Уште една одлична партија на нашиот репрезентативец Андреј Јакимовски за својот Тренто. Вечерва во вториот меч од четвртфиналната серија од плеј – офот во елитната лига на Италија на гостувањето кај Виртус, Македонецот запиша 13 поени, имаше и еден скок и две асистенции. Оваа негова партија и тоа како му помогна на Тренто да дојде до победа од 84:87 и со тоа да израмни во серијата на 1:1. Се разбира дека Јакимовски уште еднаш потврди дека е ...
Тренто на Андреј Јакимовски направи изненадување и славеше над Виртус Болоња со 87:84 во вториот натпревар од четвртфиналната плејоф серија во Италија. Актуелниот првак беше убедлив на првиот натпревар и славеше со 31 разлика, но вечерва Андреј и другарите се покажаа во далеку подобро светло, одиграа поквалитетно на двете страни на теренот и се изборија за брејк и 1-1 во серијата. Нашиот репрезентативец Јакимовски беше меѓу најфикасните кај ...
Изненадување или не, но македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски и неговиот Тренто и вечерва во третиот меч од 1/4 финалето во плеј-офот во елитната кошаркарска лига славеа против гигантот Виртус. Победа од 102:85 за водство во серија од 2:1. Па така сега на Јакимовски и Тренто им е потребна само уште една победа за да го елиминираат славниот Виртус кој редовно игра во Евролигата, и да се пласира во полуфиналето. Македонцот Андреј Јакимовски ...
Андреј Јакимовски и Тренто се на чекор до апсолутна сензација во италијанскиот шампионат откако поведоа со 2-1 во четвртфиналната серија со Виртус Болоња. Тимот на македонскиот репрезентативец едвај стигна до билет за плејофот, но со одличните изданија дефинитивно покажа дека заслужува метово Топ 8, претходниот меч успеа да направи „брејк“ во Болоња, а вечерва пред своите гледачи го демолираше актуелниот евролигаш со убедливи 102-85. ...
Тренто на нашиот репрезентативец Андреј Јакимовски оствари и втора победа во серијата од италијанскиот плејоф со Виртус Болоња. Противникот е фаворит во четвртфиналното соочување, но Тренто успеа да ја преземе контролата и да го потврди брејкот пред своите фанови. Јакимовски и соиграчите постојано го контролираа натпреварот и резултатот, па на крајот славеа со преубедливи 102:85 и ќе го дочекаат четвртиот натпревар со предност од 2:1. ...

