Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Министерството за правда го објави комплетниот список од 49 лица кои Александар Вучиќ ги помилувал на 27 септември, денот кога поднесе оставка на функцијата претседател на Србија. Меѓу нив е и државната секретарка во Министерството за внатрешни работи, Дијана Хркаловиќ, која беше обвинета за трговија со влијание, најмалку 15 лица на кои им се ставаше на товар злоупотреба на службена положба, лица кривично гонети за перење пари, како и лица за ...
Најновoто ажурирање на „Where Winds Meet“ од дополнителни 70 гигабајти донесе цел нов регион по кој е именуван додатокот наречен „Чинџоу“ („Qinzhou“). Во овој регион преовладува црвена трева наместо зелена, а во околината на целата нова област со приморски населби, има нова приказна со нови интриги и ликови, нови светски „босови“ на кои може да ги тестирате вашите вештини и рефлекси. Има и можности за драстична надоградба на ликот преку нова ...
Јавното обвинителство достави негативно мислење до Кривичниот суд за гаранцијата што ја понуди првообвинетиот за пожарот во „Пулс“, газдата на кочанската дискотека Дејан Јованов Деко, затоа што понудениот имот со гаранцијата се состои од плевни, шупи, објекти што се предмет на извршување или дивоградби. „Обвинителскиот тим кој постапува во предметот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска достави негативно мислење и барање да се ...
Шпанскиот моден синџир „Зара“ повлече од продажба детски костим за „Ноќта на вештерките“ по острите критики дека потсетува на униформите што ги носеле затворениците во нацистичките концентрациони логори. Костимот се состоел од сако и панталони со сино-бели вертикални пруги, имал износен изглед и дезени што асоцирале на бодликава жица, а ознаките на ракавите личеле на затворски броеви. ליל כל הקדושים בעוד כחודש ורשת זארה הספרדית מחרידה את ...
Данската компанија Copenhagen Atomics развива мали ториумски реактори што користат стопени соли и би можеле да произведуваат поевтина и стабилна енергија, со значително помалку отпад. Ториумот би можел да стане еден од најинтересните кандидати за новата генерација нуклеарна енергија. Данската компанија Copenhagen Atomics развива мали модуларни реактори со стопени соли, кои треба да користат ториум како дел од горивниот циклус, да работат со ...
Француската луксузна групација Kering во петокот соопшти дека британската дизајнерка Мартин Роуз ќе ја преземе функцијата на креативен директор во Balenciaga, по заминувањето на Пјерпаоло Пичоли, кој на таа позиција се задржа само 18 месеци. „Нејзиното назначување ја одразува нашата амбиција да ја задржиме Balenciaga на чело на иновациите, креативноста и културата“, изјави во соопштение извршниот директор на Kering, Лука де Мео. Де Мео врши ...
Добивај вести на Viber Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ ќе го запре производството на својот футуристички пикап „Сајбертрак“ (Cybertruck) во средината на 2027 година, по неколку години разочарувачки продажни резултати. Одлуката ја соопшти извршниот директор Илон Маск, со што завршува еден од најамбициозните и најконтроверзните проекти на компанијата. Маск во петокот објави дека производството во фабриката во Тексас ...
Тендерот за изградба на третата фаза за пругата кон Бугарија е веќе објавен на страната за јавни набавки на ЕУ. За тунелот, работните групи на Македонија и Бугарија веќе технички работат, додека проектот за брза пруга на Kоридор 10 се реализира согласно договорената динамика и рокови, објасни, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, во интеврјуто за “Радио Лидер”. “ За третата секција, најкомплицираната ...
Центарот за податоци за вештачка интелигенција Wonder Valley би можел секојдневно да ослободува количество топлинска енергија споредливо со онаа на 23 атомски бомби фрлени врз Хирошима Центарот за податоци за вештачка интелигенција Wonder Valley, чија изградба е планирана во канадската покраина Алберта, би можел секој ден да ослободува количество отпадна топлинска енергија споредливо со енергијата на 23 атомски бомби со големина на онаа ...
Влијанието на вештачката интелигенција врз мирот и безбедноста ќе биде меѓу приоритетите на ноемвриската агенда на Советот за безбедност на ОН, соопшти летонската претставничка Санита Павлута-Десланд. За 24 ноември е најавена дебата на високо ниво за разрешување конфликти во услови на брзи технолошки промени. Во фокус ќе бидат и заштитата на цивилите, мировниците, хуманитарните работници и новинарите. Предвидено е учество на претставници од ...
Фудбалската федерација на Северна и Централна Америка и Карибите (КОНКАКАФ) воведува нов формат на Голд Купот почнувајќи од турнирот во 2027 година. Досегашниот формат на Голд купот вклучуваше 16 репрезентации поделени во четири групи, а од следната година ќе бидат поделени во две групи од по осум екипи. Секоја репрезентација ќе игра четири натпревари против различни противници во групната фаза, наместо претходните три. Четирите најдобро ...
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) инвестира до 40 милиони евра во нов инвестициски фонд управуван од полската компанија Avallon, со цел да обезбеди долгорочен капитал за малите и средните претпријатија во Централна и Источна Европа. Од инвестициите ќе можат да имаат корист и компании од земјите членки на Европската Унија во Југоисточна Европа, меѓу кои Бугарија, Хрватска, Романија и Словенија. Станува збор за фондот Avallon MBO Fund ...
Оливера Милетовиќ, водителка на телевизијата „Информер“ и долгогодишна пријателка на семејството Вучиќ, зборуваше за кукавичкиот напад врз Ангелина Вучиќ, мајката на Александар Вучиќ, и ги откри деталите од разговорот што го водела со неа по денешниот грозоморен инцидент. Имено, Оливера Милетовиќ зборуваше за тоа како Ангелина Вучиќ го издржала овој настан, но и што ѝ направиле блокадите. – Ангелина беше на гласачкото ливче и се враќаше ...
Во 2010 година, Ашиш Кумар Џаин погледнал видео на интернет кое го натерало да размисли за начинот на кој се произведува храната. На видеото биле прикажани сегменти од млечната индустрија. Во тој период тој и неговата сопруга го очекувале своето прво дете, па одлучиле да преминат на веганска исхрана, пишува „Би-би-си“. По враќањето во Индија, решиле и својата ќерка Арул да расте како веган. Денес Арул има 11 години. Нејзиниот татко вели дека ...
Изминативе денови во повеќе земји низ Европа се одвиваат масовни протести поради високите цени на основните производи, лошите услови во образованието, високите цени на кириите…, а во Франција, Албанија, Италија и Португалија, истите ескалираа и дојде до судир помеѓу дел од учесниците на протестите и полицијата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Европа на улица поради скапиот живот Посебно во Албанија и Франција беше направена и значителна штета на јавни ...
Поразот од Струга ТЛ со 0:1 на домашен терен дополнително ги продлабочи проблемите на Вардар, кој по 12 одиграни кола сè повеќе заостанува во трката за самиот врв во Првата македонска фудбалска лига. За „црвено-црните“ ова беше втор пораз по ред на домашен терен, откако претходно беа елиминирани од Тиквеш во Купот на Македонија. Новиот неуспех уште еднаш покажа дека актуелниот Вардар е далеку од формата потребна за борба за шампионската ...
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, најави изградба на нова поликлиника во општината. Најавата ја објави на својот Фејсбук-профил, без да соопшти дополнителни детали за почетокот на изградбата, локацијата или роковите за реализација. „Долго се чекаше, но големите работи вреди да се почекаат. Бутел го заслужува ова. И многу повеќе! Историјата допрва ќе се пишува“, напиша Костовски, најавувајќи ја „Нова поликлиника Бутел“. ...
ФОТО: ПУМА Патиките одамна престанаа да бидат само завршен детаљ на стајлингот, а новите модели сè повеќе изгледаат како да пристигнале директно од иднината. „Puma“ и лондонскиот бренд „J.L-A.L“, зад кој стои дизајнерот Жан-Лук Амбриџ Лавел, го претставија својот најнов заеднички модел на патики. Новата силуета, наречена „CELL GEO 1 CAGE J.L-A.L“, претставува еволуција на нивната претходна соработка „CELL GEO“, која беше целосно распродадена. ...
Британскиот Национален центар за кибербезбедност денеска предупреди дека до 2028 година е многу веројатен напад со софтвер за изнуда врз критичната инфраструктура во кој ќе се користи злонамерен код потпомогнат од вештачка интелигенција. Процената е дел од новиот извештај „Состојбата на кибернацијата“. Според центарот, вештачката интелигенција може да го забрза откривањето и искористувањето на постојните безбедносни слабости. Се очекува да ја ...
X-70 Fractal треба да ги помести границите на можностите на авионите во воздухот NASA го претстави X-70 Fractal, својот најнов експериментален авион, кој ќе служи како флексибилна платформа за тестирање нови системи за управување со летот и технологии што би можеле значително да ги прошират маневарските способности на идните летала. Новиот експериментален авион од серијата X беше претставен за време на настанот UP.Summit, во вселенскиот ...
ФОТО: ПРОФИМЕДИА Замастениот црн дроб може долго време да остане целосно незабележан. Во раните и средните фази честопати нема јасни симптоми, поради што многу луѓе и не знаат дека ја имаат оваа состојба. Иако во повеќето случаи таа не мора нужно да доведе до сериозно оштетување на црниот дроб, нејзиното присуство може да укажува на метаболички проблеми и зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања. Затоа, често се поставува прашањето дали ...
Вчерашното соопштение за раскинатиот договор за Луна паркот, според советнчката од Левица, Катерина Јовановска, отвара повеќе прашања и дилеми, отколку што дава одговори. Оттаму членката на Советот на Град Скопје постави повеќе дилеми. „- Ако го раскинеле договорот за да се избегне двојна набавка на исти реквизити, неизбежно се поставува прашањето зарем од Градот не знаеле дека веќе има набавено реквизити и дека се води судска постапка за ...
Елој Морено (1976) е еден од најчитаните современи шпански писатели, автор на романи за возрасни и млади читатели. Во 2010 година го објавува својот прв роман, Зеленото пенкало (El bolígrafo de gel verde), кој досега е продаден во повеќе од 250.000 примероци. Меѓународен успех постигнува со романот Невидлив (Invisible, 2018), приказна за врсничкото насилство, стравот, осаменоста. Романот е продаден во повеќе од еден милион примероци, преведен ...
Би дал сè за да го решам секое прашање и мака на народот. И сигурен сум дека може повеќе, но исто така сигурен сум дека успеваме и го даваме последниот атом од силата да направиме многу повеќе, да донесеме ред во безредието, да донесеме реформи во хаосот кој го затекнавме, да подигнеме цврст дом, на темелите кои одново ги ѕидавме. И во таа наша борба резултатите се видливи – истакна премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето по повод 11 ...
Вишиот суд во Белград му одреди 30-дневен притвор на сопственикот на „Алта банка“ АД Белград, Давор Мацура, како и на уште двајца раководители на банката. Притворот е определен поради опасност од бегство, влијание врз сведоците и повторување на делото. Во Србија продолжил и распитот на високите полициски раководители Марко Кричак и Бошко Секуловиќ. Во меѓувреме, полемики и незадоволство предизвикало објавувањето список со 49 лица помилувани ...
Отворените инвестициски фондови во Македонија на крајот од септември 2026 година управувале со нето-средства во вредност од 37,4 милијарди денари, односно приближно 608,3 милиони евра, покажува најновиот месечен извештај на Комисијата за надзор на пазарот на капитал. Извештајот, објавен на 15 октомври, покажува дека нето-вредноста на средствата се зголемила за 1,41% во споредба со крајот на август. Особено значајни се податоците за приливите ...
Некои проблеми во врската не се решаваат со расправии, туку со разговори што постојано се одложуваат. Едниот партнер премолчува дека му пречи распределбата на обврските, другиот не кажува дека се чувствува запоставено, а двајцата мислат дека така го избегнуваат нарушувањето на мирот. Но, проблемот не исчезнува. Со текот на времето, може да се претвори во оддалечување, ситни забелешки и чувство дека во врската нема место за она што навистина ...
Дарко ЈАНЕВСКИ (текстот е преземен од ФБ профилот на авторот и не ги одразува нужно ставовите на Денешен.мк) Ако сега, по оваа епизода со коските на цар Самуил, некому се уште не му е јасно што потпишаа Заев и оној Никола Димитров, и на што се согласи онаа комисија на чело со Драги Ѓоргиев, тогаш, тука помош нема. Освен можеби од лекар, иако и тоа е веќе под знак прашање. Настрана тоа што коските не се на Самуил. Тие се очигледно на некое ...
Како што старееме, природно доаѓа до одредени промени во функционирањето на мозокот. Меморијата, концентрацијата и брзината на обработка на информациите можат постепено да се менуваат, но начинот на исхрана игра важна улога во одржувањето на когнитивното здравје. Одредени намирници содржат хранливи материи кои го поддржуваат функционирањето на нервниот систем, го намалуваат оксидативниот стрес и придонесуваат за здравјето на крвните садови. ...
Кривична пријава за телесна повреда е поднесена против 61-годишен жител на Крива Паланка, поради сомнение дека физички го нападнал својот 12-годишен син. — реклама — — реклама — — реклама — Според информациите од МВР, пријавата ја поднела Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка. Инцидентот се случил на 29 септември 2026 година во семејниот дом во кривопаланечко, кога О.Р. физички го нападнал малолетниот син и му нанел ...