Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Македонскиот интернационалец и репрезенативец, Лука Станковски е асистент во денешното реми 1:1, на неговиот тим Колос на гостувањето кај тимот на Буковјна. Офанзивецот одлично реагираше во акцијата во која што имаше удел на два пати и во која што од тешка позиција успеа да асистира за стрелецот на голот, Денис Ндукве. Станковски во последните седум мечеви на својот тим има полна минутажа, и забележа гол, а еве сега и асистенција. Тој како и ...
Добивај вести на Viber Цената на златото забележа раст во изминатата недела, а вредноста на еден килограм од благородниот метал достигна над 117.000 евра, покажуваат последните достапни податоци од светските пазари. Според пазарните котации од крајот на тргувањето во петокот, еден килограм чисто, 24-каратно злато вреди приближно 117.500 евра. Цената на една тројска унца, која изнесува 31,1 грам, се движи околу 3.654 евра. Златото во ...
На денешниот протест против фемицидот и насилството врз жените, во потресна изјава, жителка на Богданци кажа дека ѝ е срам што е жителка на тој град и ги обвини наставниците на Билјана Кириќ дека знаеле низ што поминува девојчето, но не пријавиле и не го истражиле случајот. -Мене ми е срам да кажам дека сум дел од оваа држава, а уште повеќе ми е срам да кажам дека сум жителка на Богданци затоа што Билјана не е прва жртва на насилство во тоа ...
Компанијата “АБЦ Дојчиновски“ од Битола врши продажба на пелети, камини и котли за парно греење. “АБЦ Дојчиновски“ на потрошувачите им нуди голем избор, дестина типови на пелети, сите сертифицирани со сертификатот N+A2 или N+A1, по прифатливи цени, како и разни поволности при плаќање, чување и транспорт на пелетите. “АБЦ Дојчиновски“ покрај пелетите продава и печки, камини и котли на дрва и пелети, и секако резервни делови за нив. ...
Свети Великомаченик Димитриј Солунски, Мироточив Чудотворец, е од Македонија – Солунјанин. Роден е во богатиот Солун, од богати родители, во третиот век, – тајни христијани. Тајни, бидејќи во тоа време христијанството е гонето, а христијаните биле убивани само затоа што се христијани. Бил единец, измолен од Бога и скришно крстен. Татко му бил војвода, началник на Солун, а потоа и Димитриј го наследил татка си. Само што го поставил за војвода, ...
Пејачката Алдина Бајиќ од Зеница повторно го привлече вниманието на јавноста со објави на социјалните мрежи, во кои изнесе сериозни обвинувања за наводно физичко и психичко малтретирање, закани, уцени и финансиски измами. Бајиќ на Инстаграм објави фотографија на која се гледаат модринки на нејзиното лице, со порака дека повеќе не сака да молчи за она низ што, како што тврди, поминува. Најави дека во понеделник со случајот ќе се занимаваат ...
Иван Мартинез, голман на Нумансија, постигна ретко виден гол денеска. Во натпреварот од четвртото ниво на шпанскиот фудбал против Пуертолано, голманот ја зеде топката во 43. минута, ја смести на работ од шеснаесетникот и постигна гол со директен слободен удар за 2-0. Топката ја погоди рамката од голот и заврши во мрежата. Голот ја воодушеви публиката на стадионот „Лос Пахаритос“ во Сорија, а видеото брзо се прошири на социјалните мрежи. ...
Ули Хенес како почесен претседател на Баерн Минхен се уште е важен дел од Управниот одбор на клубот, но во последните неколку години најчесто привлекува внимание со своите искрени изјави кои ги дава во јавноста, а кои се поврзани за секојдневни проблематики во првиот тим. Легендарниот Хенес во неколку наврати успеа да предизвика бура со изјавите кои ги даде за неколку ѕвезди на Баерн, а случајот не е поинаков и сега кога говореше за ...
Никол Кидман, Ким Кардашијан, Салма Хајек и Роузи Хантингтон-Вајтли беа меѓу познатите личности кои во саботата вечерта присуствуваа на гала-вечерата LACMA Art+Film Gala 2026 во Лос Анџелес. Иако на црвениот тепих се појавија бројни славни дами, манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли особено го привлече вниманието со своето модно издание. Настанот се одржа во Музејот на уметноста на округот Лос Анџелес (LACMA), а ги собра имињата од светот на ...
text size Брчките добија место во рекламите за луксузни производи, годините станаа посакуван дел од модниот идентитет, а лицата што некогаш беа изоставувани од кампањите сега продаваат козметика, автомобили и облека. Модната и козметичката индустрија открија дека младоста не е единствениот императив што има пазарна вредност. И тоа е одлично. Но постои детаљ што ја расипува таа слика: луѓето од возрасната група чии лица продаваат производи ...
Канадската музичка ѕвезда The Weeknd постави нов светски рекорд со својата турнеја „After Hours Til Dawn“, која за четири години заработи повеќе од 1,3 милијарди долари. Со ова достигнување, пејачот го надмина досегашниот рекорд на Елтон Џон и стана машкиот солоизведувач со најуспешна концертна турнеја според остварените приходи. Еден од најпопуларните музичари на денешницата, The Weeknd, чие вистинско име е Абел Тесфаје, официјално ја ...
Исник Алими се запиша во историјата на македонскиот фудбал, откако со својот клуб Далијан Јингбо ја освои шампионската титула во кинеското првенство. Македонскиот интернационалец стигна до трофејот по неверојатна завршница на сезоната, во која одлуката падна дури во последното коло. Далијан пред домашна публика од околу 63.000 гледачи ја заврши својата задача и го совлада Тијанџин со 3-1. Но, за шампионска прослава беше потребен и кикс на ...
Програмата на неработни денови за 2027 година носи важни информации не само за граѓаните кои планираат одмор, туку и за компаниите што треба однапред да ги организираат производството, услугите, работните смени и исполнувањето на деловните обврски, објави Centar.mk. Според официјалниот документ, во следната година се утврдени 11 празнични датуми кои се неработни за сите граѓани. Од нив, девет се распоредени од понеделник до петок, додека два ...
Добивај вести на Viber Во Босна и Херцеговина привршува изградбата на нова фабрика вредна околу 30 милиони евра, во која вработените ќе добиваат по 14 плати годишно, според модел што се применува во Австрија. Станува збор за производствен погон во Горњи Вакуф-Ускопље, со површина од 20.000 квадратни метри, каде што се планира вработување на повеќе од 100 работници. Директорот на фабриката, Дарко Јуричиќ, за Федералната телевизија изјавил ...
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, побара Јавното обвинителство да постапи по случајот со „Алта банка“, оценувајќи дека, според него, во јавноста се појавиле доволно информации за отворање истрага. Димитријевиќ тврди дека изјавите поврзани со носењето на одлуката за влез на „Алта банка“ во Македонија отвораат сериозни прашања за одговорноста на носителите на одлуките. „Имаме признание дека одлуката за ‘Алта банка’ ја ...
Ливерпул го доживеа својот прв пораз во овогодишното издание на Лигата на шампионите, откако падна во пеколот на Истанбул. Фенербахче, предводен од привремениот тренер и легенда на „Црвените“, Дирк Кајт, режираше неверојатен пресврт за да слави со 3-2. Иако англискиот гигант двапати водеше, турскиот тим носен од фанатичната публика на „Шукру Сараџоглу“ покажа неверојатен карактер и ги казни сите дефанзивни грешки на гостите. Трнлив пат и ...
Четвртото коло во Лигата на шампионите донесе фудбалски спектакли кои уште еднаш ни покажаа дека оваа сезона ќе гледаме натпревари со многу погодоци. Вечерта ја одбележаа неверојатни голеади, шокантни пресврти и историски триумфи на екипите кои испишуваат нови страници во елитното натпреварување. Комо испиша историја со девет парчиња во мрежата на Ленс Најголемото изненадување и најубедливата победа се случи во Франција, каде што ...
Иако веќе наполни 39 години, Лионел Меси не престанува да ги руши рекордите на американско тло. Аргентинскиот волшебник испиша нова страница во фудбалската историја, станувајќи првиот играч во МЛС лигата кој успеал да ја освои „Златната копачка“ во две последователни сезони. Неверојатни бројки и апсолутна доминација Напаѓачот на Интер Мајами ја заврши регуларната сезона во 2026 година со 26 голови на 31 натпревар. Зад него останаа Петар Муса ...
Македонските ракометари излегоа да се загреваат пред дуелот со Грција, и неколкуте македонски навивачи кои се таму, се сместија на трибините, а засега нема никаква најава за некаква пеколна атмосфера во која би играле нашите ракометни репрезентативци. Салата во Халкида е мала, собира околу 1.500 луѓе, и во очи паѓа и моментот со кратенката МКД за Македонија која е испишана на семафорот во салата. Македонските ракометари излегоа да се ...
СДС да престанат со манипулациите и ширење несигурност кај граѓаните за Алта банка. Не се точни тврдењата дека гувернерот посочил дека одлуката во врска со Алта банка ја донел премиерот. Наместо да ги спинуваат изјавите, треба да покажат одговорност и да престанат со свесен обид за создавање паника. А за финансиски текови и одговорност, нека се потсетат и на 110 милиони евра насочени до струмичките фирми врзани со Заеви, реагира ВМРО-ДПМНЕ на ...
Еден од симболите на Враца – туристичкиот дом „Хижата“, денеска одбележува 100 години. Јубилејот беше прославен со свеченост организирана од сегашниот закупец на објектот, со содејство на Младинскиот дом. Општина Враца отвори и посебна изложба со архивски фотографии обезбедени од Регионалниот историски музеј, Државниот архив и семејната архива на општествениот деец Огњан Пиштиков, јавува БТА. Заслугата за изградбата на домот ја има ...
Народното читалиште „Минчо Иванов – 1912“ во селото Макариополско, во близина на Трговиште, го започна меѓународниот онлајн фестивал на бугарското народно творештво „Димитровски ритми“ – 2026. Иницијативата има цел да ги обедини љубителите на бугарскиот фолклор од земјата и странство и е посветена на 170 години од дејноста на читалиштата во Бугарија, соопшти раководството на културната институција, пренесува БТА. Фестивалот започнува на ...
На 07.11.2026 во 11:35 часот во СВР Скопје, лице на возраст од 61 година од Скопје пријавило дека на подрачјето на Гази Баба било физички нападнато од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Истиот ден, во 18:15 часот, во СВР Скопје две лица на возраст од 43 и 41 година, двајцата од Скопје, одделно пријавиле дека околу 17:00 часот во населбата Гоце Делчев нивните малолетни деца биле физички нападнати од едно лице. По ...
Граѓаните што сакаат однапред да ги испланираат своите одмори, семејни патувања и слободни денови веќе можат да погледнат како ќе изгледа празничниот календар за 2027 година. Официјалната Програма на неработни денови покажува дека следната година ќе има 11 празнични датуми што важат за сите граѓани, но не сите ќе донесат дополнителен слободен ден за вработените, објави Centar.mk. Особено внимание привлекуваат петте продолжени викенди, кога ...
Италијанските синдикати закажаа национален штрајк во железничкиот, автобускиот и воздушниот транспорт за 20 и 21 ноември, а потоа ќе следат уште прекини на работата и локални протести. Општиот штрајк, свикан од Италијанската општа конфедерација на трудот (CGIL), ќе ги опфати сите транспортни сектори, и јавни и приватни, во текот на целиот ден на 20 ноември, објави денес агенцијата ADNkronos. Во исто време, почнувајќи од следната недела, ...
Реал Мадрид врза осма победа во низа и потврди дека фати нагорна линија во својата форма, нешто што беше евидентно и на вчерашното гостување на „Месталја“. Иако се мачеше во воведните 30 минути, Реал Мадрид целосно го скрши отпорот на „лилјаците“ кога го постигна првиот гол, па во продолжение се избори и за рутинска победа на традиционално тешкото гостување. Победата од 0:3 доаѓа во период кога ќе следи двенеделна пауза поради ...
Полските обвинители започнаа истрага за тероризам по смртоносниот напад на централниот плоштад во Краков, во кој се убиени шест луѓе. Министерот за правда Валдемар Зурек изјави дека истрагата ја презема специјализирана единица за прекршоци поврзани со тероризам. „Според применетата правна класификација, сторителот дејствувал заради сериозно заплашување на голем број луѓе, што го прави ова терористички прекршок“, рече Зурек. Тој потврди дека ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека имигрантите од исламските земји кои не ја прифаќаат историската одговорност на Германија за холокаустот мора да ја напуштат земјата. Тоа го кажа на приемот за еврејските спортисти кои се пожалиле дека се плашат јавно да ја носат Давидовата ѕвезда. Мерц зборуваше во петокот во Канцеларскиот дом во Берлин, на приемот за освојувачите на медали од овогодишните Макабејски игри. Неговите зборови ги ...
Како да направиш добра и квалитетна ракија, и како да се пие лесно, а да не предизвикува главоболка, сето тоа го знаат старите мајстори за печење ракија во Валандово, кои се уште ги има. На годинешната Валандовска ракијада, меѓу учесниците можеше да се слушнат различни совети и детали за тоа како да се извади поубава ракија, која е белег за ова поднебје. Бранко Стојанов, пензиониран земјоделски инжинер, во изјава за МИА, вели дека ракијата ...
Сте ја испрале облеката со вашиот омилен детергент и омекнувач, но откако ќе се исуши, таа го нема оној свеж мирис на кој сте се надевале. Иако на прв поглед може да изгледа дека виновна е машината за перење, коренот на проблемот често лежи во тоа како – и каде – ја сушиме облеката. Влагата заробена во ткаенините може да поттикне развој на бактерии и мувла, поради што облеката добива застоен, непријатен мирис. Дури и кога облеката на допир ...