ФОТО: Речиси сите градови во Источна Македонија добија затворени пазари. Затворените и наткриени пазари станаа препознатлив дел од повеќето градови во Источниот регион, нудејќи подобри услови за работа и пазарење во текот на целата година. На фотографиите се дел од овие модерни решенија кои веќе функционираат низ регионот. ФОТО: Речиси сите градови во Источна Македонија добија затворени пазари. Затворените и наткриени пазари станаа ...

Со почетокот на летната сезона, грчките власти повторно ги засилуваат контролите врз таканареченото бесплатно кампување, практика што останува нелегална надвор од организираните кампови, но и понатаму е популарна меѓу дел од туристите, пишува „Грик репортер“. За многу патници, поставувањето шатор покрај море претставува поевтина и поавтентична алтернатива за одмор, особено во време кога трошоците за живот и патување постојано растат. Сепак, ...

Најдобрите четири екипи во Европа денес ќе се борат за место во големото финале на завршниот турнир од ракометната Лига на шампионите, кој традиционално се одржува во легендарната „Ланксес Арена“ во Келн. На програмата се две спектакуларни полуфинални пресметки – германско дерби меѓу Магдебург и Фуксе Берлин, како и дуел на изненадувањето Алборг и Барселона. Во првиот полуфинален натпревар актуелниот европски шампион Магдебург ќе се соочи со ...

Ужасни вести доаѓаат од Тихуана, мексикански град во близина на границата со САД. Иранците избраа таму да се подготвуваат за натпревари во земја со која официјално не се во војна, а безживотно тело е пронајдено во близина на нивниот камп. Како што објавија новинарите на АФП, кои се наоѓаат на северозападниот дел од Мексико и виделе што се случува, во тек е истрага во врска со трупот што е пронајден во фаза на распаѓање во багажник на возило. ...

Министерството за култура тврди дека чека на Општина Кочани да ја спроведе постапката за подигање на спомен-обележје за 63 жртви од „Пулс“, за да обезбеди дел од средствата за изградба. Ова доаѓа откако Кире Димитриев, татко на загинатиот Диме во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во „Претрес со Ландов“ посочи дека средствата за споменикот биле пренаменети, информација која им ја кажале на состанок во Министерството. „Со почит се ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишник кој од јануари до јуни годинава во неколку наврати вршел полов однос врз 12 – годишно девојче, со што извршил продолжено дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Со девојчето родено 2014 година контактирале и се допишувале на социјалните мрежи, а покрај тоа што сексуално го злоупотребил, ...

Спектакуларно беше отворањето на настапот на репрезентацијата на САД на Светското првенство 2026, откако домаќинот убедливо го совлада Парагвај со 4-1 пред преполниот стадион „Софи“ во Лос Анџелес. Настанот не беше само спортски натпревар, туку и вистински спектакл кој ги собра најголемите имиња од светот на шоу-бизнисот, филмот и музиката, претворајќи го стадионот во глобална сцена на гламур и спорт. На трибините, предводени од Том Круз и ...

Според соопштението на војската, инцидентите се случиле во јужните и северните делови на Балтичкото Море, при што шведскиот воздушен простор не е нарушен, објави порталот „Nordic Defence Sector“. „Gripen“-ите биле испратени да идентификуваат и следат руски авиони. Се вели дека вклучените руски авиони се „Su-24“ и „Su-34“, додека сојузничките борбени авиони, исто така, учествувале во операцијата за да се обезбеди регионот. Вицеадмиралката Ева ...

Вистина е дека младите сакаат да ја напуштат Македонија. Правично е да добијат шанса во својата земја, да останат, да работат, со добро платена работа, сопствен дом и систем. СДСМ во својата Платформа “Твоја држава, твоја шанса“ има мерки кои создаваат шанса за младите да живеат и градат кариера во својата татковина, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Бојан Цветаноски од СДММ, што МИА го пренесува интегрално. ...

Со врачувањето на наградите и изведбата на претставата „Црно злато“ од Дејан Дуковски, во режија на Оливер Фрљиќ на Београдско драмско позориште, синоќа беше спуштена завесата на 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Публиката го наполни гледалиштето на големата сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“, дојде да им оддаде почит на најдобрите според жири-комисијата, но и да ја проследи една претставите за кои ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавија дека за време на викендов и во понеделник времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Во вторник локално, а во среда на повеќе места ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни, проследени со повремено засилен ветер и појава на грмежи. Од четврток времето повторно ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ...

Шестото издание на фестивалот „Ало, Космос! Зборува Бугарија“ ќе се одржи на 26 и 27 јуни во Софија Тех Парк, при што вториот ден ќе биде посветен на образованието и можностите за кариера во областа на науката и вселенските технологии, јавува БНР. По тој повод, австралискиот експерт за космонаутика Сајмон Џенер, кој живее и работи во Бугарија, истакна дека ваквите иницијативи имаат клучна улога во инспирирањето на младите да изберат кариера ...

Пејачката Гога Секулиќ пред неколку години се разведе од својот сопруг Урош Домановиќ, а неговиот денешен изглед изненади многумина кои го паметат од времето кога редовно се појавуваше во јавноста покрај неа. Гога и Урош се венчаа во 2013 година. Поранешниот фитнес-тренер, кој е 15 години помлад од пејачката, со неа го доби синот Василиј Андреј. И покрај разводот, тие останаа во добри односи поради нивното дете. Долги години живееја во Цирих, ...

Ливерпул имаше лоша сезона во која единствената добра вест беше Топ 5 пласманот во Премиер лигата со што беше обезбедено место во Лигата на шампиони за натпреварувачката 2026/2027. „Црвените“ во новата кампања ќе влезат и со нов тренер во името на Андони Ираола, а во однос на тоа какви инвестиции ќе бидат направени во екипата допрва ќе дознаеме. Роби Фаулер како легенда на Ливерпул посакува повторно да го види клубот на врвот, но и тој има ...

Хуманоиден робот ја шутна топката толку силно што направи дупка во ѕид Кој е фаворит за Светското првенство? Шпанија, очигледно. Но другите репрезентации можеби би имале шанса ако ФИФА им дозволи да го испратат на терен овој апсурден робот што игра фудбал — што дури и не би било ни блиску до најлудите работи што светската фудбалска асоцијација ги направила во последно време. Содржина: Booster Robotics од Пекинг го испрати минијатурниот T1 ...

Капитенот на Босна и Херцеговина, Сеад Колашинац, беше првата „жртва“ на новото правило што ФИФА го воведе на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Во низата иновации на Светската куќа на фудбалот пред овој Мундијал се најде и таканареченото „правило од пет секунди“. Судиите добија право да интервенираат доколку играч намерно одолговлекува со изведување аут, па сега можат во такви случаи да го одземат поседот на топката по пет секунди ...

Денеска во култната „Ланксес Арена“ во Келн официјално започнува завршниот фајнал-фор (Ф4) турнир во ракометната Лига на шампиони за мажи. Четирите најдобри европски екипи во текот на овој викенд ќе ги одмерат силите за престижниот трофеј во две полуфинални репризи од претходните две финалиња. Германскиот состав Магдебург влегува на турнирот со цел да ја одбрани титулата, додека најтрофејниот европски клуб Барселона брка рекордна 12-та ...

Кога ќе погледнеме во нашите плакари, сè друго изгледа поинтересно, помодерно и подобро од нашето – но причината за ова не е модата, туку начинот на кој функционира нашиот мозок. Скоро секој барем еднаш почувствувал дека му се допаѓа туѓата гардероба повеќе од својата. Без разлика дали станува збор за пријател, колега или минувач на улица, честопати се чувствува како другите луѓе да имаат подобар стил, иако објективно ова можеби не е вистина. ...

По вчерашниот пожар пред зграда во Кисела Вода предизвикан од дефект на струјна инсталација, се огласи и компанијата „Трим и Лум“ која е инвеститор на објектот. Од компанијата велат дека засегнатите кабли и електро-ормари не биле дел од внатрешната инсталација на Трим & Лум. „Станува збор за инфраструктура на дистрибутивната мрежа, која не е изведена, одржувана ниту управувана од наша страна. Нашите инсталации на објектот се изведени ...

Во време на зголемена омраза и дискриминација кон ЛГБТИК+ заедницата, но и сериозни политички и општествени предизвици на 20 јуни во Скопје ќе се одржи Парадата на гордоста. Фестивалот годинава се одржува под слоганот „Сите нека знаат / Let Everyone Know”. Последните години донесоа и значајни промени, кои го стеснија просторот за живот и делување на ЛГБТИК+ заедницата, за што во емисијата „Стадион“ на Канал 77, зборува Славчо Димитров, ...

И покрај спуштените ролетни и вклучениот вентилатор, многу станови остануваат жешки во летните денови. Еден едноставен трик што често се занемарува е отворањето на ормарите при утринското проветрување. Според советите, големите ормари во текот на денот акумулираат топлина, особено ако се наоѓаат во близина на прозорци или се изложени на сончева светлина. Топлиот воздух останува заробен зад затворените врати и може дополнително да ја загрева ...

По повеќедневна потрага, дедо Јане од селото Јастребник е пронајден починат на планината Осогово, потврдуваат извори од терен. Тој бил пријавен за исчезнат, по што во изминатите денови се спроведувала интензивна потрага по него во поширокиот планински регион. Според првичните информации, починатиот боледувал од деменција, што дополнително ја отежнувало потрагата и неговата ориентација во просторот. Надлежните служби извршиле увид на местото ...

Шарена сол, к’цана сол или мирудија? Бобан Бибиловски ќе ви покаже како да ја направите сами дома Без разлика како ја викате ова е еден од најубавите традиционални зачини што може да го имате дома. Одлична е со компир, месо, скара и многу други јадења. Денес Бобан Бибиловски ќе ви покаже како лесно да ја направите дома. Како вие ја викате во вашиот крај? Шарена сол, бабина сол, к’цана сол, тепана сол, мирудија или? Шарена сол, к’цана сол ...

Ѕвездата на Франција и на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, може да стане најдобар стрелец во историјата на Светските првенства, но францускиот напаѓач истакна дека освојувањето на уште една светска титула му е многу поважно од личните рекорди. Мбапе досега има постигнато 12 голови на Мундијалите и се наоѓа на само четири погодоци од рекордот на германската легенда Мирослав Клосе, кој постигна 16 голови на четири Светски првенства во периодот од ...

Најдобриот бугарски тенисер Григор Димитров, пред егзибицискиот натпревар со Стефанос Циципас, се сретна со млади спортисти со Даунов синдром кои ќе ја претставуваат Бугарија на Светското првенство за спортисти со Даунов синдром, чиј домаќин од утре е Софија, јавува БНР. Средбата во „Арена Софија“ беше исполнета со искрени емоции и насмевки, како кај натпреварувачите, така и кај нивните родители. Меѓу 20-те спортисти беше и Пламен Павлов – ...

Сан Антонио Спарс е домаќин на Њујорк Никс во петтиот меч од финалната серија во НБА лигата, меч кој е да се биде или не за клубот од Тексас. Секој нареден пораз за „мамузите“ значи крај за нив и титула во Никси кои имаат пак три меч топки да го остварат сонот на многу навивачи на овој клуб. Меѓутоа Сан Антонио не се предава и првата ѕвезда Виктор Вембањама верува во чудо и дека тие ќе станат вториот тим по Кливленд Кавалирс кој се вратил од ...

Ова се книгите од новиот список на лектири што учениците од основното образование ќе почнат да ги читаат од учебната 2026/2027 година, откако Бирото за развој на образованието објави ажуриран лектирен список за деветгодишното основно образование, со задолжителни и изборни дела од второ до деветто одделение. Новиот список носи комбинација од македонска книжевна класика, современи домашни автори, светски детски романи, бајки, поезија, драми и ...

Пратениците на унгарскиот Парламент изгласаа кратење на сопствените плати за 40%. Ова е само почеток, премиерот Маѓар најави нови намалувања на платите, овојпат на сите именувани функционери. Во Македонија пред некоја година беше изгласано зголемување на платите за 78% за сите функционери. Зошто во Македонија не е проблем зголемување на платите од парите на даночните обврзници, а тоа секако дека се граѓаните, зошто се молчи, зошто не се ...

Јанез Јанша е феномен на словенечката политика. Тој беше министер за одбрана во првата независна словенечка влада во 1991 година, а сега повторно се наоѓа на премиерската функција - по четврти пат. Назначен на 22 мај, Јанша веќе предизвикува контроверзии. Меѓу нив се и прашањата за односот кон лица осомничени за соработка со нацистите кои биле погубени без судење по Втората светска војна, но и актуелните економски политики. Предложените ...

Врз основа на член 4 од Програмата за волонтирање во Кабинетот на претседателот на Република Македонија за 2026 година, објавуваме ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на кандидати за волонтирање Ги повикуваме заинтересираните кандидати да се пријават на јавниот повик за волонтирање во Народната канцеларија на Претседателот. Кабинетот има потреба од ангажирање на 10 волонтери за вршење на активности утврдени во член 3 од Законот за волонтерство. ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
36%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.94
42%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.79
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.92
75%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Платина

55170.68

Родиум

257205.97