Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
ОД МВР велат дека за случајот е известен дежурен јавен обвинител за малолетници и дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот Малолетник денеска претпладне во скопското село Долно Коњари со возило удрил во паркиран автомобил и во пешак кој со тешки повреди е пренесен во болница, каде, како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), лекарите се борат за неговиот живот. Според информациите, сообраќајната несреќа ...
Во отворено писмо до работниците и граѓаните првиот синдикалец ги критикува „власта и газдите“, кои како што вели, со мизерни плати ги бркаат работниците од својата земја и сакаат да ги заменат со ефтина работна сила од странство. На едните, вели, им е важно за ниски плати да им се создава капиталот, а на другите да владеат со сиромашен народ кој ќе ги гласа на избори Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан ...
Поради циклонот кој ќе ја зафати Македонија, се очекува дожд во претстојните денови Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 30л/м2) проследени со ретки грмежи. На планините пак, врнежи ќе бидат од снег. „Во вторник претпладне сè уште во источните делови ќе има слаби врнежи од дожд во пониските и дожд и снег ...
Единствена средба којшто ја одбележа неговата посета на Давос беше со сопственикот на унгарската 4iG, поврзана со режимот на Виктор Орбан. Ова покажува колку Мицкоски му слгува на Орбан во ширењето на неговото политичко и бизнис влијание, велат од СДСМ Опозициската СДСМ обвинува дека дипломатската изолација на премиерот Христијан Мицкоски се покажала на Светскиот економски форум во Давос, кој се одржа неделава. „Премиерот немаше ниту една ...
Сопствениците на малите бизниси бараат поправедно законско решение кон нив, како и преоден период во кој ќе можат да се прилагодат кон новите законски регулатива Малите трговци напоменуваат и за залихите на ароматизирани тутунски и никотински производи, чија продажба целосно се забранува со новиот закон. Прашуваат што ќе прават со залихите на овие производи што во моментов ги имаат во значителни количини, а за кои веќе уредно ги платиле сите ...
Вчера, на 31 Конгрес на СДСМ, партискиот лидер Венко Филипче во воведното обраќање пред делегатите, дел од говоротот посвети и на власта која ја обвини за дипломатска изолација и грабеж од епски размери СДСМ и Венко Филипче се синоним за национални предавства, коленичење и сервис на други центри на моќ, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по говорот на Филипче на вчерашниот партиски Кoнгрес од каде упати серија критики за власта ...
Министерката за образование, Весна Јаневска, во интервју за „360 степени“ вели дека не можеле да се наплатат долговите и покрај договорите и мениците. Според неа, државата е виновна што не им понудила опции на стипендистите по нивното завршување на студиите. Вели дека потребни се напори да се искористат тие луѓе, а не да им се наплатат парите Почнувајќи од 2010 година Македонија потроши 38 милиони евра за стипендии на перспективни студенти од ...
Ќе продолжиме да ги следиме и да останеме во контакт со сите држави на патот на оваа бура, објави претседателот Трамп Повеќе од 4 000 летови само во текот на вчерашниот ден биле откажани во САД, пред огромната зимска бура, која веќе ја прекина електричната енергија на повеќе од 230 000 клиенти дури до Тексас на запад и е закана за парализирање на источните држави со обилни врнежи од снег. Метеролозите најавуваат дека снег, замрзнат дожд и ...
Утврдените отстапувања се минимални и значително под законски дозволената толеранција што гарантира сигурност и доверливост на системот, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски Во периодот на финално тестирање на камерите од „Безбеден град“, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека проверките на точноста на мерењето на брзината, покажуваат минимални отстапувања. Тој денеска бил на една од локациите каде што се ...
За цементарниците, вклучително и „Усје“, спас е да го намалат процентот на користење на конвенционални горива со алтернативни горива, односно отпад, кој веќе не може да се рециклира, вели Беса Татеши од Секторот за индустриско загадување при Министерството за животна средина Користењето отпад како алтернативно гориво во цементарниците, вклучително и „Усје“, треба да се зголеми бидејќи така ќе се подобрат еколошките перформанси на ...
Поднесени се и 8 кривични пријави, сите од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека во изминатата, 2025 година, спровеле вкупно 125 илјади контроли и изрекле парични казни во износ од 618 илјади евра. „Покрај домашниот промет, предмет на контролите беа и производството, дистрибуцијата, угостителството, но и увозот и извозот. Акцент со контролите беше ставен на ...
На снимката која ја објави „Би-би-си“, се гледа турканица меѓу Прети и федералните агенти, а откако тие го совладуваат, во продолжение на видеото, но од друг агол, се слуша само истрел Очевидци ги снимиле моментите пред вчерашното убиство на маж од Минеаполис, од страна на федералните службеници за имиграција. Локалните власти како жртва го идентификуваа 37. годишниот Алекс Прети – американски државјанин кој живеел во Минеаполис и бил ...
Според најавите од УХМР, под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни проследени со ретки грмежи Синоптичарите најавија претежно облачно време во текот на денов. Во текот на ноќта претежно во југоисточните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во Скопје, променливо ...
Убиството на мажот, идентификуван како Алекс Прети, предизвика дополнителни тензии меѓу локалните власти и претседателот на САД, Доналд Трамп, кој на својата социјална платформа Трут соушл (Truth Social) ги обвини градоначалникот на Минеаполис и гувернерот на сојузната држава Минесота дека поттикнуваат бунт Засега никој од администрацијата на Трамп не дал јасен одговор дали 37-годишникот го извлекол пиштолот што го имал кај себе или се обидел ...
Во своето обраќање на Конгресот, Петровска предложила измени во Статутот на партијата во однос на изборот на претседателите на општинските организации, како и ветинг за сите сегашни и поранешни носители на функции и на членовите на раководството на партијата, со цел да не се повторуваат, како што вели, непристојни објави „едни против други Социјалдемократијата е жива, но ако не почнеме да се менуваме, како партија ќе бидеме маргинализирани, а ...
Денешното пукање со фатални последици се случува малку повеќе од две недели откако Рене Никол Гуд, мајка на три деца, беше убиена во Минеаполис Федерални агенти на американската имиграциска служба Ај-си-и (ICE) денеска за време на интервенција во градот Минеаполис застрелаа маж, кој, како што соопштија надлежените власти им подлегнал на повредите, пренесуваат светските медиуми. За помалку од три недели ова е втор смртоносен инцидент во кој се ...
Родители и блиски на загинатите во „Пулс“ на денешниот протест носеа транспаренти на кои беше прикажана таа како со куфери со пари е во светот на покојните, а до неа стои митска персонификација на ѓавол или ангел на смртта, кој според написот на транспарентот ѝ вели: „Пари овде не ти се потребни“ Адвокатката Ивана Коцевска, која е бранител на сопственикот на т.н. кабаре „Пулс“, Дејан Јованов-Деко и на неговиот син, Михајло Јованов во судскиот ...
Марихуаната била спакувана во вакумирани најлонски кеси ставени во куфер во багажникот Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истрага против жител на Куманово откако во автомобилот што го управувал на улиците во главниот град полицијата пронашла пет килограми марихуана. Како што соопштија денеска од Јавното обвинителството на Република Северна Македонија, марихуаната била спакувана во вакумирани најлонски кеси ...
Сите изнесни предлози и препораки, кажа тој, ќе се сублимираат и ќе бидат тема на следните состаноци на Извршниот и на Централниот одбор, а целта, како што посочи ќе биде врз основа на нив да се утврди дали е потребно да се направат дополнителни измени на Статутот на СДСМ и во делот на креирањето на политиките Одговарајќи на новинарско прашање, лидерот на СДСМ рече дека на Конгресот се дискутитрало и за членовите на партијата кои отворено ...
Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности, велат од МВР Министерството за внатрешни работи соопшти дека утре (25 јануари) ќе ги тестира камерите од проектот „Безбеден град“ во Тетово и во Куманово. Оттаму наведуваат дека тестирањето ќе трае од 08:00 до 20:00 часот, при што ...
Пред насобраните граѓани се обратија повеќе активисти и граѓани, кои алармираа за состојбите со аерозагадувањето во Струмица, притоа потенцирајќи дека едвај педесетина денови во годината градот не е загаден и дека постојано ги зазема највисоките места во домашните и европските мерења за аерозагадување Денеска во Струмица се одржа граѓански протест од кој присутните повикаа на нула толеранција за аерозагадувањето во градот и упатија повеќе ...
Тие на денешниот „Марш за ангелите“ во Кочани им додадоа поддршка и на лицата против кои синот на сопственикот на „Пулс“ поднесе тужба поради демолирањето на кафулето „Класик“ во трговскиот центар во градот, еден по трагичниот пожар. Тој од тужените бара отштета од 1,2 милиони денари или околу 20 000 евра Правдата што доцни не е правда. Ова денеска го порачаа родителите загинатите во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани од 36. „Марш за ...
Тој во објава на социјалната платформа Икс најави можност од нови разговори кои потенцијално би се одржале веќе следната недела Заврши втората рунда од трилатералните разговори меѓу украинската, руската и американската делегација што се одржаа во Абу Даби, а кои се насочени на изнаоѓање решение за ставање крај на војната во Украина, јавуваат светските агенции. Како и вчера, и денес многу малку детали се откриваат за текот на разговорите, како ...
Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности, велат од МВР Министерството за внатрешни работи соопшти дека утре (25 јануари) ќе ги тестира камерите од проектот „Безбеден град“ во Тетово и Куманово. Оттаму наведуваат дека тестирањето ќе трае од 08:00 до 20:00 часот, при што на ...
Уставниот суд во оваа фаза од постапката изразил сомнеж дека одредбата е нејасна и непрецизна Уставниот суд на првата седница за годинава одржана аана 21 јануари, одлучил да поведе постапка за член 218 од Законот за извршување. Во првиот став од оспорениот член се вели дека врз предмети и права на Република Македонија и нејзините органи, единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија не може да се спроведе извршување за наплата на ...
За негово носење е потребен политички консензус од сите партии Министерот за правда Игор Филков, одговарајќи на новинарско прашање за Изборниот законик, рече дека до Министерството за правда сè уште не се пристигнати номинации за формирање работна група. „Испратени се 2 дописи до Собранието. Едниот е на 31 декември 2025 година, а другиот на 20 јануари. Oчекуваме Собранието да одговори на нашиот допис со кој бараме да се номинираат по двајца ...
За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче. Проблемот е што тој е штетен за Македонија и нејзините интереси, велат од владејачката партија по воведниот говор на лидерот на СДСМ на партискиот Конгрес денеска Во обраќањето на партискиот Конгрес, лидерот Венко Филипче не објасни зошто СДСМ е петта партија во Скопје, а трета во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција по неговиот говор. „Не се огради ниту кажа лош збор за неговиот ...
Цената, досега, е околу 38 милиони евра – пари кои се исплатени на 457 стипендисти во изминативе петнаесетина години за студирање на 100 најдобри универзитети во светот според Шангајската листа. Иако сите стипендисти потпишуваат договор дека по завршувањето ќе се вратат да работат во татковината најмалку два пати подолго време отколку што биле на студии, тоа го испочитувале само 89 лица Гаранција дека стипендистите ќе се вратат се мениците и ...
Нека слушнат добро во Белата палата и во Владата, мислеа дека сме на колена, зборуваа дека сме готови. Штотуку почнавме, СДСМ се разбуди, а кога СДСМ е буден, тираните не спијат мирно, рече Филипче во воведното браќање на партискиот Конгрес Со стоечки аплаузи делегатите на СДСМ го поздравија воведното обраќање на партискиот лидер Венко Филипче на почетокот на 31. партиски Конгрес. Филипче се осврна на моменталната ситуација во државата, за ...
Вкупниот данок одземен од државата за сите три распределби од заедничката сметка изнесува 2 274 285 денари, соопшти „Сапорт Кочани“ Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ собрале 22 742 997 денари од донации, за кои државата им наплатила персонален данок од вкупен износ од 2 274 285 денари. Оттаму соопштија дека ја реализирале третата и последна распределба на донации за погодените во пожарот во кочанското т.н. кабаре „Пулс“. Третата ...