Сега веќе актуелниот шампион на Македонија, тимот на Вардар на најдобар можен начин ја прослави освоената титула. Со победа на домашен терен во последното коло, против најголемиот ривал, екипата на Шкендија. Конечниот резултат гласи 3:0. Во игра во која може да се каже дека обата тима одиграа растеретено, и создадоа поприлично голем број на шанси. Вардар своите ги искористи, Шкендија не. Уште од самиот старт на мечот, Шкендија преку Мазари ...

Вардар на шампионски начин ја заврши сезоната во Првата македонска фудбалска лига, совладувајќи ја Шкендија со 3-0 на арената „Тодор Проески“ пред своите навивачи. Иако натпреварот немаше резултатско значење, бидејќи двата тима претходно ги обезбедија своите позиции на табелата, дербито донесе динамична игра и неколку возбудливи ситуации. Вардар како шампион ќе настапи во квалификациите за Лигата на шампионите, додека Шкендија како ...

Фудбалскиот клуб Вардар денеска официјално го доби шампионскиот пехар и ја прослави 12-тата титула во својата историја. Во последниот натпревар од сезоната, „црвено-црните“ славеа убедлива победа од 3-0 против најголемиот ривал Шкендија на арената „Тодор Проески“ во Скопје. По натпреварот следуваше голема прослава со навивачите — најпрво на теренот на нашиот најголем стадион, а потоа славјето се пресели на „Школка“ во Градскиот парк. ...

Новиот шампион на Македонија, екипата на Вардар, на перфектен начин ја заокружи својата златна сезона во Првата македонска фудбалска лига. Иако дербито на Арената „Тодор Проески“ против Шкендија (3:0) немаше резултатско значење бидејќи двете водечки позиции на табелата беа веќе цементирани, „црвено-црните“ одиграа за престиж и за своите верни навивачи, испраќајќи го големиот ривал од Тетово со три гола во мрежата. Принудни ротации и дебакл на ...

И дефинитивно кога играат Вардар и Шкендија нема пријателски или “ревијални“ мечеви, па макар и кога се без резултатско значење. Вардар на прославата на титулата во рамките на тоа последно 33.коло од сезоната, одигра навистина добар меч. Ја надигра Шкендија и успеа да слави со 3:0. Иако тетовци беа драматично ослабени, сепак тоа никако не ја намалува вредноста на оваа победа на вардарци. Кога ќе се победи Шкендија со 3:0, кога ќе се потврди ...