Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во отворено писмо предупредува дека статусот на албанскиот јазик како официјален јазик не смее да биде предмет на политички дебати и дневна политика. Тој истакнува дека еднаквоста и меѓусебното почитување се темел на стабилна држава и додава дека Охридскиот рамковен договор останува клучен столб на уставниот поредок. Според Ахмети, секој обид за релативизирање или ограничување на употребата на албанскиот јазик ...

За неполни две години, од септември 2024 до март 2026, пензиите се зголемени за вкупно 7.000 денари месечно, односно за околу 36 проценти, изјави директорот на Фондот за ПИОМ, Никола Мемов. Според него, минималната пензија е зголемена за 61,75 проценти, а просечната за околу 40 проценти, што претставува најголемо покачување во изминатите две децении. Мемов посочува дека за исплата на пензии сега се издвојуваат речиси 500 милиони евра повеќе ...

Обвинителката Ленче Ристовска поднесе оставка од функцијата. Јавнообвинителската функција секогаш сум ја поимала како повик и можност за придонес кон подобрување на системот, општеството и пред сè животот на граѓаните. Затоа во текот на мојата кариера особен предизвик ми претставуваше работата на случаи кои најдиректно влијаат врз дерогирањето на општествените вредности и принципи. Работењето на високопрофилни случаи создава и високопрофилни ...

Специјализираната болница „Свети Стефан“ во Охрид стана првата здравствена установа во Македонија која ја воведува методата „Механичка ротациона атеректомија“ за третман на периферни артериски заболувања. Оваа современа процедура овозможува ефикасно отстранување на атеросклеротичните наслаги од крвните садови, примарно на нозете, со што значително се подобрува циркулацијата кај пациентите. Помалку инвазивен пристап: Редовна пракса: Превенција ...

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност, во координација со отсеците за компјутерски криминал при СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, спроведува координирана полициска операција на територијата на државата. Според неофицијални информации, во тек се претреси на седум локации, при што полицијата прибира докази поврзани со кривичното дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, казниво согласно член 193-а ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Париз, Франција, оствари средба со министерот делегиран за Европа, Бенџамин Адад. На средбата стана збор за натамошно унапредување на билатералните односи, продлабочување на политичкиот дијалог и зајакнување на соработката на владино ниво, со посебен фокус на економската соработка. Министерот Муцунски нагласи дека европската интеграција е ...

ПОСЕТИТЕЛИТЕ на Коачела, еден од најпознатите фестивали во светот што започнува за десет дена, годинава ќе имаат скапа гастрономска понуда, покрај високите цени на билетите. ВИП зоната на фестивалот ќе понуди ексклузивна вечера за над 360 долари (312 евра) по лице, пишува „Унилад“. Што се нуди за над 360 долари? Станува збор за поп-ап ресторанот „Outstanding in the Field“, сместен во ВИП градината со рози, кој им нуди на гостите вечера на ...

Седуммесечно бебе во количка смртно настрада при пукотница во њујоршката населба Бруклин. Инцидентот се случил кога маж од мопед во движење пукал кон група луѓе на тротоар на улица во Бруклин. Првичните проценки на полицијата се дека пукотницата што се случила вчера во попладневните часови е пресметка на банди, а бебето е случајна жртва. „Нема зборови што можат да ја излечат болката на семејството. Едвај започнат живот е одземен во миг“, рече ...

Австралија објави дека ќе ги забрани рекламите за коцкање во кои учествуваат познати личности и ќе го ограничи онлајн рекламирањето, во обид да се справи со загриженоста за јавното здравје. Но, новите мерки не се во согласност со она што го препорача владината истрага. Речиси три години откако прегледот препорача целосна забрана за рекламирање на онлајн коцкање поради огромното зголемување на трошоците за јавно здравје, премиерот Ентони ...

Во периодот од 01.03.2026 до 31.03.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 26.241 прекршок. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци за минување на затворен сигнал (црвено светло) констатирани се 70 прекршоци што претставува намалување на 68.2% во споредба со месец февруари, најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од ...

Американската амбасада во Ирак ги повика американските граѓани да ја напуштат земјата поради закана од напади во Багдад. Во предупредувањето се вели дека „милиции поврзани со Иран“ би можеле да извршат напади во центарот на градот во рок од 24 до 48 часа. Целите би можеле да вклучуваат американски граѓани, бизниси, универзитети, дипломатски мисии, енергетска инфраструктура, хотели и аеродроми, како и ирачки институции и цивилни цели. ...

На 01.04.2026 полициски службеници го приведоа С.Р. (45), вработен во Секторот за општи и заеднички работи на МВР. При вршење на физичка регулација на сообраќајот на крстосницата од ул. „Јордан Мијалков“ со ул. „Димче Мирчев“ во Скопје, полициски службеник од СВР Скопје запрел патничко возило „мерцедес“, управувано од С.Р., кој се движел во спротивна насока и воедно претекнувал колона на возила. Откако му бил побаран документ за ...

Силен земјотрес со магнитуда од 7,4 степени го погоди брегот на Индонезија во северниот Молучки Остров, а издадено е и предупредување за цунами, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS). Индонезиските власти издадоа предупредувања за цунами за делови од провинциите Северен Малуку и Северен Сулавеси, додека локалните власти во градови како Тернате и Тидор ги повикаа жителите да се подготват за евакуација. Според американскиот систем за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за време на велигденскиот ручек во Белата куќа дека би можел да направи многу повеќе ако беше крал. Зборувајќи пред гостите, Трамп се осврна на библиската приказна за влегувањето на Исус во Ерусалим, а потоа направи паралела со себе. „На Цветници, Исус влезе во Ерусалим додека луѓето го поздравуваа како крал. Сега ме нарекуваат крал, верувате ли во тоа? Јас не сум крал. Јас сум таков крал што не ...

Oвeн – Πoлнaтa Meceчинa вo вaшиoт cпpoтивeн знaĸ гo cтaвa фoĸycoт нa бaлaнcиpaњe нa вaшитe лични пoтpeби co oниe нa вaшитe пapтнepи. T-ĸвaдpaтoт co Jyпитep мoжe дa вe oxpaбpи пpeтepaнo дa peaгиpaтe или дa бидeтe пpeтepaнo гopди, зaтoa cтpeмeтe ce ĸoн диплoмaтиja и избeгнyвajтe eĸcтpeмни изjaви. Oбидeтe ce дa ja пpoнajдeтe тaa cpeќнa cpeдинa штo ќe ja oдpжи xapмoниjaтa вo вaшaтa вpcĸa бeз дa ja зaнeмapитe coпcтвeнaтa aвтeнтичнocт. Биĸ – Дeнec ...

Тие се од обителта на свети Сава Осветен кај Ерусалим. Овој славен манастир постои и денес. Повеќепати е напаѓан од дивите Арапи, но по Божја Промисла секогаш е обновуван и зачуван до денеска. Во времето на царувањето на Константин и Ирина, Арапите го нападнаа и го ограбија. Монасите не сакаа да бегаат, туку откако се посоветуваа со својот игумен Тома рекоа: „Ние побегнавме од светот во оваа пустина заради љубовта Христова. Срамота е да ...

Небото над грчкиот остров Крит доби необична портокалово-црвена нијанса, откако густ облак од сахарска прашина пристигна од африканскиот континент, создавајќи драматични сцени и сериозни нарушувања во секојдневието. Силните јужни ветрови донесоа големи количества прашина од Сахара, која го прекри островот со задушлива магла, значително намалувајќи ја видливоста и создавајќи проблеми во сообраќајот, особено во авијацијата. Најголеми последици ...

Маж од Масачусетс обвинет за упатување смртни закани кон поранешниот американски претседател Доналд Трамп на Фејсбук беше уапсен во среда по престрелка со полицијата за време на која тој мавташе со меч. Ендру Емералд, 45, е обвинет по осум точки. Обвинението, поднесено во федералниот суд во Спрингфилд, го обвинува за серија заканувачки објави што наводно ги направил минатата година. Во една од нив, тој ветил дека ќе отпатува во одморалиштето ...

Социјалниот дијалог во јавниот сектор достигна ниво што досега не било забележано, оценува професорот Лазар Јовевски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, во објава на социјалните мрежи. Според него, во изминатите денови биле потпишани колективни договори во вкупно 59 државни институции, како и во целокупниот судски систем и јавното обвинителство. Со тоа, за првпат во историјата на државата, сите ...

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ изјави дека станува збор за мочурлива област и дека најверојатно станува збор за нелегални мигранти – Пребарувањето во областа Бабина Греда сè уште е во тек. На терен има 30 припадници на Хрватската крајбрежна стража од Винковци, Осиек, Славонски Брод и Ораховица, тоа се тимови за пребарување и спасување на вода и поплави. Вработените во МВР спроведуваат воздушно пребарување со ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.Ј.(57) од с.Раштани, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 20.02.2026 во угостителски објект во Кичево, пријавениот упатил закани на градоначалникот на општина Кичево. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.Ј.(57) од с.Раштани, ...

Рускиот лидер Владимир Путин за време на последната средба со својот колега од регионот, ерменскиот премиер Никол Пашинјан истакна дека тесната соработка со еден сојуз истовремено го исклучува приклучувањето кон друг поради меѓусебната некомпатибилност на нивните правила. Според него, „едноставно е невозможно“ Ерменија да биде членка на Европска Унија, бидејќи Ереван веќе е член на царинска унија со Москва. Тој нагласи дека секоја држава има ...

Светот на кибер-безбедноста е во состојба на висок аларм по откривањето на масовен напад врз глобалниот синџир на снабдување. Севернокорејски хакери успеаја да вметнат малициозен код во популарниот софтвер со отворен код Axios, кој го користат илјадници американски компании, вклучувајќи ги секторите за здравство, финансии и криптовалути. Прозорец од три часа со фатални последици Нападот бил изведен со хируршка прецизност. Хакерите презеле ...

Во атмосфера исполнета со солзи, болка и тишина, денеска во судницата се одвиваше едно од најпотресните сведочења поврзани со трагедијата на Ивана Стојаноска и нејзината малолетна ќерка. Очевидецот на настанот, Мартин Саздов, нивниот близок пријател, со тешкотии зборуваше за моментите што засекогаш му го промениле животот. Сведокот, видно вознемирен, во повеќе наврати прекинуваше, борејќи се со солзи и силна физичка реакција. Пред судот ...

36-годишен државјанин на Македонија во вторникот навечер на улицата „Резенбергштрасе“ навредувал и физички нападнал припадници на интервентните служби. Градската полиција на Сент Гален поднесе пријава против него. Во вторникот навечер (31.03.2026), кратко по 20 часот, на улицата „Розенбергштрасе“ имало полициска интервенција. Полицијата излегла на терен по дојава за тепачка. По пристигнувањето, патролата затекнала 36-годишен маж кој не ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Ј.(30) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.03.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, во кој имало импровизирана лабораторија со опрема за создавање на контролирани услови за одгледување на марихуана, при што биле пронајдени и ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.Ј.(57) од с.Раштани, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 20.02.2026 во угостителски објект во Кичево, пријавениот упатил закани на градоначалникот на општина Кичево. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.Ј.(57) од с.Раштани, ...

Зголемените геополитички тензии на Блискиот Исток повторно ја ставаат економијата на Македонија под притисок, предупредуваат од Меѓународниот монетарен фонд во најновата завршна изјава по редовните консултации со земјава. Според нивните оценки, растот на цените на енергенсите може да доведе до нов бран инфлација и да го забави економскиот раст во наредниот период. Фондот проценува дека македонската економија во 2026 година ќе забележи раст од ...

На 30.03.2026 полициски службеници од СВР Охрид во содејство со Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионален центар за гранични работи Запад, по претходно издадена судска наредба, го лишија од слобода Ш.В.(40) од САД, со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 378 од Кривичниот законик. На Ш.В. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, по ...

На 31.03.2026 околу 09:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Студеничани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.А.(42) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 34-годишната Р.И. од с.Студеничани, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило „ауди“ и шестгодишен ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
5.14
34%
1014
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
6.17
36%
1015
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
24%
1019
weather icon

Софија

14ᴼ / 13ᴼ
4.63
41%
1014
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
8.34
36%
1013
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
1.03
26%
1018
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.47
66%
1013
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
5.14
26%
1013
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
6.69
21%
1014
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
8.94
30%
1008
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
8.75
30%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
58%
1013
Currency

61.645

Currency

52.6183

Currency

71.0956

Currency

37.6837

Currency

38.5248

Currency

67.1488

Currency

7.70987

Currency

0.70065

Currency

0.32997

Currency

0.52528

Currency

1.1713

Currency

0.56113

Калај

50.34

Сребро

2399.81

Кобалт

45.39

Платина

64365.79

Злато

151336.48

Цинк

0.00

Паладиум

46843.64

Родиум

326330.08

Бакар

12.11

Рутениум

53788.20

Алуминиум

3.59

Иридиум

253540.09