Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Во гаснењето на пожарот на депонијата во близина на селото Добрашинци се вклучени две противпожарни возила и шест пожарникари-спасители, кои континуирано работат за целосно ликвидирање на огнот Според информациите од ЦУК, активен е пожарот во Општина Кочани на патот кон Пробиштип каде гори деградирана ниска вегетација Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица е на терен и активно работи на гаснење на пожарот што изби на депонијата ...
Од партијата сметаат дека во двојазичен град, исклучувањето на албанскиот јазик од официјалните натписи претставува тешка политичка и институционална провокација и прекршување на законот Демократската унија за интеграција (ДУИ) попладнево излезе со реакција за натписот на билбордот што градските власти го поставија на влезот во главниот град. Станува збор за билбордот што пред два дена беше поставен со грешки во илустрациите, а кој по ...
„Сè уште не го знаеме изворот на заразата и причинителот уште ни е непознат. Во тек се испитувањата и чекаме резултати да видиме за што се работи. Редовно ја следиме состојбата, редовно спроведуваме епидемиолошки увиди, ги анкетираме заболените пациенти и за сè ќе бидете дополнително информирани“, вели епидемиологот Зафироска Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Тетово попладнево пријави епидемија на подрачјето на Општина Гостивар, поради наглото ...
„Очекуваме целосно расчистување на случајот, а секој што ќе има утврдена одговорност ќе сноси последици согласно закон“, велат од Владата Поради актуелната состојба со водоснабдувањето во Гостивар, Владата донесе одлука за итна поддршка на населението. Почнувајќи од денес, па во наредните неколку денови, интервентно ќе се обезбедуваат по 50 000 литри бесплатна вода за пиење дневно, со цел да се задоволат основните потреби на граѓаните додека ...
Тој додава и дека за направената корекција, градот нема платено и оти трошоците се на компанијата – изработувач која знакот го поставила преку јавното претпријатие „Улици и патишта“ Кој работи и греши, напиша денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски откако објави дека на влезот во Скопје кај Маџари е поставен нов билборд за добредојде во градот. Ова доаѓа откако пред два дена таму беше поставен билборд со грешки во илустрациите. На ...
Според досегашните направени епидемиолошки анкети, Кочински вели дека заедничко е што сите користеле храна и во домашни услови и во ресторани, сите користеле вода за пиење, а некои пиеле и флаширана вода. Ова, како што вели, не дава некои индиции во коишто може да се направи просторно поврзување на случаите и ќе треба да се почекаат резултатите од микробиолошката анализа и кај пациентите од коишто се веќе земени мостри и од резултатите што ќе ...
Според Зеленски, овие операции се „целосно оправдан, фер и прецизен“ одговор на континуираните руски удари врз украинската територија. Тој најави дека покрај копнените енергетски капацитети, цел на најновите украински акции биле и танкери од руската „тајна флота“ кои сообраќаат во Црното Море. Серија силни експлозии одекнаа денеска во регионот на Ставропол на југот на Руската Федерација, откако украински беспилотни летала извршија масовен ...
Охрид повторно е во фокусот на политичките препукувања по нацрт-одлуката на УНЕСКО со која се предлага Охридскиот Регион да биде впишан на Листата на светско наследство во опасност Опозициската СДСМ ја обвини локалната и централната власт за, како што наведува, институционален неуспех во заштитата на регионот, додека од Општина Охрид ги отфрлија обвинувањата, оценувајќи дека токму политиките на поранешната власт довеле до сегашната состојба. ...
ЗНАМ во власта влезе со јасна цел – да биде реформатор, но и коректор кога ќе биде потребно и оти ќе ги бранат принципите на коишто стојат, истакна првиот човек на ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната трибина во Тетово Во своето обраќање тој нагласи дека определбата на Движењето е да биде носител на промени и да придонесе кон создавање држава со ред, систем и еднакви можности за сите граѓани. „Не влеговме во политиката за да бидеме ...
Највпечатлива аномалија беше коњот Букефал кој имаше една вишок нога, додека Воинот на коњот, наместо класичен антички шлем беше прикажан со чудно наглавена капа која аналитичарите и граѓаните ја опишаа како „капа на отомански бег“ По бурата од реакции, критики и потсмев билбородот „Добредојдовте во Скопје“ кој беше поставен на источниот влез на градот е тргнат. Неофицијално, билбордот ќе се замени со нов на трошок на компанијата која го ...
Поради енормниот прилив на пациенти во краток временски период, состојбата официјално се третира како активен епидемиски настан. Од министерството за здравство уверуваат дека клиничката слика кај најголемиот број пациенти е лесна и бројот на хоспитализирани лица останува низок. Надлежните здравствени институции продолжуваат со интензивно следење и истражување на зголемениот број лица со симптоми на гастроентероколит на подрачјето на Гостивар, ...
Во меѓувреме, локацијата во Вруток и понатаму останува обезбедена по наредба на јавен обвинител, информираат од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија Препорака од ИЈЗ – водата да не користи ниту за подготовка на храна, миење овошје и зеленчук, подготовка на сокови, кафе, чај и други пијалаци Основното јавно обвинителство Гостивар очекува резултати од испитувањата на примероците од водата од гостиварскиот водовод, по што ќе ...
Тие повикаа полиција, но таа нема право да ме изнесе. Ниту сум го прекршил редот, ниту сум пцуел, ниту сум употребил сила. Јас само сакав да го искористам своето деловничко право. Ова не е Тунгузија, ова е Совет, вели советникот Темелков На последната седница на Советот на општина Неготино одржана во петокот, поради непочитување на деловникот и три последователни опомени, по предлог на претседателката Лилјана Арсова Митрова со мнозинство ...
Двете најголеми социјални мрежи на технолошкиот гигант Meta Platforms Inc, Фејсбук и Инстаграм , утрово се соочуваат со голем глобален прекин во работата, оставајќи милиони корисници ширум светот, вклучително и во Македонија, без пристап до своите кориснички сметки. Техничките проблеми започнаа ненадејно околу 10:00 часот по македонско време, предизвикувајќи бран поплаки на алтернативните социјални мрежи. Дефектот најсилно ја погоди десктоп ...
Контроверзните инфлуенсери, браќата Ендрју и Тристан Тејт се приведени заедно во Мајами, Флорида, во драматична акција на американските маршали. Апсењето е извршено врз основа на запечатен налог, како дел од итна постапка за екстрадиција по барање на Велика Британија. Оваа координирана меѓународна операција означува нов, досега најтежок удар за браќата, кои се соочуваат со дополнителни 38 нови обвиненија за тешки сексуални деликти и трговија ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека загинувањето на двајца американски војници во Јордан е трагедија, но нагласи дека воената мисија поврзана со Иран останува од клучно значење за САД. Тој ги одбрани новите воздушни напади на американската војска, кои беа изведени како директен одговор против силите на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ). „Го направивме тоа затоа што не сакаме Иран да дојде до нуклеарно оружје. ...
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини локалната власт во Гостивар, предводена од коалицијата на СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари, дека со несовесно и непрофесионално работење го довела градот до колапс и го загрозила здравјето на граѓаните. Од партијата посочуваат дека во изминатите денови повеќе од 1.000 жители на Гостивар, меѓу кои и деца, побарале лекарска помош со симптоми на труење, а како можна причина го наведуваат загадувањето на водата за пиење. „Според ...
СДСМ смета дека епидемијата во Гостивар постои и дека е потребно надлежните да ја прогласат, по пиењето загадена вода и околу 1.500 случаи кои се пријавија во градската болница. „Пораките од експертите се јасни – епидемија на гастроентеритис во Гостивар постои, без оглед дали официјално ќе биде прогласена или не. Со прогласување на епидемија се овозможува побрза и поефикасна координација на институциите и спроведување мерки за спречување на ...
Францускиот фудбалер Килијан Мбапе со двата постигнати гола стаса до вкупно 22 гола на Светските првенства, надминувајќи го аргентинскиот напаѓач Лионел Меси и станувајќи најдобар стрелец на Мундијалите на сите времиња. Англија ноќва ја победи Франција со 6:4 и за прв пат во историјата го освои третото место на Светските првенства во фудбал. Пресудно се покажа првото полувреме во кое англиските фудбалери имаа целосна доминација и поведоа со ...
На одбележувањето на роденденот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола, покрај бројните членови, ветерани, претставници на Унијата на жени и други гости, присуствувал и митрополитот Петар На фотографиите од роденденската прослава на ВМРО ДПМНЕ што се споделуваат на социјалните мрежи може да се забележи дека владиката Петар бил во друштво на партиски функционери и присутни на свеченоста. За порталот Религија. мк кој ја објави оваа ...
Професорот на Медицинскиот факултет во Скопје и поранешен директор на Институтот за микробиологија и паразитологија д-р Никола Пановски вели дека во Гостивар има епидемија на гастроентеритис. Тој на Фејсбук упати критики до епидемиолошките служби поради непостапување во ситуација со голем број заболени. „Во Гостивар има епидемија на гастроентеритис. 1 500 регистрирани со исти симптоми и најмалку уште 5 000 кои не се јавиле на лекар. Во еден ...
Двајца американски војници загинаа, а еден се води како исчезнат по ирански напади во Јордан. Иран во меѓувреме го суспендираше договорот со САД Двајца американски војници загинаа, а еден се води како исчезнат по ирански напади во Јордан, потврди американската Централна команда, CENTCOM. Ова се првите американски воени жртви во конфликтот со Иран од март, во период на засилени тензии меѓу двете држави и нова ескалација во регионот. Во објава ...
Новата влада на Петер Маѓар со уставните измени го демонтира системот на Орбан, го отвори судењето на векот за велепредавство против Сијарто и го започна распадот на Фидес Виктор Орбан, барем така мислел, однапред се подготвувал ако случајно ја изгуби власта. Многу клучни високи функции во унгарската држава и администрација неговата влада со години однапред ги пополнила со лојални приврзаници, а нивната смена била поврзана со одлука на ...
Според Ландау, разговорите поминале во топла и суштинска атмосфера Заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау, преку објава на социјалната мрежа Икс изрази задоволство од денешната средба во Вашингтон со министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски. Ландау упати позитивни пораки по однос на билатералните односи и меѓусебната соработка. „Навистина уживам во ...
Првичните проценки на судскиот патолог на самото место индицираат дека најверојатно станува збор за машко тело кое било брутално распарчено пред да биде сокриено во патната торба Сцени налик на филмско криминално трилер-сценарио се одвивале денеска попладне во атинската населба Кипсели, откако во напуштена зграда бил пронајден куфер со распаднати човечки останки. Грчката полиција веднаш прогласи вонредна состојба во реонот по пријавата за ...
„Денес е 18 јули. Пет дена, министре Клековски. Зошто пет дена ја криевте оваа информација од јавноста? Зошто граѓаните не беа навреме предупредени дека бројот на лица со исти симптоми постојано расте?“, прашува Петровска. Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, побара целосно расчистување на случајот со масовните стомачни тегоби во Гостивар, оценувајќи дека јавноста предоцна била информирана за состојбата и дека институциите мора да ...
Овој билборд сведочи за примитивен вкус и целосно отсуство на професионални стандарди. Скопје не ја доби европската културна титула за да биде претставувано како евтина компјутерска мешавина од туѓи храмови, измислени тврдини и мутантирани коњи Политичката партија Левица реагира дека на новиот билборд за „Добредојдовте во Скопје“ што синоќа беше поставен на источниот влез на градот коњот Букефал од споменикот „Воин на коњ“ е со пет нозе, ...
Британски државјанин со камења нападна инспектори на УЈП на локалитетот Камени Кукли во Куклица, по години нелегално наплаќање влезници и уцени на туристи Управата за јавни приходи (УЈП) најостро го осуди физичкиот напад врз нивните вработени, оценувајќи го како директен удар врз владеењето на правото, потенцирајќи дека даночните контролори не смеат да бидат мета на насилство и закани додека го штитат државниот буџет и побараа брза, јасна и ...
Агенцијата за храна и ветеринарство вчера издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека водата е загадена и небезбедна за употреба Институтот за јавно здравје, соопшти попладнево дека по добивање на барање од страна на Јавното обвинителство, веднаш е излезено на терен на посочените локации во Гостивар и земени се примероци за микробиолошки и физичко-хемиски анализи. По враќањето ...
„Во него е констатиран притисок од страна на политичари кон судството. Кога зборуваме судството, мислиме и на обвинителството и на судството. Тоа е едно. Второ – имаме исто така констатиран факт дека требало повеќе пари да има за обвинителите и судиите. И трето – е критика за самите обвинители и судии, што е контрадикторно на втората забелешка. Така што, контрадикторни се тие два заклучока“, вели Мицкоски анализирајќи го документот на ...