Алваро Арбелоа предупреди дека гостувањето на „Месталја“ ќе биде тешко и голем предизвик за неговите фудбалери, но главната цел беше остварена и Реал Мадрид ја продолжи серијата победи во Ла Лига. Иако долго се мачеше да го скрши отпорот, погодокот на Алваро Карерас го отвори патот до победа, а истата беше потврдена од Килијан Мбапе во судиското продолжение. Французинот ја продолжи својата гол-серија оваа сезона и останува убедливо најдобар ...

Реал Мадрид со големи три бода се враќа од тешкото гостување кај Валенсија, па нормално е победничкото расположение во таборот на Кралевите. Привремениот тренер Алваро Арбелоа не го криеше задоволството по победата до која дојдоа со два гола во второто полувреме. „Долги години доаѓав на ‘Местаља’ како играч и го знам предизвикот што го претставува овој стадион. За навивачите и за играчите ова е важен натпревар кога Мадрид доаѓа да игра. Бев ...

Иако имаше двајца првотимци на располагање, Алваро Арбелоа реши да го постави младинецот Давид Хименес како стартер на „Месталја“, а оваа одлука на новиот тренер на Реал Мадрид брзо предизвика доста реакции во јавноста. Арбелоа ги остави Дани Карвахал и Трент Александер Арнолд на клупа, но ако тоа беше логично со Англичанецот кој се врати во тимот после два месеци, одлуката со капитенот не беше воопшто едноставна. Карвахал повеќе од еден ...

Алваро Арбелоа стана главен тренер на Реал Мадрид пред помалку од еден месец, откако го наследи Чаби Алонсо на 13 јануари. Стартот на клупата на Реал му беше катастрофален, Кралевите загубија од второлигашот Албасете и беа елиминирани од Купот на кралот. Потоа, под негово водство, Реал забележа пет лигашки победи, но и неочекуван пораз против Бенфика во Лигата на шампионите. Споредбата на неговите фотографии од преземањето на кормилото и ...

Шпанскиот тренер Алваро Арбелоа пред помалку од еден месец седна на клупата на Реал Мадрид, откако на 13 јануари го наследи Чаби Алонсо. Почетокот на Арбелоа на клупата на „кралскиот клуб“ воопшто не беше идеален, бидејќи уште на своето деби Реал доживеа пораз од Албасете и беше елиминиран од Купот на кралот. По тој неуспех, Реал под негово водство запиша пет победи, но и неочекуван пораз од Бенфика во Лигата на шампионите, по кој ...