Соединетите Американски Држави потврдија дека ќе им овозможат на јужнокорејските фирми да употребуваат деловни визи B-1 за дејности поврзани со инвестициски зафати, извести јужнокорејското Министерство за надворешни работи. Ваквата одлука доаѓа по настанот на 4-ти септември кога службите за имиграција приведоа 475 лица во американската сојузна држава Џорџија, вклучувајќи и над 300 јужнокорејски граѓани со B-1 визи. Тие беа ангажирани на ...

Под главниот мото „Не за 13-часовно работно време“, најголемите грчки синдикати на вработените во јавниот сектор (АДЕДИ) и во приватниот сектор (ГСЕЕ), организираа мирен и обемен протест во срцето на Атина во рамките на денешниот генерален штрајк, со цел да го покажат своето незадоволство од новиот закон за работни односи, извести дописничката на МИА од Атина. На демонстрациите учествуваа работници од различни индустрии, како и студенти, кои ...

Германската полиција преку својот профил на платформата X извести дека сите полициски проверки на плоштадот Терезин во Минхен, каде што се случува Октоберфест, се завршени. Од страна на надлежните е проценето дека учесниците и гостите на манифестацијата не се изложени на никаков ризик. „Полициските мерки на Терезин се завршени. Не е забележана никаква опасност. Октоберфест се отвора во 17:30 часот“, стои во објавата на германската полиција ...

Данската премиерка, Мете Фредриксен, денеска пред почетокот на неформалниот Самит на ЕУ во Копенхаген, изјави дека креирањето на „Ѕид од дронови“ мора да биде заедничка европска цел, инаку ќе бидеме разединети, што не е соодветен начин Европа да напредува. „Мислам дека мора да ја напуштиме нашата национална перспектива. Војната во Украина треба да ја гледаме не како војна во една европска земја, туку како руска закана за сите нас.“ ...

Министерството за внатрешни работи објави дека од 12 октомври годинава, Европската Унија ќе отпочне со постепен старт на Системот за влез/излез (EES), кој комплетно ќе биде имплементиран до април 2026 година. Овој нов дигитален систем, според МВР, претставува една од најзначајните реформи во сферата на граничното управување на ЕУ, менувајќи го досегашниот начин на ставање печати во пасошите со електронска архива на биометриски податоци ...

И оваа година dm drogerie markt на посебен начин ќе го одбележи 4 октомври – Светскиот ден на животните, со специјален настан организиран во Градскиот парк во Скопје. Притоа, dm ќе донира и преку 600.000 денари во парични средства на неколку организации за заштита на животните, со цел да се обезбедат подобри услови за згрижување. Настанот ќе се одржи во дворот на кафулето Central Park, а посетителите освен што ќе можат да ги донесат своите ...

Здравствениот дом во Крушево ќе добие ехо апарат за прецизна дијагностика, со вредност од 49.624 евра, во рамките на Грант програмата за мали проекти за човекова сигурност (GGP). Оваа програма претставува еден од главните темели за соработка меѓу Северна Македонија и Јапонија. Денес во Скопје беше склучен Договор за грант од страна на јапонската амбасадорка Сецуко Кавахара и директорката на Здравствениот дом Крушево, Александра Мијајлевска ...

Samsung ќе ги обедини водечките технологии и иновации во напредни полупроводници, дата центри, бродоградба, облачни услуги и поморски технологии OpenAI, Samsung Electronics, Samsung SDS, Samsung C&T and Samsung Heavy Industries денеска објавија писмо за нивното стратешко партнерство со цел забрзување на развојот на глобалната инфраструктура за AI дата центри и заеднички развој на идни технологии во релевантни области. Оваа широка ...

Како дел од групацијата ТИТАН, цементарница Усје континуирано инвестира во развој на дигитални алатки и примена на вештачка интелигенција во работењето, со што се зголемува оптимизацијата и контролата на производните процеси. Најновите достигнувања на компанијата во оваа област беа претставени на интернационалниот Самит за вештачка интелигенција – AI Tech Summit, што се одржа во Скопје. На самитот беше презентиран автономниот систем за ...

Филмот „Диџеј Ахмет“ на режисерот и сценарист Георги М. Унковски од денеска започнува со својата официјална кино дистрибуција во Македонија. Вечерва премиерно ќе биде прикажан во кино „Синеплекс“ во Скопје, во Киноверзум Скопје, Штип и Велес, во 3Д кино Битола и Манаки Битола, по што ќе започне редовно прикажување во киносалите низ целата земја во рамки на мрежата Киноверзум. Овој момент следува по успешната македонска премиера во Битола, ...

Американски федерален судија денес ги отфрли молбите на Apple, Google и Meta за отфрлање на тужбите во кои се наведува дека тие поттикнувале нелегално коцкање. Технолошките гиганти се обвинети дека го прават тоа преку хостирање и прифаќање провизии од апликации кои имитираат казино и кои предизвикуваат зависност кај корисниците. Окружен судија во Сан Хозе, Калифорнија, го отфрли примарниот аргумент на компаниите дека се заштитени од ...

Дирекцијата за водостопанство и канализација на Бурса (БУСКИ) информираше дека воведува плански ограничувања на водата во одредени региони на Бурса во текот на претстојните десет дена, поради ниските количини на вода во акумулациите низ градот, како што пренесуваат турските медиуми. Според општинските власти, количините на вода во акумулациите кои го снабдуваат градот со три милиони жители значително опаднаа кон крајот на летото. ...

Македонските средношколци – информатичари забележаа голем успех на 32-та Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2025), која се одржа од 25 септември до 1 октомври во Удине, Италија. Тие освоија еден златен медал, два бронзени медали и една олимписка пофалба, информираа од Здружението на информатичарите на Македонија. Тимот на Македонија на овој реномиран меѓународен натпревар во програмирање го сочинуваа учениците Дамјан Давков од Штип, ...

Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, денешниот Меѓународен ден на старите лица го одбележа со средба со пензионерите од Здружението на пензионери од општината, кадешто ги најави новите мерки што ќе го подобрат квалитетот на нивниот живот, здравјето и благосостојбата. Герасимовски, во рамки на посетата на Здружението, како клучен проект ја истакна изградбата на современ дом за стари лица, ...

Поради влијание на влажен и студен воздушен бран, временските услови до петок ќе бидат претежно облачни, со ниски температури и повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат интензивни. Прогнозите укажуваат дека се очекува да паднат повеќе од 30 литри дожд на квадратен метар, а во некои региони и над 50 литри на квадратен метар. Според предвидувањата на Управата за хидрометеоролошки работи, од утре, заради навлегување на посвежа ...

Почнувајќи од 2026 година, најниската плата во Албанија ќе биде покачена на 50,000 албански леки (515 евра). Министерката за економија и иновации, Делина Ибрахимај, исто така најави дека среднорочната амбиција на државата е просечната плата да достигне 1,000 евра во текот на идните четири години. За време на своето обраќање на конференцијата „Стабилност и развој преку економија и иновации“ во Тирана, Ибрахимај го обелодени планираното ...

Европската Унија мора повторно да преговара и да покаже решителност доколку американскиот претседател Доналд Трамп воведе 100-процентни давачки за увоз на европски фармацевтски производи, истакна белгискиот министер за економија, Давид Кларенвал. Тој спомена дека ЕУ има постигнато спогодба за царина од 15 проценти и потенцираше дека таа спогодба мора да биде запазена. “Ако мерките на Трамп ја погодат и ЕУ, мора да реагираме.” “Не смее да се ...

Милијардерот Илон Маск откри дека преку неговата компанија за вештачка интелигенција, xAI, активно работи на нова платформа наречена „Грокопедија“ (Grokipedia), чија цел е да претставува конкуренција на Википедија. Маск, кој исто така е сопственик на социјалната мрежа Икс, тврди дека новата услуга ќе претставува „масовно подобрување“ во споредба со онлајн енциклопедијата чија содржина е уредувана од волонтери. Тој константно ја обвинува ...

Delfino Mobility Group со голема свеченост одбележа 30 години постоење и успешно градење на бренд кој денес претставува симбол на мобилноста, довербата и растот во Македонија и регионот. Семејната компанија, создадена со визија и посветеност и поставена на цврсти темели, интегритетот и семејни вредности ја движат напред и денес како и претходните три децении. Delfino Mobility Group денес управува со богато портфолио кое ги вклучува Sixt ...

Турската компанија за одбрана, „Богазичи Савунма“, обелодени дека има развиено системи за одбрана од беспилотни летала во населени места, кои веќе се подложени на тестирања на повеќе аеродроми, пренесоа денес турските медиуми. Оваа информација доаѓа како резултат на скорешните забележувања на дронови на одредени европски аеродроми, што ја потенцираа опасноста што ја претставуваат беспилотните летала за цивилното воздухопловство и предизвикаа ...

Германија одобри испорака на вооружување кон Израел во вредност од најмалку 2,46 милиони евра по спроведувањето на делумна забрана за извоз, стои во одговорот на Федералното министерство за економски прашања на парламентарното барање од страна на Левичарската партија. Исто така, се потенцира дека пратките содржат “друга воена стока”, а не директно оружје. Германскиот канцелар Фридрих Мерц на 8 август издаде наредба привремено да се прекине ...

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека неговата влада постигнала спогодба со Универзитетот Харвард по неколкумесечни разговори, според која институцијата ќе исплати 500 милиони американски долари. „Линда ги довршува последните детали“, изјави Трамп во Овалната соба, алудирајќи на министерката за образование Линда Мекмеон. Тој објасни дека Харвард ќе раководи со бизнис школи и ќе ги подготвува луѓето за примена на вештачка ...

Скопје денес и утре е домаќин на Самитот за дигитализација на Западен Балкан (WBDS) 2025, во организација на Министерството за дигитална трансформација на Северна Македонија и Советот за регионална соработка (RCC). Овој настан ќе ги собере владите од регионот, бизнис заедницата, академската фела и меѓународните соработници со цел да се забрза дигиталната преобразба на регионот. WBDS 2025, организиран на две бини – Главна и Технологија – ќе ...

Македонија2025 ве информира за два активни повика за апликации за стипендии за 2026 година, насочени кон менаџери, бизнис лидери и претприемачи од Македонија кои сакаат да го надградат своето знаење и лидерски капацитети преку врвни меѓународни извршни програми. 1. Стипендии за Зафировски програмата за извршно образование на Келог Школата за менаџмент Преку поддршката на Фондацијата Робин и Мајк Зафировски и партнерството со Келог Школата ...

Зајакнување на заедничката европска одбранбена подготвеност и поддршката на ЕУ за Украина ќе бидат клучни теми за дискусија на денешната неофицијална средба на шефовите на држави или влади на земјите членки на Европската Унија во Копенхаген. Домаќин на неформалниот Самит на ЕУ, на кој ќе присуствуваат и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е данската премиерка Мете ...

По повод 1 октомври – Светскиот ден на интелектот, Менса Македонија денес во просториите на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии спроведува тестирање на општата интелигенција со цел прием на нови членови во организацијата. Од Менса Македонија известуваат дека е неопходно кандидатите да имаат навршено 16 години, да извршат уплата од 600 денари, да приложат документ за лична идентификација при самото тестирање, од претходното ...

Денеска во Белград, српскиот министер за финансии, Синиша Мали, имаше средба со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто. Главна тема на дискусија беа заедничките проекти и унапредувањето на соработката помеѓу двете земји. Во фокусот на разговорите беше и изградбата на нафтовод од Нови Сад до Алѓе, чиј старт е предвиден за крајот на 2025 година. „Нашиот фокус беше на зајакнување на економските врски, обезбедување енергетска ...

Синоќа, Хутите ја презедоа вината за офанзивата врз холандскиот товарен брод „Минерваграхт“, кој се запали во Аденскиот Залив. Во изјавата, воената групација поврзана со Иран истакна дека бродот бил погоден со проектил во понеделникот. Во периодот на нападот, „Минерваграхт“ патувал без товар со 19 луѓе од екипажот во близина на брегот на Џибути, соопшти холандската фирма „Спрлитхоф“. „Бродот е значително оштетен“, известија од компанијата, ...

Нашата Македонија пред голема промена на времето, голем студ, многу дожд, ветер од северен правец, мраз и врнежи од снег и прва сериозна снежна покривка. На видеото преку GFS моделот можете да го видете очекуваното количество на врнежи до сабота наутро 4 октомври. На планините ќе се формира снежна покривка од над 50/60 сантиметри. Снег ќе врне и во дел од градовите особено во западните и во северните предели од нашата Македонија. Метео ...

Опозициониот лидер во Израел, Јаир Лапид, денеска рече дека стратегијата на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на конфликтот во Газа не е беспрекорна, но е најдобрата алтернатива што постои. Лапид тврди дека стратегијата е речиси идентична со онаа што ја презентираше пред една година на средбите со главните чинители, изразувајќи незадоволство поради доцнењето во прифаќањето на идејата, пренесува „Тајмс оф Израел“. “Израел ...

weather icon

Скопје

-7ᴼ / -7ᴼ
0.51
86%
1026
weather icon

Белград

-2ᴼ / -3ᴼ
1.03
77%
1022
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
76%
1020
weather icon

Софија

-7ᴼ / -7ᴼ
1.54
73%
1027
weather icon

Сараево

-7ᴼ / -7ᴼ
1.27
83%
1023
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -4ᴼ
0.51
90%
1020
weather icon

Атина

5ᴼ / 1ᴼ
5.36
43%
1023
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
69%
1027
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
69%
1027
weather icon

Букурешт

-8ᴼ / -10ᴼ
1.54
87%
1022
weather icon

Будимпешта

-3ᴼ / -4ᴼ
2.57
81%
1019
weather icon

Истанбул

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
69%
1021
Currency

61.555

Currency

52.7416

Currency

71.0102

Currency

35.4461

Currency

38.0051

Currency

66.1354

Currency

7.56348

Currency

0.67334

Currency

0.33349

Currency

0.52452

Currency

1.22372

Currency

0.5855

Платина

75300.49

Родиум

313469.78

Паладиум

59575.33

Сребро

2703.41

Бакар

12.08

Рутениум

44946.74

Алуминиум

3.14

Кобалт

59.52

Калај

44.71

Цинк

3.10

Злато

147759.41

Иридиум

169549.30