Американскиот претседател Доналд Трамп денес ги повика припадниците на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, вооружените сили на Иран, да го положат оружјето, ветувајќи дека за возврат ќе им биде даден имунитет. Втората опција, според Трамп, е „сигурна смрт“. Трамп рече дека САД започнале „големи борбени операции“ во Иран, предупредувајќи дека може да има американски жртви. Нападите, за кои Трамп тврди дека имаат за цел уништување ...

– До припадниците на Исламската револуционерна гарда, вооружените сили и целата полиција, вечерва им порачувам да го положат оружјето и ќе имаат целосен имунитет или, во спротивно, ќе се соочат со сигурна смрт, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање, најавувајќи „голема“ операција во Иран. Утрово експлозии се пријавени во повеќе ирански градови, вклучително и во главниот град Техеран, откако Израел и САД извршија ...

Утринава САД и Израел го нападнаа Иран, а на социјалните мрежи се појавија видеа во кои ирански граѓани го слават нападот и извикуваат: “Го сакаме Трамп“. Претходно американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање до американските граѓани за нападот, ги повика припадниците на Исламската револуционерна гарда и иранските вооружени сили да го положат оружјето за што ќе добијат имунитет, и им порача дека „другата опција е сигурна ...

Претседателот на САД Доналд Трамп ги повика Иранците да се кренат против режимот и да ја соборат Исламската република, ден по заедничката израелско-американска акција при која беше убиен врховниот лидер, пренесува БГНЕС. „Ги повикувам сите ирански патриоти кои копнеат по слобода да го искористат овој момент, да бидат храбри и одлучни да си ја вратат својата земја. Америка е со вас“, изјави Трамп во видеообраќање. Американскиот претседател ...

Според „Фајненшл тајмс“, Белата куќа нема реалистичен план што да прави со Иран по уништувањето на неговото раководство. За разлика од инвазиите на Авганистан и Ирак, каде што САД барем се обидоа да воведат копнени трупи и да воспостават нова влада, сега американскиот претседел Доналд Трамп се надева на промена на режимот само со помош на авијацијата. Според весникот, повиците на Трамп до Иранците да „ја земат власта во свои раце“ и до ...