани видоа зошто било оставено ѓубрето, зошто ништо не ...

Сподели НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид е годинашен добитник на престижната награда „Жива“ за најдобар словенски локалитет. Оваа престижна награда охридскиот Завод и музеј ја доби во конкуренција од 150 музеи од 13 земји. Наградата свечено му беше доделена на директорот, м-р Горан Патчев, на 11-тиот Форум на словенските култури во Требиње, Босна и Херцеговина. Ова признание, доделено од Форумот на ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
42%
1025
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
38%
1025
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
36%
1025
weather icon

Софија

15ᴼ / 12ᴼ
1.03
52%
1025
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
3.87
37%
1027
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
2.06
42%
1024
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
5.36
51%
1026
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
45%
1024
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
30%
1025
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
2.68
41%
1028
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 15ᴼ
1.54
29%
1026
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
6.69
39%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Иридиум

231355.22

Калај

50.64

Злато

166253.76

Рутениум

47358.05

Кобалт

66.14

Сребро

2711.59

Паладиум

51794.85

Цинк

3.24

Родиум

372948.66

Алуминиум

3.42

Бакар

11.73

Платина

68963.35