Синдикатот бара исплата на септемвриската плата и К-15, јубилејна награда, новогодишен додаток, отпремнина за работници со престанат работен однос, како и исплата на помош за починат член на семејството. Според најавите, блокадата ќе се одржи во текот на денот пред седиштето на претпријатието. „Работниците секојдневно се грижат за парковите, зелените површини и јавниот интерес, а месец по месец се соочуваат со финансиски неизвесности. Доста ...

Во Националната опера и балет во Скопје денеска ќе се одржи 8. регионална конференција за е-трговија, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Како што информираат од Асоцијацијата за е-трговија, оваа година конференцијата доаѓа со свеж концепт – две паралелни сцени, на кои ќе се одржуваат инспиративни главни говори и интерактивни практични работилници. Непосредно пред официјалниот почеток на рагионалната конференција, ...

Досегашниот директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа и кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на Општина Брвеница, Хаќим Рамадани, кој вчера ги изгуби изборите од кандидатот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Илиевски, на својот Фејсбук профил објави дека од вчера е невработен и бара работа во приватни компании. –Од денеска сум невработен. Дипломиран економист сум. Барам работа само во приватни компании, напиша вчера ...

Бензините од ноќеска на полноќ поскапеа за половина денар по литар, а цената на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголеми за еден денар, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 74 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе ...

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денес изјави дека, според јавните проценки, на Украина и се потребни 400 милијарди американски долари за да ја продолжи војната со Русија во наредните четири години и дека се очекува Европската Унија да ја подмири сметката. Сепак, тој потенцираше дека “не е работа на Унгарија да ја финансира Украина”, иако неговата држава е членка на ЕУ. Орбан рече дека, освен ЕУ, нема никој друг кој е спремен да ги покрие ...

Македонија2025 со гордост ја објавува листата на 43 нови добитници на стипендија „Атанас Близнакоф“ за студентска извонредност за академската 2025/2026 година. Стипендиите се доделуваат на студенти запишани во прва година на прв циклус студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кои се истакнуваат со исклучителен академски успех, мотивација и потенцијал за личен и професионален развој. Секој стипендист ќе добие 2.500 ...

Американскиот претседател Доналд Трамп им откри на новинарите во „Ер форс уан“ дека унгарскиот премиер Виктор Орбан побарал ослободување од новите американски санкции насочени кон рускиот нафтен сектор, но дека Соединетите Американски Држави го одбиле апелот. “Тој побара исклучок. Ние не му го дадовме,” рече Трамп, додавајќи дека Орбан е негов пријател. Значајно е што американскиот претседател во изјавата го нарече Орбан „претседател“, а не ...

Кинеската Државна служба за разузнавање и контраразузнавање (Министерство за државна безбедност – МДС) алармира дека странските разузнавачки служби ги зголемуваат своите обиди за “нелегално стекнување” на генетски информации и семенски материјал од земјоделскиот сектор во државата, означувајќи ја оваа дејност како опасност за националната безбедност на храната. “Во последниве години, странските разузнавачки агенции ја интензивираа својата ...

Во периодот од 1-ви до 31-ви октомври, како резултат на регуларните сообраќајни контроли спроведени од страна на полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на сообраќајниците низ државата, од вкупно 16.801 издадени платни налози, 4.821 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, информираат од МВР. Слободата им беше одземена на 121 лице за насилничко управување со возило согласно член ...

Државниот завод за статистика денеска извести дека бројот на вработени во индустрискиот сектор бележи пад од 2,8 проценти во септември годинава, во споредба со септември минатата година. Во периодот јануари – септември годинава, забележан е намален број на работници за 3,7 проценти, споредено со истиот период од претходната година. Во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, има редукција од 2,9 проценти на работната сила во ...

Како реакција на обвинувањата од американскиот претседател Доналд Трамп дека Пекинг и Москва изведуваат нуклеарни проби, но не го објавуваат тоа, Кина денес соопшти дека не извршила никакви нуклеарни тестирања. „Кина отсекогаш се придржувала кон мирен пат на развој, води политика на „без прв удар“, се придржува до нуклеарна стратегија заснована на самоодбрана и се придржува до својата обврска за суспендирање на нуклеарните тестови“, изјави ...

Јапонската премиерка Санае Такаичи денес објави дека Јапонија веќе ѝ го има доставено на Северна Кореја својот предлог за одржување самит со водачот Ким Џонг-ун, со цел да се разреши долгогодишниот проблем со јапонските граѓани, кои беа грабнати од страна на севернокорејски агенти, пренесе јапонската новинска агенција Кјодо. Такаичи, која ја презеде функцијата на 21 октомври како прва жена премиер на Јапонија, изјави дека сака отворено да ...

Во духот на гордото наследство и визионерскиот поглед кон иднината, Шпаркасе Банка АД Скопје ја одбележа 200-годишнината на својата матична групација, Штаермеркише Шпаркасе, со гламурозна вечер исполнета со музика, емоции и благодарност. Настанот беше симбол на две столетија стабилност, доверба и човечност – вредности кои ја прават Шпаркасе повеќе од банка. Свечената прослава, одржана во Националната опера и балет, ги обедини клиентите, ...

На 4 ноември во Скопје, најпрестижната регионална E-Commerce конференција, по осми пат ќе обедини повеќе од 800 експерти и технолошки иноватори од водечките компании и институции во регионов под мотото “Fasten the future” („Засилете ја иднината“). Над 20 врвни говорници ќе споделат клучни сознанија и трендови од светот на дигиталната трговија – од заштитата на податоците и идентитетот на корисниците, до трансформацијата на креативната ...

Орце Ѓорѓиевски е ново име во градското раководење, но не и непознат лик во македонската политичка сцена. Роден во Скопје во 1987 година, тој припаѓа на генерацијата млади политичари кои последниве години се пробиваат на јавната сцена со прагматичен пристап и истакнат локален ангажман. Ѓорѓиевски е дипломиран политиколог, а магистрирал во областа на менаџмент на човечки ресурси. Политичката кариера ја започнала низ младинските структури на ...

„Штедењето е системска неопходност и важен фактор за одржлив економски раст и за финансиска стабилност“, порача гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на настанот по повод Светскиот ден на штедењето, којшто се одржа во организација на Македонската банкарска асоцијација, во присуство на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, директорот на Фондот за осигурување депозити, Бехар Емини, претседателката на МБА, Маја ...

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според резултати од двата круга на локалните избори, ќе има градоначалници во Скопје и во 53 општини. Втора по бројот на освоени градоначалнички места е коалиицијата ВРЕДИ со девет. Коалицијата на СДСМ ќе има осум градоначалници, НАИ 5, а Движење ЗНАМ, Демократската партија на Турците и Унијата на Ромите, по еден градоначалник. Две општини ќе ги водат независни кандидати. На вториот изборен круг вчера се ...

Во законодавниот дом пристигнаа информации за завршување на службените должности на Јане Мицевски, Бети Стаменкоска Трајкоска и Дејан Проданоски како народни избраници. Овие информации произлегуваат од назначувањето на тројцата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за први луѓе на општините: Мицевски за Сопиште, Стаменковска Трајкоска за Кисела Вода и Проданоски за Прилеп, на локалните избори кои се одржаа на 19 октомври и 2 ноември. Се предвидува на ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека е можно испраќање војници во Нигерија или изведување воздушни напади со цел да се спречи убивањето на голем број христијани во западноафриканската држава. На новинарско прашање дали размислува за војници на терен или воздушни напади врз Нигерија, Трамп одговори: „Може да биде. Мислам, и други работи. Замислувам многу работи.“ „Тие убиваат рекорден број христијани во Нигерија. Тие убиваат ...

Од северозапад преку Алпскиот регион кон територијата на нашата Република Македонија ни доаѓа влажен и поладен воздушен бран кој во понеделник попладне и навечер како и во текот на ноќта кон вторник и во вторник (4 ноември) ќе услови да имаме повремени локални врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат пообилни и ќе наврнат околу 15 литри на метар квадратен дожд. Особено во вторник (4 ноември) ќе дува умерен повремено засилен ветер од ...

Во текот на ноќта и утрово, ситуацијата пред српскиот Парламент во центарот на Белград беше спокојна и без инциденти. Таму, од претходната вечер, беа присутни стотици полицајци опремени за разбивање демонстрации, кои се обидуваа да спречат судир меѓу бројните противници и поддржувачи на власта. Во Белград, синоќа се собраа стотици лица пред Собранието за да ја поддржат Дијана Хрка, која од вчера во 11:52 часот штрајкува со глад. Таа бара ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со ...

Без електрична енергија денеска од 08.00 до 14.00 часот ќе останат корисниците од дел од село Долно Лисиче во општина Аеродром, а од 08:30 до 12:30 часот, од дел од ул. „Димче Милошевски“ во општина Гази Баба, информира Регионалниот центар за управување со кризи на гра Скопје. Снабдувањето со струја ќе биде во прекин и од 09:00 до 12:00 часот, за корисниците од дел од ул. „1“ во с. Сопиште, во општина Сопиште, од 09:00 до 13:00 часот, од дел ...

Според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), по преброени 45,35% од гласовите, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ водат во 19 општини. СДСМ води во 4, исто како и Коалицијата ВРЕДИ (ВЛЕН). Националната алијанса за интеграција (НАИ) води во две општини, а Унијата на Роми има предност во Шуто Оризари. ВМРО-ДПМНЕ води во Град Скопје, Аеродром, Валандово, Виница, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Долнени, Карпош, Кичево, Кочани, ...

Според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), по преброени 69,17% од гласовите, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ водат во 21 општини. Коалицијата ВРЕДИ (ВЛЕН) во четири, СДСМ во 3, Националната алијанса за интеграција (НАИ) води во една општина, исто како и ЗНАМ. Унијата на Роми води во Шуто Оризари, додека, еден независен кандидат води во Струга. ВМРО-ДПМНЕ води во Град Скопје, Аеродром, Валандово, Виница, Дебарца, Демир ...

Педесет и тригодишен жител на Богданци, Н.Т., починал вчера во болница во Гевгелија по добиени тешки телесни повреди во физичка пресметка со 55-годишник од дојранското село Сретеново, со иницијали В.Р. Како што соопшти МВР денеска во дневниот билтен, полицијата од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го уапсила В.Р. синоќа во 22:25 часот во неговото село Сретеново. Претходно, во Стар Дојран настанала физичка пресметка помеѓу него и Н.Т.(53) од ...

Економските и политичките врски помеѓу Република Македонија и Кралството Шведска континуирано се развиваат повеќе од 30 години. Иако географски оддалечени, двете земји имаат соработка на повеќе фронта и истовремено споделуваат комплементарни економски структури, но и вредности. Шведска е една од најзначајните ЕУ земји членки донатори за Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ преку својата Агенција за Меѓународен Развој (СИДА) со која поддржува ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави воведување на програма за бесплатно патување со воз и ограничување на цените на енергенсите, со цел да им помогне на граѓаните да се справат со претстојната зима. Оваа иницијатива има за цел да обезбеди дополнителна поддршка во услови на економски предизвици и енергетска несигурност. “Три илјади километри, за секој да може да избере бесплатни железнички линии во Украина – Лвов-Киев, ...

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, синоќа соопшти дека Вашингтон и Пекинг ќе формираат непосредни канали за воена комуникација, додавајќи дека билатералните односи меѓу двете држави „никогаш не биле подобри“. Хегсет изјави дека разговарал со неговиот кинески колега, адмиралот Донг Џун, синоќа доцна на маргините на регионалниот безбедносен состанок и дека постигнале согласност дека „мирот, стабилноста и добрите односи се ...

Претседателот на Кина, Си Џинпинг, денес изјави дека економиите во Азиско-пацифичкиот регион треба да ја унапредат плодотворната соработка, да ги искористат новоотворените можности за прогрес, да одговорат на глобалните предизвици и колективно да креираат одржлива перспектива. Во своето обраќање на втората сесија од 32-от состанок на економските лидери на АПЕК, под наслов „Заедничко создавање одржливост и посветла иднина“, тој истакна дека ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
80%
1029
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
7.72
62%
1026
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
0.51
80%
1024
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
86%
1031
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.35
84%
1031
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 0ᴼ
0.51
74%
1025
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
6.17
68%
1026
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
75%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 0ᴼ
2.06
85%
1033
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
73%
1026
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
5.14
87%
1029
Currency

61.6317

Currency

52.9878

Currency

71.2243

Currency

37.4562

Currency

38.9754

Currency

68.1641

Currency

7.66747

Currency

0.6772

Currency

0.33623

Currency

0.52442

Currency

1.2025

Currency

0.57308

Калај

50.61

Родиум

374556.20

Злато

164352.04

Цинк

3.24

Алуминиум

3.42

Рутениум

47358.05

Сребро

2696.16

Иридиум

231355.22

Платина

68931.20

Бакар

11.57

Кобалт

66.14

Паладиум

52052.06