Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Дваесет и четиригодишниот возач е лишен од слобода по неговото бегство од границата, а пред полицијата признал дека додека бегал фрлил и кеса со два пиштола Дваесет и четиригодишен државјанин на Косово е уапсен синоќа во Скопје, откако претходно на граничниот премин Блаце, избегал од царинска контрола, при што со своето возило оттурнал и неколку метри по асфалтот влечел царински службеник. Според информациите од Министерството за внатрешни ...
Според неа, сојузништвото со Германија придонесува за изградба на отпорен, модерен и интероперабилоен одбранбен систем, како и за понатамошно јакнење на капацитетите на македонската Армија Генералот Бројер, пак, ја оцени македонската Армија како кредибилен и доверлив сојузник, истакнувајќи дека нејзините припадници рамноправно со војниците од другите земји-членки на Алијансата учествуваат во заеднички мисии, вежби и активности ...
Пожарот кај селото Србица е на нива, додека во Бајково, на планината Огражден, гори ниска вегетација и мешана шума Два пожари се регистрирани денеска до 13 часот, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК велат дека еден од регистрираните пожари е активен, а другиот е ставен под контрола. Активен е пожарот на нива во селото Србица во Општина Кочани. Пожарот кај селото Бајково на планината Огражден во Општина Ново Село е под ...
Додека обвинителите тврдеа дека одржувањето на старата структура постојано се одложувало и дека предупредувачките знаци биле игнорирани, адвокатите на одбраната катастрофата ја припишуваа на грешка во дизајнот и фактот дека специфичен кабел бил обложен со бетон Поранешен извршен директор на италијанската компанија за автопати „Autostrade per l’Italia“, Џовани Кастелучи, доби дванаесетгодишна затворска казна поради уривањето на мостот Моранди ...
Четворица од нив, во периодот од февруари 2023 до јуни 2024 година, прибавиле вкупна имотна корист во износ од 2 509 808 денари. Останатите, во текот на 2022 и 2023 година, преку поединечни измами во помали износи, успеале да повлечат уште дополнителни 659 500 денари Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвиненија против лица кои со компјутерски измами и фалсификување успеале преку брзи кредити ...
Според објавите на албанските медиуми, тој покажал здравствени проблеми и доживеал срцев удар, поради што бил веднаш пренесен во Регионалната болница во Валона, каде и покрај напорите, лекарите не успеале да го реанимираат Педесет и четири годишниот македонски државјанин Б. Л., што бил во притворскиот центар во албанскиот приморски град Валона, починал откако доживеал срцев удар. Според објавите на албанските медиуми, тој покажал здравствени ...
Портпаролката на СДСМ обвини оти пресудата е смислено сценарио за спас на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, како и за задржување на криминално стекнатиот имот на партијата Случајот „Талир 2“ е потврда за сите досегашни предупредувања на СДСМ и јасен одговор зошто не се спроведуваат реформите во правосудниот систем, а има ли поголем доказ за смислената партизација и постепеното преземање контрола врз правосудството од ...
Тој посочи дека особено е револтиран од тоа што една од соседните држави, која исто така е засеганата од проблемот, изнесувала информации во јавноста од разговорите што земјите од Западен Балкан ги почнаа со Европската комисија на експертско ниво Проблемот што професионалните возачи на камиони го имаат со престојот во земјите од Шенген-зоната Македонија го решава самостојно преку билатерални разговори со држави од Европската Унија, а не во ...
Назначен само пред шест месеци, Федоров изгради репутација на модернизатор кој се обиде да ја реформира украинската војска, исцрпена од повеќе од четири години руска инвазија. Зеленски сè уште не ја објаснил својата одлука Во неколку градови во Украина се одржуваат протести откако претседателот Володимир Зеленски го разреши популарниот министер за одбрана Михајло Федоров. Група луѓе, претежно млади, се собраа во Киев, држејќи транспаренти на ...
Според информации од Собранието, оставката на уставниот судија Гоце Наумовски е неотповиклива, а во образложението тој навел дека ја поднесува од професионални и лични причини Наумовски за уставен судија беше избран на 18 февруари оваа година на предлог на Собранието, откако професорката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска во декември лани си поднесе оставка од функцијата уставна судијка поради здравствени и лични причини. Како и ...
Според Oбвинителството, со вештачењето износот на даночното затајување од „значителен“ бил намален во „поголем“ по што кривичното дело морало да биде преквалификувано, а со самото тоа настапилa и апсолутна застареност Откако Основниот кривичен суд – Скопје соопшти дека Обвинителството се повлекло од обвинението против Драган Павловиќ-Латас за даночно затајување, свое објаснување даде и Основното јавно обвинителство Скопје. Оттаму велат дека ...
Според опозициската партија, тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ оти се изгубени европски средства е само параван за да се задржи стариот модел со шест изборни единици кој директно ги фаворизира најголемите политички субјекти Со истекот на рокот за донесување на новиот Изборен законик, власта се обидува да ја убеди јавноста дека поради Левица државата изгубила околу 4 милиони евра европски средства, но притоа свесно премолчува многу поважна последица, се ...
Министерот за транспорт информира дека веќе е изработен и проект за стабилизација и санација на патот, за што најдоцна до следната недела очекува да биде избран изведувач Проектот за санација на патот што води кон населбата Теферич во скопска Кисела Вода, кој распука во февруари годинава, ќе го преземе Владата преку Министерството за траснпорт, бидејќи проблематиката е далеку поголема од можностите и капацитетите кои ги имаат Општина Кисела ...
„Наместо независна институција која ја штити државата од криминал, имаме обвинителство кое работи по нарачка, да го штити режимот и неговите луѓе. Ова не е правна држава. Ова е систем во кој Мицкоски одлучува кој е над законот“, велат од партијата По ослободителната пресуда за Никола Груевски, сега и Драган Павловиќ-Латас е ослободен затоа што Обвинителството се откажало од обвинението. Ова е уште еден јасен доказ дека Христијан Мицкоски ...
Јас сакам навистина овојпат тендерот да успее и затоа подобро да почекаме некој ден да се заврши работата, отколку на кој било начин да има негативно влијание, вели министерот Николоски Четири компании аплицирале на повторениот тендер за набавка на новите автобуси кој заврши пред десет дена, соопшти денеска министерот за транспорт и врски Александар Николоски. Тој вели дека сè уште не го добил извештајот од Комисијата, но се надева на успешна ...
Државниот завод за ревизија изрази неповолно мислење за финансиските извештаи на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ за 2024 година, нотирајќи нефункционална благајна, неплатени даноци и милионски долгови кон општината Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврди сериозни слабости во финансиското управување и работењето на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) – Скопје за 2024 година, а како резултат на бројните нерегуларности, ревизорите изразија ...
„Од денес па натаму и луѓето од македонската бизнис-заедница, но и од македонската дијаспора, ќе знаат дека вие сте сериозна и респектабилна сила! И верувам дека некои од нив, со чувство на одговорност кон татковината, ќе помогнат за ваше опремување или доопремување со различни видови противпожарна опрема“, изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, на постројувањето на припадниците на македонските доброволни противпожарни друштва во ...
Причините за избувнувањето на пожарот сè уште се непознати, но околностите укажуваат дека се работи за човечки фактор Охридските пожарникари со поддршка на доброволци и на локалното население го локализираа и изгаснаа пожарот што вчера избувна на падините на планината Петрино, над населбата Бараки во Охрид. На терен е интервенирано со четири противпожарни возила и 17 пожарникари. Во пожарот беа зафатени сува трева и деградирана борова шума. ...
Од Агенцијата велат дека се спроведува депопулација, односно убивање на животните во заболените одгледувалишта. Досега, како што велат од АХВ, успешно е извршена депопулација на над 1 400 животни Десет нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози потврдиле од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од почетокот на овој месец. Со ова, вкупниот број жаришта од првото појавување на болеста во јануари годинава во кумановското село Лопате се ...
Кривичниот суд донесе пресуда со која се одбива обвинението, откако надлежниот јавен обвинител во завршен збор целосно се откажа од гонење поради застареност и недостиг на докази за кривично дело За судскиот предмет „Тотал“, кој беше отворен од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) за даночно затајување против новинарот Драган Павловиќ-Латас и три правни лица, Основниот кривичен суд Скопје информира оти е донесена пресуда со која ...
Како што потврдија утрово од Основниот кривичен суд Скопје, судијата го прифатил предлогот на ОЈО Скопје и на сопружниците им определил затворски притвор, ценејќи дека постојат околности за опасност од бегство и влијание врз сведоци Притвор од триесет дена им одреди судија на претходна постапка на 65-годишниот маж и неговата 59-годишна сопруга против кои Основното јавно обвинителство Скопје вчера отвори истражна постапка за убиството на ...
Владејачката партија обвинува дека опозицијата намерно ги кочи реформите и усогласувањето со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, ставајќи ги политичките игри пред интересите на граѓаните Недонесувањето на новиот Изборен законик е јасен доказ дека СДСМ, Левица и ДУИ се подготвени да го блокираат секој процес што значи напредок за државата, исклучиво заради сопствени политички калкулации, велат от ВМРО-ДПМНЕ во соопштение во кое воедно ја обвинија ...
Причините за избувнувањето на пожарот сè уште се непознати, но околностите укажуваат дека се работи за човечки фактор Охридските пожарникари со поддршка на доброволци и на локалното население го локализираа и изгаснаа пожарот што вчера избувна на падините на планината Петрино, над населбата Бараки во Охрид. На терен е интервенирано со четири противпожарни возила и 17 пожарникари. Во пожарот беа зафатени сува трева и деградирана борова шума. ...
Вкупно дваесет и шест здруженија стојат зад иницијативата и предупредуваат оти владините одлуки за геолошки истражувања прекршуваат законски одредби и бараат итно запирање на постапките пред електронската аукција закажана за шести август Дваесет и шест граѓански организации, иницијативи и платформи упатија итно барање до Владата за поништување или ставање вон сила на одлуките и јавните повици за доделување концесии за проспекциски геолошки ...
Ситуацијата во градот е дополнително влошена од топлотниот бран што собори рекорд стар триесет години. Во центарот на градот биле измерени 37,3 Целзиусови степени, додека температурата на пистата на главниот аеродром достигнала 55 степени Поради чадот од повеќе од сто активни пожари во северниот дел на Онтарио, квалитетот на воздухот во Торонто моментално е најлош во светот. Канадската агенција за животна средина издаде здравствени ...
Обновените непријателства меѓи САД и Иран кои траат веќе петти ден, сè повеќе го доведуваат во прашање исполнувањето на прелиминарниот договор што двете земји го постигнаа, а кој требаше да ги отвори перспективите за доаѓање до целосно мировно решение на конфликтот Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз цели во Иран, откако претседателот Доналд Трамп го предупреди Техеран дека, ...
Според Управата за хидрометеоролошки работи особено топло ќе биде утре и во деновите од викендот, кога дневната температура насекаде ќе биде на 30 степени Денеска времето во земјава ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб ...
Финалниот натпревар против Шпанија е закажан за недела, 19 јули, додека ден претходно Франција и Англија ќе играат за третото место Аргентинската фудбалска репрезентација се пласираше во финалето на Светското првенство, откако во полуфиналето во Атланта со пресврт ја совлада Англија со 2:1. Во финалето, Аргентина ќе се сретне со Шпанија во борбата за светската титула. Првото полувреме заврши без голови, а Англија поведе во 55. минута преку ...
Откако САД започнаа нов бран напади врз воени цели, Иран се закани дека ќе блокира трговски рути во регионот Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека идната недела ќе ги нападне мостовите и електраните на Иран, доколку земјата не се врати на преговорите Иран нема планови за нови преговори и останува фокусиран на одбраната на земјата, изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багаеи, пренесува ...
Во декларацијата Русија се обвинува за незаконска, неиспровоцирана и неоправдана агресија врз Украина и се повикува веднаш да ја прекине војната, како и целосно и безусловно да ги повлече своите воени сили и воена опрема од целата украинска територија Србија не ја потпиша заедничката декларација во Киев на Самитот Украина-Југоисточна Европа, пренесуваат српските медиуми, повикувајќи се на изјава на претседателот Александар Вучиќ. Заедничката ...