Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Градежните компании и купувачите на недвижности повторно се соочуваат со поскапи кредити поради војната во светот. Каматните стапки на станбените кредити во Германија веќе надминаа четири проценти во просек, според податоците од финансискиот советник „FMH“. На пример, за имот вреден 500.000 евра, со аконтација од 10 проценти, ефективната каматна стапка на 10-годишен кредит сега е 4,01 процент. Анализата се базира на податоци од 207 даватели ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ), денеска донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 8,98% во однос на одлуката од 9.3.2026 година. Денешната одлука за максималните цени на нафтените деривати е резултат на растот на берзанските цени на нафтените производи, како и континуираниот раст на ...
Ова мало црно семе е ценето во традиционалната медицина низ целиот свет со векови. Го нарекуваат „Божја билка“, се споменува во стари религиозни списи, а многумина веруваат дека една лажичка дневно може да придонесе за подобра функција на црниот дроб, варењето и здравјето на крвните садови. Природните лекови што се користат илјадници години повторно се во центарот на вниманието, а меѓу нив се издвојува растение познато како црн ким. Неговите ...
Сè повеќе луѓе се трудат да остварат дополнителен приход од месечната плата, почнуваат активно да истражуваат и да се насочуваат кон нови извори на финансиски средства. Инвестирањето во инвестициски фондови брзо станува популарна тема, а растечката еуфорија создава можности за дополнителни финансиски добивки. Кога купувате акција, вие станувате сопственик на хартија од вредност и со тоа добивате одредени финансиски права и одговорности, како ...
Додека трае Велигденскиот пост, мора да бидеме креативни и храбри со рецептите во кујната, за секој оброк да биде различен, вкусен и здрав – а сепак, посен. За среќа, живееме во време кога здравата храна ни е лесно достапна, а иновативните решенија на Виталиа навистина ни нудат избор дури и за време на постите. Во минатото, посната трпеза најчесто се поврзуваше со ограничен избор на јадења, базирани главно на зеленчук, овошје и житарици. ...
Македонија одбележува една година од ужасниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, претежно млади луѓе на возраст од 14 до 25 години. Додека семејствата на жртвите палат свеќи на местото на несреќата, јавноста сè уште чека конечен судски епилог и одговорност за неуспесите што доведоа до најголемата трагедија во поновата историја на земјата. Во Кочани се одржаа низа комеморативни собири по повод ...
Во Регулаторната комисија за енергетика на редовна седница се подготвува новата цена на горивата која треба да важи од полнок. По драстичниот раст на цените минатата недела граѓаните се во очекување на новата цена по која ќе се точи дизел гориво и бензини во следните седум дена. Глобалните случувања на Блискиот исток си го земаа данокот и кај нас. Последната корекција на цената на горивата изнесуваше 14, 5 денари поскап дизел и 5 денари ...
Европските берзански индекси денес се мешани, цените на нафтата од типот Брент повторно се зголемија на повеќе од 106 долари за барел, додека фокусот на инвеститорите оваа недела е војната на Блискиот Исток и одлуките на централните банки за каматните стапки. Претседателот на САД, Доналд Трамп, во интервју за „Фајненшл тајмс“ (FT) објавено во неделата изјави дека неговата посета на Кина, планирана за овој месец, може да биде одложена бидејќи ...
Веројатно се прашувате што предизвикува чести гасови, експертите дадоа одговор на ова прашање. Иако многумина би се срамеле да го признаат тоа, сите испуштаат гасови. Сепак, некои го прават тоа значително почесто од другите. Ако некогаш сте се запрашале зошто е тоа така, лекарите понудија објаснувања за различните причини за вишок гасови за да ни помогнат да стигнеме до коренот на проблемот. Испуштањето гасови е знак дека варењето работи Кога ...
Поскапувањето повторно тропна на вратата на маркетите. Најпрво се почувствува на бензинските, а само неколку дена подоцна и на рафтовите со основни намирници. Маслото, јајцата, кафето… производи што речиси секое домаќинство ги става во кошничката без размислување, веќе се продаваат по повисоки цени. Граѓаните го чувствуваат ударот веднаш. Една сметка од маркет, која до вчера изгледаше сосема вообичаено, денеска е за неколку стотици денари ...
Американскиот претседател Доналд Трамп упати строго предупредување до НАТО, велејќи дека алијансата се соочува со „многу лоша“ иднина ако американските сојузници не помогнат во деблокирањето на Ормутскиот теснец. Во интервју објавено во неделата, американскиот претседател директно ги повика европските земји да се приклучат на неговите воени напори во Иран и најави дека може да го одложи самитот со кинескиот претседател Си Џинпинг додека не ја ...
Летовите на аеродромот во Дубаи се привремено прекинати откако дрон предизвика пожар во резервоар за гориво. Стотици патници беа евакуирани, а некои летови беа пренасочени. Нема повредени. Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати објави дека утрово пресретнале нови напади со ракети и дронови. Поради нападот, летовите на главниот аеродром во Дубаи беа прекинати неколку часа. Во објава на социјалната мрежа X, министерството ...
На почетокот на месецот многу семејства во Македонија ја прават истата математика. Седнуваат со лист хартија или со калкулатор на телефонот. Плата на едната страна, сметки на другата. Струја, вода, парно, интернет, телефон, кредит, градинка. Некогаш и рата за автомобил. Кога ќе се соберат бројките, прашањето доаѓа само од себе: што останува? Некои велат дека најтешки се првите десет дена од месецот. Тогаш се плаќа речиси сè. Во многу домови ...
Течење на носот, главоболка, постојана кашлица се симптоми кои укажуваат на настинка, но и на инфекција на синусите. Точно е дека многу од нивните симптоми се преклопуваат, но постојат неколку начини да се направи разлика. Ринологот д-р Трој Вудард објаснува дека понекогаш, слузта од настинка може да ги блокира синусите и да се претвори во инфекција на синусите, а ако се случи тоа, постојат четири клучни знаци. Како да препознаете дали ...
Секоја долгорочна криза во транспортот на нафта ја покажува енергетската ранливост на Македонија, која увезува најголем дел од горивото. Ормутскиот теснец е еден од најважните поморски транспортни правци во светот, бидејќи околу 20% од глобалната потрошувачка на нафта минува низ него. Секое нарушено движење низ овој канал веднаш има ефект врз меѓународниот пазар на нафта и деривати. Ограничена понуда и зголемување на цените Кога бродовите не ...
Една од најинтересните мерки што Владата ја најавува со измените на Законот за ДДВ е зголемувањето на прагот за задолжителна регистрација на ДДВ обврзник од 2 на 4 милиони денари годишен промет. Оваа мерка е насочена пред сè кон малите компании, занаетчиите и самостојните вршители на дејност. Зошто малите бизниси го избегнуваат ДДВ Кога една фирма станува ДДВ обврзник, таа мора да пресметува ДДВ на услугите, редовно да поднесува даночни ...
Темата за цената на животот повторно станува актуелна во момент кога на светските пазари расте неизвесноста околу енергенсите и горивата. Економистите предупредуваат дека секое поголемо поскапување на нафтата речиси секогаш се прелева и врз другите цени во економијата. Причината е едноставна – горивото е еден од најважните трошоци во транспортот и логистиката. Кога се зголемува неговата цена, растат и трошоците за транспорт на храна, ...
Одредени индикатори во вашата дневна рутина можат да сигнализираат за високо ниво на шеќер во крвта, што може да доведе до дијабетес тип 2. Касандра Барнс, нутриционист и фитнес инструктор, посочи на што треба да внимавате. Многу луѓе живеат со оваа состојба без дури и да го сфатат тоа. Сепак, дијабетесот тип 2 може да се спречи или барем да се одложи со промена на вашиот начин на живот, а може да ги зголеми вашите шанси за голем број ...
Доналд Трамп вели дека се надева дека Велика Британија и Кина ќе испратат воени бродови во Ормускиот теснец. Трамп тврди дека „многу земји“ ќе испратат воени бродови за да го обезбедат Ормускиот теснец, рече тој во објава на платформата Truth Social. Тој вели дека „се надева“ дека меѓу нив ќе бидат Велика Британија, Кина, Франција, Јапонија и Јужна Кореја. „Во меѓувреме, САД ќе го бомбардираат брегот до пекол и ќе продолжат да ги бркаат ...
„Audi“ ја претстави новата генерација на „Audi A6L“ за кинескиот пазар. Продолжената лимузина сега е многу блиска по големина со „Audi A8“, но доаѓа со значително пониска почетна цена. Новиот „A6L“ е продолжен за 143 mm во споредба со стандардниот „A6“ и сега има вкупна должина од 5.142 mm, додека меѓуоскиното растојание е дури 3.066 mm (подолго од растојанието помеѓу оските на „Audi A8“). Поголемиот дел од дополнителниот простор е искористен ...
„Google“ официјално го лансираше најголемото ажурирање на „Google Maps“ во последната деценија, воведувајќи револуционерна функција наречена „Ask Maps“. Оваа функција им овозможува на корисниците да поставуваат сложени прашања на апликацијата на природен јазик и да добиваат одговори. Благодарение на „Gemini AI“, „Maps“ сега е ваш личен асистент кој ве разбира. Нова ера на планирање патувања со „Gemini AI“ Корисниците сега можат да прашаат ...
Продажбата на „Taiwan Semiconductor Manufacturing Co“ (TSMC) се зголеми за 30% во првите два месеци од годината, поттикната од забрзаната изградба на инфраструктура за вештачка интелигенција пред избувнувањето на конфликтот на Блискиот Исток, објави „Bloomberg“. Приходите на тајванскиот концерн за периодот јануари-февруари се зголемија на 718,9 милијарди тајвански долари (22,6 милијарди долари). Аналитичарите очекуваа зголемување на приходите ...
Соединетите Американски Држави извршија моќен воздушен напад во петокот вечерта врз воени објекти на островот Карг во Персискиот Залив, клучна точка за извозот на нафта на Иран. Претседателот Доналд Трамп објави на социјалната мрежа Truth Social дека американските сили „целосно ја уништиле секоја воена цел“ на островот, опишувајќи ја операцијата како „едно од најмоќните бомбардирања во историјата на Блискиот Исток“. Островот Карг, мал корален ...
Војната во Иран предизвикува невиден шок на пазарите на нафта, влијаејќи на 7,5% од глобалната понуда и уште поголем дел од извозот, соопшти Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). „Војната на Блискиот Исток создава најголем шок во понудата во историјата на глобалниот пазар на нафта“, соопшти агенцијата во својот месечен извештај објавен во четвртокот. Претходниот ден, земјите се согласија за невидено ослободување на 400 милиони барели од ...
Европските влади брзаат да го спречат зголемувањето на цените на енергијата и храната, бидејќи војната на Блискиот Исток му се заканува на континентот со нов бран инфлаторни притисоци, објави „Bloomberg“ во извештај. Германија ќе ги ограничи промените на цените на бензинските пумпи одеднаш дневно, изјави нејзиниот министер за економија во средата. Грција ќе ги ограничи маржите на профит на горивото и храната во следните три месеци, а Италија ...
Додека многу здравствени состојби се резултат на начин на живот или едноставно лоша среќа, генетиката игра клучна улога во подложноста на одредени болести. Ако вашите родители или баби и дедовци имале болест, поголема е веројатноста да ја развиете. Ова, се разбира, не значи дека болеста е неизбежна, но укажува на зголемен ризик. Д-р Клер Грејнџер идентификуваше три вообичаени состојби кои се значително под влијание на генетиката. Дијабетес ...
ОКТА, водечки снабдувач со горива во Република Северна Македонија, објави иницијатива насочена кон поддршка на домашниот пазар на нафтени деривати и олеснување на тековните притисоци, во услови на зголемена нестабилност на регионалните и меѓународните енергетски пазари. По успешниот прием на дополнителни количини на гориво преку продуктоводот ВАРДАКС, што дополнително го зајакнува капацитетот за снабдување на земјата, ОКТА започнува ...
„Макпетрол“ смета дека намалувањето на цените од 2,5 денари (со ДДВ) за литар на нафтените деривати од страна на ОКТА не е доволно и не го решава проблемот кој го налага моменталната ситуација, се вели во соопштението на компанијата. Имајќи предвид дека добавувачот изминатиот период продаваше по многу повисоки цени од малопродажните регулирани цени од страна на РКЕ и остваруваа профити, додека трговците на мало работеа во загуба, но не ги ...
Извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги (ИКТ) од Северна Македонија во 2025 година достигна 676 милиони евра, што претставува раст од 7 проценти во однос на 2024 година, покажуваат податоците на Народната банка. ИКТ индустријата останува една од ретките македонски индустрии што бележи континуиран раст на извозот и остварува значителен суфицит во трговската размена со светот. Во 2025 година увозот на ИКТ услуги ...
Причината зошто евродизелот поскапе повеќе од бензинот лежи во структурата на глобалниот пазар на нафтени деривати и моменталната побарувачка за тоа гориво. Дизелот е клучно гориво за индустријата и транспортот Прво, дизелот е индустриско гориво. Тој се користи за камиони, бродови, градежна механизација, земјоделска механизација и голем дел од логистиката. Кога има геополитички кризи или прекини во транспортот на нафта, побарувачката за дизел ...