Братислава – Илјадници граѓани излегоа синоќа на протести во Словачка против најавените измени на изборниот закон со кои се предвидува укинување на гласањето по пошта на лицата кои живеат во странство. Протестите беа организирани по повик на повеќе опозициски партии, одржани под мотото „Нема да ни го одземат гласот“. Околу две илјади лица протестираа во Братислава, додека стотици се собраа и во други градови, како и во Прага и Брисел. Во ...

Букурешт – Жителите на северниот дел на романскиот округ Тулча изминатата ноќ добија две предупредувања за опасност преку системот Ro-Alert, откако системите за набљудување забележале групи дронови во близина на романско-украинската граница, пренесува агенцијата Аџерпрес. Првото предупредување било испратено во 02:37 часот по локално време, а второто во 05:08 часот. Во двете известувања, испратени од Генералниот инспекторат за вонредни ...

Израел и Либан одржаа први директни дипломатски разговори по повеќе од три децении, со цел да се намалат тензиите и да се стави крај на конфликтот со групата Хезболах. Средбата, која се одржа во Вашингтон со посредство на САД, беше оценета како „историска можност“ од страна на американскиот државен секретар Марко Рубио. Според заедничките изјави, двете страни се согласиле да започнат директни преговори, додека Израел нагласил дека има цел да ...

Европските земји размислуваат за формирање широка меѓународна коалиција, без учество на САД, за да се обезбеди непречен поморски сообраќај низ Ормутскиот теснец по завршувањето на конфликтот, истовремено спротивставувајќи се на вклучувањето на „завојуваните страни“ и нагласувајќи координација со регионалните актери, објави „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на сопствени извори. Францускиот претседател Емануел Макрон изјавил дека е ...

Европските земји подготвуваат план за воена мисија што би обезбедила слободна пловидба низ Ормутскиот теснец по завршувањето на војната, но САД нема да учествуваат во операцијата. Според информациите објавени од „Волстрит џурнал“, станува збор за широка коалиција на земји што би вклучувала бродови за расчистување на мини и други воени бродови. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека мисијата ќе биде исклучиво одбранбена и нема да ...

Иран користел кинески шпионски сателит за таргетирање на американските воени бази, објави „Фајненшл тајмс“. Иран користел кинески сателитски податоци за попрецизно таргетирање на американските воени бази на Блискиот Исток за време на тековниот конфликт, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на разузнавачки извори. Информациите ги објави и „Ројтерс“, но нема официјална потврда од Вашингтон, Пекинг или Техеран. Според овие наводи, Иран имал ...

Во Берлин денеска состанок ќе одржи Контакт-групата за одбрана на Украина. На состанокот што се одржува напокана на германскиот министер за одбрана, Борис Писторис, лично ќе присуствуваат генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, британскиот министер за одбрана Џон Хили и украинскиот министер за одбрана Михајло Федоров, додека останатите учесници ќе се приклучат преку видео-врска. На средбата ќе се разговара за натамошната поддршка за Украина, ...

Убер инвестираше повеќе од 10 милијарди долари во купување илјадници автономни возила и преземање удели во нивните развивачи, отстапувајќи се од својот бизнис модел на „гиг економија“ фокусиран на продажба на средства за да се избегнат нарушувања предизвикани од роботакси, објави Фајненшл тајмс во среда. Ројтерс не можеше веднаш да го потврди извештајот. Убер не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар. Римчев Верн е една од ...

Ново истражување открива милиони резерви на неодимиум и празеодимиум, клучни суровини за енергетската и индустриската транзиција, што би можело да стане одлучувачки фактор во стратешката битка на Европа со Кина и САД. Новото истражување потврди дека норвешкото наоѓалиште Фенсфелт, богато со клучни ретки елементи како што се неодимиум и празеодимиум, претставува најголем таков ресурс во Европа. Според најновите проценки, резервите на ...

Винскиот туризам повеќе не е само попатна станица, туку стана една од главните причини за планирање патување. Додека Бордо и Тоскана се вечни класици, современите патници бараат нешто поавтентично, постаро и повозбудливо. Во исчекување на конечните резултати од престижните награди за вински патувања (кои ќе бидат објавени на 1 мај), јавноста веќе го даде својот суд. Euronews Travel ги претставува винариите и регионите што ќе ја одбележат 2026 ...

Сеул – Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека Северна Кореја го засилува својот нуклеарен капацитет. Гроси пред новинарите во Сеул изјави дека нуклеарното набљудувачко тело на ОН утврдило брзо зголемување на активноста во Центарот за нуклеарни истражувања „Јонбјон“, вклучувајќи го петмегаватниот реактор, инсталацијата за преработка, реактор со лесна вода и други постројки. ...

Јаунде – Папата Лав XIV денеска пристигна во Камерун, каде ќе се сретне со претседателот Пол Бија во Јаунде, во втората етапа од неговата африканска турнеја. Бија (93) е претседател на оваа западноафриканска земја од 1982 година, а претходно беше премиер. Повеќе од половина од 30-милионското население на Камерун се христијани, од кои една четвртина се католици, според Светската база на податоци за религии. Независните цркви се во подем, ...

Резервниот план за одбрана на Европа со користење на постојните воени структури на НАТО во случај на повлекување на САД добива на интензитет, особено откако беше поддржан од Германија, која долго време се спротивставуваше на таков самостоен пристап, објавува „Волстрит журнал“. Службениците вклучени во планот, кој некои го нарекуваат „европско НАТО“, се стремат да ја зајакнат улогата на Европа во командните структури на алијансата и да ги ...

Џонатан Карл, дописник на ABC News од Вашингтон, објави на X дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп му рекол дека не размислува за продолжување на прекинот на огнот (кој истекува следниот вторник), велејќи дека нема да има потреба од тоа. Тој најави дека претстојат возбудливи настани. „Мислам дека нè очекуваат два неверојатни дена“, рече тој. „Навистина сум убеден во тоа“. На прашањето дали војната ќе заврши со ...

Сладолед со вкус на гулаш? Иако звучи необично, љубопитни клиенти пристигнуваа од цела Унгарија во 2024 година за да пробаат необична летна атракција, солени специјалитети трансформирани во замрзнат десерт. Сопственикот на слаткарницата, Роберто Конфекшери, и неговите имагинативни вкусови станаа интернет хит, а сè започна од мала слаткарница во градот Татабања, северно од Будимпешта. „Започнавме со вкусови на пиво и палачинки од компири. Само ...

Во ера кога дестинациите се избираат врз основа на нивното естетско влијание врз социјалните медиуми, ирската компанија JustCover спроведе студија која даде прецизен одговор на прашањето: кој град на планетата е најшарениот? Победникот е Лисабон. Според анализата на над 78 дестинации низ целиот свет, неверојатни 2,6 милиони уникатни бои биле идентификувани во визуелните записи на португалската престолнина. Анализата, која се базирала на ...

Лондон – Велика Британија издвојува нов милионски пакет поддршка за Украина, вклучувајќи и испорака на 120 илјади дронови за потребите на украинската армија. Се очекува британската министерка за финансии, Рејчел Ривс, денеска од Вашинтон да ја потврди траншата од 752 милиони фунти како дел од кредитот за Украина вреден 3,36 милијарди фунти, наменет за финансирање воена опрема, вклучително ракети со долг дострел, системи за противвоздушна ...

Норвешка и Украина ќе ја зајакнат својата билатерална одбранбена соработка, вклучително и производството на украински беспилотни летала во нордиската земја, се вели во соопштението на норвешката влада. Според договорот, Норвешка ќе го поддржи производството на беспилотни летала во Украина, додека Украина ќе споделува податоци, информации и знаење со Норвешка. Украинските беспилотни летала ќе се произведуваат и на норвешка територија. ...

Сателитските слики покажуваат дека Иран го користи прекинот на огнот за да користи тешка механизација за да ископа ракетни лансери заробени во подземни тунели. Се верува дека многу од нив биле закопани по нападите на САД и Израел врз влезовите на тунелите, а сега се чини дека Иран се обидува да ги извлече, објави CNN. NEW: Satellite images show Iran using heavy equipment to dig out missile launchers trapped in underground tunnels during the ...

Дака, 14 април 2026 (МИА) - Над 250 лица се водат како исчезнати откако брод што превезувал мигранти од Бангладеш и бегалци Рохинџа од соседен Мјанмар потонал во Андаманското Море, објавија руските медиуми, повикувајќи се на весникот „Дака тајмс“. Бродот отпловил од Бангладеш за Малезија, а според првичните информации, се превртел поради преоптоварување, силни ветрови и бура. Во тек е операција за пребарување и спасување. Претставник на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти војната во Иран се приближува кон својот крај, според извадоци од интервју за „Фокс Њуз“ објавени однапред. – Мислам дека е блиску до крајот. Да. Мислам, јас го гледам тоа како нешто што е многу блиску до завршување – рекол Трамп, според коментарите што синоќа на Х ги објави водителката на „Фокс“, Марија Бартиромо. Трамп изјави дека доколку САД се повлечат сега, на Иран би му биле ...

Преговорите помеѓу Израел и Либан продолжуваат денес во Вашингтон, со почеток закажан за 17 часот по македонско време. На овој состанок ќе присуствува и американскиот државен секретар, Марко Рубио, како што велат информациите од институцијата. Во разговорите учествуваат и амбасадорите на двете земји во САД – израелскиот амбасадор, Јехиел Лајтер, и либанската амбасадорка, Нада Хамаде Моавад. Според најавите, учесниците ќе одржат кратки ...

Најбогатата жена во Австралија, Џина Рајнхарт, ќе мора да се откаже од дел од своето рударско богатство, одлучи судот во спор што привлече големо внимание од јавноста. Нејзиното богатство се проценува на 38 милијарди австралиски долари (околу 23 милијарди евра), а судскиот спор околу рударската империја започна пред повеќе од тринаесет години. Рајнхарт го наследила бизнисот со железна руда на својот татко во 1992 година, а потоа продолжила ...

„Гала на бугарската култура и музика“ ќе се одржи по третпат во Виена по повод 24 Мај. Бугарски и европски уметници ќе учествуваат на концертот во Виенски концертхаус, информираат организаторите, јавува БТА. Според нив, овој пат, токму на денот на светите браќа Кирил и Методиј, на сцената ќе има значајно присуство на целиот состав на еден од најдобрите современи бугарски оркестри – „Симфониета Враца“ (диригент Христо Павлов), ѕвездата на ...

Светска банка подготвува амбициозен финансиски пакет вреден до 100 милијарди долари за поддршка на земјите погодени од војната на Блискиот Исток, со цел да се ублажат економските последици и да се забрза процесот на закрепнување. Според најавите, средствата ќе се мобилизираат во наредниот период и ќе бидат насочени кон реконструкција на уништената инфраструктура, стабилизација на економиите и поддршка на најпогодените сектори. Дел од ...

Американската војска вели дека поморската блокада, која беше воведена претходно оваа недела, „целосно ја запре економската трговија“ со Иран. Блокадата на иранските пристаништа беше „целосно спроведена“ за да се обезбеди „поморска супериорност на САД на Блискиот Исток“, соопшти Централната команда на САД, додавајќи дека ниту еден брод не поминал низ блокадата во првите 24 часа. Statement from Adm. Brad Cooper, CENTCOM commander: ...

Дали историскиот изборен резултат во Унгарија е добра вест за климата е прашањето што се отвори веднаш по изборниот пресврт на 13 април, кога Петер Маѓар и неговата партија Тиса го соборија Виктор Орбан по 16 години на власт и освоија двотретинско мнозинство во парламентот. На прв поглед, одговорот изгледа охрабрувачки: Маѓар вети дека Унгарија до 2035 ќе ја укине зависноста од руска енергија, ќе го удвои уделот на обновливите извори до 2040 ...

Лесно е да ги земеме здраво за готово нашите очи. Но, една нова студија покажува дека тие поминале низ неверојатно еволутивно патување за да ја достигнат својата сегашна позната форма. Одамна е познато дека нашите очи се фундаментално различни од оние на нашите далечни роднини (безрбетници), поради составот на нивните клетки и начинот на кој се развиваат пред раѓањето. Сепак, одговорите на прашањата зошто и како се појавиле овие разлики долго ...

Лондон, 14 април 2026 (МИА) – Француската крајбрежна стража спаси речиси 70 лица откако нивниот брод имал дефект во Англискиот канал, помалку од една недела откако четири лица загинаа обидувајќи се да го преминат овој опасен воден премин, јави ДПА. Бродови што превезуваат мигранти вчераутро тргнаа кон Обединетото Кралство од Белгија и Франција, соопшти поморската префектура. Откако на еден од бродовите му се расипал моторот, 21 лице беше ...

Киев, 14 април 2026 (МИА) - Најмалку четири лица загинаа, 29 се ранети во руските напади врз украинските градови Херсон и Днипро (Днепар), а руски дрон погоди трговски брод под либериско знаме, кој пловел по морски коридор - јави „Укринформ“. Руските сили утринава со дрон нападнаа болница во центарот на Херсон, при што се ранети четворица вработени, соопшти градската воена администрација преку „Телеграм“. Повреден е и 62-годишен маж кога од ...

103-ка

1 час - Нова ТВ
weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.49
68%
1024
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
0.89
61%
1024
weather icon

Загреб

12ᴼ / 6ᴼ
1.54
56%
1026
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.91
74%
1025
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
71%
1019
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
28%
1020
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
6.17
30%
1023
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
2.68
57%
1025
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
1.7
55%
1025
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.66
76%
1022
Currency

61.6417

Currency

52.514

Currency

71.4322

Currency

37.831

Currency

38.6395

Currency

67.1558

Currency

7.6911

Currency

0.70048

Currency

0.33434

Currency

0.52509

Currency

1.16272

Currency

0.55344

Платина

63594.18

Цинк

0.00

Сребро

2363.77

Алуминиум

3.48

Злато

147595.33

Рутениум

52180.66

Бакар

12.05

Паладиум

48611.93

Кобалт

45.39

Калај

49.78

Иридиум

253540.09

Родиум

323115.00