Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Главната расправа против 13 полициски службеници, обвинети за тешки дела против општата сигурност поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, која требаше да се одржи денеска, се одложи за 20 април. Одложувањето е по барање на бранителот на дел од обвинетите, Кире Богатинов и Кристина Николова, кој истовремено имал обврска во друг притворски предмет со приоритет во Основниот суд Кочани. Судијата Фанка Јанчулева-Михаиловска истакна ...
Секторот за хидрологија при Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска излезе со итно предупредување поради најавената силна циклонска активност која во наредните денови ќе ја зафати територијата на целата држава. Се очекуваат обилни врнежи од дожд, додека на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Опасност од брзи поплави кај помалите реки Според хидролошките анализи, локалните интензивни врнежи може да ...
Заштитата на личните податоци не може да се постигне само преку усогласување на актите на компаниите со важечките законски прописи. Таа подразбира и градење на доверба, управување со ризици, како и почитување и интегрирање на приватноста во секој дел од работењето. Ова се клучните поенти кои експертите од Еос Матрих Македонија ги презентираа на Kонференцијата „Заштита на личните податоци од сите агли: од регулатива до пракса“, во организација ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека се преземаат засилени активности за уредување и подобрување на условите на Водно, во пресрет на периодот кога значително се зголемува посетеноста на оваа парк-шума. Според објавата, веќе неколку дена на терен се спроведува акција за кастрење на нараснатата вегетација, како и уредување на велосипедските патеки. Патеките се прошируваат на ширина од 2,5 до 3 метри и опфаќаат должина од ...
Поднесена кривична пријава за „лихварство“ против струмичанка СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ј.Т.(53) од Струмица поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Во периодот од 2023 до 2025 година, пријавената ја искористила тешката финансиска состојба на лица од Струмица, им давала пари на заем, при што за себе договарала и наплатувала несразмерно висока камата, со што стекнала противправна имотна ...
Денеска, на 1 април, ширум светот се одбележува Денот на шегата – ден посветен на хуморот, смеата и безопасните шеги меѓу пријателите, семејството и колегите. На овој ден, вообичаено е луѓето да си прават мали трикови и шеги, но без намера да навредат или повредат некого. Медиумите и големите компании исто така често се приклучуваат со креативни и духовити „лажни“ вести или производи, кои имаат за цел да ја насмеат јавноста. Сепак, пораката ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т.(40) и М.Д.(43), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. На 07.02.2026, првопријавената, поранешна вработена во угостителски објект во Куманово, го уценувала сопственикот дека ако не ја врати на работа или не ѝ даде 5.000 евра, на социјална мрежа ќе објави фотографии како доказ за несоодветно ракување со храната во објектот, со цел создавање ...
На социјалните мрежи се шири итен апел за донирање крв за спасување на животот на 10-годишниот Борјан Цветковски. Детето се наоѓа во исклучително тешка, животозагрозувачка состојба и му е неопходна крв од групата АБ негатив (AB-). Се молат сите граѓани кои ја имаат оваа ретка крвна група и се во можност да даруваат крв, што е можно поскоро да се обратат во Институтот за трансфузиона медицина и да нагласат дека донираат за пациентот Борјан ...
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство во домот во гостиварската населба Дутлок осомничениот 33-годишник со умисла го лишил од живот сопствениот татко. Тие започнале расправија заради претходни меѓусебни недоразбирања, по што синот физички го нападнал ...
Најниска температура утрово е измерена на Попова Шапка, каде термометрите покажаа -3 степени. Во Мавровотемпературата се спушти до -1 степен, додека во Лазарополе и Крушево беа измерени нула степени. Снежната покривка е најизразена токму на Попова Шапка, каде се измерени 57 сантиметри снег. Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се регистрирани во Маврово, каде наврнаа седум литри на метар квадратен. Потоа следуваат Битола со шест и Охрид со ...
Говорејќи од Овалната соба, Доналд Трамп соопшти дека Соединетите Американски Држави ќе започнат повлекување од Иран во наредните „две или три недели“, нагласувајќи дека операцијата се приближува кон својот крај. Изјавата доаѓа во момент кога глобалните пазари внимателно ја следат состојбата поврзана со конфликтот. Трамп ја повтори својата претходна позиција, истакнувајќи дека повлекувањето ќе биде брзо и дека веќе се гледаат ефектите од ...
Денеска (01.04.2026) околу 03:30 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и СВР Струмица ги лишија од слобода С.М.(31) осуден на казна затвор од пет години и М.М.(38) осуден на казна затвор од четири години, двајцата од Струмица. Лицата беа во бегство од КПУ Затвор Струмица, а претходно осудени поради сторено кривично дело по чл.236 ст. вв чл.45 од Кривичниот законик. Лицата се спроведени во КПУ Затвор ...
Овен Односите се во центарот на вниманието. Полната Месечина во Вага може да донесе важен разговор или одлука поврзана со партнерство. Можеби ќе сфатите што функционира, а што не. Разговорите денес можат да донесат јасност. Бик Фокусот е на секојдневните обврски и на балансот меѓу работата и одморот. Полната Месечина може да ви покаже дека е потребно подобро да го организирате времето. Хармонијата со Плутон може да донесе решение за проблем ...
Хрисант беше син единец на еден велик бојарин, Полемиј, којшто од Александрија се пресели во Рим. Како син на богати родители Хрисант ги изучи разните светски школи, а ги имаше за учители најучените луѓе. Но, светската мудрост го збуни и го остави во неизвесност околу прашањето што е вистина. И тој тагуваше заради ова. A Бог Кој промислува за сите и за сè ја ублажи неговата тага: до рацете на младичот Хрисант дојдоа Евангелието и Делата ...
Под влијание на циклонска активност ќе има врнежи кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²). Поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h. Во Скопје, претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец. Под влијание на циклонска активност ќе има врнежи ...
Македонската фудбалска репрезентација одигра натпревар без голови на гостувањето во Даблин против Република Ирска, во дуел меѓу селекции кои неодамна беа елиминирани во полуфиналните баражи за пласман на Светското првенство. Избраниците на селекторот повторно не успеаја да остават посериозен впечаток во нападот, продолжувајќи ја бледата форма од претходниот натпревар против Данска. Македонија заврши со само три удари кон голот, без вистинска ...
Парламентот на Израел, Кнесет, усвои нов закон со кој се воведуваат построги казни за смртоносни терористички напади, вклучувајќи можност за смртна казна. Законот, поддржан од владејачката коалиција и премиерот Бенјамин Нетанјаху, доби 62 гласа „за“ и предизвика бурни реакции дома и во странство. Што предвидува законот? Според новите одредби, лица осудени за терористички напади кои предизвикале смрт може да добијат смртна казна или доживотен ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека постои можност Русија да планира да спроведе општа мобилизација во блиска иднина, истакнувајќи дека нема „целосни информации“ за ова прашање. „Не би брзал да кажам дека дефинитивно ќе спроведат општа мобилизација. Зошто? Според мене, имаше такви сигнали, но нема потврда за оваа информација. Затоа, не сум сигурен дека имаат намера да го сторат тоа во блиска иднина. Иако, повторно, ...
Coca-Cola без сомнение е еден од најпознатите пијалаци во светот. Но, покрај тоа што освежува и дава енергија, се покажало дека овој газиран пијалак може да отстрани дамки, ‘рѓа и остатоци од нечистотија од некои површини. Иако звучи неверојатно, зад овој ефект стои комбинација од неколку хемиски својства. Зошто Coca-Cola отстранува дамки и ‘рѓа Тајната е во фосфорната киселина, главниот составен дел кој му дава на пијалакот карактеристична ...
Семејното насилство и фемицидот и понатаму се меѓу најсериозните предизвици за заштитата на човековите права во Македонија, покажуваат податоците од Канцеларијата на Народниот правобранител. Народниот правобранител Фатон Селами апелира институциите – полицијата, центрите за социјална работа и Јавното обвинителство – да реагираат побрзо и поефикасно, со цел жртвите да добијат вистинска заштита. „Жртвата, откако ќе го пријави случајот, мора да ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја опиша Македонија како држава која технички е подготвена за членство во Европската унија, но која останува блокирана поради политички пречки што не произлегуваат од европските правила. Таа го кажа тоа на заедничка прес-конференција со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, објаснувајќи дека изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за „децении чекање“ била условна, со „ако треба“. Фактите ...
Граѓаните во дел од градовите низ земјава ќе почувствуваат повисоки цени на лебот веќе од утре. Во пекарниците во Штип, Кочани, Прилеп и Битола се очекува цената на одредени видови леб, особено бел леб од 450 грама, да се зголеми за 3 до 5 денари. Некои пекари веќе ги корегирале цените, а информациите стигнале и до Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора. „Имаме информации дека некои поединечни пекари веќе ги ...
Новиот тренд во украсување на велигденските јајца стана вистински хит на социјалните мрежи. Станува збор за техника на бојадисување со варено цвекло, која им дава на јајцата луксузен мермерен изглед без користење на вештачки бои. Оваа метода е толку ефектна што многумина веќе планираат да ја вклучат во својата празнична традиција. @iravarit Роскошные и стильные! Мне они понравилось еще больше малахитовых: очень красиво На 7-8 штук яиц: Свекла ...
На социјалните мрежи се насекаде, во продавниците се насекаде. Во својата оригинална форма или инспирирани од нив, производите со ф’стаци веќе извесно време се сериозен тренд. Во декември 2023 година, една корисничка на TikTok сподели видео во кое јаде чоколадо купено во Дубаи. Тоа било полнето со впечатлив зелен крем од ф’стаци и ситно тесто. Видеото брзо стана популарно и собра милиони прегледи. Наречени „дубаи чоколада“, овие чоколади ...
Властите на Сардинија преку посебни програми нудат финансиска поддршка за преселување во помали и помирни села на островот, со цел да се оживеат руралните подрачја кои со години се соочуваат со намалување на бројот на жители. Преселувањето на Сардинија за многумина се претставува како можност за живот во пријатна средина, покрај море и со блага клима, а на социјалните мрежи оваа опција често се опишува како многу привлечна, пишува „Мирор“. ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило. Од нив пет возеле без возачка дозвола, од кои двајца во Скопје и по еден во Куманово, Струга и Прилеп. Додека, еден возач управувал возило под дејство на алкохол во Велес и предизвикал сообраќајна незгода. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. ...
Соработката меѓу Јавното обвинителство и Европската унија останува клучен фактор во напорите за зајакнување на владеењето на правото, беше истакнато на денешната средба меѓу јавниот обвинител Ненад Савески и амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас. На средбата, која се одржа на почетокот на мандатот на Савески, беа разгледани приоритетите за понатамошна соработка, како и можностите за европска поддршка во јакнењето на институционалните капацитети. ...
Управата за јавни приходи реагираше на медиумските написи во кои се тврди дека студентите се „на удар“ поради обврската за плаќање данок за сезонска работа во Германија, нагласувајќи дека станува збор за погрешни толкувања и дезинформации. Од институцијата потенцираат дека не се воведени нови давачки, ниту пак се бара исполнување на обврски кои не се предвидени со закон. Активностите, како што велат, се насочени кон воспоставување ред во ...
ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против К.Н.(29) од Велес и Г.М.(54) со престој во Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени 11 кривични дела, од кои десет кривични дела „измама во обид“ и едно кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик. Во изминатиот период лице од странство телефонски контактирало повозрасни лица, лажно им се претставувало и ги доведувало во заблуда ...
Во рамки на официјалната посета на црногорскиот претседател, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Јаков Милатовиќ одржаа заедничка прес-конференција. Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска-Давкова. Почитувани претставници на медиумите, Почитуван претседателе, господине Милатовиќ добредојдовте, Средбава се случува во пресрет на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете ...