Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Борбен авион Су-30 на руското воздухопловство се урна за време на тренажен лет над полуостровот Крим, анектиран од Москва во 2014 година. Екипажот на борбениот авион успеал да се катапултира, соопшти руското Министерство за одбрана, додавајќи дека нема опасност по животот на пилотите. Авионот Су-30 не носел никаква муниција. Русија има неколку воздухопловни бази на Крим. Борбен авион Су-30 на руското воздухопловство се урна за време на ...
Со солзи во очите, во паника и пред портите на фабриката каде поминале децении – вака изгледаше денешниот ден за над 100 вработени во конфекцијата „Артекс“ од Кочани. Фирмата се затвора ненадејно, оставајќи ги работниците на улица, без исплатени плати и без јасна иднина. „Каде да одам по 25 години работа?“ Работниците, видно вознемирени, сведочат за хаотичниот начин на кој им било соопштено дека остануваат без работа. Многу од нив се со ...
На територијата на Национален парк Маврово е воспоставен нов систем за видео надзор на 60 локации, со цел подобра заштита на природата, дивиот свет и посетителите, информираат од управата на паркот. Од установата посочуваат дека оваа мерка е дел од нивните законски надлежности за заштита и унапредување на природните вредности, како и за одржливо управување со биолошката разновидност и екосистемите во паркот. Системот за надзор ќе овозможи ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив четворица возеле без возачка дозвола, од кои по еден во Берово, Гостивар, Битола и Скопје. По еден возач во гевгелиско и Делчево управувале возило со поголема брзина од дозволената, а еден возач во Неготино возел иако имал активна забрана за управување на патничко возило. Тројца возачи ...
Иран соборил американски борбен авион, а во тек е операција за пребарување и спасување на двајца членови на екипажот, објави „Аксиос“, повикувајќи се на извор запознаен со инцидентот и на иранските државни медиуми. Доколку информациите се потврдат, тоа би бил првиот американски авион соборен со непријателски оган од почетокот на војната. Американската војска и Белата куќа засега не ги коментираа овие наводи. Иранските државни медиуми ...
Глобалниот пазар на храна повторно е под притисок, откако во март беше регистриран нов раст на цените на основните прехранбени производи. Најновите податоци на Организацијата за храна и земјоделство (FAO) покажуваат дека поскапувањата се најизразени кај растителните масла и шеќерот. Индексот на цените на храната на FAO во март достигнал просек од 128,5 поени, што претставува зголемување од 2,4 проценти во споредба со февруари. Во однос на ...
Во последните неколку дена СВР Скопје регистрираше серија на пријави за семејно насилство на подрачјето на градот, кои укажуваат на сериозен проблем со физичко и психичко малтретирање во домашна средина. На 02.04.2026, 31-годишна жена од подрачјето на Бит Пазар пријавила дека нејзиниот сопруг ја заклучил во тоалетот заедно со нивните четири малолетни деца, по што ја нападнал и ја избркал од домот. Жената истакнала дека и претходно била ...
Судот во Битола го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и определи мерка притвор за 31-годишникот осомничен за кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, информираат од надлежните институции. Против осомничениот претходно беше донесена Наредба за спроведување истражна постапка, поради сомнение дека во периодот од април 2024 година до 1 април 2026 година, на компјутерска опрема што ја користел во својот ...
Она што најмногу би го изненадило секој кој за првпат стапнува во индустриска средина како Макстил е фактот дека, иако традиционално се смета за „машка“ индустрија, денес атмосферата е значително поразлична од стереотипите. Во последните години се случува многу значајна промена, жените сè повеќе го наоѓаат своето место во металуршката индустрија и зад себе оставаат сопствен, препознатлив професионален и лидерски печат. Во Макстил, жените се ...
На 02.04.2026 околу 16:00 часот во ПС Пробиштип од Итната медицинска помош при ЈЗУ „Нада Михајлова“ во Пробиштип известиле дека кај нив е пријавено дека во семејниот дом В.Н. го пронашол својот син М.Н.(40) од с.Добрево, пробиштипско, со прострелна рана. Извршен е увид и службени разговори со таткото и братот на повредениот, по чие кажување М.Н. истиот ден на мeсто викано „Чукар“, атар на с.Марчино, пробиштипско, самиот си нанел прострелна ...
На 1 април 2026 година, Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за упис во средните училишта за учебната 2026/2027 година. Наместо стратегија за развој и унапредување, документот предизвика шок и револт низ државата. Изоставени се клучни паралелки, избришани се цели струки во помалите градови, а од мапата е избришано и училиште со над едновековна традиција. Битола остана без Земјоделското училиште: Избришана институција од ...
Додека даночните обврзници се во паника поради мејлови за наводни неплатени аконтации, Управата за јавни приходи (УЈП) испраќа нови пораки со кои ги моли граѓаните да ги занемарат претходните известувања. Технички пропуст или системска нефункционалност? Ова е прашањето што си го поставуваат голем број граѓани откако на нивните електронски адреси пристигнаа контрадикторни пораки од Регионалната дирекција на УЈП Скопје. Проблемот започна кога ...
СВР Велес поднесе кривична пријава против С.В.(45) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 03.02.2026, пријавениот неовластено и без знаење на оштетената-овластена сметководителка го искористил нејзниот број на уверението, кое било прикачено на isos.com.mk и го употребил за завршна сметка во Централен регистер. Оштетената, истиот ден на ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави нов јавен повик за доделување ваучери за инвертер клима уреди за 2026 година, насочен кон заштита на ранливите потрошувачи на енергија. За прв пат, аплицирањето ќе се врши целосно електронски преку платформата www.aplikanti.energy.gov.mk, што го олеснува процесот за граѓаните, отстранувајќи ги редиците и административните бариери. Повикот овозможува доделување ваучери за ...
Велика Британија се насочува кон нови партнерства за обезбедување на критични минерали, вклучувајќи бакар и литиум, во услови на растечка глобална побарувачка. Министерката за клима Кејти Вајт порача дека земјата е отворена за соработка со меѓународни партнери. „Имаме свои ресурси, но обемот на потреби е значително поголем“, изјави таа за „Политико“ при посетата на рудник за бакар во Чиле, кој извезува на повеќе светски пазари. Таа додаде ...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. T=14°C. P=971hPa. U=68%. V=4m/s. Утре претежно во источните делови ќе има ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека е реализирана исплата од вкупно 1.021.527.000 денари кон 2.139 одгледувачи на овци за мерката 2.6 – директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци. Исплатата се однесува на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година. „Остануваме посветени на оваа сточарска гранка“, велат од министерството, нагласувајќи дека поддршката кон ...
Во првите три месеци од 2026 година, Буџетот бележи стабилна реализација и раст на приходната страна, што укажуваподобрена наплата. Вкупните приходи во Буџетот достигнаа 81,2 милијарди денари, што претставува раст од 5,7% во однос на истиот период во 2025 година. Вкупните приходи од даноци се зголемни за 4,7%, при што највисок пораст се забележува кај Данокот на добивка од 23,6% и Данокот на личен доход од 12,3%. Повратот на ДДВ е зголемен за ...
На денешната промоција на новите електронски услуги за студентите на порталот uslugi.gov.mk, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, најави потпишување договор за меѓусебно признавање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора. „Имавме два дена квалитетни разговори со претседателот на Црна Гора. Нешто што веќе го подготвуваме е потпишувањето на договорот за меѓусебно прифаќање на електронските потписи, што ќе го ...
Поранешниот државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски, официјално ја продолжува својата кариера во адвокатурата. Тој е регистриран како адвокат со седиште во Тетово. Промената доаѓа по донесеното решение од Адвокатската комора, со кое Коцевски е запишан во Именикот на адвокати под реден број 754. Со овој чекор, поранешниот прв човек на Јавното обвинителство се враќа во правната пракса, но овојпат од страната на одбраната и застапувањето на ...
Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија (МРТ) реагираше поради емитувањето на песната „Билбилите на Кораб“ на МРТ2, која, според нив, поттикнува меѓуетничка нетрпеливост и содржи територијални претензии кон Македонија и соседните држави. Советот наложи дисциплинска постапка за да се утврди одговорноста за ваквата содржина. „Со емитувањето на оваа содржина, МРТ го прекрши членот 48 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски ...
Четириесеттиот по ред „Марш на ангелите“ ќе се одржи на 4 април 2026 година во Паркот на Револуцијата во Кочани, најави Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“. Настанот е закажан за 16:05 часот, а целта е повторно да се потсети на семејствата кои изгубиле најмили и да се бара вистина и одговорност од надлежните институции. „Четириесетти пат чекориме заедно. Четириесетти пат со болка, со љубов и со непоколеблива решеност нашите ангели ...
Грција се соочува со значајни промени во владата по оставките на тројца високи министри поврзани со истрагата за земјоделски субвенции. Грчкиот министер за рурален развој Костас Цијарас, министерот за цивилна заштита Јоанис Кефалојианис и заменик-министерот за здравство Димитрис Варцопулос поднеле оставки, соопштија властите. Премиерот Киријакос Мицотакис веднаш реагираше со реконструкција на кабинетот. Нов министер за цивилна заштита ќе биде ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Осомничениот 31-годишник, кој бил инаку вработен во образовна установа, во периодот од април 2024 година до 01.04.2026 година на компјутерските уреди и опрема кои ги користел дома, набавувал за себе и поседувал ...
Полициски службеници од Тетово вчера вечер привеле малолетник за поседување дрога. Инцидентот се случил околу 22:15 часот на улицата „155“ во населбата Дреновец, кога кај 17-годишник биле пронајдени пет паковки со зелена тревкаста материја. Малолетникот веднаш бил однесен во полициска станица за понатамошна постапка. Оттаму соопштуваат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава согласно член 215 ...
Италијанската влада денес го одобри продолжувањето на намалувањето на акцизата на горивата до 1 мај, со цел да се ублажи зголемувањето на цените на енергијата. Мерката, која првично беше воведена на 18 март, требаше да истече на 7 април, но сега е продолжена, па намалувањето на данокот од речиси 0,25 евра по литар сè уште ќе биде на сила. Вкупната вредност на пакетот се проценува на најмалку 500 милиони евра, при што околу 30 милиони евра се ...
Нови информации од истрагата за убиството на 79-годишната Борјанка Николова од Штип ја потресуваат јавноста. 74-годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиството, бил пронајден во својот дом со необичен и шокантен предмет – облечена женска кукла со човечки димензии, со која, според извори спиел во кревет. Според полицијата, кога истражителите влегле во домот на Асанов на 10 ноември 2025 година за да извршат претрес по судска наредба, таму ...
Светските берзи забележаа нагло поскапување на нафтата, при што цените достигнаа највисоки нивоа во последните неколку години, соопштуваат финансиските аналитичари. Според последните податоци, северноморската нафта „Брент“ се тргува по цена од 109 до 111 долари за барел, додека американската „WTI“ достигна околу 111 долари за барел. Во само еден ден цените се зголемија меѓу 8 и 11 проценти, што укажува на значителна нестабилност на глобалниот ...
На 02.04.2026 во 09:00 часот, во с. Скудриње, општина Маврово и Ростуше, полициски службеници од ПО Ростуше ја лишија од слобода А.А.(45) од с.Скудриње, врз основа на потерница по судска наредба за издржување казна затвор во траење од пет години и шест месеци, за сторено кривично дело по член 190 и член 45 од Кривичниот законик. Таа е спроведена во казнено – поправна установа за издржување на казната. На 02.04.2026 во 09:00 часот, во с. ...
По успешното полетување и иницијалните проверки во орбита, мисијата Artemis II влезе во клучна фаза – напуштање на Земјината орбита и започнување на патувањето кон Месечината, што претставува историски момент за современата вселенска програма. Вселенското летало Orion успешно го активираше главниот мотор во таканаречената транслунарна инјекција – маневар кој траеше пет минути и 55 секунди и, според NASA, поминал без никакви проблеми. Од ...