Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра), информираа за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава. ...
Бугарскиот парламент во петокот усвои закон со кој државата добива можност да преземе директна контрола врз рафинеријата на руската компанија „Лукоил“ во Бургас, најголемата нафтена рафинерија на Балканот. Со измените, владата ќе може да назначи државен специјален администратор кој ќе управува со работењето на компанијата доколку се оцени дека постои ризик по националната или енергетската безбедност на земјата. Оваа мерка доаѓа поради новите ...
Основното јавно обвинителство Битола ги прибра сите потребни докази и поднесе обвинение, бидејќи на 1 ноември во селото Црнеец во близина на Стрежево, тие заради користољубие грубо ги злоупотребувале и ги изложиле на непотребни маки кучињата. Првообвинетиот организирал борба меѓу двете кучиња во дворот од семејната куќа на второобвинетиот, кој претходно имал подготвено ринг каде се одвивала борбата. Настанот го следеле и други лица од ...
Вечерва МКЦ станува епицентар на музичката носталгија и страстта кон вистинскиот жив звук. Трибјут Фест пристигнува со три моќни настапи кои ќе те однесат од психоделичните 60-ти, преку суровиот грандж бран на 90-тите, до модерниот емо-поп ритам на новата генерација. Ова не е само концерт — ова е ноќ на музички митови, повторно раскажани на сцена. Настапуваат: 20:00 — THE DOORS | Eruption 21:45 — PEARL JAM | Epidemik 23:30 — PARAMORE | Red18 ...
Саем на студии во странство ќе се одржи денеска и утре во Скопје Сити Мол, посветен на студирањето и образовните можности во странство. Настанот е организиран од Скопје Сити Мол во соработка со платформата „Студентарија“ и има цел да им помогне на младите да ја пронајдат својата идна академска насока. Организаторите во соопштението наведуваат дека по успешното издание на Саемот за образование во март, на кој учество зедоа повеќе од 40 ...
Во Јавна соба денеска и утре ќе се одржува саемот на еколошки бизниси во рамки на фестивалот „Скопје дизајн вик 2025“ (Skopje design week 2025). – По успешното прво издание во 2023 година, Здружението за еколошка едукација и одржливо живеење „Јес фор лес“ (Yes for less) повторно ја обединува македонската еко-заедница на вториот Саем на еколошки бизниси, што ќе се одржи денеска и утре во „Јавна соба“ (Public room), Скопје. Настанот е дел од ...
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и советникот на претседателот на Комората за економски развој и инфраструктура, д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, во Кавадарци остварија работна средба и воедно му го честитаа новиот мандат на градоначалникот д-р Митко Јанчев. На средбата претседателот Азески подвлече дека, Стопанската комора на Северна Македонија со градоначалникот Јанчев во претходните негови мандати ...
Во недела, 09 ноември 2025 година, во Скопје ќе се одржи петтото издание на Социо-еколошки форум Скопје во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“- Канцеларија Скопје и „Прогрес“ Институт за социјална демократија. Темата на овогодинешниот форум е “Placemaking for Socio-Ecological Justice” и истиот ќе се одржи во CoWork21 и на јавниот простор помеѓу Кино Култура и Домот на АРМ. На Социо-еколошкиот форум учество ќе земат прогресивни ...
Уникатна можност да се вкусат домашни производи и специјатлитети од сите региони на Македонија, претставува Саемот за храна што ќе се одржи денеска во Градскиот парк во Скопје. Под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“, Саемот ќе ги промовира производите „Македонско најдобро“ кои, како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), претставуваат синоним за квалитет. -Саемот за храна ќе ...
Саем за медицина, стоматологија и фармација – Health Innovation Expo 2025 почнува денеска во Скопје во организација на Комората на приватно здравство на Македонија. На саемот ќе учествуваат експерти, компании и институции кои ќе ги претстават своите иновативни решенија преку јавни трибини, предавања и саемски презентации. На отворањето на дводневниот саем најавено е и обраќање на министерот за здравство Азир Алиу. Од Комората на приватно ...
Таксират Фестивал го најавува вториот ден од главната програма на овогодинешното издание, како најмоќната техно епизода досега која ќе донесе нешто сосема ново во фестивалското искуство – прва 12-часовна техно журка што ќе започне во 13:00 часот и ќе трае до 01:00 по полноќ. На 7 декември во Арена „Борис Трајковски“, ќе настапи еден од хедлајнерите на годинашниот Таксират, SVEN VӒTH – живата легенда што ги постави техно темелите на ...
Еврејски доселеници извршиле најмалку 264 напади врз Палестинци на Западниот Брег во текот на октомври што претставува рекорден број напади во еден месец откако ОН почнаа да водат статистика за овој показател во 2006 година. Во соопштение на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања (ОЦХА), во кое се предупредува на наглото зголемување на насилството, се наведува дека нападите кои резултирале со повредени лица и оштетена ...
Денес, Европската комисија донесе решение за воведување поригорозни прописи за издавање визи на руските граѓани, поради зачестените безбедносни опасности, саботажи и можната злоупотреба на визите. Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, нагласи дека оваа мерка се презема во услови на најопасна безбедносна ситуација во Европа во последните децении, предизвикана од руската нелегална агресија врз ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан пристигна во Вашингтон за да се сретне со претседателот на САД, Доналд Трамп, со цел, како што изјави, „да се отвори ново поглавје во унгарско-американските односи“. Орбан, кој се смета за еден од најтесните европски партнери на Трамп, посочи дека предвидената соработка ќе ги опфати енергетиката, инвестициите, одбранбената соработка и прашањата поврзани со ситуацијата по војната меѓу Русија и Украина. Тој ...
Во есен како оваа, кога дождот го бои прозорецот, а аромата на кафе се меша со мирисот на свежо испечен колач, домот станува засолниште на топлина и уживање. Вистинскиот дом не е само уреден – тој има душа. И понекогаш, токму телевизорот е срцето што ги собира сите околу него, како Samsung OLED S95F кој не е само уред – тој е сценографија на вашите ноемвриски вечери. Совршена есенска сцена Со својот ултратенок дизајн и 83-инчен Glare Free ...
Европската Унија го изрази своето задоволство од потпишувањето на Спогодбата за подготовка, градење и функционирање на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8 меѓу Македонија и Бугарија, кое се одржа вчера на Железничката станица Ѓуешево. Министерството за транспорт информираше дека на социјалната мрежа „Х”, претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта напиша дека изградбата на железницата претставува стимул за регионалниот ...
Во атмосфера полна со енергија, инспирација и нови идеи, овогодинешната 8-ма Регионална конференција за е-трговија уште еднаш покажа зошто е најочекуваниот настан за дигиталната заедница во регионот. Националната опера и балет на 4 ноември беше преполна со менаџери, маркетери, претприемачи, претставници на организации и лидери кои дојдоа да ја „забрзаат“ иднината под мотото „Fasten the Future“. Со повеќе од 900 учесници од над 10 земји и 25 ...
Податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) покажуваат дека во изминатите четири години, во просек, речиси еден нов MW дневно е приклучен на електроенергетскиот систем. Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, на Регионалната конференција за зелена трансформација на Западен Балкан, која се одржа во Тирана, Албанија, изјави дека заклучно со октомври (2022 година – октомври ...
Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) издаде насоки до авиокомпаниите за редуцирање на домашните летови за четири отсто, почнувајќи од денес, на 40 клучни американски аеродроми. Рестрикциите започнуваат да важат во 6:00 часот наутро по источно време. ФАА ги образложи своите грижи околу сигурноста на воздушниот сообраќај како причина за овие мерки, поради тековното затворање на Владата. Во својата официјална наредба, ФАА ...
Синоќа, акционерите на „Тесла“ ја одобрија шемата за компензација во висина од милијарда долари за извршниот директор Елон Маск, што му ја доделува на најимотниот човек на планетата најголемата корпоративна исплата во историјата, под услов да ги исполни предвидените цели за да ја оствари. Пакетот, кој беше оспорен од неколку значајни инвеститори, укажува на тоа дека акционерите сѐ уште веруваат дека Маск е способен да го предводи ...
Алтернативното музичко срце на Скопје повторно чука силно – „Андерфест“ го најавува своето седмо издание! Вечерва, Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе стане епицентар на домашната рок и андерграунд сцена, носејќи вечер исполнета со сурова енергија, автентични звуци и искрена музичка страст. За седум години, „Андерфест“ се позиционира како еден од најзначајните домашни алтернативни фестивали, создавајќи платформа каде што најистакнатите и ...
Воздушниот простор над аеродромот „Зевентем“ во Брисел синоќа одново беше затворен за сообраќај околу 40 минути, откако над аеродромскиот комплекс бил забележан дрон. Според белгиската Контрола на воздушниот сообраќај, воздушниот сообраќај на аеродромот бил прекинат околу 21:20 часот, по што е возобновен нешто по 22 часот. Контролата информира дека предвидените полетувања од аеродромот биле само времено одложени, додека самое еден од ...
Од пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ синоќа започна големата акција „72 часа чисто Скопје“. На платото пред спортскиот центар се наоѓаат десетици камиони, цистерни и механизација подготвени за чистење на Скопје. Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски вчера по преземањето на градоначалничката функција најави дека синоќа од пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе започне големата акција „72 часа чисто Скопје“. – Во ...
По неколку тешки недели, кога Скопје беше преплавено со отпад поради блокади и негрижа, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва излегоа на терен за да ја вратат чистотата во секоја населба и на секоја улица на главниот град, стои во соопштението на Општина Чаир, што МИА го пренесува интегрално. Граѓаните конечно можат да здивнат слободно, затоа што ...
Договорот за продажба на меѓународните средства на руската компанија „Лукоил“ официјално пропадна, откако не беше добиено потребното одобрение од западните регулаторни институции. Компанијата претходно најави дека постигнала договор со „Гунвор груп“, швајцарско трговско-конзорциумско друштво, за продажба на дел од своите европски и други странски операции. Сепак, продажбата беше условена со зелено светло од американските и европските власти, ...
Да ги реализираме уставните измени, ќе бидеме најистакнати и потоа да добиеме ново вето и повторно нови предизвици и тогаш сигурно ќе добиеме највисока оценка и ќе бидеме лидери. Но, од она што е таму наведено, јас сум крајно задоволен, бидејќи нема регрес, изјави денес премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со оценките од Извештајот на ЕК. Мицкоски истакна дека има стагнација во одредени области, и оти „тоа ...
Изградбата на железничката пруга од Македонија до Бугарија, како дел од паневропскиот Коридор VIII, ќе ја чини државата стотици милиони евра. – Средствата се обезбедени. Првата фаза од Куманово до Бељаковце е завршена и ставена во функција од јануари годинава, втората фаза се гради, рокот за изградба е октомври 2026, не сме многу задоволни од изведувачот и со кредиторите од ЕБОР ќе бараме заедничко решение како да го надминеме овој проблем. ...
Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница ги разгледа и одби како неосновани сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати од гласањето локалните избори во три општини – Брвеница, Шуто Оризари и Карпош. Претседателот на ДИК Борис Кондарко информираше дека во текот на утрешниот ден ќе бидат изготвени поединечни одлуки за секој приговор и доставени до подносителите. -ДИК ќе ги почека законските рокови за ...
Соединетите Американски Држави денеска го укинаа ембаргото за трговија со оружје и одбранбена опрема со Камбоџа, откако минатата недела американскиот претседател Доналд Трамп го надгледуваше потпишувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Камбоџа и соседен Тајланд, соопшти американскиот Федерален регистар. – Врз основа на вредните напори на Камбоџа за мир и безбедност, вклучително и преку обновениот ангажман со Соединетите Американски ...
Македонија и Бугарија се согласија на активности и задолженија за градење на железничкиот тунел на Коридорот 8 со Спогодба, што денес ја потпишаа надлежните министри Александар Николоски и Гроздан Караџов, во присуство на службеници од Европската комисија, НАТО, и на банките даватели на средства на проектот. Планираната должина на тунелот изнесува околу 2,4 километри, 1.189,30 метри на македонска почва, а 1.193,70 метри на бугарска. ...