Доналд Трамп наводно им кажал на светските лидери дека Иран е „пред предавање“ по речиси две недели бомбардирање. Американскиот претседател го изнесе ова тврдење во средата за време на видео повик со лидерите на земјите од Г7, објавува Аксиос. Тројца функционери запознаени со состанокот на блокот, во кој се вклучени Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Обединетото Кралство и САД, тврдат дека Трамп се фалел дека крајот на војната е ...

Сојузот на синдикати на Македонија во завршни подготовки за утрешниот масовен протест на работниците. Се бараат повисоки плати. Власта наместо да преговара, обвинува за политиканство. Работодавачите пак, мирно си молчат. Во 12 часот утре работниците ќе го кренат гласот против инаетењето на власта која не сака да го заобиколи или промени законскотот решение и да ја зголеми минималната плата на 600 евра. Со овие суми кои ги добиваат ...

Европската Унија и Соединетите Американски Држави се приближуваат кон договор за критични минерали со кој би се намалила зависноста од Кина – прашање што сè повеќе ги загрижува лидерите од двете страни на Атлантикот. Како што пишува „Политико“, иако Брисел и Вашингтон постепено наоѓаат заеднички јазик, постои ризик идниот договор да создаде нерамноправно партнерство во кое доминантна улога би имале САД. Со оглед на тоа што Европската Унија ...

Насловите на берзите се менуваат со брзина со која малкумина инвеститори можат да останат рамнодушни. Војната на Блискиот Исток, нападите врз Иран, растот на цената на нафтата и нервозата на глобалните пазари повторно ја отворија старата дилема: дали е време да се излезе од инвестициските фондови или токму сега треба да се остане мирен. За многумина кои вложиле заштеди во инвестициски фондови, последните недели донесоа непријатно чувство. ...

Војна со Иран, ден 14: Доналд Трамп упати нова закана до Иран, предупредувајќи дека треба да „гледаат што ќе се случиа денес“. САД привремено ќе ги ублажат санкциите за руската нафта оставена на море за да ги намалат цените, кои се зголемија за околу 20 проценти од почетокот на конфликтот. Иранската државна телевизија објави голема експлозија на плоштад во Техеран, каде што требаше да се одржат демонстрации. Американски воен авион беше ...

Овој народен лек од руската традиционална медицина комбинира кефир и брашно од хељда, и се користи за темелно чистење на крвните садови и цревата. Освен што ја подобрува концентрацијата и меморијата, особено кај постарите лица, овој рецепт го намалува крвниот притисок, третира артериосклероза и помага при запек. Зошто е важно да се исчисти телото? Насобраните токсини во телото можат да предизвикаат бројни здравствени проблеми – од замор и ...

Цените на нафтата беа на пат кон силен неделен пораст во петокот, и покрај потезите на Вашингтон за ублажување на загриженоста за снабдувањето со издавање 30-дневна дозвола за купување руска сурова нафта на море. Фјучерсите на Брент за мај се искачија на 100,56 долари за барел, што е зголемување од околу девет проценти за неделата, додека американската сурова нафта WTI за април падна на 95,57 долари, но сепак беше на пат да забележи пораст од ...

Вториот мандат на Доналд Трамп како претседател на САД досега се покажа како многу профитабилен за милијардерот и шеф на државата. Без разлика дали склучува зделки на Блискиот Исток, ги промовира своите криптовалути или ги угостува службениците на своите имоти, Трамп покажа дека тој и неговото семејство сè уште работат. Според најновата листа на Форбс на милијардери во светот, богатството на Трамп достигна 6,5 милијарди долари, што е ...

Додека стаса до купувачот, цената веќе е друга приказна. Производ кој излегува од фабрика или од увоз со една цена, на рафтот во продавницата често чини двојно повеќе. Понекогаш и тројно. На хартија, ланецот на снабдување изгледа едноставно. Производител или увозник, дистрибутер, трговец и на крајот купувач. Во пракса, секоја алка во тој синџир додава свој процент. Мал процент, ќе рече некој. Но кога ќе се соберат сите, цената расте тивко, ...

Светскиот „Ден на бубрегот“ се слави секој втор четврток во март како глобална кампања за подигање на свеста за клучната улога што ја играат овие мали органи во целокупното здравје. Бубрезите филтрираат околу 150 литри крв секој ден, отстранувајќи ги токсините и регулирајќи го крвниот притисок, рамнотежата на течностите и нивото на електролити во телото. И покрај нивната важност, заболувањата на бубрезите можат да останат незабележани со ...

Акциите на „Oracle“ пораснаа за 8% во тргувањето по затворањето на берзата во вторник, откако софтверската компанија објави квартални резултати што ги надминаа очекувањата на Волстрит, објави „CNBC“. Исто така, ја зголеми својата прогноза за приходи за фискалната 2027-ма година. Менаџментот изјави дека сега очекува приходи од 90 милијарди долари за фискалната 2027-ма година. Аналитичарите анкетирани од „LSEG“ предвидоа проценка од 86,60 ...

„MG“ го претстави новиот „4X“, кој е „помускулеста“ верзија со зголемен клиренс од земјата. Доаѓа како попростран брат на постојните електрични хечбеци „4 EV“ и „4 EV Urban“. Според кинеските медиуми, новиот модел е долг 4,4 m, широк 1,8 m и висок 1,6 m. Ова го прави малку помал од моделот „S5 EV“ кој моментално е достапен на одредени пазари. Во однос на дизајнот, „4X“ носи промена од најновата гама на „MG“. Го напушта изгледот на предната ...

Германскиот институт „IfW“ малку ја намали својата економска прогноза за 2026-та година, врз основа на очекувањата дека цените на стоките, поттикнати од војната во Иран, ќе останат значително повисоки неколку месеци. „Воениот конфликт во Иран значително ги зголеми цените на стоките“, се вели во соопштението на институтот. Во ова сценарио, се очекува губење на куповната моќ од 0,6% од годишниот бруто домашен производ (БДП) за тековната година, ...

Конфликтот на Блискиот Исток предизвика нов пресврт на енергетскиот пазар, а цената на нафтата повторно се приближува до границата од 100 долари за барел. Oслободувањето на 400 милиони барели на ИЕА може да ја ублажи кризата само на краток рок. Доколку блокадата трае, последиците би можеле да се прелеат кон раст на инфлацијата во Европа, а и во Македонија. Пресметката е многу едноставна. Блокадата предизвика недостиг од околу 20 милиони ...

Тимот на „Google“ за „Android LLVM“ алатки објави воведување на функција наречена Автоматска оптимизација насочена кон повратни информации (AutoFDO) во самото јадро на „Android“, што би можело да донесе огромен скок во перформансите на системот. „AutoFDO“, кој за прв пат беше воведен во „Android 12“ (во 2021-ва година), е техника за оптимизација базирана на земање примероци. Користи податоци за извршување од реалниот свет, собрани директно од ...

Во тек е најголемата продажна акција на СЕТЕК – сè од техника, „СЕТЕК Денови“, настан што традиционално привлекува голем интерес кај љубителите на техниката. Во рамките на акцијата, заинтересираните ќе можат да искористат попусти до 70% на илјадници производи „СЕТЕК Денови“ претставуваат можност на едно место да пронајдете сè што ви е потребно од техника од најпознатите светски брендови, по исклучително поволни цени. Во сите СЕТЕК салони низ ...

Враќањето кон руските извори на енергија, како што се слушаат повици во позадина на војната на Блискиот Исток, беше дефинирано како „огромна грешка“ од страна на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Таа му посочи на Европскиот парламент дека ЕУ ќе се соочи со вакви кризи сè додека е врзана за купување енергетски ресурси од нестабилни региони и ќе остане ранлива на кризи. Според пресметките на Брисел, за 11-те дена ...

Идејата е едноставна, барем на хартија. Вие имате добра бизнис идеја, јасна сметка како таа идеја може да заработува и план како да се развива. Но немате доволно пари за да ја стартувате. Токму тука во приказната влегуваат таканаречените бизнис ангели, односно луѓе подготвени да вложат сопствени средства во туѓи идеи, со надеж дека еден ден тие идеи ќе прераснат во успешни компании. Во светот, ваквиот модел одамна функционира. Мали тимови со ...

Симптомите на алергија на полен, односно првите знаци на алергија на полен, можат да предизвикаат големи проблеми кај некои луѓе ако имаат силна реакција за време на цветањето. Поленот е мал жолтеникав прав што се пренесува од растение на растение преку ветер, птици, инсекти или други животни. Ширењето на поленот помага во оплодувањето на растенијата, но може да биде мачно за оние што страдаат од сезонски алергии. Ако претходно имало астма, ...

Австралискиот стартап Cortical Labs започна со изградба на првите биолошки центри за податоци кои користат човечки мозочни клетки наместо стандардни процесори. Откако докажаа дека нивниот систем може да ја извршува познатата игра Doom, компанијата сега планира масовно распоредување на оваа технологија. Овие хибридни компјутери, наречени CL1, комбинираат живи неврони одгледувани во лабораторија со силиконски чипови. Софтверот комуницира со ...

Mastercard воведе нова програма за крипто партнери. Вклучува повеќе од 85 компании од секторот за дигитални средства и плаќања. Меѓу нив се Binance, PayPal, Ripple, Circle, Gemini и Paxos. Целта на програмата е да ги поврзе блокчејн системите со традиционалната инфраструктура на глобални плаќања. Учесниците ќе тестираат и развиваат алатки за прекугранични трансфери, B2B плаќања и глобални плаќања. „Дигиталните средства брзо добиваат на ...

Компанијата dm drogerie markt го означи почетокот на платформата „Иднина која инспирира“ со настан што обедини волонтерска активност, панел-дискусија и споделување лични волонтерски приказни. Станува збор за нова платформа насочена кон поттикнување на општествениот ангажман и активното учество на поединците во обликувањето на заедничката иднина. Во рамки на настанот повеќе од 100 новинари, инфлуенсери, соработници, волонтери и претставници на ...

Остануваат уште само неколку дена до крајот на рокот за пријавување на дела за овогодинешниот награден конкурс Trash for Art. Пакомак и оваа година ги повикува еко свесните граѓани да испратат уметничко дело направено од отпад за конкурсот и да ја искористат можноста да добијат вредни награди. Конкурсот е веќе отворен и во него можат да учествуваат сите заинтересирани лица кои ќе испратат уметничко дело направено од амбалажен отпад. Како и ...

По прашањето колкава плата е потребна за пристоен живот во Скопје, следното логично прашање е – колку всушност заработуваат скопските домаќинства и дали тие приходи се доволни за покривање на реалните трошоци. Иако статистиката покажува постепен раст на платите во Македонија, многу граѓани имаат чувство дека нивната куповна моќ не се подобрува со истото темпо. Просечниот приход на едно домаќинство Ако се земе предвид просечната нето плата ...

Покрај најавеното зголемување на повратот преку апликацијата „Мој ДДВ“, една од најважните промени што ги најавува Владата е и зголемувањето на прагот за задолжителна регистрација за ДДВ обврзник. Според најавите, прагот би можел да се зголеми од сегашните 2 милиони на 4 милиони денари годишен промет, што би значело значајно олеснување за голем број мали бизниси во Македонија. Што значи да се биде ДДВ обврзник Компаниите и трговците кои го ...

Од минус во минус, македонската индустрија никако да дојде до позитивни резултати. Податоците кои ги објавија државните статистичари покажуваат дека во јануари годинава индустриското производство бележи пад од високи 6,6 отсто во однос на првиот месец од 2025 година. Засега ги нема очекуваните резултати од парите кои се истурија во стопанството, а беа дел од унгарскиот кредит кои имаа за цел да ја подобрат производствената структура на ...

Министерството за култура и туризам на Република Туркије и Агенцијата за промоција и развој на туризмот на државата (ТГА), информираат дека туристичките активности низ целата земја се одвиваат целосно нормално и вообичаено, а побарувачката за патувања во Туркије останува на исклучително високо ниво. И покрај засиленото медиумско известување за конфликтот во одредени делови од поширокиот регион на Блискиот Исток, факт е дека Туркије е ...

На неколку чекори од тезгите со домати, сирење и јајца, на скопските и на другите пазари се одвива уште една трговија. Потивка. Договорена со тивок глас и со поглед околу себе. „Имаш ли тутун?“ – прашува купувачот. Продавачот само кимнува и со раката покажува кон торба или пластична кутија скриена под тезга. За неколку секунди, кеса со ситно сечкан тутун веќе е во рацете на купувачот. Нелегалната продажба на тутун на пазарите не е нова ...

Високите стандарди во создавањето вина, децениската посветеност на квалитетот и континуираните успеси на меѓународната сцена донесоа значајно признание за винарската визба „Тиквеш“, која ја освои титулата „Best Producer – Republic of North Macedonia“, на престижниот вински натпревар Mundus Vini. „Да се биде прогласен за најдобар производител од Македонија на натпревар со реномето на Mundus Vini е потврда за нашата посветеност, визија и ...

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) одобри ослободување на 400 милиони барели нафта за да се компензира загубата на снабдување поради „ефективното затворање“ на Ормутскиот теснец, објави извршниот директор на агенцијата, Фатих Бирол. Тој рече дека земјите-членки на ИЕА „едногласно“ гласале за започнување на „најголемото ослободување на резерви на нафта за итни случаи во историјата на нашата агенција“. Најавувајќи го „најголемото ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
46%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
46%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
44%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.17
65%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Калај

53.60

Злато

135639.33

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15