Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Според пишувањата на Гардијан, не е јасно дали руските и украинските претставници ќе се сретнат лице в лице Украина, Русија и САД денеска во Абу Даби треба да одржат трилатерална средба, што ќе биде првпат трите земји да седнат заедно по руската инвазија во 2022 година. Средбата, како штопишува Гардијан, е потврдена денеска рано наутро по разговорите во Кремљ меѓу рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претставник Стив Виткоф и ...
Помошникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков вели дека ова би се случило само откако „ќе биде склучен мировен договор меѓу Русија и Украина“ Рускиот претседател Владимир Путин на синоќешната средба со специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави, Стив Виткоф, и Џаред Кушнер разговарал за можноста за донирање на една милијарда долари на Одборот за мир на претседателот Доналд Трамп. Условот што го поставил Путин е само ...
Полицијата соопшти дека случајот се истражува како обид за убиство, а не како тероризам, и дека се прегледуваат снимки од безбедносните камери за да се осигури дека нема други осомничени кои избегале Шест лица се повредени, од кои две се во критична состојба, во напад со нож што се случил синоќа за време на протест во белгискиот град Антверпен. Полицијата потврдила дека инцидентот се случил во близина на плоштадот на операта, пишува Гардијан. ...
Утре кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла, а ќе дува и слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе биде од минус два до два Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од пет до 10 степени. За Скопје, денеска се прогнозира променливо облачно време со ...
„Мислам дека е добра идеја да го зголемиме нашето учество во НАТО, со цел да имаме потрајно присуство на Арктикот. Кон тоа ќе се стремиме. Мислам дека тоа се совпаѓа и со идејата на американскиот претседател. Имаме исти цели, но не мора да значи исти методи. Сега има можност да ги усогласиме тие работи“, вели данскиот министер Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, вели дека е време за „соодветни преговори“ со САД за ...
На прашањето од Скај њуз дали неизвесноста предизвикана од коментарите на Трамп за Гренланд претставувала одвлекување на вниманието за сојузниците на НАТО, Руте не се согласи, дури му припиша на Трамп заслуга за „спасувањето на НАТО“ Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вели дека прашањето за сопственост на САД врз Гренланд „не се споменало“ за време на неговиот состанок со Доналд Трамп во Давос. Тој вели дека не го гледа новиот став на ...
Таткото барал оштетениот да му исплати одредена сума на пари за трошоци што тој ги покривал додека тројцата живееле заедно во изнајмен стан во населбата Карпош Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје синоќа лишиле од слобода 57-годишен жител на селото Идризово, под сомнение за сторено кривично дело изнуда. Апсењето било извршено во угостителски објект, во моментот кога осомничениот примил претходно обележани пари. ...
„Ако некој граѓанин смета дека сака да си ја заврши услугата хартиено, таа била нудена на тој начин, тоа ќе продолжи да го прави и во пракса“, вели министерот Граѓаните сакаат да ги користат електронските услуги ако тие им ја завршат работата. Бројот на корисници на Националниот портал за е-услуги е двојно зголемен во однос на почетокот на годината, достигнувајќи над 240 000 корисници, додека Системот за единствена најава (СЕН) го користат ...
Најавата Зеленски ја даде за време на неговиот говор на Светскиот економски форум во Давос од каде кажа дека дводневниот состанок ќе се одржи утре и в сабота Украински, американски и руски претставници ќе одржат трилатерален состанок во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), објави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, што е знак дека мировните преговори за ставање крај на војната во Украина се интензивираат, пишува Си-ен-ен. ...
„Повеќе од три децении, му покажавме на светот заедно што може да се постигне со сила, компромис и трпелива решителност. И во текот на последните три години, покажавме многу реални и опипливи резултати за тоа како изгледаат вистинското пријателство и конструктивното партнерство“, пишува амбасадорката Американската амбасадорка Анџела Агелер, по три години поминати во Скопје како десетти амбасадор на САД, а пред заминувањето од земјата, упати ...
Православните верници од Реканскиот крај успеале да го задржат изворниот начин на празнување на Богојавление, со посебни адети, народни носии и традиционални песни Посебна улога во зачувувањето на традицијата имаат жените облечени во народни носии, некои стари и повеќе од еден век Ростуше е село во Реканскиот крај близу течението на реката Радика, на падините на планината Дешат. Селото е од мешан верски состав, а како што велат жителите, има ...
Мицкоски вели дека на панелите зборувал за проекти што опфаќаат производство на електрична енергија и за подобрување на преносните капацитети на интерконекторите за гас и електрична енергија и за се што претставува предизвик за Владата Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на Светскиот економски форум во Давос, вели дека остварил серија значајни билатерални средби и учествувал на панел каде што по првпат се презентирани клучни проекти за ...
Американски и украински дипломатски претставници изминатиот период поминаа во интензивна шатл-дипломатија додека Киев се соочува со притисок од Трамп да ја заврши војната што трае речиси четири години, а Москва одбива да престане со нападите, пишува Ројтерс Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата порака до рускиот лидер Владимир Путин е дека војната во Украина мора да заврши. Изјавата на Трамп доаѓа по неговата денешна ...
„Осомничениот на 19 јануари, на наплатна станица Петровец, како сопатник во автомобил со кавадаречки регистарки таблички, неовластено и со намера за продажба држел околу 10 грама хероин“, велат од Обвинителството во описот за случајот Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни ...
Зборувајќи за евентуален прекин на огнот, Зеленски рече дека сè уште не е постигнат договор со САД за безбедносни гаранции, што тој го смета за клучен. Тој праша зошто САД можат да ги запрат танкерите од руската „флота во сенка“ и да запленат нафта, додека Европа не го прави тоа, иако руската нафта што минува покрај европските брегови се користи за финансирање на војната против Украина Тој ѝ се заблагодари на Европа за замрзнувањето на ...
Досега, во сезоната 2025/2026, вкупниот број на случаи на грип или заболувања слични на грип изнесува 8 209, а регистрирани се вкупно три починати лица Вкупно 2 062 нови случаи на грип или заболувања слични на грип се пријавени во третата недела од 2026 година, одосно во периодот од 12 до 18 јануари. Бројот на новозаразени, како што информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) е 11,2 отсто помалку во споредба со претходната недела. ...
Ристоска денеска информираше дека поднела тужба против ВМРО-ДПМНЕ откако владејачката партија, нарекувајќи ја поранешна „ѕвезда“ на пропаднатото СЈО, во октомври лани ја критикуваше нејзината обвинителска работа, обвинувајќи ја дека земала бонуси во времето кога државата се гушела во неправда Јавната обвинителка Ленче Ристоска која беше дел од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), наместо да се извини, прави дефокус и глуми жртва. Ова е ...
Тој рече дека неговите критичари можат да дојдат во партиските тела и таму да ги кажат своите забелешки, но, како што повтори, нивните забелешки се всушност прашањата што ВМРО-ДПМНЕ секојдневно му ги поставува на СДСМ Прашан за барањето на Деспотовски за извинување од раководството на СДСМ бидејќи го нарече „квислинг“, Филипче рече дека нема да има извинувања на, како што кажа, соработниците на ненародната власт Претседателот на опозицискиот ...
Покрај 16-годишното момче, истиот маж физички го нападнал и неговиот другар Маж вчера нападнал малолетник на автобуска постојка во скопски Аеродром, при што насилно го бутнал во багажникот и барал од него да му каже кој му го удирал возилото со снежни топки, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Случајот, како што велат од полицијата, е пријавен вчеравечер од мајката на нападнатото 16-годишно момче. „На 21.01.2026 година во ...
До неговото донесување, ставот на Платформата е да се вратат одредбите во КЗ што важеа до контроверзните измени во 2023 година, а не да се оди со донесување нови измени и дополнувања кои, како што велат, дополнително ќе ја ослабнат казненоправната заштита од корупција и злоупотреба на службената положба Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара да се вратат одредбите од Кривичниот законик (КЗ) какви што беа пред ...
Запрашан од новинарите по средбата во Давос, дали има можност уште денеска да се постигне договор, Трамп рече дека ќе видиме што ќе се случи, пренесе Скај њуз Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека разговорот со украинскиот претседател Володимир Зеленски бил многу добар, дека тоа е тековен процес и дека сите сакаат војната да заврши. Запрашан од новинарите по средбата во Давос, дали има можност уште денеска да се постигне ...
„Двете држави се разликуваат по многу параметри. Во Македонија суровиот тутун е стратешка земјоделска култура, чии одгледување, производство и откуп се стимулирани од државата, а во земјата активно работат и две фабрики за производство на тутунски производи, кои имаат голем удел во приходите на државниот буџет, извозниот капацитет и вработуваат македонски граѓани“, се вели во реакцијата од ова тело Предложениот нацрт-закон за заштита од ...
Ристоска во октомври лани најави дека ќе поднесе тужба против владејачката партија ако од нив не добие извинување за јавно објавените критики за нејзината обвинителска работа Јавната обвинителка Ленче Ристоска информира дека поднела тужба против ВМРО-ДПМНЕ откако владејачката партија, нарекувајќи ја поранешната „ѕвезда“ на пропаднатото СЈО, во октомври лани ја критикуваше нејзината обвинителска работа, обвинувајќи ја дека замала бонуси во ...
Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (22 јануари 2026 г.) од 22:45 часот на МРТ 1 Во новото издание на емисијата: – какви се ефектите од државните стипендии за студирање на стоте најдобро рангирани универзитети во светот – откриваме колку пари од буџетот се потрошени, колкумина од стипендираните се вратиле во земјава и дали некој платил пенали затоа што не се вратил; – дали стипендирањето за студирање во ...
Говорејќи на церемонијата по повод основањето на Одборот за мир, Трамп рече дека иницијативата функционира извонредно и посочи дека речиси секоја земја сака да се вклучи Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Давос официјално го основа својот Одбор за мир, нарекувајќи го едно од најважните тела некогаш создадени и најавувајќи соработка со ОН, по стравувањата дека одборот ќе ја поткопа работата на Светската организација. Говорејќи ...
Одговарајќи на новинарско прашање, министерот Стефан Андоновски рече дека и покрај дигитализацијата, Владата останува на својот стратешки пристап, односно никогаш да не се дозволи услуги што постоеле на хартија да бидат заменети со целосно електронски услуги, доколку тоа не е во корист на граѓаните. Сепак, како што наведе, податоците покажуваат дека граѓаните сакаат да ги користат електронските услуги ако тие им овозможуваат да завршат работа ...
Дигитализацијата на мерните системи ќе придонесе да се зголеми довербата, односно да се елиминираат долгогодишните дилеми кај потрошувачите дали сметките за струја за реални или се пресметани врз основа на претпоставена потрошувачка Дигатализацијата во енергетскиот сектор ќе стави крај на дилемите кај граѓаните дали сметките за струја се реални или паушални, информираат од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Оттаму додават дека следен ...
Во оваа смисла била спомената и меѓународна промоција на проектот и вмрежување со европските градови, како чекор кон меѓународна афирмација на Скопје Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во својот кабинет го примил на средба британскиот амбасадор во земјава Метју Лосон и делегација од Обединетото Кралство. Им ги претставил програмата и плановите за развој на Скопје, кои, како што наведува Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук, ...
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте, доцна синоќа изјави дека прашањето дали Гренланд ќе остане под Данска не било дискутирано на неговата средба со Доналд Трамп, откако американскиот претседател ги повлече заканите за царини врз европските земји и ја исклучи употребата на воена сила за преземање на контролата врз Гренланд Данска сака да продолжи со конструктивниот дијалог со своите сојузници во врска со безбедноста на Гренланд и Арктикот, ...
Пожарот избувна утрово, а поради брзата реакција на кавадаречките пожарникари е спречено тој да се прошири и на останатите магацински простории Опожарени се две хали од магацински простор на конфенција во Кавадарци, информираат од Територијалната противпожарна единица – Кавадарци. Пожарот избувна утрово, а на терен веднаш се упатија кавадаречките пожарникари, по што спречија тој да се прошири и на останатите магацински простории. „Изгоре ...